
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Во текот на вчерашниот ден во Грција бил регистриран нов максимален температурен рекорд за првите десет дена од јуни, со измерени 39,3 степени Целзиусови во градовите Тива и Елефсина, според податоците од метеоролошките станици на порталот Метео и Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина. Од 502 активни метеоролошките станици во целата земја, 181 од нив, односни 36 отсто, регистрирале температури над 35 степени, 61 станица ...
Иднината на Европа по европските избори, интегративниот процес на Западен Балкан, геополитичките случувања во Источен Медитеран, мирното решавање на споровите, справувањето со климатската криза, но и во европските економски случувања, ќе бидат главните теми на дводневната Меѓународната конференција за мир и одржлив развој што на 17 и 18 јуни ја организираат „Институтот Алексис Ципрас“ и „Фондацијата Зоран Заев“, јави дописничката на државната ...
Уставниот суд избра нов уставен судија. Во иднина функцијата прв човек на Уставен ќе биде Дарко Костадиновски. Засега нема информации колкумина од деветте судии гласале за Костадиновски.– Уставниот судија Дарко Костадиновски таму е над 5 година. Беше предложен од поранешниот претседател Ѓорге Иванов, а го изгласа тогашното парламентарно мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ. Дарко Костадиновски е доктор на правни науки на Универзитетот „Свети ...
Новата акција на обложувалниците „Sport Life“ – „Играј за повеќе“, ќе се одвива од 1-ви јуни сè до 14 јули, во шест неделни етапи, со премија од 100.000 денари за секоја етапа. Премијата ќе ја освои играчот со највисок погоден коефициент надобитен тикет, уплатен со приложување на СЛ клуб картичката. За пресметка во неделните етапи влегуваат тикетите кои што се уплатени во периодот од почетокот на етапата 09:00 заклучно со последниот ден од ...
НАТО има само две до три години да се подготви пред Русија да ја врати способноста да изврши конвенционален напад врз алијансата, објави Блумберг, цитирајќи го генералот Еирик Кристоферсен, највисокиот норвешки генерал. Коментарите на Кристоферсен беа најнови во серијата сè пострашни предупредувања од западните лидери и претставници на одбраната за заканата од Русија и моменталната неподготвеност на Европа за таков напад. „Во еден момент некој ...
Конзервативната опозиција во Словенија поднесе предлог за спречување на утрешното гласање на словенечкото Собрание за официјално признавање на државата Палестина. Словенечката демократска партија (СДС) на поранешниот премиер Јанез Јанша побара „консултативен референдум“ за тоа прашање, па гласањето закажано за вторник, се одложува за најмалку еден месец. Парламентот сега треба да гласа за предлогот на следната седница на 17 јуни, а доколку биде ...
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, кој вчера се сретна со американскиот министер за одбрана во Сингапур, рече дека е разочаран што „одредени светски лидери“ не се обврзале да присуствуваат на мировниот самит за Украина во Швајцарија. Кинескиот претседател Кси Џинпинг нема да учествува, а колку што досега се знае, на самитот не доаѓа ниту американскиот претседател, Џо Бајден. „Разочарани сме што некои светски лидери сè уште не го ...
Железничкиот сообраќај меѓу Берлин и Минхен, како и меѓу Штутгарт и Франкфурт е во прекин поради поплавите што ја погодија Германија, соопшти компанијата Дојче бан. Компанијата ги повика граѓаните да ги одложат сите несуштински патувања. Во југозападниот округ Шварцвалд-Баар активни се неколку одрони, а во градот Милхаузен неколку лица се спасени од водата чија висина достигнала 1,8 метри. Во околината на Штутгарт, во окрузите Ремс-Мур и ...
Јапонска компанија претстави нов изум – електрична лажица којашто ја прави храната со посолен вкус, без употреба на повеќе сол. Лажицата, направена од пластика и метал, е развиена со помош на професорот од Универзитетот Меиџи, Хомеџи Мијашита, кој работел и на „сладок ефект со помош на стапчиња за јадење, а без шеќер“. Уредот тежи 60 грама и се напојува од литиумска батерија што се полни. Компанијата „Кирин Холдингс“ ќе пушти 200 електрични ...
На интернет-просторот деновиве се препорачува нов пијалак за којшто голем број жени тврдат дека благотворно влијае на кожата, спречува брчки и помага за побрзо слабеење, пишува „Крстарица“. Напитокот се состои од следното: два излупени портокали, четири – шест моркови, три сантиметри исечен ѓумбир и малку вода. Подготовка: Сите состојки се мелат во соковник, па сѐ тоа се процедува. Ако нема вообичаена кујнска цедалка, добиената смеса може да се ...
Три лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во италијанскиот град Тоскана кога автомобил се забил во наплатна станица, потврди вчера противпожарната бригада. Портпаролот на противпожарникарите изјави дека автомобилот во кој се наоѓала брачна двојка од Германија со голема брзина се приближил до наплатната станица на автопатот во близина на Ливорно, каде што се судрил со две други возила кои чекале на ред на патарината. Повредени се шест лица, ...
Регулаторната комисија за енергетика денеска напладне треба да ги соопшти новите цени на горивата. Минатата недела цената на бензинот се намали додека цената на нафтата се зголеми. Моменталните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,50 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 73,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,00 ...
Земјотрес со магнитуда од 5,9 степени го погоди централниот дел на Јапонија во понеделник наутро, но не е издадено предупредување за цунами, објави јапонската метеоролошка агенција. Епицентарот на земјотресот е на полуостровот Ното, кој веќе беше погоден од силен земјотрес на 1 јануари годинава во кој загинаа 230 луѓе. Според телевизијата НХК, локалните власти соопштија дека засега не е забележана материјална штета. Дополнителен потрес со јачина ...
Кандидатката на владејачката партија во Мексико, Клаудија Шејнбаум, е победник на претседателските избори што се одржаа вчера, покажуваат излезните анкети. Мексиканците излегоа на историски избори на кои и се очекуваше за прв пат да изберат жена претседател. Шеинбаум (61) доби 57,8 отсто од гласовите, а нејзината најблиска противничка, сенаторката од десниот центар Ксочитл Галвез, 29,1 отсто. Центристичкиот кандидат, Алварез Мајнез, е на трето ...
Невреме проследено со грмежи, силен ветер и град со големина на орев вчера попладнето го зафати реонот на Општина Демир Капија. Од видеата и фотографиите што се објавени на социјалните мрежи може да се види дека од градот има предизвикано штети на земјоделските култури, а улиците и дворовите се побелени. Најмногу врнежи од град имало во потесното подрачје на Демир Капија. Од локалната самоуправа велат дека допрва ќе се утврдува колкави се ...
Денеска во Собранието на Македонија, по завршените парламентарни избори и конститутивната седница, ќе се одржи првата координација на претседателот Африм Гаши со претставници на партиите. Како што е најавено ќе се договараат законите поврзани со промените на министерствата во Владата. Претседателот на Собранието Гаши потврди дека ќе има средба и дека ќе се разговара за следните активности, како и за тоа кога би можело да се одржи седницата за ...
Очекувам од мандатарот за премиер на Северна Македонија јавно, на јасен и категоричен начин да изјави дека го почитува Договорот од Преспа, дека името на неговата земја е Северна Македонија, ерга омнес и во внатрешната и во надворешната употреба, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој посочи дека конкретното прашање ќе го покрене и на претстојниот НАТО Самит, но и оцени дека сепак во Скопје ќе преовлада логиката, јави дописничката на МИА ...
Поротата составена од седум мажи и пет жени вчера го прогласи за виновен поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, за сите 34 точки од обвинението за фалсификување деловни книги. По излегувањето од судницата, пишува „Гардијан“, Трамп изјавил дека „вистинската пресуда ќе дојде на 5 ноември“ и дека ќе ја донесе „американскиот народ“. Додал дека судењето било „наместено“ и „срамно“. „Народот знае што се случи овде“, ...
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска се сретна со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, на маргините на неформалниот НАТО состанок во Прага. На средбата се разговарало за актуелните настани во Македонија и неопходноста од продолжување на евроатлантскиот пат на земјата, како клуч за стабилноста. – Евроинтегративниот процес, посветеноста кон функционалната мултиетничка демократија и почитувањето на трите договори се неопходни ...
Откако Шајло Џоли-Пит и Захара Џоли-Пит се откажаа од презимето на својот татко Бред Пит, истото тоа го стори и нивната сестра Вивиен, пишуваат американските медиуми. И Вивиен Џоли, се чини, ќе го задржи само презимето на нејзината мајка Анџелина Џоли. Инаку, и девојката е во филмската индустрија, па работела како асистент на продуцент при снимањето мјузиклот „The Outsiders“ („Недораснати“), па на списокот луѓе кои работеле на проектот, ...
Познато е дека Европа изобилува со добри места за закуска… Британски „Гардијан“ посочува неколку земји, заедно со дел од јадењата и рестораните, се вели, каде што може најмногу да се ужива. Свежа морска храна во Грција На пазарот „Варвакиос агора“ во Атина, морските плодови се толку свежи што воздухот мириса на море, пишува „Панкуфер“ (Punkufer). Во ресторанот „Хасапика“, на пр., може да се одбере риба, но и гостинот да наведе како сака таа да ...
Ако Владата и премиерот сметаат дека Договорот од Преспа е штетен, нека оди кај ВМРО да се договорат за корисен договор, истакна лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис во интервјуто за грчката државна телевизија „ЕРТ“, јави дописничката на МИА од Атина. Претседателот на грчката опозициска партија рече дека актуелната Влада и премиерот Кирјакос Мицотакис во 2019 година „го инструментализираа прашањето, го поделија народот и го извадија на улица“. – ...
Вработените во Палатата на правдата во Крагуевац се евакуирани денеска околу 8 часот, по анонимна дојава дека во зградата била поставена бомба. Тим на МВР во моментов вршат увид во објектот, а вработените се надвор од зградата на Палатата на правдата. Во зградата на Палатата на правдата, во Вишиот суд во Крагуевац, почетокот на завршните зборови на обвинителот и одбраната во судењето на Горан Гавриловиќ (50) и Борис Гавриловиќ (20) од селото ...
Кинески државјанин заработил околу 99 милиони долари продавајќи пристап до милиони домашни компјутери со „Вондоз“ (Windows) ширум светот на киберкриминалци, соопштија американските федерални власти. Јунхе Ванг (35) создал малициозен софтвер што загрози повеќе од 19 милиони домашни компјутери ширум светот, од кои речиси 614.000 во САД, соопшти американското Министерство за правда. Ванг од 2014 година до јули 2022 година, Ванг и другите водеа ...
Доналд Трамп вчера стана првиот американски актуелен претседател кој е осуден за кривично дело, и тоа е централна тема во западниот печат. Порота од дванаесет луѓе (седум мажи и пет жени) во Кривичниот суд на Менхетен во Њујорк го прогласи за виновен за сите 34 обвиненија поднесени против него во случајот за фалсификување документи за прикривање на исплата на пари во замена за молк на порно актерката Сторми Даниелс пред изборите во 2016 година. ...
Судењето за фалисфикување деловни досиеја и криминална шема за тајни пари е прво од ваков вид за американски претседател во историјата на САДДоналд Трамп е прогласен за виновен за сите 34 точки од обвинението за фалсификување деловни досиеја во криминална шема за тајни пари за да се влијае на исходот од изборите во 2016 година. Пресудата беше донесена откако поротата расправаше помалку од дванаесет часа во невиденото прво кривично судење против ...
Три лица загинаа, а 16 се ранети, во рускиот напад на украинскиот град Харков, јавува Ројтерс. Руски ракети погодија три локации во Харков, соопштија локалните власти рано утрово. Регионалниот гувернер, Олех Синијехубов, рече дека руските сили користеле техника на „двоен допир“ како што се случи во неодамнешните напади, изведувајќи втор напад веднаш по нападот на одредена локација. Началникот на полицијата во Харков, Володимир Тимошко, за ...
Фудбалерите на Олимпијакос во финалето на Конференциската лига, после продолженија, ја совладаа Фиорентина од Фиренца со 1:0. Натпреварот беше решен во 116. минута со голот на мароканскиот напаѓач Ајуб Ел Кааби. Финалето се играше во Атина, но не на стадионот на Олимпијакос, туку на теренот на градскиот ривал Аек. Во 120-те минути игра немаше многу шанси за погодоци, поради фактот дека и двете екипи повеќе се фокусираа на одбраната отколку на ...
Државната изборна комисија денеска донесе заклучок за завршување на парламентарните избори. На седницата беа прогласени за конечни резултатите од изборите во Шестата Изборна единица откако Управниот суд ноќеска ја отфрли тужбата на Европскиот фронт за прегласување на едно избирачко место во село Ларце, Желино. Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, соопшти дека во „шестката“ Коалицијата Европски фронт има осум мандати, Влен исто така осум, ...
Уставен суд денеска бира нов претседател кој ќе дојде на местото на Добрила Кацарска чиј тригодишен мандат завршува на 2-ри јуни и нема право на реизбор. До сега се одржале два круга на гласање, но ниту една од двете кандидатки не ги добила потребните шест гласови, односно две третини од гласовите на уставните судии. Според извори на Телма, двете кандидатки се Ана Павловска Данева и Татјана Васиќ Бозаџиева. Уставните судии не се кандидираат сами ...