
Скопје
11ᴼ /
11ᴼ



Извршена е уште една успешна трансплантација на срце, која е четврта во земјава од минатиот мај, објави министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук-профил. – Рано утрово срцето на 44-годишната пациентка чие семејство несебично ги донираше органите, почна повторно да чука. Пациент кој неколку години боледува од тешка кардиоваскуларна болест доби шанса за нов живот. Во изминативе 24 часа 100-ина лекари, медицински сестри и болничари ...
Министерот за здравство Венко Филипче во синоќешното гостување во емисијата „Само вистина” на телевизијата Канал 5 рече дека епидемиолошката слика во земјава е добра и нема простор за загрижување кај граѓаните и воедно дека нема ризик за организирање на семејни прослави и културни настани во текот на ова лето. – Засега треба да сме спокојни. Заради тоа се и попуштањата на мерките. Но, треба да бидеме претпазливи, бидејќи овој вирус е ...
Времето во земјава ќе биде променливо облачно, од пладневните часови и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Претпладне сончево, попладне пороен дожд Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град. Утринската температура ќе се движи од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. УВ-индексот ќе изнесува 6. Во Скопје, ...
Која е НЈСК Холдинг компанијата која што објави дека станува првата македонска компанија-извозник на сув цвет на канабис наменет за Полска? Pari.com.mk истражуваше како работела оваа македонска компанија со седиште во зоната Чојлија во Општина Петровец, во изминатите две години. Податоците покажуваат дека НЈСК Холдинг со дејност производство на основни фармацевтски производи во изминатите две години сепак работела со загуби. Од податоците кои ...
Од 15 часот до 17 часот денеска ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со протестите. Под мотото „Доста е, Излези за Македонија“, од партијата информираат дека протестите ќе се одржат во 10 градови, а против, како што велат, новиот обид за продажба на националните и државни интереси од страна на Зоран Заев и Владо Бучковски. Во Скопје протестот ќе се одржи на три локации: крстосница пред Градска болница, крстосница пред ТЦ Мавровка, крстосница пред НИП Нова ...
Роамингот од Македонија, почнувајќи од 1-ви јули нема да важи за Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, објави министерот за надворешни работи Бујар Османи, на својот Фејсбук профил. Ова значи дека за 20 дена сосема ќе се реализира договорот меѓу балканските земји разговоите на мобилен телефон меѓу нив да бидат по цена како дома. Договорот за намалување на цените на роамингот земјите го склучија пред две години и тој процес ...
Реал Мадрид неодамна се раздели со Зинедин Зидан, кој немал најдобар однос со претседателот Флорентино Перез, па сега шпанскиот гигант бара замена за Французинот. Еден од кандидатите за тренерското место е Карло Анчелоти, а „Марка“ пишува дека тој е најголем фаворит за да се врати во гигантот од Мадрид. Анчелоти во моментов има договор со Евертон, но „кралевите“ би можеле да платат отштета за да го ангажираат и тоа најверојатно не би бил проблем ...
„Економскиот и инвестициски план на ЕУ за Западен Балкан го поддржува долгорочното економско закрепнување на регионот, истовремено поттикнувајќи регионална интеграција. Имплементацијата на Планот ќе ја стимулира економската активност, ќе ги зголеми инвестициите и на јавниот и на приватниот сектор, ќе ги зајакне конкурентноста и иновациите, особено на малите и средни компании“, истакна премиерот Заев во своето обраќање на Самитот на земјите од ...
Албанија ги отвори своите граници за туристите без никакви услови за влез во земјата. Соопштението од Министерството за надворешни работи прецизира дека негативен тест за ковид 19, или какви било посебни документи, нема да биде потребен за влез во Албанија. Министерството наведува дека границите на Албанија ќе бидат отворени за сите албански и странски државјани за време на туристичката сезона, пренесува албански Daily News. Од 1 јуни повеќе не ...
Глобално искоренување на коронавирусот во моментов не е разумна цел, изјави Дејвид Набаро, специјален пратеник на Светската здравствена организација (СЗО) за Ковид-19. – Човештвото ќе мора да научи да коегзистира со овој вирус, спречувајќи го нагло да еруптира и да предизвика жаришта на болеста. Искоренувањето во моментов не е разумна цел за светот Тој додаде дека се испитуваат извештаи за непалска варијанта на вирусот. – Секој пат кога ќе ...
УЕФА одлучи да донесе револуционерна одлука на денот против цигарите, па претстојните натпревари на Европското првенство ќе бидат без чад, а истото важи и за финалето на Европското првенство за репрезентации до 21 година. https://twitter.com/UEFA/status/1399357522826477568?s=20 ...
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи попладнево реагираше на одлуката на Русија да протера еден македонски дипломат. Според Османи, ова ќе влијае негативно на односите меѓу Македонија и Русија. -Жалам за неоправданата одлука на Министерството за надворешни работи на Русија, ова е само возвратна политичка одлука. Ова несомнено ќе влијае негативно на билатералните односи помеѓу Северна Македонија и Руската Федерација, напиша Османи на ...
За разлика од постојните обврзници, зелените обврзвници ќе бидат обврзници што ќе се користат само за инвестициски проекти или за зелен развој, во смисла на кои ќе бидат за капитални расходи од една страна, но меѓутоа од друга страна новината на овие инструменти е што ќе можат и граѓаните да купуваат во соработка со банките, но ќе бидат директно достапни на граѓаните. Ова на среден рок ќе помогне во развојот на финансискиот пазар, но и ...
За ВМРО-ДПМНЕ приоритет се интесите на граѓаните и волјата на граѓаните изразена на референдумот кој беше организиран пред официјализирањето на Преспанскиот договор, изјави на новинарско прашање Тимчо Муцунски, кој е меѓународен секретар на партијата. Стратегиски приоритет на ВМРО-ДПМНЕ беше членството во НАТО со заштита на нашиот национален идентитет, а сега и членството во ЕУ, додаде тој. „ВМРО-ДПМНЕ ја признава волјата на граѓаните, токму тоа ...
Вчера во 15.00 часот во СВР Скопје, С.Х.(39) од Скопје пријавил дека на 03.06.2021 околу 22.00 часот во парк Чаир, додека бил со Н.Ц., биле физички нападнати од А.Т., О.А. и уште едно лице, при што А.Т. со остар предмет му нанел убодна рана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. ...
Македонската економија ја стартуваше годината со рецесија. Државниот завод за статистика објави дека во првите три месеци од годината забележан е пад на БДП од -1.9%. Според податоците, опаѓање бележат бруто инвестициите, јавната потрошувачка. Додека раст има во секторот градежништво и во кај земјоделство. Извозот и увозот на стоки и услуги бележи раст во споредба со лани. Наспрема ова, во мај има раст на трошоците за живот. Живеачката поскапела ...
Челси излезе како победник од пресметката со Манчестер Сити и го освои трофејот во Лигата на шампионите. Голот вреден победа за „сините“ го даде Каи Хаверц во првото полувреме, но тој гол дефинитивно падна во сенка на Н’ Голо Канте кого го имаше насекаде на теренот, брилијатно си ја заврши работата и му овозможи на Челси да дојде до посакуваната цел по вторпат да се искачи на врвот во Европа. -Мислам дека нема поважен играч за својот тим во ...
Американскиот технолошки гигант Гугл е казнет со 220 милиони евра (267 милиони долари) во Франција за злоупотреба на позицијата на пазарот во индустријата за рекламирање преку Интернет. Француската Агенција за заштита на конкуренција соопшти дека американската ИТ компанија неправедно ги упатила компаниите кон своите услуги и ја дискриминирала конкуренцијата. Гугл се согласи да ја плати казната и да запре некои практики на давање предност на ...
Од утре граѓаните ќе може да аплицираат за субвенции за вградување на плин во возилата. Според огласот на Министерот за економија сите граѓани коишто од утре ќе вградат ваков вид на уреди во своите возила ќе можат да остварат право на поврат од 50 проценти од средствата за вградување на плински уред, но не повеќе од 18.000 денари односно 300 евра. За оваа мерка од буџетот на Министерството за економија предвидени се 11 милиони денари односно ...
Осум лица се ранети во пукање во Њу Орлеант, САД, меѓу кои и жена која е погодена во лицето, соопшти денеска полицијата. Пукањето се случило нешто по полноќ на пат во близина на меѓудржавниот авто-пат 10, пренесе АП. Жената со итна помош е префрлена во болница во критична состојба. Портпаролот на полицијата во Њу Орлеанс, Ерол Луни за една телевизија изјави дека останатите седуммина рането се во стабилна состојба. Луни не изнесе детали за тоа ...
Корона кризата изгледа ни го зголеми апетитот. Стравот за сопствениот живот, затворени по дома, во карантини и со полициски часови на граѓаните најголемата утеха и разонода им остана трпезата. Податоците говорат за фантастична сума на пари кои граѓаните ги потрошиле само за храна, обемни ручеци, винце, пиво секоја вечер, нешто за грицкање. Порталот Pari.com.mk во соработка со бизнис платформата БизнисМрежа.мк на која може да се најдат сите ...
ВМРО-ДПМНЕ утре ќе организира предупредувачки протест во Скопје и во 10 други градови во земјата со барање документот за којшто преговараат премиерот Зоран Заев и специјалниот претставник Владо Бучковски со техничата влада во Бугарија да биде ставен на увид на јавноста, рече денеска лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски на средба со новинарите. Протестот ќе биде во периодот од 15 до 17 часот на три локации во Скопје и тоа кај ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на попладневниот брифинг со новинарите откри детали за преговорите помеѓу Македонија и Бугарија. Мицкоски истакна дека во игра се неколку сценарија во развојот на настаните со Бугарија, а првото е Македонија да почне преговори на 22 јуни без дополнителни условувања, сценарио кое според Мицкоски е најмалку веројатно. -Прво решение – ЕУ/ЕС да донесе одлука за отпочнување на преговори на 22.јини без ...
Премиерот Зоран Заев е среќен, како што оцени, што САД како најголем стратешки партнер на Македонија исорати порака за еден куп „негатори, мрчатори, поткопувачи, блокатори“ и слично дека ова е пресериозна работа за да може некој да си прави политиканство на нездрави основи. Премиерот додаде дека ова значи ветер во грб за сите што веруваат во демократијата, во слободите и во отклонувањето на девијантните појави во општеството. – САД, ...
Во Бразил се случи вистинска љубовна драма откако еден маж ја фати својата сопруга со друг маж во кревет. Како што можеше да се види од видеото при самиот влез во куќата ја вкучи камерата да снима. Според ова може да се се заклучи дека тој веќе се сомневвал во верноста на својата сопруга. Неговата полугола сопруга, само облечена во крпа, се обидуваше да се оддалечи од камерата, додека од куќата беа забележани само нозете на еден човек. Видеото ...
Руската Федерална служба за ветеринарен надзор „Роселхознадзор“ испрати документи до Унгарија и Тајланд за регистрација на вакцина за кучиња и други животни против ковид 19, изјави шефот на Роселхозназнадор Сергеј Данкверт, во интервју за агенцијата ТАСС. “Ние веќе го формиравме и испративме досието за регистрација во Унгарија и Тајланд. Унгарија на пример размислува за регистрација на вакцини за кучиња”, рече Данкверт. Според него, вакцината ќе ...
Најстарото шимпанзо во Зоолошките градини во Северна Америка почина во Зоо Сан Франциско на 63 години. Шимпанзото Коби било дресирано за настапи пред да стигне во Зоолошката градина во шеесетите години. Во соопштението не е наведена причината за неговата смрт, но Коби неодамна бил болес, а официјалните лица од зоолшката веруваат дека тој починал од старост. ...
Како што информира владината прес-служба, на работната вечера во Истанбул со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, на која присуствуваа премиерот Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филипче, станало збор за взаемните пријателски односи меѓу двете држави исполнети со динамична соработка во повеќе области, . Заев на средбата со Ердоган ја потенцирал исклучително добрата економска соработка меѓу двете земји и нагласениот интерес на ...
Портпаролката на фудбалскиот клуб Војводина од Нови Сад, Сања Крушевиќ ужива на одмор меѓу двете сезони. View this post on Instagram A post shared by Beba Kruzevic (@sanjabebaaa) Популарната Беба, сподели секси фотографии од Сплит-Далмација, каде одмара од работните обврски. View this post on Instagram A post shared by Beba Kruzevic (@sanjabebaaa) Сања позираше во костим за капење и пријатно ги изненади своите ...
Во мај годинава, во Шпанија е забележан најостар месечен пад на бројката на невработеност. Тоа е трет последователен месец на опаѓање на невработеноста, бидејќи олеснувањето на мерките за ограничување од короната ја зголемија економската активност во земјата, која беше сериозно погодена од пандемијата. Податоците на Министерството покажуваат дека бројот на регистрирани невработени во Шпанија се намалил за 3,31 процент во мај во споредба со ...