
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



По серијата мистериозни пожари и напади на инфраструктурата низ Европа, безбедносните служби го подигнаа нивото на будност поради опасноста од нови саботажи организирани од Кремљ. Европските разузнавачки агенции ги предупредија своите влади дека Русија планира диверзантски операции низ Стариот континент, за да го дестабилизира Западот и да ја ослабне поддршката за Украина. Загриженоста за хибридните руски напади стана толку голема што за ова ...
Речиси 15 илјади ученици што завршуваат средно образование, оваа сабота ќе го полагаат првиот од двата екстерни испита од државната матура – мајчин јазик и литература. Новина во оваа учебна година е тоа што наместо во училници, тестовите ќе се полагаат во големи простории во училиштата – холовите, училишните спортски сали или во друга голема училишна просторија во која има услови за полагање. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), ...
Без пренос на седницата и со дополнување на дневниот ред, општина Аеродром на вчерашната седница на Советот го усвои Деталниот урбанистички план ЈИ09 блок 09.01. за дел од населбата Лисиче. Станува збор за спорниот план на булевар „Србија“ во близина на кулите „Џевахир“. Граѓаните веќе протестираа неколкупати поради носењето на претходниот ДУП поради што општината го повлече и го доработи. Наместо 9 висококатници сега е планирана една зграда со ...
Развиените земји го исполнија ветувањето за тоа да обезбедат 100 милијарди долари помош за посиромашните земји, за тие да можат да се соочат со климатските промени, соопшти вчера Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), потврдувајќи дека целта е постигната со две години задоцнување. Во 2009 година, развиените земји ветија дека од 2020-та годишно ќе префрлаат по 100 милијарди долари на посиромашните нации кои ги мачат трошоците ...
Во близина на исландскиот крајбрежно градче Гриндавик еруптираше уште еден вулкан, поради што локалните власти прогласија вонредна состојба. Ова е петта вулканска ерупција во тој регион од декември до сега. После бројните земјотреси во истата област и огромниот притисок кој се создал под земја, вчера попладнето избувна ерупција во близина на Сунднук, место северно од Гриндавик, објави исландската телевизија РУВ. Кристин Јонсдотир, геофизичарка ...
Едно лице загина откако заврши во запален мотор од авион на амстердамскиот аеродром „Шипхол“, соопшти вчеравечер холандската авиокомпанија „КЛМ“. Холандската воена полиција на платформата „X“ објави дека спроведува истрага за несреќата. „Истрагата сè уште не откри кое е лицето што загина“, изјави портпаролот на воената полиција за Ројтерс и напомена дека е рано да се каже дали се работи за несреќа или самоубиство. Авионот веќе се движел кон ...
Според извештаите на израелските медиуми, израелската војска ја презела контролата врз целиот Појас Газа долж границата со Египет. Израелски трупи се стационирани во поголемиот дел од подрачјето познато како Филаделфиски корисор, 14 километри долго подрачје покрај границата со Египет и Појасот Газа, објавија неколку медиуми во вчера вечерта, повикувајќи се на војската. Во извештаите се наведува дека во областа има дваесетина тунели кои водат кон ...
Доналд Трамп размислува да го избере милијардерот Илон Маск за политички советник доколку републиканскиот претседателски кандидат повторно ја освои Белата куќа на изборите во ноември, објави вчера „Вол Стрит Журнал“, повикувајќи се на луѓе запознаени со разговорите. Двајцата разговарале за начините на кои Маск, кој раководи со платформата „X“, „Спејс Х“ и „Тесла“, ќе има „формален придонес и влијание“ врз економските политики и безбедносните ...
Советот на судии за национална безбедност, избран од владата на Хонг Конг, прогласи 14 продемократски активисти за виновни за „заговор за поткопување на државниот авторитет“ во најголемото судење за националната безбедност на „Хонг Конг 47“. Речиси сите осудени се поранешни политичари, а пресудата веднаш ја осудија групите за човекови права, пишува Гардијан. Судењето, кое траеше десет месеци, заврши во декември, речиси илјада дена по нивното ...
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел го објави годишниот извештај за состојбата на човековите права и демократијата во светот за 2023 година, истакнувајќи оти ЕУ останала цврста во својата посветеност за поддршка и унапредување човековите права и демократијата минатата година. – Оваа година се одбележуваат 75 години од Универзалната декларација за човекови права, фундаментален документ кој го отвори патот ...
Францускиот претседател, Емануел Макрон, вчеравечер пристигна во Берлин во државна посета. Посетата требаше да се случи минатата година, но беше одложена поради протестите што блокираа бројни француски градови. Но, малку недостасуваше тој повторно да ја одложи средбата со неговиот германски колега Франк Валтер Штајнмаер. Во Германија дојде од Нова Каледонија каде што (барем засега) го изгасна огнот на протести, едноставно, ја одложи примената на ...
Мерсел Биљали Во индискиот град Бангарх во државата Раџастан се наоѓа древната тврдина Балнат, напуштена пред векови. Се мисли дека таму ехотО на човечкиот глас преку ден се претворува во лоша енергија преку ноќ, и може да убие! Многу здрави луѓе таму умреле на мистериозен начин. За таква мистерија сеуште нема логично објаснување. Властите строго го имаат забрането влезот во замокот по зајдисонцето и пред изгрејсонцето! Се смета дека таму во ...
Северна Кореја се обиде да лансира нов воен извидувачки сателит во понеделникот, но обидот не успеа, а потегот беше осуден од Јужна Кореја, Јапонија и САД. Јужна Кореја вчера објави снимка за која нејзината војска тврди дека го покажува неуспешниот обид за лансирање. Едноминутното црно-бело видео кое го објави воениот штаб на јужнокорејската војска покажува нешто што изгледа како експлозија на небото проследено со блесоци. Снимката е направа со ...
До Управниот суд синоќа пристигнала тужба од Коалицијата „Европски фронт“ на решението на Државната изборна комисија (ДИК) за прегласувањето на Изборното место 2101 во село Ларце во Општина Желино. Управниот суд треба да одлучи во рок од 48 часа по приемот на тужбата. ДИК вчера на седница не го прифати приговорот од „Европскиот фронт“ за прегласувањето на Изборното место 2101 во село Ларце во Општина Желино. По прегласувањето во избирачко место ...
Африм Гаши е избран за претседател на Собранието. За изборот на Гаши за собраниски спикер „за“ гласаа 76 пратеници од присутните 82, „против“ беа шестмина, а воздржани немаше. По изборот, Гаши ја даде и ја потпиша свечената изјава. Откако седна на спикерското столче, Гаши се обрати пред присутните пратеници. „Бидејќи ова ми е трет пратенички мандат може да кажам дека сум имал можност да бидам и пратеник на власта и на опозицијата. Ќе се погрижам ...
Собранието во рамки на конститутивната седница со 101 глас „за“ од вкупно 117 присутни го усвои извештајот на Верификационата комисија и со тоа ги верифицира мандатите на 118 пратеници. Со тоа им престана мандатот на пратениците од стариот собраниски состав. На новите пратеници кои се носители на други функции исто така им престана функцијата. На вкупно шест пратеници им прекинува функцијата во Владата заради што Владата ќе ги извршува само ...
Црвениот крст на Град Скопје го одликувааше Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“ со Оскар на хуманоста во категоријата Премиум партнер, како континуиран поддржувач на хуманата мисија која ја спроведува оваа организација во земјава веќе 8 децении. „Со особено задоволство, во рамките на манифестацијата ’Оскар на хуманоста’, му ја доделуваме наградата ’Премиум партнер’ на г. Живко Мукаетов. Неговата лична ангажираност значи поттик ...
Невремето проследено со грмотевици што ги зафати низините на југот на Америка и планините Озарк уби најмалку 24 луѓе во четири сојузни држави и уништи стотици згради, а синоптичарите предупредуваат на дополнително влошување на времето. Бројот на загинати за време на викендот вклучува најмалку осум смртни случаи во Арканзас, седум во Тексас, четири во Кентаки и два во Оклахома, според податоците на државните служби за Итна медицинска помош. ...
Пазарот на половни телефони стана значаен сектор во рамки на пошироката индустрија за паметни телефони. Вклучува купување и продажба на претходно користени мобилни уреди кои се обновени, поправени или едноставно препродадени во нивната првобитна оригинална состојба. Овој сектор вклучува широк спектар на актери, од индивидуални продавачи и мали работилници за поправки до големи компании за реставрација и онлајн пазари. Според ИДЦ (International ...
поред анализа на неколку научни трудови со фокус на пивото, ниту една количина на алкохол, колку и да е мала, не е сосем безопасна, објави порталот „Феникс“. Германскиот центар за зависности препорачувајќи ограничување на дневниот внос, нагласува: Не пијте алкохол најмалку два дена во неделата. Поконкретно, препораката за жените гласи: Не повеќе од 12 грама алкохол дневно или околу 60 грама алкохол неделно. За мажи: Не повеќе од 24 грама алкохол ...
Пратеничката на Новата левица – Лерин, Пети Перка поднесе пратеничко прашање на тема „Политичката идеологија на власта ја остава Грција без железничка врска со Северна Македонија“. Отворањето на ова прашање го поддржаа со свој потпис и пратениците Анагностопулос Атанасија, Цуфи Меропи и Фотиу Теано. Како што информираат, „додека работите за повторното отворање на линијата Лерин – Битола се речиси завршени од периодот 2015-2019 година, кога ...
На интернет-просторот деновиве се препорачува нов пијалак за којшто голем број жени тврдат дека благотворно влијае на кожата, спречува брчки и помага за побрзо слабеење, пишува „Крстарица“. Напитокот се состои од следното: два излупени портокали, четири – шест моркови, три сантиметри исечен ѓумбир и малку вода. Подготовка: Сите состојки се мелат во соковник, па сѐ тоа се процедува. Ако нема вообичаена кујнска цедалка, добиената смеса може да се ...
Четири лица се повредени во напад со нож во метрото во источниот француски град Лион, што се случи вчера попладне, а напаѓачот, 27-годишен Мароканец, е уапсен. „Маж ‘вооружен со нож’ е приведен во полиција“, изјави за АФП обвинителот Тиери Дран. Инцидентот се случил околу 14 часот и 40 минути на линијата Б, во близина на Плоштадот Жан Жор. „Две жртви се здобиле со повреди во пределот на стомакот, а третата во раката, и нивните животи не се во ...
„Писмото на Блинкен остана во фиока“; „Дипломатски маратон за прекршувањето на Договорот од Преспа“ и „Враќање на тврдокорните“ се насловите на текстовите во неделните изданија на три грчки весници-„То вима“, „Реал њуз“ и „Катимерини“ – едни од најголемите во земјата, кои и оваа седмица македонско-грчките односи ги држат високо во фокусот, јави дописничката на МИА од Атина. Дописникот од Вашингтон на весникот „То вима“, пишува дека „писмото со ...
Владата на Папуа Нова Гвинеја денеска ги информираше Обединетите нации дека во голем одрон се затрупани повеќе од 2.000 луѓе. Така барем пишува во копија од писмото до кое дојде АФП. До вчера се информираше за бројката од 670 загинати во одроните, но уште од самиот почеток се стравуваше дека таа бројка е значително поголема. „Свлечиштето затрупа повеќе од 2.000 луѓе и предизвика големо разурнување“, соопшти националниот центар за катастрофи во ...
Пред некој ден, Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Резолуцијата за одбележување на 11 јули, како Меѓународен ден на сеќавање на жртвите на геноцидот во Сребреница. Македонија беше меѓу оние 84 земји што гласаа за усвојување на Резолуцијата, па дури беше и во редот на 30-тината земји што се придружија како копредлагачи на предлогот на Резолуцијата, кој го поднесоа Германија и Руанда. Против беа 19 држави, а 68 беа воздржани. И тоа ...
На светските берзи цените на нафтата минатата недела паднаа за повеќе од 2 отсто затоа што американската Централна банка и другите централни банки во светот би можеле да ги задржат каматните стапки на покачени нивоа подолго отколку што се очекуваше. На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела се намали за 2,1 отсто, на 82,12 долари, додека на американскиот пазар барелот поефтини за 2,8 отсто, и чинеше 77,72 долари. Падот на цената на ...
Масовна тепачка која прераснала во престрелка се случи четириесетина минути после полноќ на Булеварот „Никола Карев“ во Скопје. Во престрелката, според првичните информации, ранети се три лица. Тројцата се префрлени в болница. Еден од ранетите починал, а другите двајца се надвор од животна опасност. Кој во кого пукал и зошто не се знае. Мотивите што довеле прво до тепачка, а после тоа и до посегнување по оружје се уште не се познати. Повеќе ...
Протоколите се позитивни за Грција и од геополитички причини и од економски-развојни причини и добро е да се ратификуваат, истакна лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис во интервјуто за грчката телевизија „Action24“, говорејќи за трите меморандуми со Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. Претседателот на главната грчка опозициска партија истакна дека прашањето е зошто актуелната Влада чекаше толку години за ратификација и посочи ...
Попладнево во Њујорк, генералното собрание на ОН треба да гласа за предложената резолуција со која се бара прогласување на 11 јули за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница. Предлогот за резолуција за едно од најголемите злосторства во Европа по Втората светска војна, меѓу другото, го осудува негирањето на геноцидот и глорификацијата на осудените за воени злосторства. Србија и Република Српска, во која доминираат босанските Срби, ...