
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Вреди“ за коалицирање во новата влада вчера ја одржаа првата средба, а според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски имаат обезбедено 61 пратеник. Во меѓувреме, техничкиот премиер Талат Џафери на прес-конференција обвини дека имало договор за надгласување во Државната изборна комисија за прифаќање на одредени приговори и оти на тој начин се врши изборен инженеринг за менување на соодносот на силите ...
Едно лице загина, а две се повредени во сообраќајна несреќа во близина на Варна, во која учествувал автомобил во кој се превезувал поранешниот бугарски премиер и копретседател на „Промените продолжуваат“, Кирил Петков. Поранешниот бугарски премиер, кој учествува во предизборна кампања, од директниот судар на две возила излегол неповреден, јави БТА. Петков патувал, заедно со три други лица, во автомобил на Службата за национална безбедност (НСО) ...
Словачкиот премиер Роберт Фицо беше застрелан и тешко ранет во средата, со што стана последниот европски лидер кому му беше извршен атентат. Додека лекарите се борат за неговиот живот, тамошните медиуми откриваат дека во него стрелал словачкиот писател и активист Јурај Цинтула, кој, според снимките објавени после неговото апсење, рекол дека тоа го направил затоа што не се согласува со политиката на словачката влада. Како што пренесува Ројтерс, ...
Германското Министерство за финансии објави дека во Германија се замрзнати 3,9 милијарди евра руски имот. Овие средства вклучуваат пари, акции и јахти кои припаѓаат на санкционирани поединци, организации или компании. Владата, во јуни минатата година, на пратеничко прашање одговори дека проценетата вредност на руските замрзнати средства е 5,2 милијарди евра. Портпаролката објасни дека износот е подложен на пазарни флуктуации и дека на него ...
Просечната возраст на дијагностицирање на ретките болести во Европа е речиси на пет години и повеќето пациенти мора да чекаат и до девет месеци по првиот контакт со нивниот матичен лекар за добивање на дијагнозата, се наведува во студијата на невладината Европска алијанса на организации на пациенти со ретки болести (ЕУРОРДИС). Студијата, објавена во Европскиот билтен за хумана генетика, а по која ќе се расправа на Конференцијата за ретки болести ...
По екстрадицијата на првиот осомничен од Република Турција, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје продолжува да презема истражни дејствија во предметот за грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. За петмина осомничени, од кои тројца соизвршители во тешките кривични дела – две грабнувања и две убиства на свиреп начин, еден осомничен за помагање при грабнувањето на малолетно лице и еден осомничен за помагање ...
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во источните делови. Наместа ќе има услови за појава на ретки грмежи. Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 km/h). Како што најавуваат од Управата за хидометеоролошки работи, во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето со пораст на температурата. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекува нестабилно време со локален пороен ...
Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски од вчера престојува во работна посета во Брисел каде што во седиштето на НАТO ќе учествува на втората годишна конференција на Воениот комитет на Алијансата во формат на началници на генералштабови, на која ќе се дискутира за повеќе стратешки прашања од значење за НАТО. Како што информираат од неговиот кабинет, за време на престојот во Брисел, генерал Ѓурчиновски ќе ...
Внесувањето шеќер во големи количини е штетно за човековото тело и тоа ја зголемува опасноста од дијабетес и многу други болести. Дополнителен проблем е што шеќерот се наоѓа и во намирници коишто не се благи, па затоа е важно да се внимава на составот на секојдневните хранливи производи. Нутриционистката Брук Алперт и лекарката Ребека Казин предупредуваат на најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер коишто ги испраќа самото тело. Постојано ...
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис утрово во студиото на грчката телевизија СКАИ беше дециден дека грчкиот парламент нема да ги ратификува трите меморандуми од Договорот од Преспа откако опозициската СИРИЗА вчера во парламентот ги достави трите меморандуми, како предлози на закон на официјалната опозиција, но со потполно иста содржина како оние поднесени во септември 2020 година од тогашните министри на Владата на Мицотакис. Трите меморандуми се ...
Грижата за вработените и постојаното унапредување на условите за работа, како клучни стратешки цели на „Алкалоид“, се препознаени и афирмирани и од стручните здруженија од областа на безбедноста и здравјето при работа. По повод одбележувањето на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, 28 април, под мотото „БЗР од мали нозе – за идните генерации“, „Алкалоид“ се здоби со две признанија, и тоа за најдобар правен субјект кој реално и ...
Проблемот со мрсна коса е предизвикан од акумулацијата на тн. Себум – природни масти што самата кожа ги лачи за да ја одржи виталноста на влакната. Така, еден од начините да се избегне мрсна коса, е спреј со морска сол, советува стручњакот Скот Мекглин. – (Себумот) е неопходен за зајакнување на надворешните слоеви на косата и заштита на деликатните протеини во внатрешноста на косата… Но, ако Ви се чини дека таа изгледа мрсно многу бргу откако ќе ...
Вкупно осум часовници кои му припаѓаа на легендата на Формула 1 – Михаел Шумахер, се продадени на наддавање во Женева, вчера, за скоро четири милиони швајцарски франци (4,1 милион евра), соопшти аукциската куќа „Кристи’с“. – Ова ја покажува страста на меѓународните колекционери за исклучителни часовници. Видовме обемна посетеност, особено од Америка, истакна Реми Гилемин, специјалист за часовници на аукциската куќа. Примерок од „Ф.П. Џурн ...
Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија. Постојат обврски, кои мора да се исполнат, а очигледно Грција, како сериозна и кредибилна држава, која се придржува до своите обврски, ќе постапи соодветно, порача портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис во интервјуто за грчкото радио „Параполитика“, јави дописничката на МИА од Атина. Говорејќи за радиото, но и во интервјуто за телевизијата „Антена“, Маринакис ги повтори ...
Целосно е јасно дека верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од страна Северна Македонија претставува предуслов за која било разврска на нејзиниот европски пат и ние ќе бидеме строги во однос на ова почитување, порача министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис говорејќи за грчката телевизија Мега, јави дописничката на МИА од Атина. Шефот на грчката дипломатија, неколку пати повтори дека почитувањето и ...
Во облик на предлог закони, како што и најави грчката опозициска партија СИРИЗА, во Парламентот ги достави меморандумите со Северна Македонија, донесени по втор пат, откако еднаш веќе беа доставени од актуелната Влада пред нешто помалку од четири години, јави дописничката на МИА од Атина. Претседателот на пратеничката група на СИРИЗА Сократис Фамелос истакна дека ратификацијата е императив од национален интерес и токму затоа ја покренаа ...
Словачкиот писател Јурај Цинтула, кој пукаше во словачкиот премиер Роберт Фицо, вели дека го направил тоа затоа што не се согласувал со политиката на владата. Порталот „новини.ск“ ја објави изјавата која на полицијата и ја дал Цинтула, веднаш по неговото апсење. „Не се согласувам со политиката на владата. На крајот на краиштата, медиумите се ликвидираат, зошто се напаѓа РТВС, Мазак, зошто е сменет?“, наводно изјавил атентаторот. Неколку сведоци ...
На официјалната Фејсбук страница на словачкиот премиер Роберт Фиц, кој денеска беше застрелан, објавено е соопштение на неговите соработници. „Роберт Фиц беше застрелан денеска. Тој бил застрелан неколку пати и моментално е во животна опасност. Во моментов со хеликоптер се превезуваат до Банска Бистрица, бидејќи патувањето до Братислава би траело предолго. Следните неколку часа се клучни“, се вели во објавата на официјалната веб-страница на ...
Ова е Договорот од Преспа. Ако постоеше кредибилна, национална, патриотска, општествена, народна грчка Влада ќе го стореше ова, рече лидерот на десничарско-националистичка партија Грчко решение Кирјакос Велопулос од говорницата на Парламентот и го искина листот со Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина. На денешната седница во Парламентот на која се дискутираше закон од Министерството за култура, а темата во никој случај не беше ...
Премиерот на Словачка Роберт Фицо денеска е застрелан во Хандлова каде се одржуваше седницата на Владата. Според првите информации, Фицо по седницата излегол пред Домот на културата каде ги поздравувал луѓето и во тој момент се слушнале истрели. Неговото обезбедување веднаш го пренело во болница. „Слушнав три или четири истрели. Видов како Фица ја креваат од земја. Полицијата го уапси напаѓачот“, го опиша инцидентот новинар за Aktuality.sk. ...
Обединетите нации објавија дека 5,9 милиони деца во североисточна Нигерија се соочуваат со сериозна криза со храна и неухранетост. Во Абуџа, главниот град на Нигерија, ОН организираа настан наречен „План за безбедност на храната во сушната сезона 2024 година“. Координаторот на ОН за хуманитарна помош за Нигерија и резидентен координатор Мохамед Фол, говорејќи на отворањето на програмата, рече дека сојузните држави Адамава, Борно и Јобе во ...
Бразилскиот претседател, Луис Инасио Лула да Силва, призна дека неговата земја „не била подготвена“ за историските поплави што го погодија нејзиниот југ и предизвикаа трагедија која зад себе остави 147 мртви и продолжува поради обилните дождови. Тој најави дека утре ќе отпатува во сојузната држава Рио Гранде до Сул, трет пат од почетокот на незапамтените временски непогоди пред две недели. „Ова е катастрофа од размери за кои не бевме ...
Државната изборна комисија го поништи гласањето на четири избирачки места – 2102 во Желино, 1272 во Охрид и 1194 односно 1202 во Крушево. Одлукате е донесена по поднесени приговори од коалицијата Вреди и Коалицијата „Твоја Македонија“. Според информациите, приговорот за во Желино е поднесен бидејќи 110 гласачи кои го оствариле избирачкото право немале отпечаток од прст во фингер принт уредот, туку тие гласале само по матичниот број и скенирање ...
Актуелен член на коалицијата ВРЕДИ – градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари синоќа во емисија на ТВ21 рече дека доколку во случај уставните измени не се донесат во период од 6 месеци, ќе размислат за своето учество во Владата. – Ни требаа 10 години ВМРО и ДУИ, без услови, без ништо, да се изгубат, 10 години за да станат дел од НАТО. ВРЕДИ е гаранција во Владата дека под секој услов ќе инсистира преговорите со Европската унија да почнат што ...
Потребата да се почитува Договорот од Преспа како меѓународна обврска на двете земји, но и ставот дека Грција има континуитет и мора да го почитува договореното, ги повтори портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг, одговарајќи на прашањата на новинарите, меѓу кои и на дописничката на МИА од Атина. Со оглед на тоа дека и Министерството за надворешни работи на Грција во вчерашното соопштение и грчкиот премиер ...
Ракометната федерација на Македонија, денеска посебно им се заблагоди на фановите за поддршката на машката ракометна репрезентација на Македонија која синоќа во фантастична атмосфера во СЦ „Борис Трајковски“ со победата над Фарски Острови избори пласман на Светското првенство во јануари наредната година. РФМ во честитката се осврнува и на постигнувањата на другите македонсии ракометни репрезентации кои до крајот на годинава ќе настапат на ...
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вчера попладнето преку социјалната мрежа Х порача дека Северна Македонија треба да продолжи со приспатувањето во ЕУ преку спроведување на реформите и почитување на склучените договори, меѓу кои и Преспанскиот. „За Северна Македонија да го продолжи својот успешен пат кон пристапувањето во ЕУ, најважно е земјата да продолжи по патот на реформите и целосно почитување на нејзините ...
Министерството за надворешни работи објави дека ја потврдува цврстата определба на земјата кон недвојбено почитување на Уставните одредби како и сите меѓународно преземени обврски како што е целосното почитување на Договорот за стратешко партнерство меѓу Северна Македонија и Грција, познат како Договорот од Преспа. „Изминативе седум години, двете соседни земји развија исклучително високо ниво на политички дијалог, кое резултираше и со ...
Нелегална, недозволива и провокативна, ја карактеризира грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, одлуката на Гордана Сиљановска Давкова да го користи името Македонија за време на нејзината инаугурација и паралелно ја повика новата претседателка „да се врати на законските должности и на однесувањата кои произлегуваат од нејзината улога“, но и порача дека „секој чекор на Скопје кон Европа“, меѓу другото, зависи и од употребата на уставното име, јави ...
Бугарија не прифаќа изјави и однесување кои се во спротивност, како со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година, така и со договорите меѓу Европската Унија и Република Северна Македонија (РСМ). Ова се вели во ставот на бугарскиот в.д. премиер Димитар Главчев, по повод инаугурацијата на Гордана Сиљановска-Давкова. Ова, како што пренесува БТА, е и ставот на бугарскиот претседател Румен Радев, кој претходно денеска го ...