
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Гордана Сиљановска-Давкова денеска на официјална церемонија, со највисоки државни и воени почести, ја презеде функцијата претседател на државата од Стево Пендаровски. Во вилата Водно таа замина од Собранието каде што ја даде свечената заклетва. Во своето обраќање пред присутните пратеници, дипломатскиот кор и претставници на политичкиот и општествениот живот вети дека совесно ќе ја извршува должноста. Во говорот во Парламентот, за кој истакна ...
На прв поглед, светската економија изгледа смирувачки отпорна.Америка доживеа процут иако трговската војна со Кина ескалираше.Германија ја издржа загубата на рускиот гас од кој беше зависна, без притоа да претрпи економска катастрофа.Војната на Блискиот Исток не предизвика нафтен шок.Јеменските проирански шиитски бунтовници Хути, кои со проектили и беспилотни летала гаѓаат комерцијални бродови во Црвеното Море, едвај го допреа глобалниот проток ...
Најмалку 74 луѓе, од кои 35 земјоделци, загинаа од удари на гром во изминатите 38 дена во Бангладеш, а експертите посочуваат на влијанието на климатските промени како главна причина за ваквите инциденти. Според извештајот објавен денеска од Save the Society и Thunderstorm Awareness Forum, 43 луѓе биле убиени од гром во текот на осум дена во мај, а 31 лице во април. За еден ден во мај од гром загинаа 11 лица, а деветмина беа повредени. „Во текот ...
Преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) синоќа е добиена пријава за паднато дрво на бул. „Александар Македонски“ близу паркингот на влезот на фабриката „Железара и Железарија Јоле“ во населбата Автокоманда. Од ЦУК денеска соопштија дека веднаш по добиената информација Секторот за операции и координација ги известил Министерството за внатрешни работи и ЈП „Паркови и зеленило“ на Град Скопје, ...
Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, изјави дека и Берлин размислува за слични чекори по американската закана дека ќе запрат со дополнителни испораки на оружје за Израел, доколку нивната армија изврши голем напад врз градот Рафа, во јужниот дел на Газа. -Ова во моментов се разговара, изјави синоќа министерот за германскиот медиум ЗДФ. Меѓутоа, одговорноста за тоа е во рацете на канцеларот Шолц и на Министерството за надворешни ...
Десетици илјади раселени Палестинци ги спакуваа своите шатори и други работи и бегаат од Рафа во други делови на Појасот Газа поради заканата на Израел од инвазија на градот, јави Бета. Израел постојано се закануваше дека ќе го нападне Рафа, каде засолниште побараа околу 1,3 милиони Палестинци, повеќе од половина од населението во Газа. Еден од раселените кажа дека не знаат каде да одат. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа изјави дека ...
Маж нападнал жена во стан со моторна пила, а потоа застрелал двајца полицајци во полициска станица во Париз. Повредените полицајци се пренесени во болница во тешка состојба, која кај еден останала критична и по лекарската интервенција, изјави полициски извор. Тешко ранет е и напаѓачот, кој бил погоден со истрел како одговор на неговото пукање. Инцидентот се случил нешто пред 22:30 часот во дел од 13-та област. Напаѓачот го земал оружјето од ...
Роковите за приговори за Претседателски и Парламентарни избори до Државната изборна комисија (ДИК) завршуваат вечер во 19, односно 23:30 часот. ДИК вчера ги објави првичките официјални изборни резултати и вечер до 19 часот до Собранието треба да го достави извештајот за резултатите од Претседателските избори, по што според најавите собранискиот спикер Јован Митрески ќе ја закаже за в недела напладне собраниската седница за инаугурација на ...
Бразилската влада утринава вети дека ќе одвои околу девет милијарди евра за обнова на државата Рио Гранде до Сул, регион опустошен од незапаметени смртоносни поплави и под закана од нови дождови. Најмалку 107 лица загинаа, 754 се повредени и 134 се водат како исчезнати по поројните дождови кои минатата недела паѓаа во оваа јужна регија, се наведува во извештајот на Цивилната заштита објавен во четвртокот вечерта. Околу 1,7 милиони луѓе се ...
Приштинските институции соопштија дека постапката за замена на возачките дозволи издадени од надлежните институции на Република Србија за возачки дозволи на Косово ќе почне утре на 10 мај и ќе трае до 9 август 2024 година. „Сите граѓани кои имаат возачка дозвола издадена од српски институции можат да аплицираат за официјална косовска возачка дозвола преку електронскиот формулар на веб-страницата https://patentshoferonline.rks-gov.net/ или лично ...
Под наслов „Северна Македонија се подготвува за тешки врски со ЕУ откако националистите победија на претседателските и парламентарните избори“ порталот Еурактив објавува анализа за вчерашните избори на која се потпишани и АФП и Ројтерс. „Се чини дека Северна Македонија ќе биде во судир со нејзините соседи од ЕУ, Грција и Бугарија, откако националистичката опозиција победи на парламентарните и претседателските избори. Националистичката ВМРО-ДПМНЕ ...
Претседателот на државата е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието, мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Парламентот. Мандаторот, пак, во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со ...
Со повеќе од 300 набљудувачи од 25 држави ОБСЕ го следи изборниот процес на избор на парламентарен состав и за претседател на државата. За утре во 15:00 часот е закажана прес-конференција на која ќе бидат објавени прелиминарните податоци за текот на изборниот процес. Специјалниот координатор на ОБСЕ, Николоз Самхарадзе им посака успех на гласачите. -Ќе ги следиме изборите низ државата, во речиси сите голем град, но и во руралните средини. ...
Излезеноста на претседателските избори во одредени општини е помала отколку на парламентарните. Поголема разлика е воочлива во општини каде доминира албанско население Од податоците објавени на официјалната веб страница на Државната изборна комисија за пресекот направен до 9 часот, излезеноста на претседателските избори во одредени општини е помала отколку на парламентарните. Поголема разлика е воочлива во општини каде доминира албанско ...
По обработени податоци од 1009 избирачки места, до 9:00 часот на гласање за претседател излегле 4,17% од лицата со право на глас, соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски. Како што рече тој, споредено со вториот круг од претседателските избори во 2019 година, сега има намалување на излезноста до 9:00 часот за 1,9%. Во однос на излезноста на парламентарните избори, до 9:00 часот, по обработени податоци од 1033 изборни места, гласале ...
Претседателот на ДИК, Александар Даштевски на денешната прва прес-конференција увери дека нема бојкот на претседателските избори и дека сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател. „На неколку места се појавени технички проблеми, кои во меѓувреме се решаваат, таму гласањето ќе продолжи на стар начин со УВ ламба и спреј, а доколку се исправат техничките недостатоци, ќе се продолжи со техничката опрема. Такви места има во Кочани, ...
Вечерва во Малме со почеток во 21:00 часот ќе се одржи првото полуфинале на Евровизија, а за пласман во финалето се борат 15 земји. Вечерва пред публиката од земјите членки на големата петорка ќе се претстават и Велика Британија и Германија, како и Шведска, која како домаќин избори пласман во финалето. Годинешното издание на Евровизија го одбележа и политичката ситуација во светот, особено војната во Газа, поради што веќе се одржуваат протести ...
Денеска во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Потоа од среда до петок под влијание на влажни бранови во поголем дел од земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време и засилен ветер. Дневните температури од четврток ќе бидат во опаѓање. Во Скопје времето ќе биде стабилно и ...
Во напад на болница во југозападна Кина, повеќе од десет лица се убиени или ранети, јавуваат државните медиуми, кои не ја прецизираат природата на нападот. „Инцидентот се случил во локалната болница во 13:20 часот по локално време“, соопшти државната новинска агенција „Ксинхуа“. Нападот се случил во округот Женгксионг во североисточниот дел на југозападната провинција Јунан и истрагата е во тек. Масовните насилни злосторства се ретки во Кина, ...
Денес своето право на глас први ќе го остварат болните и изнемоштените лица, како и затворениците во казено-поправните домови во државата. Од Државната изборна комисија информираа дека за претседателските избори ќе гласаат 11.123 болни и немоќни лица, а за парламентарните избори бројката е поголема за 102 избирачи или ќе гласаат 11.225 болни и немоќни лица. Освен изнемоштените и затворениците, денес своето право на глас ќе го остварат и ...
Израел изврши ракетен напад врз Рафа, откако Хамас делумно го прифати предлогот за прекин на огнот во Газа, кој Израел го отфрли како уште еден „трик“ на терористичката група. Хамас претходно денеска издаде соопштение во кое се вели дека нивниот врховен лидер Исмаил Ханије ја пренел веста во телефонски разговор со премиерот на Катар и министерот за разузнавање на Египет Сепак, израелски функционер рече дека предлогот што го прифати Хамас е ...
Толпа радосни луѓе собрани пред Бранденбуршката порта ноќва, една минута после 24 часот, запалија „џоинти“ и на тој начин го поздравија стапувањето во сила на новиот закон кој го декриминализира канабисот. Неколкуте стотици видно расположени момчиња и девојки, од кои многумина танцуваа на звуците на реге музиката, чекаа со високо подигнати запалки за, откако часовникот ќе отчука полноќ, да ги запалат цигарите со марихуана. Огромен лист марихуана ...
Бирото на Европското јавно обвинителство во моментов ја чешла интерната преписка меѓу шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и првиот човек на фармацевтската компанија „Фајзер“, Алберт Баурле, пренесува „Политико“. Станува збор за случај што во Лиеж на почетокот на 2023 година го покрена 36-годишниот белгиски лобист Фредерик Балдан, поради сомневање за „злоупотреба на јавна функција, судир на интереси и корупција“. И покрај тоа ...
Десетици професорки се уапсени оваа година ширум Америка за сексуални злосторства врз нивните ученици, додека бројот на „пуми во училницата“ навидум продолжува да расте. Како што пишува „Дејли Мејл“, само во последните 12 месеци во 16 американски држави уапсени се 25 учителки, а се стравува дека ова е само „врвот на сантата мраз“, бидејќи нема централизирано собирање податоци за следење на овој вознемирувачки тренд на напалени учителки. Минатиот ...
Европските авиокомпании „Ер Франс“, „КЛМ“, „Луфтханза“ и „Брисел ерлајнс“ се меѓу 20-те авиокомпании што се под истрага од страна на Европската унија за потенцијално погрешни практики дека нивната активност е ориентирана кон заштита на животната средина. Ова го соопштија дел од компаниите, потврдувајќи ја информацијата на белгиската телевизија РТБФ. Авиокомпаниите мора да разјаснат до кој степен тврдењата дека емисиите на јаглерод диоксид ...
Белгискиот Кралски метеоролошки институт (ИРМ) прогласи жолт метео аларм за невреме во источниот дел на Белгија, проследено со поројни врнежи од дожд и грмежи и со ризик за појава на град на одредени места. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, жолтиот метео аларм стапува во сила денеска во 14 часот и ќе трае до 2 часот по полноќ. ИРМ информира дека се очекува на места да наврнат над 20 милиметри воден талог дожд за еден час, Додавајќи дека ...
Општина Центар пред две недели започна со инсталирање на паметно јавно осветлување на цела територија на општината. Тоа значи дека граѓаните на Општина Центар добиваат јавно осветлување со нова ЛЕД технологија за автоматско димирање односно прилагодување на светлината следствено временските услови или зачестениот сообраќај на улицата. Општина Центар појаснува дека овие светилки не се палат мануелно туку тие почнуваат да светат следејќи го ...
По големата победа од првиот круг на претседателските избори за победниците завршија и парламентарните избори пред да се одржат. Велат готово е. Почна на големо лицитацијата за поделба на власта како на пазар, онака од око, или како што се вели на ѓутуре. Фрчат фактури од сите страни за наплата на својот дел од „твоја Македонија“ како да е воен плен. Во еуфорија од вратената гордост на граѓаните камбаните ечат за национално единство. Се бара ...
За време на велигденските празници, односно од утре петок – 3 мај до понеделник 6 мај. јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред. Како што информираат од ЈСП Скопје исклучок ќе бидат линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 55, 56, 56А, 81, 118, 160 и 164 кои утре ќе сообраќаат по саботен возен ред. -Утре и во понеделник на 5 мај од 7 до 14 часот дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров. Во сабота сите ...
Тој објасни дека за кандидатите тоа значи спроведување на неопходните реформи и решавање на сите билатерални спорови, а за ЕУ реформа на програмата и буџетот и процесот на одлучување. Европската унија и земјите кандидати мора да бидат подготвени за проширување до 2030 година, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и порача дека следниот бран на проширување на ЕУ ќе претставува геополитички императив и „нова средба со историјата“. ...