Притвор и куќен притвор одреди денеска Основниот кривичен суд – Скопје за 12 осомничените за за лихварство и перење пари. Како што информираа од Кривичниот суд, за осум лица е одреден притвор, за три куќен притвор, додека за лицето по кое се уште се трага исто така е одредена мерка притвор. Министерството за внатрешни работи претходно денеска соопшти дека се лишени од слобода 11 лица за лихварство и перење пари, додека по едно лице се уште се ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од југозападен правец (над 70 км/ч). Минималната температура ќе се движи во интервал од 8 до 15 степени, а маскималната од 14 до 24 Целзиусови степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен дожд, локално пороен. Ќе дува ...

Во недела, 26 октомври, во 03:00 часот завршува летното, а почнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, односно времето во 03:00 часот ќе се смета како 02:00 часот. Одлуката за промена на сметањето на времето во земјава, како што посочуваат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, е донесена врз основа на годишната практика за регулирање на сметањето на времето и има за цел ...

Локалните избори беа одраз за тоа дека доколку работиш чесно, транспарентно и посветено, народот ќе го цени тоа и ќе те награди, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Во текстот се додава: ВМРО-ДПМНЕ го преслика успехот од парламентарните избори минатата година во процентуална вредност, а споредбено со минатите локални, имаме и раст во бројот на гласови, советнички места и градоначалници. ВМРО-ДПМНЕ освои 550 советници низ државата и градот ...

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека СДСМ останува најсилна опозициска партија и дека е на пат да освои повеќе општини од ВМРО-ДПМНЕ во 2017 година, стои во соопштението на СДСМ. Во текстот се додава: „Мицкоски е во шок од изборниот резултат, колку и да се обидува триумфалистички да ја труе јавноста со соопштенија. Факт е дека изгубија 140.000 гласови, факт е дека доколку утре би имало парламентарни избори би освоиле 7 пратеници ...

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во недела најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во понеделник претпадне, ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи, соопшти УХМР. Поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 30 l/m²) и засилен ветер се очекуваат во текот на ноќта, особено во западните делови од земјата. Од вторник температурите ќе бидат во ...

Политиката градена 20 години со самозадоволство, измама и ароганција се урна на 19 октомври како кула од карти. Победите на ВЛЕН во Чаир, Сарај, Арачиново, Желино, Теарце и убедливото водство во Тетово, Боговиње, Дебар, Струга, Брвеница и Долнени се јасниот одговор на Албанците на ПР-трикот „референдум“ што го трубеше мачното трио Ахмети-Таравари-Села со месеци, се вели во соопштението од ВЛЕН. Во текстот се додава: Во Кичево се виде ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес ќе се сретне со кралот Чарлс во замокот Виндзор, пред да се упати кон Даунинг стрит на разговори со британскиот премиер Кир Стармер. Ова е трет пат оваа година Зеленски да се сретне со британскиот монарх, а вчерашната средба беше обележана со кралски поздрав и свирење на украинската химна по неговото пристигнување во дворот на замокот, објави Скај њуз. По посетата на Првиот баталјон на ...

„Не е лесно за колегите политичари од Северна Македонија. Тие дури и не сакаат да слушнат за вклучување на Бугарите во Уставот, а половина од нивните семејства веќе имаат бугарско државјанство“. Ова го напиша на својот Фејсбук профил, бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ, Андреј Ковачев. „Најважно е што ова државјанство е добиено врз основа на докажано бугарско потекло и декларација за бугарски идентитет – во која сите напишале дека ...

Во 2024 година, 17,4% од населението на ЕУ се сметало за субјективно сиромашно, што е подобрување во однос на 19,1% регистрирани во 2023 година, обајави Евростат. Меѓу земјите на ЕУ, Грција има највисока стапка на луѓе кои се сметале за субјективно сиромашни (66,8%), по што следуваат Бугарија (37,4%) и Словачка (28,7%). На другиот крај од скалата, најниски стапки се пријавени во Холандија и Германија (и двете 7,3%) и Луксембург (8,5%). Гледајќи ...

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ќе се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг следната недела во рамките на неговата турнеја низ Азија, објави синоќа Белата куќа. Според портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, средбата со Си е закажана за следниот четврток на маргините на Самитот за азиско-пацифичка економска соработка во Јужна Кореја. Таа не даде детали за содржината на разговорот, објавува американскиот ...

Кога американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела имаше телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, тој беше толку уверен во напредокот што најави нскоро патување во Будимпешта за да се одржи самит со руската страна. Но, само пет дена подоцна, самитот беше откажан, а наместо тоа беа воведени нови санкции врз Москва – први од втората администрација на Трамп, пишува CNN во својата анализа. Пресвртот дојде откако ...

Во скопскиот Кривичен суд денеска беше одложено рочиштето на кое требаше да се донесе пресуда против 25-годишниот Фатон Нури кој на 1 јули годинава со мотоцикл на пешачка патека на кејот на реката Вардар во близина на Паркот на франкофонијата во Скопје го прегази 68-годишниот Југослав Николовски. Од Кривичен информираа дека рочиштето е одложено поради тоа што обвинетиот имал стомачен вирус и пред почетокот на судењето завршил на инфузија. На ...

Ѓубре, смрдеа, опасност од ширење заразни болести. Главниот град се дави во смет. Телевизија Алсат направи обиколка во повеќе скопски опшини, видовме дека речиси сите се дават во смет, меѓутоа најаларматно е во урбаните граски средини со поголем број на жители. Дел од граѓаните велат дека сами се организирале за чистење на своите маала, додека останатие додаваат дека ситуацијата е алармантна и дека овој еколошки хаос настанал кога започнале ...

Во рок од 12 часа речиси 10 илјади македонски граѓани одлучија државниот празник „Денот на македонската револуционерна борба“ да го поминат надвор од земјава. Од Министерството за внатрешни работи велат дека на граничниот премин Табановце излез оствариле 3071 македонски граѓани и 3963 странски. „На граничниот премин „Табановце“ од вчера од 12 часот до денеска до 12 часот, влез во државата оствариле 1352 македонски државјани, а излез оствариле ...

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп е сè уште можна, но треба да произведе опиплив позитивен резултат, соопшти Белата куќа. Самитот не е целосно отстранет од агендата и би можел да се одржи во одреден момент, се вели во соопштението. „Средбата меѓу овие двајца лидери е сè уште на агендата. Претседателот и целата администрација се надеваат дека тоа ќе се случи еден ден. Но, мора да бидеме ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека Израел ќе ја изгуби „целата поддршка“ од САД ако се обиде да продолжи со анексијата на окупираниот Западен Брег. „Тоа нема да се случи. Нема да се случи. Нема да се случи затоа што им дадов збор на арапските земји. И тоа не можете да го направите сега. Имавме голема арапска поддршка. Нема да се случи затоа што им дадов збор на арапските земји. Нема да се случи. Израел ќе ја изгуби целата ...

Организацијата на Обединетите нации утре одбележува осум децении постоење, денот кога стапи во сила Повелбата на ОН. Во 1947 година беше донесена одлука датумот на стапување во сила на Повелбата на ОН, 24 октомври, кој беше потпишан на 26 јуни 1945 година, на Конференцијата во Сан Франциско, да се одбележи како Ден на ОН. По повод годишнината, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, истакна дека организацијата, чија цел е светскиот мир, ...

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека се лишени од слобода 11 лица за лихварство и перење пари, додека по едно лице се уште се трага. -МВР до ОЈО за ГОКК поднесена кривична пријава против Б.К.(35) кој во моментов е недостапен за органите на прогонот и против веќе лишените од слобода Љ.Љ.(29), Д.В.(29), А.Т. (29), Д.Љ.(32), М.В.(25), М.Н.(36), А.Т.(32), З.А.(42) за кои постои основано сомневање дека како соизвршители или ...

ВМРО-ДПМНЕ остро регира на денешната прес-конференција на Богданка Кузеска од СДСМ, која побара премиерот Христијан Мицкоски јавно да одговори дали за време на посетата на владината делегација во Велика Британија било разговарано за прифаќање мигранти и отворање мигрантски кампови во Македонија. Од ВМРО-ДПМНЕ ваквите настапи на СДСМ ги опишаа како правење штета на државата, а на социјалдемократите им порачаа да се реформираат. „Реформирајте се, ...

Македонската влада, која неколку дена престојуваше во Велика Британија, избегнува да даде одговори на клучните прашања кои го потресуваат регионот, а тоа е дали и што е договорено во однос на прифаќањето на мигранти и отворањето на мигрантски кампови во Македонија, изјави денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска. „Според информациите кои ги имаме од Британија, но и оние кои јавно ги објавија реномираните британски ...

Државната изборна комисија денеска ги одби сите 57 приговори, поднесени за првиот круг од локалните избори. Триесет и седум од нив се однесуваат на постапката за утврдување и сумирање резултати од гласањето, а 20 приговори беа за самата постапка за гласање. -Завршивме со разгледувањето на поднесените приговори. Со тоа констатирам дека и за точката број 7 за постапувањето по приговорите за сумирање и утврдување на резултати ДИК постапи во ...

Премиерот Мицкоски денеска, на обраќањето на одбележувањето на 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба ѝ се обрати на опозициската СДСМ и им порача дека калкулациите за тоа колку пратенички места би добиле, според резултатите од локалните избори, го гледа како повик за предвремени избори. -На опозицијата ќе им оставиме време да се консолидираат и да размислат дали на пример ќе се осмелат да одат на предвремени избори, кои да ...

Преминот на зимско сметање на времето, што не очекува за викендот, најчесто се доживува како мала административна промена и традиција. Но, зад тој „едeн час“ се крие значаен ефект врз човечкиот организам, а со тоа и врз работната ефикасност и продуктивноста. Истражувањата покажуваат дека промената на часовникот може да доведе до намален фокус, пократок сон и нарушување на природниот биоритам. Една анализа објавена во списанието Public Health ...

Секој народ се изроди низ борба, откажувања, безброј жртви и силна вера и копнеж за својата слобода. Нашиот, иако по бројност мал, веројатно ја има најживописната борба за слобода, која нè учи дека нема невозможни работи и дека борбата за слобода е еден трнлив пат, испишан со крв и страдања, една голема и долга низа на востанија, на човечки приказни за храброст, за мудрост, но и на предавства, завери, меѓусебни и надворешни борби, подвлече во ...

Европските компании „Талес“, „Ербас“ и „Леонардо“ објавија во четврток дека постигнале принципиелен договор за спојување на нивните сателитски бизниси, нагласувајќи дека нивното здружување на силите треба да им помогне на земјите да обезбедат европска автономија во вселенската област. Според договорот, Ербас, Талес и Леонардо имаат намера да создадат нова компанија која треба да започне со работа во 2027 година. Договорот ќе ги спои Талес ...

Ако вашите избори на ресторани често се водени од потрагата по совршен бургер, имаме добри вести. Експертите штотуку објавија листа со најдобри бургери во светот за 2025 година, а победникот доаѓа од Шпанија. Најновото рангирање, кое ги оценуваше бургерите во девет категории, покажува како ова скромно јадење еволуираше од удобна храна до вистинско кулинарско ремек-дело, пишува Food & Wine. Титулата најдобар бургер во светот му припаѓа на ...

Цените на нафтата скокнаа за околу 3% во среда навечер откако администрацијата на Трамп воведе дополнителни санкции врз две од најголемите руски нафтени компании, наведувајќи го „недостатокот на сериозна посветеност на Москва кон мировниот процес за завршување на војната во Украина“. Глобалниот референтен бренд на суровата нафта Брент порасна за 1,83 долари, или 2,92%, на 64,42 долари за барел до 20:18 часот по источно време. Американската ...

Директорот на јавниот превоз во португалската престолнина Лисабон, Карис, Педро Богас, поднесе оставка откако беше објавен прелиминарниот извештај за несреќата на жичницата Глорија во која загинаа 16 лица, објавија денес локалните медиуми. Богас поднесе оставка од функцијата градоначалник на Лисабон откако Истрагата за спречување на воздушни и железнички несреќи (GPIAAF) објави извештај за несреќата, според веб-страницата Expresso.pt. Тој ...

Демократскиот сенатор Џеф Меркли од Орегон одржа маратонски говор на Сенатот кој траеше 22 часа и 37 минути во вторник и среда, протестирајќи против политиките на американскиот претседател Доналд Трамп во еден од најдолгите говори во последниве години. 68-годишниот Меркли започна да зборува во 18:21 часот по источно време (00:21 часот по средноевропско време) во вторник и продолжи до 16:58 часот по источно време (22:58 часот по средноевропско ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
71%
1025
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
1.54
79%
1027
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
1.03
71%
1027
weather icon

Софија

10ᴼ / 7ᴼ
5.14
60%
1025
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
4.49
77%
1025
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 4ᴼ
0.0
91%
1029
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
1.54
72%
1017
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
71%
1020
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
5.14
44%
1022
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
2.24
89%
1024
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 7ᴼ
0.89
76%
1026
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
6.17
82%
1021
Currency

61.6117

Currency

53.5431

Currency

69.9606

Currency

34.8127

Currency

38.0334

Currency

66.1643

Currency

7.52102

Currency

0.66196

Currency

0.3488

Currency

0.52486

Currency

1.27263

Currency

0.60225