Мораме да ги преземеме сите напори за да помогнеме да се воспостави стабилност во регионот на Блискиот Исток и да се избегне ескалација на состојбата, објави ноќва претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел. Посочувајќи дека ЕУ го осудува нападот на Иран врз Израел, Мишел во објава на Икс наведе дека Унијата ги повикуваме сите страни во регионот да покажат максимална воздржаност. – Советот на ЕУ е посветен да работи со партнерите за ставање крај ...

Германскиот канцелар Олаф Шолц вчера разговараше со кинеските студенти на Универзитетот Тонги во Шангај, притоа уверувајќи ги дека не треба да консумираат канабис доколку студираат во Германија и оти таа супстанција е легализирана со надеж дека потрошувачката ќе се намали. Oд 1 април oвaa година, на лицата со над 18 години во Германија им е дозволено да поседуваат и носат 25 грама канабис за консумирање. Уште повеќе, љубителите на хашиш сега ...

Њујоршкиот судија Хуан Мерчан кој го води кривичното дело против Доналд Трамп околу исплати на Сторми Дениелс, поранешна актерка во филмови за возрасни, во судот во Менхетн го отфрли барањето на експретседателот Мерчан да се изземе и да истапи од учество во процесот. Барањето на Трамп за изземање на Мерчан е заснована на тоа што неговата ќерка која е исто така судија, работи во политичка консaлтинг фирма со клиенти демократи па тоа, според ...

Како континуиран поддржувач на македонското здравство и фармација, „Алкалоид“ АД Скопје донира дел од своите производни количини на иновативнaта формулација на „Омепразол“ во течна форма, во вкупна вредност од 12.520.800 денари, на ЈЗУ Универзитетската клиника за детски болести и на ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата Козле, со цел олеснување на пристапот до соодветен третман во овој дел кај детската популација. ...

Австралиската полиција денеска соопшти дека вчерашниот напад со нож, за време на црковна служба во близина на Сиднеј, ќе се третира како терористички акт. Полицијата вчера уапси 15-годишно момче откако во асирската црква во Вејкли, околу 30 километри западно од Сиднеј, избоде со нож четири лица, меѓу кои и епископот на црквата. Повредените, меѓу кои е и напаѓачот се здобиле со полесни повреди. Нападот се случи за време на проповед што се ...

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ја објави својата даночна пријава – традиција која беше прекината во времето на неговиот претходник Доналд Трамп. Практиката не е задолжителна, но нејзината цел е да ја зајакне довербата на граѓаните во политичките лидери. Даночните пријави ги објавуваат и кандидатите кои учествуваат на локалните и националните избори. Според нивните даночни пријави, Џо и Џил Бајден заработиле 619.976 долари во 2023 ...

Приватните специјализанти утрово продолжија со генералниот штрајк, што почна од вчера изутрина. Преку соопштение, тие синоќа информираа дека штрајкот ќе продолжи и денеска, сѐ додека Министерството за здравство по денешната седница на Влада, не излезе со официјален став за нивните барања. Врз основа на одговорот од Министерството за здравство, приватните специјализанти ќе одлучат за понатамошните чекори. Меѓу нивните барања се зголемување на ...

Во спроведена акциска контрола на територија на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, во текот на вчерашниот ден се казнети 220 возачи, соопштија денеска од МВР. Од нив, 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 96 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 124 надвор од ...

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, проследени со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени Целзиусови. Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе ...

Како што се наближува датумот за првиот круг за претседателски избори, што ќе се одржат на 24 април, на така се засилува и реториката на кандидатите за шеф на државава. Претседателските кандидати и денеска продолжуваат со средби со граѓаните и со митинзи во повеќе населени места. Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Дојран, Валандово и во Гевгелија. Максим ...

Во акција спроведена утрово од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи приведени се 17 припадници на затворската полиција, вработени во КПД Затвор Идризово. -По повеќемесечна предистражна постапка, под раководство на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно ...

Приватни специјализанти најавија генерален штрајк од денеска. Причина за штрајкот, како што најавија во четвртокот преку соопштение, е што и покрај одржаниот протест на 27 март и остварената средба со министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, на 2 април, сѐ уште не биле исполнети нивните барања. – На средбата со министерот за здравство, од негова страна ни беше ветено дека нашите барања ќе бидат изнесени на следната седница на ...

Екс началникот на Петата управа во УБК кој е во бегство, Горан Грујевски завчера бил уапсен во Загреб по распишана меѓународна потерница од македонските власти но денеска бил пуштен на слобода, пренесе ТВ Телма. Хравсткото МВР и Интерпол доставиле информација до МВР вчера за приведувањето, како и за последната информација од утрово дека тој е пуштен на слобода. Според извори на Телма, одлуката да се пушти на слобода се должи на фактот што на ...

Со презентација на програмите на средби со граѓани и митинзи, денеска продолжува изборната кампања на претседателските кандидати за првиот круг од изборите на 24 април. Кандидатот за претседател на коалицијата предводена од СДСМ Стево Пендаровски денеска ќе ги посети скопските општини Сарај, Чаир и Ѓорче Петров, а митинг ќе одржи во општина Гази Баба, додека кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска – Давкова ќе ја презентира ...

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одлучува за новите цени на нафтените деривати. Согласно последната одлука на РКЕ, сите горива поскапеа. За еден денар поскапе ЕУРОСУПЕР БС-98, за 1,5 денари се зголеми цената на ЕУРОСУПЕР БС-95. За два денари поскапе дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство. Ова се моменталните цени на горивата: – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 86,50 (денари/литар) – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – ...

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш синоќа, по нападот на Иран врз Израел, потсети дека актите на одмазда кои вклучуваат употреба на сила се забранети според меѓународното право, додека САД најавија дека ќе работат на тоа Техеран да одговара пред ООН. Гутереш, говорејќи на состанокот на Советот за безбедност на ОН, им порача на земјите-членки дека повелбата на ОН забранува употреба на сила против територијалниот интегритет ...

Американските сили, поддржани од уништувачите на Европската команда на американската војска, уништија повеќе од 80 беспилотни летала и најмалку шест балистички проектили насочени кон Израел од Иран и Јемен во саботата и неделата, објави денеска Централната команда на американската армија. Во саботата вечерта, Иран изврши напад на израелска територија со беспилотни летала и проектили како одмазда за израелскиот напад врз иранскиот конзулат во ...

Претседателските кандидати, денеска, на деветтиот ден од предизборната кампања, продолжуваат со претставување на своите програми на митинзи и средби во повеќе региони во државата. Тимот на кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата најави активности во Дебар, Гостивар и Тетово, додека претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски ќе се претстави во скопските општини Илинден, ...

Нивото на водата во реката Урал во Оренбург во текот на ноќта надмина 11 метри и достигна 1.120 сантиметри, изјави првиот заменик градоначалник Алексеј Кудинов. Кудинов рече дека во Оренбург во текот на ноќта се поплавени уште 361 куќа и 900 приватни парцели, како и дека се евакуирани уште 99 жители, со што бројот на привремени сместувања се искачи на 165. Тој изјави дека денеска се очекува врв на поплавниот бран, по што ќе се намали нивото на ...

САД очекуваат Северна Македонија да го одржи духот на Договорот од Преспа, а јавниот дискурс да биде базиран на факти, соопштија од Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски јазик. Пред претстојните претседателски и парламентарни избори во државата, медиумите во Грција пишуваат дека Атина одблизу ги следи политичките изјави поврзани со Преспанскиот договор и употребата на името Македонија во изборната кампања на некои кандидати. – ...

САД очекуваат ирански напад врз Израел, но таков што нема да биде доволно голем за да го вовлече Вашингтон во војна, изјави доцна синоќа американски претставник. Белата куќа соопшти дека го предупредила Иран да не го користи нападот како изговор за натамошна ескалација во регионот. Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант вчера изјави дека Израел директно ќе одговори на секој ирански напад. -Директен ирански напад ќе бара соодветен израелски ...

Францускиот претседател Емануел Макрон ја повика француската одбранбена индустрија трајно да го зголеми производството на оружје во услови на војна во Украина. – Мораме трајно да се подготвиме за геополитичка и геостратешка промена во која одбранбената индустрија ќе игра растечка улога, рече Макрон поставувајќи камен-темелник за нова фабрика за експлозивен прав за компанијата Еуренко во југозападниот град Бержерак. – Потребна е воена економија ...

Унгарската Влада ќе воведе нови ограничувања за увоз на земјоделски производи од Украина, најави денеска министерот за земјоделство Иштван Наѓ. Тоа е потег осмислен да ги заштити унгарските земјоделци од нарушувања на пазарот предизвикани од поевтините земјоделски производи од Украина. Наѓ на прес-конференција рече дека одлуката на Европската унија (ЕУ) во 2022 година да дозволи увоз без царина од Украина, со цел да и помогне на украинската ...

Шарено, пошарено, најшарено: Како да ја преточите ваквата бујна колоритност во зборови? Не е важно – само погледнете го и оставете да ви ги преплави сетилата! Претставниците на медиумите веќе имаа можност да соберат впечатоци за изложбата „Од срцето до рацете – Долче и Габана“ во миланската Палацо Реале. Изложбата е отворена вчера (7 април, 2024) и до 31 јули треба да овозможи преглед на колоритната работа и уметничката визија на двајцата ...

Замрзнувањето на цените на храната се краткорочна, а не структурна мерка која може да се користи на долг рок. Со неа само привремено, вештачки, одржувате некое ценовно ниво кое не ги отсликува реалните производни трошоци и реалните текови во економијата, порачаа денеска експертите од Светска банка. Според нив, наместо замрзнување на цените, треба да се обезбедат подобро платени работни места, да се зголеми конкуренцијата во малопродажниот сектор ...

Соопштение за јавност Изборот пред граѓаните на претстојните избори е јасен, членство во ЕУ со СДСМ или изолација со ДПМНЕ. Ова се избори помеѓу надежта со СДСМ и безнадежноста со ДПМНЕ, избори помеѓу прогресивна иднина или заглавување во минатото. Евроинтеграциите се единствениот процес кој може да донесе позитивни промени и подобар животен стандард, подобро образование, здравство, функционално владеење на правото. Граѓаните знаат дека СДСМ има ...

Германскиот канцелар Олаф Шолц во понеделникот (8.04) отвори профил на ТикТок (@teambundeskanzler). Првото прикачено видео нуди поглед на неговата канцеларија со стаклени прозорци, а камерата потоа се движи за да го покаже канцеларот како седи на неговата маса. За отворањето на профил на ТикТок, Шолц објави вест на платформата X, поранешен Твитер, каде напиша: „Нема да танцувам. Ветувам.“ Портпаролот на канцеларот Штефен Хебештрајт вели дека ...

Меѓу заклучоците од Самитот на ЕУ што е планиран за 17 и 18 април во Брисел, е наведена и одредба со која шефовите на држави или влади на членките на Унијата ја истакнуваат важноста од постигнување напредок во разговорите за решавање на кипарското прашање. Во предлог-текстот се посочува дека Унијата „придава значителна важност на продолжување и напредок во разговорите за решавање на спорот на Кипар, што исто така може да ја зајакне соработката ...

Како што кампањата за претседателските избори влегува во втората недела, така се засилуваат активностите на кандидатите и нивните изборни ветувања на средби со граѓаните, но повоочливи се и меѓусебните препукувања на противкандидатите. И денеска продолжуваат со своите изборни активности во различни населени места во државава. Во текот на денов кандидатот за претседател на СДСМ и Коалицијата, Стево Пендровски ќе ги посети општините Дојран, ...

Ќе го победиме Мицкоски во првиот круг, ќе нема потреба од втор круг, порача вчера вечерта на митинг во Кавадарци претседателскиот кандидат Стево Пендаровски поддржан од Коалицијата предводена од СДСМ. Тој му порача на претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, како што рече, да набави џи-пи-ес за кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова. – Кандидатката на Мицкоски за претседател, не си ја знае земјата. Да не ве враќам на сцени од пред пет ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
82%
1019
weather icon

Белград

19ᴼ / 18ᴼ
3.6
71%
1020
weather icon

Загреб

22ᴼ / 19ᴼ
1.03
61%
1021
weather icon

Софија

19ᴼ / 18ᴼ
2.57
73%
1020
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
3.33
62%
1019
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.51
81%
1022
weather icon

Атина

31ᴼ / 28ᴼ
5.66
52%
1012
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
0.51
53%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.06
39%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 27ᴼ
5.14
47%
1017
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
1.79
61%
1020
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 28ᴼ
8.23
45%
1014
Currency

61.53

Currency

53.1132

Currency

70.7075

Currency

34.4282

Currency

38.5891

Currency

65.7388

Currency

7.36476

Currency

0.66459

Currency

0.361

Currency

0.52461

Currency

1.30565

Currency

0.60613

Алуминиум

2.56

Иридиум

153653.48

Кобалт

42.99

Никел

14875.00

Рутениум

26299.31

Калај

33.60

Сребро

1202.35

Злато

108435.32

Бакар

8.94

Паладиум

38645.20

Платина

42647.74

Родиум

221840.15

Цинк

2.74