Британскиот премиер Риши Сунак вчера најави дека националните избори ќе се одржат на 4 јули. Според испитувањето на јавното мислење, се очекува владејачките конзервативци да загубат од опозициската Лабуристичка партија по 14 години на власт. Ставајќи крај на повеќемесечните шпекулации за датумот на новите избори, Сунак објави дека свикува избори порано отколку што некои очекуваа, што, според британските медиуми, е ризична стратегија со оглед на ...

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Попладне претежно во источните делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени. Во Скопје сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер ...

Генералниот конзулат на Кралството Данска со седиште во Скопје, започнa со работа во јули 1994 година, по декрет издаден од данската Кралица Маргарете II, која за Генерален почесен конзул го назначува Трајче Мукаетов. Во 2007 година, функцијата Генерален почесен конзул ја презема Живко Мукаетов. Апликации за визи, работни дозволи, дански пасоши, дански возачки дозволи, бегалската криза во 1999 година, влезот на Данска во Шенген зоната во 2002 ...

Кривичниот суд во Скопје денеска го потврди 30-дневниот притвор за Љупчо Палевски, првоосомничениот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, кој за првпат беше изведен пред судија во претходна постапка по пристигнувањето од Турција, од каде беше екстрадиран во средината на мај, за да се изјасни за притворот кој му беше одреден во негово отсуство. Додека полицијата врзан и со наведната глава го спроведуваше до ...

По вчерашните обилни врнежи од дожд, Центарот за управување со кризи (ЦУК) утрово алармира водата од кумановскиот водовод да не се користи за пиење поради неисправност. Дистрибуцијата на вода преку преносниот систем во градот е прекината и ваквата состојба ќе трае до нејзино целосно надминување, односно додека надлежните не потврдат дека водата е исправна за пиење. Од ЦУК информираат дека утрово од Секторот за операции и координација била ...

Состојбата на словачкиот премиер Роберт Фицо по атентатот во средата на 15 мај е сè уште сериозна и ќе биде потребно време за лекувањето да се префрли на рехабилитациониот и реконвалесцентниот дел, изјави словачкиот министер за одбрана Роберт Калињак, наведувајќи нови, мистериозни детали за околностите на нападот на Фицо. Бидејќи се појавија информации дека по атентатот на Фицо, некој го хакирал профилот на атентаторот Јурај Цинтула (71) на ...

Во седум избирачки места во изборните единици 5 и 6 денеска ќе се прегласува за Парламентарните избори 2024. Прегласување во петата изборна единица ќе се спроведе на избирачките места 1194 и 1202 во Крушево, 1272 во Охрид, 1470 и 1470/1 во Долнени и 1844 во Струга, додека во шестата изборна единица на избирачкото место 2101 во Желино. Право на глас во овие избирачки места имаат вкупно 4521 гласач. Во избирачкото место 2101 во Желино право на ...

Во Европа демократијата е замислена како фундаментална вредност која ја поддржува пошироката јавност низ целиот континент. Во исто време, бранот на крајната десница, чиј врв се очекува за време на европските избори во јуни, се смета за само минлив политички феномен. Се уште се верува дека европската демократија ќе опстане – иако звучи утешно, тоа и не е во целост точно, пишува „Политико“. Имено, бројните истражувања покажуваат дека ...

Јапонскиот град Фуџикавагучико постави денеска голема мрежеста бариера на популарното место за гледање на планината Фуџи, во обид да го одврати се поголемиот број туристи од фотографирање. Од местото можат да се видат многу природни убавини со милји наоколу, но на локалното население во Фуџикавагучико им е преку глава од приливот на претежно странски посетители кои фрлаат отпадоци, влегуваат во приватни имоти и ги кршат сообраќајните правила во ...

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, доби дозвола да поднесе жалба на неговата екстрадиција во Соединетите Американски Држави, откако неговиот адвокат вчера во судот во Лондон истакна дека таму не може да се потпре на своето право на слобода на говор. Двајца судии во лонсдонскиот Висок суд рекоа дека му дозволуваат да поднесе целосна жалба за да ги сослушаат неговите аргументи дека во САД може да биде дискриминиран, врз основа на тоа дека е ...

Синоќа околината на Неапол ја погоди земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала, јавува италијанскиот „Кориере дела сера“. Потресот се случи во 20 часот и 10 минути во вулканската област Кампи Флегреи и тоа е најсилниот земјотрес во тоа подрачје во последните 40 години. Малку пред тој земјотрес бил почувствуван еден малку послаб, со магнитуда од 3,5 степени, а после него следувале уште многу послаби потреси. Си-Ен-Ен пишува дека ...

„Aegean Airlines“ ја прекина продажбата на билети за планираната нова авиолинија меѓу Скопје и Крф, која требаше да започне на почетокот на јуни, објави „EX-YU Aviation“. Летовите требаше да се одвиваат двапати неделно во вторник и сабота. Според ревидираниот распоред, „Aegean Airlines“ се чини дека целосно ги откажува двата неделни лета и во тие денови повеќе нема да ги има и летовите меѓу Атина и Скопје. Со ваквите развој на настаните, ...

Сите држави што ги ратификувале статутите на Меѓународниот кривичен суд (МКС) се должни да ги спроведуваат неговите одлуки, порача високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел во врска со повикот на обвинителот на МКС да издаде налог за апсење на лидерите на Израел и Хамас. „Мандатот на МКС, како независна меѓународна институција, е да ги процесуира најтешките злосторства според меѓународното ...

Доцна синоќа по наредба на судија на претходна постапка извршен е претрес во домот на членот на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети во Тетово, како и претрес во службените простории на Советот на јавни обвинители. Има сомненија дека Мемети заедно со судијата Наке Горгиев имал влијание злоупотребувајќи ја позицијата член на Советот на јавни обвинители во случајот барање на мито за олеснителни околности за екс градоначалникот кој е во притвор ...

Пред утрешното прегласување за парламентарните избори во седум избирачки места во изборните единици 5 и 6, денеска гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници како и лицата сместени во домовите за вонсемејна грижа. Право на глас во овие избирачки места имаат вкупно 4 521 гласач. Прегласување ќе се спроведе на избирачките места 2101 во Желино,1194 и 1202 во Крушево, 1272 во Охрид, 1470 и 1470/1 во Долнени, како и во 1844 во Струга. Во ...

На вечерашната итна седница Судскиот совет донесе одлука за одземање на имунитетот на врховниот судија Наке Георгиев, а членовите на Советот го одобрија и барањето за притвор на судијата. Исто така донесена е одлука и за времено оддалечување од судиската функција. -Судскиот совет на Република Северна Македонија на 487-та итна нејавна седница одржана на ден 21.05.2024 година расправаше и одлучуваше по барање на Основен кривичен суд Скопје за ...

Серија земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала, го погодија јужниот дел на Италија. Како што соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот на најсилниот земјотрес што се случил во 20 часот и 10 минути бил на 11 километри од Неапол, на длабочина од три километри. Националниот институт за геофизика и вулканологија соопшти дека првиот силен земјотрес бил со јачина од 3,5 степени ...

Во Демократска Република Конго е убиен водачот на обидот за државен удар, а 50 лица се уапсени, меѓу кои и тројца американски државјани, изјави за Ројтерс портпаролот на армијата на оваа централноафриканска земја. Пукањето започнало во 4 часот наутро во главниот град Киншаса, јавува репортерот на Ројтерс. Вооружени лица ја нападнале претседателската зграда во центарот на градот, тврди портпаролот Силвен Екенге. Уште еден напад е организиран врз ...

Државниот завод за статистика во петокот ги објави конечните податоци за индексот на потрошувачките цени за април.Со раст од 0,7% во однос на март, годишната стапка на раст на потрошувачките цени изнесува 3,7%.Ова е најскромниот пораст на годишна ниво од септември 2021 година. Во првите четири месеци од годинава растот на потрошувачките цени во однос на истиот период од лани во просек изнесува 4,0%.Според индексот на потрошувачки цени, најголем ...

Британскиот суд денеска треба да донесе конечна одлука за тоа дали основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, треба да биде испорачан на Соединетите Американски Држави поради протекувањето на мноштво доверливи американски документи, што ќе претставува кулминација на 13 години долгите правни битки и притвори. Двајца судии во Високиот суд во Лондон ќе треба да одлучат дали веруваат во гаранциите на САД дека Асанж нема да се соочи со смртна казна и ...

Европската комисија (ЕК) денеска во изјава за „Еуроактив“ ги повика Скопје и Атина обострано да се придржуваат до Договорот од Преспа и да ги спроведуваат неговите одредби. Во изјавата за порталот, портпаролот на Комисијата изјавил дека билатералните договори треба да се спроведуваат со добра волја од двете страни. „Добрососедските односи и регионалната соработка остануваат суштински за процесот на проширување. Постојните билатерални договори ...

Британската влада проценува дека, после бројните одложувања, ќе мора да потроши најмалку шест милијарди долари за спроведување на граничните процедури после Брегзит, објави денеска парламентарната комисија за финансии. Британците изгласаа напуштање на Европската унија во 2016 година, но дури оваа година беа донесени нови правила за гранични контроли за да функционираат ланците на снабдување. Првата фаза, која подразбира воведување на ...

Иранските агенции јавуваат дека местото на падот на хеликоптерот е пронајдено и дека нема преживеани, пренесува Си-Ен-Ен. „Нема знаци на живот од хеликоптерот на претседателот Ебрахим Раиси“, соопшти државната телевизија. Ројтерс објави дека хеликоптерот целосно изгорел во падот, повикувајќи се на ирански претставник. „Во несреќата целосно изгоре хеликоптерот на претседателот Раиси… за жал, се стравува дека сите патници се мртви“, рече ...

Договорот од Преспа е меѓународен ратификуван договор и не може да се менува и да се ревидира еднострано, рече министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис говорејќи за грчкото радио „Talk radio 98.9“, јави дописничката на МИА од Атина. Во утринското интервју, шефот на грчката дипломатија посочи дека „во овој момент постои едно прашање што произлезе по изборите во Северна Македонија“, но и истакна дека тие секако го почитуваат ...

На интернет кружат неколку видеа на кои се гледа џиновски метеор кој во саботата го помина небото над Шпанија и Португалија.Се уште нема официјална потврда дека се работи за метеорит, пишува „Минт“. Неколку корисници на социјалните мрежи споделија слики и снимки од небото осветлено со силна сина светлина. Многумина беа изненадени од феноменот, а некои останаа запрепастени. „Ова беше импресивно! Врз основа на бојата, се чини дека може да биде од ...

Европската унија започна истрага против „Мета“, компанијата во чија сопственост се социјалните платформи Фејсбук и Инстаграм, за да утврди дали нејзините производи, односно услуги, предизвикуваат зависност кај децата. Истрагата е во врска со потенцијално прекршување на Законот за дигитални услуги, во делот кој се однесува на заштитата на малолетниците. „Постои можност Фејсбук и Инстаграм да ги искористат слабостите и неискуството на ...

Бакарот се искачи на своето највисоко ниво досега, продолжувајќи го силниот, повеќемесечен од нагоре, поттикнат од финансиските инвеститори кои се намножија на пазарот во очекување на продлабочување на недостигот на резерви. Фјучерсите на Лондонската берза за метали утринава, на почетокот на тргувањето, скокнаа за повеќе од 4%, подигнувајќи го бакарот за прв пат повеќе од 11.000 долари за тон. Скокот на цената на бакарот направи да се зголеми ...

Девојка обвинета за нелегален абортус и дека го фрлила телото на своето новороденче во канта за ѓубре, изјавила дека се „испаничила“ по породувањето. Шест години по грозоморната постапка, на Харвеј (25) и нејзиниот партнер Елиот Бенхам им се суди во судот во Глостер. Кога имала 19 години, Харвеј изјавила дека нејзиното дете се родило мртво при неочекуваното породување во бањата. Обвинителите, пак, тврдат дека Харвеј земала лек за да ја прекине ...

Шпанците се револтирани од призорот групи туристи во бикини како шетаат по улиците на Палма де Мајорка, главниот град на Мајорка, откако наводно пристигнале со „брод за забава“ – најновата појава што ги разбесни локалните жители. Видеото што го сподели здружението на жители на Пасео Маритимо, прикажува пет жени како одат по патот, додека група посматрачи ги гледаат од страна. „Почна сезоната на ‘бродовите за забави’“- напишаа група мештани на ...

Француската полиција уби вооружен маж кој се обиде да запали синагога во северозападниот град Руан, соопшти францускиот министер за внатрешни работи. Мажот бил вооружен со нож, а кога тргнал кон полицајците, тие го застрелале, се вели во извештаите. Градоначалникот на Руан Николас Мајер-Росињаол изјави дека нападот на синагогата не ја погодува само еврејската заедница, туку дека целиот град е во шок. Според локалните извештаи, полицијата била ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
88%
1019
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
4.63
77%
1019
weather icon

Загреб

18ᴼ / 15ᴼ
1.03
76%
1022
weather icon

Софија

18ᴼ / 15ᴼ
2.57
80%
1020
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.71
82%
1018
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
1.03
94%
1022
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
3.09
57%
1012
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
73%
1015
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
64%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
3.58
58%
1017
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 16ᴼ
2.57
77%
1019
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
7.72
65%
1013
Currency

61.53

Currency

53.1132

Currency

70.7075

Currency

34.4282

Currency

38.5891

Currency

65.7388

Currency

7.36476

Currency

0.66459

Currency

0.361

Currency

0.52461

Currency

1.30565

Currency

0.60613

Алуминиум

2.56

Иридиум

153653.48

Кобалт

42.99

Никел

14875.00

Рутениум

26299.31

Калај

33.60

Сребро

1202.35

Злато

108435.32

Бакар

8.94

Паладиум

38645.20

Платина

42647.74

Родиум

221840.15

Цинк

2.74