
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Претседателскиот кандидат поддржан од СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски вчера вечерта од скопската општина Аеродром порача дека членството во Европската унија е единствената алтернатива за напредок на државата. Повика на сплотеност, без делби, за да се реализираат стратешките цели на државата, а едната од нив, како што рече, е членство во развиениот свет бидејќи се друго е враќање назад кон балканското минато кое е обременето со конфликти и ...
Времето денес ќе биде претежно сончево и топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени. Во Скопје сончево, тивко и топло. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 28 степени. Во следниот период, продолжува сончево и топло време со појава на мала до умерена локална облачност. Од четврток ќе дува умерен ветер од северен правец. ...
Ставен е под контрола пожарот што избувна претпладнево во Универзалната сала во Скопје. Од Центарот за управување со кризи информираа дека гори една од куполите на објектот и дека пожарникарите се на самото место и се обидуваат да го изгаснат пожарот. На Единствениот број за итни случаи112 во ЦУК е добиена пријава за пожар на отворено кој се шири над објектот на Универзалната сала лоцирана на Булевар „Партизански Одреди“, во Скопје. Засега нема ...
Капак на моторот на авион „Боинг 737-800“ на компанијата „Саутвест Ерлајнс“ (Southwest Airlines) во неделата за време на полетувањето од аеродромот во Денвер падна и удри во крилото, поради што американската Федерална управа за авијација (FAA) отвори истрага. Британските медиуми пренесуваат дека никој не е повреден на летот 3695 на компанијата „Саутвест“, а авионот безбедно се вратил на аеродромот. Авионот требало да лета за Хјустон, а во него ...
Милиони луѓе денеска се надеваат на ведро небо во очекување на целосно затемнување на Сонцето. Метеоролозите предвидуваат облачно време во северниот дел на Мексико, Тексас и делови од регионот на Големите езера, јавува Би-би-си. Подобро време се очекува во западно Мексико и делови од Средниот Запад на САД, со ведро небо веројатно во Нова Англија и Канада. Целосното затемнување на Сонцето прво ќе се случи на западниот брег на Мексико. Оваа појава ...
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 137 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 67 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, девет мерки за управување под дејство на алкохол… Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. ...
Претседателот Стево Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Ромите ‒ 8 Април, упати честитка до припадниците на ромската заедница во Република Северна Македонија. „Почитувани сограѓани Роми, Дозволете ми да ви го честитам 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите, и да ви посакам добро здравје, среќа и бериќет. Искажувајќи ја својата почит кон ромската етничка заедница како нераскинлив дел од македонското мултиетничко општество, би сакал да ви се ...
Земјотресот е регистриран во 13 часот и 9 минути по локално време. Засега нема информации за повредени или материјална штета. Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала минатата недела исто така го погоди овој остров и оттогаш тлото не престана да се тресе. Според последните податоци, бројот на загинати во земјотресот од минатата недела се зголеми на 13, додека повеќе од 1.100 лица се повредени, соопштија тајванските власти. ...
Германија денеска се соочува со обвиненијата на Никарагва пред највисокиот суд на ОН во Хаг дека „го олеснила извршувањето на геноцид“ врз Палестинците со давање воена и политичка поддршка на Израел. Никарагва ја тужеше Германија пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), барајќи од судиите да преземат итни мерки за да го спречат Берлин да го снабдува Израел со оружје и друга помош. Себастијан Фишер, портпарол на германското Министерство за ...
Петти ден од кампањата за претседателските избори, претседателските кандидати преку митинзи, дебати, како и средби со граѓани, ги презентираат нивните програми. Кандидатот поддржан од СДСМ и Коалицијата и актуелен претседател, Стево Пендаровски, кој ќе ја бара поддршката од граѓаните за втор мандат, ќе одржи митинг во скопските општини Кисела Вода и Аеродром. Кандидатот за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова, ...
Повеќе од 90 луѓе загинаа откако вчера се преврте брод кај северниот брег на Мозамбик, соопштија властите. Лицата на бродот бегале од колера и патувале од Лунга кон островот Мозамбик, во близина на брегот на Нампула, јавија локалните медиуми, пренесува ДПА. Рибарскиот брод можел да прими најмногу 100 луѓе, изјавил за СТВ претставник на управата на островот. Меѓутоа, на бродот имало околу 130 луѓе. Новинската агенција АИМ, повикувајќи се на ...
Компанијата „Sandoz d.o.o.“ и Хрватската агенција за лекови и медицински производи Халмед минатата недела објавија дека серијата на лекот Fluimukan Junior 20 милиграми/милилитри, орална употреба, се повлекува од пазарот поради сомневање за контаминација на течноста со честички од пакувањето, јави дописникот на МИА од Белград. Споменатиот лек е присутен под друго трговско име и се вика ACC Kids 20mg/ml 100 ml. Кај него не е потврдено присуство на ...
Францускиот глумец Ален Делон, кој има 88 години и е тешко болен, е ставен под засилено старателство за заштита на чувствителни лица, според одлуката на Судот. Од јануари, Делон е ставен под судска заштита со назначување застапник кој „ќе ја следи неговата здравствена состојба“. Извори блиски до случајот за француските медиуми изјавија дека сега таа мерка е засилена. Ова значи дека правниот застапник назначен за случајот на Делон ќе ги ...
Цените на куќите во Европската унија се зголемија во четвртиот квартал од 2023 година за 0,2 отсто во споредба со истиот период претходната година, додека кириите се зголемија за три отсто, покажуваат податоците на Евростат. Канцеларијата за статистика на Европската унија наведува дека цените на куќите и кириите во ЕУ следеле слична шема помеѓу 2010 и вториот квартал од 2011 година, но сега се развиваат поинаку. Додека кириите постојано растеа ...
Влезот во Европската Унија значи заокружување на стратешките цели, а со минимум слога и од опозицијата, лесно, за четити до пет години ќе станеме членка на ЕУ, рече кандидатот за претседател Стево Пендаровски обраќајќи им се вечерва на прилепчани на плоштадот „Методија Андонов Ченто“. Перндаровски рече дека со влезот во ЕУ, достапни ќе бидат фондовите и полесно ќе се избориме со „белата чума“ – заминувањето на младите. -Ако Македонија во ...
Израел ќе дозволи привремена испорака на помошта до Појасот Газа преку преминот Ерез, соопшти денеска кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху. „Воениот кабинет ги овласти премиерот Нетанјаху, министерот а одбрана, Гоав Галант, и министерот Бени Ганц да преземат итни чекори за зголемување на хуманитарната помош за цивилното население во Појасот Газа“, се наведува во соопштението. Како што се додава, помошта ќе придонесе за спречување на ...
Бугарите, Романците, Србите и Украинците се главните учесници во најопасните криминални мрежи за трговија со луѓе во ЕУ со цел трудова и сексуална експлоатација, покажуваат податоците во извештајот на Европол, претставен денеска. Во документот се забележува дека во ЕУ дејствуваат 821 опасна криминална мрежа, поврзани со трговија со наркотици (главно кокаин), цигари, трговија со луѓе и изнуда. „Најчесто учесниците во оваа организација доаѓаат од ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го поздрави политичкиот договор што денеска го постигнаа Европскиот парламент и Советот на ЕУ за Инструментот за реформи и раст на Западен Балкан, во износ од шест милијарди евра и потенцираше дека проширувањето на Унијата е геостратешки приоритет. „Сакаме побрзо да го доближиме Западен Балкан до Унијата, а договорената инвестиција од шест милијарди евра е клучен чекор во таа насока. ...
Европската комисијата го поздрави политичкиот договор постигнат вчера меѓу Европскиот парламент и Советот на ЕУ за Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан, во вредност од шест милијарди евра, како поддршка на Планот за раст на регионот, што таа го предложи лани во ноември. Според претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен договорениот финансиски Механизам од шест милијарди евра е клучен чекор во процесот на ...
Во Брисел се одржува дводневен состанок на шефовите на дипломатиите на земјите од НАТО, по повод 75-годишнината од алијансата. Се размислува за петгодишен пакет воена помош за Украина од 100 милијарди евра, кој би обезбедил поддршка за Киев во случај Доналд Трамп да се врати во Белата куќа. Москва вели дека нема место за НАТО во мултиполарниот свет, но дека тој ќе продолжи да биде во фокусот на руското внимание. Министрите за надворешни работи ...
Техничкиот дијалот на Белград и Приштина за забраната на динарот на Косово почна денеска, а високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, во писмена реакција до Европскиот парламент изјави дека ЕУ е загрижена поради недостигот на претходни консултации со Приштина во врска со одлуката за забрана на динарот и последиците што оваа одлука може да има за секојдневниот живот на Србите во Косово, јави дописникот на МИА од ...
Почна кампањата за претседателските избори. Во трка за фотељата на вила „Водно“ седум кандидати. Кампањата ќе трае до 22-ри април на полноќ, а гласањето во првиот круг е на 24-ти април-среда, и е неработен ден. За парламентарните избори пак, 17 коалиции и партии и една независна листа, кои треба да ги потврди Државната изборна комисија. Листи во сите шест изборни единици имаат СДСМ и коалицијата, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, ЗНАМ на Максим ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ ја соопшти страшната вест дека е двегодишната Данка Илиќ е прегазена со автомобил и убиена. – Имаме лоши вести за детето од Бор, за малата Данка Илиќ. Полицијата приведе две лица кои го извршиле убиството на малата Данка. Признале дека ја убиле. Сега ја носат полицијата таму каде што ја закопале – рече претседателот на Србија. Тој додаде дека полицијата ги носи на местото каде што е телото на детето. – ...
Најмалку девет лица загинаа, а 882 се повредени во силниот земјотрес што рано утринава го погоди Тајван. По земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала кој утрово го погоди источниот брег на Тајван, во урнатините останаа заробени над 120 луѓе, за кои се верува дека се живи. Епицентарот беше на 18 километри јужно од градот Хуалиен, а досега се регистрирани најмалку 100 последователни потреси. Земјотресот предизвика лизгање на ...
Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп на синоќешниот предизборниот митинг во Мичиген ги нарече илегалните имигранти во САД „животни и нелуѓе“. Тој наведе неколку злосторства извршени од илегални мигранти и предупреди дека САД ќе биде зафатена од насилство и хаос доколку тој не биде избран за претседател на 5 ноември. Зборувајќи за Лејкен Рајли, 22-годишна студентка од Џорџија за чие убиство е осомничен мигрант од Венецуела, Трамп ...
Коалициите предводени од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, „Храбро за Македонија“ предводена од ГРОМ, коалицијата „Македонска ера трета сувереност“, „Европски фронт“ предводен од ДУИ, партијата ЗНАМ и Работничка партија поднеле кандидатски листи за изборите за пратеници на 8 мај. Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), до синоќа до 22 часот, кога беше и последниот ден за поднесување кандидати, листи поднеле и партиите Родина, потоа Аваја за ...
Сезоната на крлежи трае од април до септември, па важно е однапред да се знае како правилно да ги отстраните од кожата доколку е потребно тоа. Од заразните болести, менингоенцефалитис, меѓу другите, се пренесува преку крлеж. Тоа е воспалително заболување на централниот нервен систем, чијашто клиничка слика може да се движи од настинка до тешко воспаление на мозокот. Натаму, тука спаѓа и конго-кримска хеморагична треска што се јавува многу ретко ...
Идната недела ќе биде една од потоплите која сме ја имале во овој период од пролетта. Синоптичарите најавуваат вистинско лето уште на почетокот на април со температури кои ќе достигнат и до 34 степени во одредени делови на земјава и до 32 во Скопје. До крајот на оваа недела ќе имаме генерално стабилно време со прилично високи температури. Како што ќе се наближува викендот температурите ќе растат. Веќе во петок ќе имаме 25 степени а во сабота ...
Европското јавно обвинителство соопшти дека неговата канцеларија во Софија започнала истрага со цел да собере евентуални докази во врска со сомнежите за проневера и злоупотреба на средства од фондови на ЕУ и за перење пари поврзани со изградбата на најголемиот инфраструктурен проект во Бугарија, тунелот „Железница“ на автопатот „Струма“ во реонот на Благоевград. Обвинителството информира дека истрагата е покрената по сознанија добиени од ...
Три лица загинаа, а уште едно е повредено во лавината што вчера попладне се спушти од планина во Рифелберг, во близина на швајцарскиот алпски ски-центар Цермат, соопшти полицијата. Портпаролот на полицијата во јужниот кантон Вале немаше детали за идентитетот на луѓето зафатени во лавината. Исто така, не е јасно дали има уште исчезнати. Полицијата во кусо соопштение соопшти дека акцијата за пребарување е прекината затоа што бил отежнат пристапот ...