Од утрово од 6 часот трите гранични премини кон Грција, Богородица-Евзони, Дојран-Дојрани и Меџитлија-Ники, се затворени за сите видови сообраќај. Причина за затворањето на премините е штрајкот на грчките цариници што почна денеска во 6 часот и ќе трае до истото време задутре. Според началникот на Регионалниот центар за гранични работи Југ при МВР, Славчо Богев, на трите гранични премини нема влез и излез од Грција, а товарниот и патаничкиот ...

Коалицијата што ја предводи СДСМ прва ги достави листите за пратеници до Државната изборна комисија за парламентарните избори на 8 мај. Како што информираат од ДИК, доставени се листи за пратеници за сите шест изборни единици. Рокот за доставување на изборните листи за пратеници истекува вечерва на полноќ, а денеска исто така се очекува ДИК да го заклучи Избирачкиот список и за претседателските и за парламентарните избори. Собранието вчера ...

Три деца се ранети во пукање кое утрово се случило во училиште во градот Вантаа во Финска, соопштила полицијата, јавуваат светските медиуми. Според соопштението, полицијата интервенирала во училиштето „Виертола“ нешто пред 9 часот според локално, односно 7 часот според средноевропско време, повикувајќи ги локалниоте жители да останат во своите домови, пренесува Би-би-си. Училиштето во кое се случил вооружениот инцидент, како штоп наведува ...

Според Евростат, статистичката агенција на Европската унија, речиси четвртина од сите жители на Германија не можат да си дозволат дури ни неколку дена одење од дома, а најтешко се погодени семејствата со еден родител и поголемите семејства. Податоците кои ги побара левичарската пратеничка Сара Вагенкнехт откриваат дека 22,6% немале средства за еднонеделно патување во 2023 година. Кај семејствата со самохрани родители, уделот пораснал на 43,2%, а ...

Политичките партии кои учествуваат на изборите во среда, ден пред официјалниот почеток на изборната кампања, ќе потпишат Декларација за фер, слободни и демократски избори и против говорот на омраза. Потпишувањето на Декларацијата е традиционален настан што го организира Институтот Охрид од 2014 година и се одржува пред секои избори. Декларацијата ќе ја потпишат претседателите и подмладоците на политичките партии. Потпишувањето на оваа ...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 807 возачи. Од нив 53 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 18 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 399 возила ја ...

Некое време го оставија на мир, затоа што шок и национално единство следеа по нападот на Хамас на 7 октомври – но шест месеци подоцна, илјадници демонстранти се вратија на израелските улици. Војната ја зајакна нивната решеност да го соборат од власт израелскиот премиер со најдолг мандат, Бенјамин Нетанјаху. Десетици илјади луѓе протестираа вчера во Ерусалим против неговата влада, како и против ослободувањето на ултраортодоксните Евреи од воена ...

Активен шумски пожар од вчера попладне има меѓу селата Барово, Бесвица и Вешје во општина Демир Капија. Од утринава на терен интервенираат осум пожарникари со две возила од Територијалната противпожарна единица од Неготино заедно со вработени од јавното претпријатие „Национални шуми“. Како што информира утринава Центарот за управување со кризи, повикувајќи се на информација од Регионалниот ЦУК Велес, зафатена е површина од нискостеблеста ...

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени. Во Скопје сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне ...

Регулаторната Комисија за Енергетика денеска на редовната седница напладне се очекува да утврди нови цени на горивата во земјава. Новите цени ќе важат од полноќ. Моментално максималните цени на нафтените деривати изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 85,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 87,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 77,00 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 76,00 (денари/литар) ...

Турскиот претседател Таип Ердоган рано утрово изјави дека неговата владејачка партија не го постигнала посакуваниот резултат на вчера одржаните локални избори, додавајќи дека ќе се самокритикува и ќе се позанимава со недостатоците. Турците ги казнија Ердоган и партија АКП ширум земјата, рушејќи ги надежите на претседателот дека ќе ги врати општините во Истанбул и Анкара, кои опозицијата ги освои во 2019 година. Обраќајќи им се на поддржувачите ...

Германскиот министер за финансии, Кристијан Линднер изјави дека е против повторното воведување на задолжителна воена служба за зајакнување на армијата на нацијата, Бундесверот, јави ДПА. -Економските трошоци за задолжителната воена служба би биле многу високи со оглед на недостигот на работна сила во општеството што старее, рече Линднер за ДПА. Наместо тоа, тој повика на посилна воена резерва за Бундесверот. Министерот за одбрана, Борис ...

Дваесет и пет лица се пренесени во болница по истекување на гас за време на црковна служба во близина на северниот италијански град Торино. Несреќата се случила за време на велигденското бдение во црква во општината Понт Канавезе на Велика Сабота, кога околу 50 луѓе изјавиле дека им се гади, јавуваат денеска локалните медиуми. Се испостави дека има истекување на плин. Пожарникарите ја евакуирале црквата. Повеќето луѓе прво биле прегледани од ...

Во морскиот дел на 10 наутички милји југоисточно од грчкиот остров Гавдос, крајбрежната служба на Грција, рано утрово спасила 74 мигранти, јави дописничката на МИА од Атина. Мигрантите со брод на крајбрежната служба биле пренесени на Крит и се во добра здравствена состојба, а според грчките медиуми мнозинството од спасените се од Египет, а меѓу мигрантите има и деца. Локалните медиуми од Крит коментираат дека спасувачката акција е кусо пред ...

Градот Минхен ја извести јавноста за ризикот од енцефалитис (ТБЕ), вирусна болест која се пренесува преку крлежи. Како што соопшти Градскиот завод за здравство, крлежите сега се активни речиси цела година, а не само во пролет и лето, а нивните каснувања можат да доведат до инфекции, особено кога зимата е блага. Според информациите од Институтот „Роберт Кох“, Минхен е една од 178-те урбани и рурални области во Германија кои се сметаат за подрачја ...

„Ибупрофен“ се користи за ублажување на болки, за него не бара рецепт, а многу луѓе го користат.Неодамна направени испитувања покажуваат дека лековите против болки можат да имаат сериозни несакани ефекти кога се земаат редовно. Нестероидните антиинфламаторни лекови (НСАИЛ), како што се аспирин, напроксен или ибупрофен, се поврзуваат со чир на желудник, со плодност, слух и кардиоваскуларни проблеми. За здрави луѓе на кои одвреме-навреме им е ...

Дознајте што предвидува вашиот дневен хороскоп, што ве очекува на работа, во љубовта, дали ќе се сложувате со семејството, како ќе ве служи здравјето… ОВЕН (21. 3 – 20. 4) Спојот на Месечината со Меркур, планетата за работа, во вашиот знак, ве прави пречувствителни на туѓите реакции. Можете да склучите договор за профитабилна работа, доколку сте приватник или се занимавате со креативна дејност. Саканата личност ви подготвува изненадување. БИК ...

Американската поп-пејачка Били Ајлиш на свои 22 години стана најмладата личност со два освоени „Оскари“, и тоа за најдобра филмска песна, откако на синоќешното доделување го доби признанието за нумерата од филмот „Барби“. Ајлиш го дели одличјето со својот брат Финес О’Конел (26), кој со тоа стана втората најмлада личност која двапати ја добила оваа престижна награда. На тој начин и двајцата го надминаа рекордот на Луиз Рајнер, која во 1936., на ...

Австралиско-американскиот медиумски тајкун Руперт Мердок повторно се сврши. Имено, овојпат негова избраничка е Елена Жукова, Русинка, пензиониран молекуларен биолог. Според очекувањата, милијардерот и неговата 26 години помлада невеста би требало да се венчаат оваа година на неговиот имот во Морага Вајнјардс, Калифорнија, САД. За него, ова би било петти брак, иако зад себе има шест веридби. Идните „младенци“, како што велат, се запознале на ...

Објавен е тестаментот на глумецот и комичар Метју Пери. Според документите до коишто дошло списанието „Пипл“ (People), Пери ќе го остави „поголемиот дел од своите работи“ на фондацијата „Алви Сингер ливинг траст“, што тој ја основал и го носи името на главниот лик од филмот на Вуди Ален – „Ени Хол“ од 1977 година. Метју го составил својот тестамент во 2009 година. Таткото на американскиот глумец – Џон Пери и мајка му Сузан Морисон се именувани ...

Едно истражување во Германија покажува дека постојат врски помеѓу осаменоста и тенденцијата кон популизам и теориите на заговор.Експертите додаваат дека тоа, сепак, е само една од причините зошто луѓето, посебно младите, се помалку веруваат во демократија. Во Германија, осаменоста често се опишува како тивка епидемија. Најновите податоци на Сојузниот завод за статистика покажуваат дека секое шесто лице постаро од десет години често се чувствува ...

Низ Лондон, сопствениците на СУВ автомобилите, во стилот на теренци, почнаа да ги наоѓаат своите возила со издишани или дупнати гуми. Според Скај њуз, одговорноста за „нападите“ ја презедоа климатски активисти кои себеси се нарекуваат „Уништувачи на гуми“ и тврдат дека нивното однесување е оправдано заради штетата што на планетата и ја предизвикуваат теренските возила. „Излегуваме навечер, најчесто во група и со многу едноставна опрема. Или ги ...

Многу пати Никола Јокиќ беше херојот на Денвер, им ја донесе и толку посакуваната титула во НБА лигата, но овојпат Србинот беше главниот виновник за поразот на Нагетс од Феникс на домашен терен – 117:107. Јокиќ имаше шут за победа во „регуларниот дел“ од мечот, но не успеа да постигне кош и се замина на дополнителни пет минути, во кои играа само гостинските кошаркари. Навистина, Јокиќ одигра уште еден феноменален натпревар, забележа 22 поени, 16 ...

Новак Ѓоковиќ доживеа неочекувана елиминација во третата рунда на АТП дуелот со Лука Нарди. 20-годишниот Италијанец многу рано ја запиша најголемата победа во својата кариера, но како 123-ти тенисер на АТП листата, мора да се признае дека никој не го очекуваше тоа од него. Нарди го доби првиот сет во 6:4 и Ноле беше принуден да се освести и да брка резултатска негатива, па иако одговори во следниот кој го доби со 6:3, во одлувачкиот сет не го ...

„Спорт Лаиф“ обложувалниците дел од „STH“ холдинг групацијата, ја овозможија реализацијата на новото Детско катче во училишниот двор на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Центар, Скопје. Донацијата на „Спорт Лаиф” овозможи поставување на комплетно нови реквизити за децата, како клацкалки и лулашки и обнова на тревното игралиште за фудбал, по најсовремени стандарди, со нова подлога и мали голови со мрежа. „Донацијата е дел од нашата визија за ...

Напаѓачот на Рома, Тами Абрахам е пред враќање на теренот по долго отсуство. Фудбалерот на „волчицата“ имаше тешка повреда на коленото, која ја заработи уште минатата сезона. Добрите вести станаа јасни откако тренерот Даниеле Де Роси го објави составот на располагање за овој натпревар, а Абрахам беше вклучен во составот и беше ставен на клупата за резерви. Центарфорот беше опериран на коленото на крајот на минатата сезона. Тој беше надвор од ...

Поранешниот бразилски фудбалски репрезентативец Робињо е уапсен во Бразил, каде ќе треба да одлежи деветгодишна затворска казна за силување. Како што јави денеска Би-би-си, Робињо бил уапсен во неговиот дом во Сантос. Високиот суд во Бразил оваа недела пресуди дека 40-годишниот поранешен играч на Реал Мадрид, Манчестер Сити и Милан мора да отслужи затворска казна откако во Италија беше осуден на девет години за учество во сексуален напад во 2013 ...

Мајк Тајсон, легендарниот боксер, ќе се врати во рингот во јули оваа година за да се бори со познатиот јутјубер Џејк Пол. Поранешниот светски првак повторно ќе влезе во рингот на 57 години, дури по четири години пауза од последната егзибиција и има добра мотивација за тоа. Таа најдобро се опишува со 20-те милиони долари што ќе ги заработи, изјави неговиот пријател. Пол е еден од најпознатите инфлуенсери на планетата, а почна да се бори пред ...

Полицијата рано изутрината приведе две лица оосмничени за синоќешното убиство на 14-годишно момче во Прилеп. Во 04.00 часот во с. Сенокос, општина Долнени, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода малолетник и В.Т.(21), двајцата од с. Сенокос, поради сомнение за сторено кривично дело „убиство“. На 29.02.2024 во 19.37 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на бул. „Гоце Делчев“ во Прилеп било пронајдено лице со повреди, по што ...

Трговијата со наркотици е вредна повеќе од 31 милијарда евра годишно, се вели во најновиот извештај за дроги кој вчера го објавија Европол и Европскиот центар за следење на дроги и зависности од дроги (ЕМЦЦДА). Според извештајот, најтргувана дрога во Европската унија е марихуаната, во вредност од 12 милијарди евра годишно. На второ место е кокаинот со околу 11,6 милијарди евра. Влијанието на меѓународната трговија со дрога врз животот во ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
82%
1019
weather icon

Белград

19ᴼ / 18ᴼ
3.6
71%
1020
weather icon

Загреб

22ᴼ / 19ᴼ
1.03
61%
1021
weather icon

Софија

19ᴼ / 18ᴼ
2.57
73%
1020
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
3.33
62%
1019
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.51
81%
1022
weather icon

Атина

31ᴼ / 28ᴼ
5.66
52%
1012
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
0.51
53%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.06
39%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 27ᴼ
5.14
47%
1017
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
1.79
61%
1020
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 28ᴼ
8.23
45%
1014
Currency

61.53

Currency

53.1132

Currency

70.7075

Currency

34.4282

Currency

38.5891

Currency

65.7388

Currency

7.36476

Currency

0.66459

Currency

0.361

Currency

0.52461

Currency

1.30565

Currency

0.60613

Алуминиум

2.56

Иридиум

153653.48

Кобалт

42.99

Никел

14875.00

Рутениум

26299.31

Калај

33.60

Сребро

1202.35

Злато

108435.32

Бакар

8.94

Паладиум

38645.20

Платина

42647.74

Родиум

221840.15

Цинк

2.74