„Бидете сигурни дека политичките авантури неславно ќе завршат, а народот на крај ќе победи“, велат од „Европскиот фронт“ Ниту една политичка гарнитура – владејачка гарнитура – нема да се формира без пратениците на „Европскиот фронт“, вели Наим Бајрами од Алијанса за Албанците кој е и актуелен министер за информатичко општество и администрација во техничката влада. Според Бајрами, пратениците на „Европскиот фронт“ се вистинските претставници на ...

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во Србија. Потресот е регистриран во регионот на Кладово, а се тресело и во Зајечар, Неготин, Доњи Милановац, Бор и други градови во источна Србија. Некои граѓани го почувствуваа и во Ниш. Епицентарот на земјотресот бил кај Текија, а бил почувствуван на длабочина од 11 километри. Земјотресите со ваков интензитет можат да предизвикаат помали оштетувања на зградите во ...

Кинескиот претседател, Си Џинпинг, од 5 до 10 мај ќе ги посети Франција, Србија и Унгарија, соопшти денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи. Билатералните односи со Франција го задржаа силниот импулс на раст, а двете земји имаа стратешка комуникација и практична соработка, рече портпаролот Лин Џијан, говорејќи за посетата на Џинпинг на Франција. „Кина се радува на соработката со Франција на понатамошното јакнење на ...

Вчера, околу 800 служби за итни случаи формираа 1,5 километар долг човечки ланец за да го пронајдат Аријан (6), кому во понеделникот му се изгуби секој траг.Исчезна во Бремерверде-Елм во Долна Саксонија, пишува магазинот „Феникс“. Германската новинска агенција ДПА јавува дека од вчераутро се пребарува областа северно од куќата на исчезнатото дете. Во изминативе неколку денови таму се пронајдени бројни траги. Во потрагата се користат и беспилотни ...

Најмалку 13 лица се убиени, а многу се ранети, во израелските воздушни напади врз три куќи во градот Рафах, во јужниот дел на Газа, објавија денеска тамошните медицински служби. Медиумите на Хамас проценуваат дека во нападите загинале 15 лица. Нападите на Рафах, каде што повеќе од еден милион луѓе се засолниле од повеќемесечното израелско бомбардирање, се случија неколку часа пред Египет да биде домаќин на лидерите на исламистичката група Хамас ...

Дваесет луѓе загинаа во експлозија во воена база во Камбоџа, а оштетени се бројни објекти во близина, објави „Скај Њуз“. Воената база „Кампонг Спеу“ се наоѓа на југозапад од споменатата држава во Југоисточна Азија, а покрај 20-те загинати војници, уште неколку се ранети. Оштетени се, се истакнува во текстот на „Скај Њуз“, најмалку 25 куќи кои се наоѓаат во близина на „Кампонг Спеу“, додека во самата база оштетени се четири згради и неколку ...

Еден ден откако тројца Германци беа уапсени под обвинение дека шпионирале за Кина, германската национална телевизија, АРД, објави дека во Дрезден е уапсен Џијан Г. (43), вработен во канцеларијата на европратеникот и главен кандидат на АфД за европските избори, Максимилијан Крах. Постојат сомневања дека работел за кинеската тајна служба. Живеел во Брисел и Дрезден. Џијан Г., наводно, пред десетина години се понудил како доушник на германските ...

Учениците од основните и средните училишта од денеска заклучно со 6 мај 2024, ќе бидат на пролетен распуст кој е воведен во оваа учебна година. Првпат има промена и во календарот за настава, така што 2023/2024 за основците ќе заврши на 17 јуни, а за средношколците, како и во минатите години – на 10 јуни. Училиштата нема да работат на 8 мај (среда) кога ќе се одржуваат вториот круг од Претседателските избори и Парламентарните избори 2024. Ден ...

Повеќе од 800 луѓе се заразиле со норовирус (стомачен грип) на пролетниот фестивал во Штутгарт, град во југозападна Германија, јави Би-Би-Си. Не е познато како се шири вирусот, но бројот на заразени значително се зголеми во текот на неделата. Претставниците на властите во Штутгарт веруваат дека изворот на инфекцијата не е храната и пијалоците кои се служат во фестивалскиот шатор, бидејќи анализираните примероци биле негативни. Тестирани се и ...

Властите на Филипини денеска објавија прекин на физичко присуство на настава во сите државни училишта на два дена, по редкордно високите температури за овој дел од годината во главниот град Манила. Голем број училишта на Филипините немаат климатизација. Бран исклучително топло време го погоди регионот во текот на изминатата недела со темтератури над 45 степени Целзиусови, па поради тоа властите беа принудени илјадници училишта да им соопштат на ...

Приходи од продажби Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – март 2024 година продажбите достигнуваат 3.419.742.486 денари, што е за 10 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 4.925.260.049 денари, што е за 13 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Продажби според региони Консолидираните продажби остварени на домашниот пазар се зголемени за 11 ...

Иновативната формулација на „Алкалоид“ АД за лекот со додадена вредност „Омепразол“ во течна форма, готов за употреба, прва од ваков тип во светски рамки, е прогласена за „Патент на годината за 2023“ од Државниот завод за индустриска сопственост, во рамките на пригодното одбележување на Светскиот ден на интелектуалната сопственост – 26 април. Меѓународната патентна пријава на „Алкалоид“ за „Oмепразол“ во течна форма беше поднесена на 17 април ...

Министерството за труд и социјална политика, согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07) соопштува дека: 1 мај 2024 година (среда), Денот на трудот е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. 03 мај 2024 година (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија. 06 мај 2024 година (понеделник), Велигден, ...

Раперот Томај Салехи е осуден на смрт заради неговата вмешаност во масовните протести во Иран во 2022 година, потврди неговиот адвокат. „Издадена е наредба за егзекуција на Тоомај Салехи“, изјави неговиот адвокат, Амир Раесиан. Раперот бил приведен, а по апсењето бил задржан во самица и наводно измачуван. Во овој случај без преседан, судот во Исфахан вчера ја преиначи одлуката на повисокиот Врховен суд за случајот на Салехи, потврдувајќи ја ...

Учениците од основните и средните училишта од понеделник, 29 април, заклучно со 6 мај 2024, ќе бидат на пролетен распуст кој е воведен во оваа учебна година. Првпат има промена и во календарот за настава, така што 2023/2024 за основците ќе заврши на 17 јуни, а за средношколците, како и во минатите години – на 10 јуни. Училиштата нема да работат на 8 мај (среда) кога ќе се одржуваат вториот круг од Претседателските избори и Парламентарните избори ...

Неколку илјади староседелци маршираа до седиштето на владата во Бразилија, протестирајќи против неуспехот на владата да ги заштити нивните наследни права на земјиштето. Домородните жители се незадоволни од плановите за изградба на железница за транспорт на жито од бразилските држави каде што се произведува до пристаништата во Амазон за извоз, пренесуваат британските медиуми. Домородците стравуваат дека тоа ќе ја уништи животната средина на ...

Министерот за земјоделство на Украина вчера понуди оставка бидејќи се соочува со обвинувања за вмешаност во незаконско стекнување на државно земјиште вредно 7 милиони долари. Микола Солски (44) беше во средиштето на напорите Украина да ја одржи својата индустрија за жито, додека руската сеопфатна инвазија ги блокираше црноморските извозни рути, ги затрупа полињата со мини и го зазеде обработливото земјиште. Солски ги негира обвиненијата за кои ...

Портпаролката на Стејт департментот на арапски јазик Хала Рарит поднесе оставка поради противењето на политиката на Вашингтон за војната во Газа, што е најмалку трета оставка на Стејт департментот поради истата причина. Рарит служеше и како заменик-директор на Регионалниот медиумски центар во Дубаи и му се приклучи на Стејт департментот пред речиси две децении како офицер за политички и човекови права, според веб-страницата на Стејт ...

Во вториот круг од претседателските избори, што ќе се одржат на 8 мај заедно со парламентарните избори, одат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ кои освоија најмногу гласови според првичните официјални резултати на Државната изборна комисија. Во тек се роковите за приговори до ДИК, кои можат да ги поднесат кандидатите за постапката на гласање и за сумирањето на резултатите. До денеска до 19 часот истекува рокот за поднесување на приговори за ...

Жените кои во времето на откривањето и дијагностицирањето рак на дојка, практикувале почесто јадење зеленчук, овошје, протеини и нискомасни млечни производи – се изложени на 47 отсто помала опасност од срцеви заболувања, отколку оние во чија исхрана преовладувале масти, црвено месо и производи од месо. Истражувањето спроведено од научници од Истражувачкиот центар „Кајзер Перманенте“ во Калифорнија (САД), е објавено во списанието „ЈНЦИ Канцер ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, вчера попладне се сретна со помошникот на генералниот секретар на НАТО за одбранбена политика и планирање, Ангус Лапсли во рамки на неговата посета на Скопје.Премиерот Џафери му посака срдечно добредојде на помошникот на генералниот секретар Лапсли, и воедно го потврди придонесот на Северна Македонија во НАТО, кој во континуитет се зацврстува. Достигнувањето на 2,05% од БДП ...

Европскиот парламент го усвои Планот за раст за Западен Балкан, најамбициозниот финансиски пакет на Европската унија (ЕУ) за регионот досега, вреден шест милијарди евра. За тој пакет гласаа 517 европски пратеници, 56 беа против, а 30 воздржани, јавува Радио Слободна Европа, пренесува Н1. Гласањето се одржа само еден ден пред распуштањето на Европскиот парламент, бидејќи европските институции влегуваат во изборен период – за изборите за новото ...

Ракетите со долг дострел „Atacms“, способни да погодат цели оддалечени 300 километри, веќе пристигнале во Украина по налог на претседателот, пред американскиот безбедносен пакет да биде усвоен од Конгресот, соопшти портпаролот на Стејт департментот, Ведант Пател. Пател вели дека оружјето е дел од мартовскиот пакет помош за Украина – а не оној штотуку одобрен од Конгресот и потпишан од претседателот Џо Бајден. „Ние не го објавивме ова на ...

Набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР денеска на прес-конференција во 15 часот ќе ги соопштат првичните согледувања од мониторингот на вчерашниот прв круг претседателски избори во земјава. Шефицата на мисијата Џилијан Стирк, која ја предводи мисијата на ОДИХР за набљудување на изборите, вчера изјави дека по посетата на неколку избирачки места, оценката е дека почетокот бил добар, но целосна проценка за тоа како се одвивал изборниот процес ќе имаат откако ...

Гордана Силјановска Давкова, претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашниот прв круг избори за шеф на државата, победи во 60 општини во земјава, кандидатот на СДСМ Стево Пендаовски освои најмногу гласови три, Бујар Османи од ДУИ во 15, а Арбен Таравари од Вреди и Максим Димитриевски од ЗНАМ во по една општина. Гордана Силјановска Давковска победи во: Аеродром (51,48 %), Берово (54,92 %), Битола (48,44%), Богданци (49,59 %), Босилево ...

Излезеноста на гласање во првиот круг претседателски избори до 9 часот изнесува 3,85 отсто соопшти Државната изборна комисија. Претседателот на ДИК Александар Даштевски кажа дека гласањето се одвива мирно и без неправилности во првите два часа од отворањето на гласачките места. До ДИК се доставени 12 приговори за заштита на личното избирачко право, а според првичните информации на комисијата, сите гласачки места се отвориле на време. „До 9 часот ...

Во земјава денеска се одржуваат седмите претседателски избори. Граѓаните ќе можат да гласаат за еден од седуммината кандидати: Стево Пендаровски поддржан од СДСМ, Гордана Силјановска Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Стевчо Јакимовски од ГРОМ, Билјана Ванковска поддржана од Левица, Бујар Османи од ДУИ, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Максим Димитриевски од ЗНАМ. На 3.480 избирачки места во Републиката со право на глас во Избирачкиот список ...

Во 7 часот почна гласањето на првиот круг од седмите претседателски избори. Се гласа на 3.480 избирачки места во земјава, на кои до 19 часот правото на глас можат да го искористат 1.814.317 граѓани. Според заклучениот Избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи, 95.116 избирачи се на привремена работа или престој во странство, а 2.147 се на издржување казна затвор или се во притвор. Во ...

Државната изборна комисија објави упатство за гласање на граѓаните. Во него во 18 точки се појаснуваат начинот и процесот на гласање на избирачките места. Во продолжение е целосното упатство на ДИК за гласање на претседателските избори: 1. Гласањето се врши лично на гласачките места во Република Северна Македонија и во ДКП/КК. 2. Избирачкиот одбор на гласачите им го објаснува начинот на гласање и им овозможува да гласаат. 3. Гласачот може само ...

Лични документи можат да се подигнат и денеска, на денот на изборите, информираат од МВР. – Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 24.04.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот, соопштуваат од МВР. Исто така, граѓаните на Скопје, ќе можат своите лични карти да ги ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
88%
1019
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
4.63
77%
1019
weather icon

Загреб

18ᴼ / 15ᴼ
1.03
76%
1022
weather icon

Софија

18ᴼ / 15ᴼ
2.57
80%
1020
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.71
82%
1018
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
1.03
94%
1022
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
3.09
57%
1012
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
73%
1015
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
64%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
3.58
58%
1017
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 16ᴼ
2.57
77%
1019
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
7.72
65%
1013
Currency

61.53

Currency

53.1132

Currency

70.7075

Currency

34.4282

Currency

38.5891

Currency

65.7388

Currency

7.36476

Currency

0.66459

Currency

0.361

Currency

0.52461

Currency

1.30565

Currency

0.60613

Алуминиум

2.56

Иридиум

153653.48

Кобалт

42.99

Никел

14875.00

Рутениум

26299.31

Калај

33.60

Сребро

1202.35

Злато

108435.32

Бакар

8.94

Паладиум

38645.20

Платина

42647.74

Родиум

221840.15

Цинк

2.74