Европската Комисија најави дека денеска ќе бидат испратени дел од ветените суми макроекономска помош за Северна Македонија, како и за Косово, Црна Гора и Тунис, јави дописничката на МИА од Брисел. Од трите милијарди евра макроекономска асистенција предвидена за земјите од соседството на ЕУ, Европската Комисија денеска испраќа 80 милиони за Северна Македонија, 50 милиони за Косово, 30 милиони за Црна Гора, како и 300 милиони за Тунис. ...

Нискобуџетната авиокомпанија Виз ер вчера објави дека постепено се отвораат седум линии до четири дестинации од двата македонски аеродрома. Првиот од обновените летови беше на 23 мај. -Среќни сме што повторно се отвораат седум рути од Северна Македонија, нудејќи повеќе дестинации, за различни потреби на патниците, било да се тоа деловни или за рекреативни патувања. Со бројните услуги што повторно се отвораат низ цела Европа, Виз ер ја докажува ...

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев денеска не одговори на прашањето дали неговата партија и ДУИ на локалните избори ќе настапат со заеднички кандидат за градоначалник по информациите во јавноста што произлегоа по вчерашната изјава на лидерот на ДУИ Али Ахмети дадена во Липково дека на 5 јуни (сабота) ќе излезе со „платформа која првично ќе биде дискутабилна и со големи дебати како што се дебатираше за првиот албански премиер“. Заев рече дека ...

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање рече дека можно е од 15 јуни да дојде до уште едно олабавување на мерките воведени поради вирусот ковид-19. – Комисијата за заразни болести ќе има состанок пред 15 јуни до кога важат актуелните мерки. Доколку епидемиолошката слика е ваква како што е сега, по долго време немаме прием на пациент во инфективните оделенија, можно е да дојде до ...

Алармантини се информациите кои ги добив од дипломатски извори за новото предавство подготвувано од дуото Заев-Бучковски. Бучковски во Софија, а Заев од Скопје, деновиве координираат тајни преговори каде се нуди Декларацијата усвоена од бугарскиот парламент да стане дел од преговарачката рамка со Европската Унија. Дел од документот на бугарското Собрание се оспорување на генезата и посебноста на македонскоит јазик, ревизија на историјата и ...

Светската здравствена организација (СЗО) им даде нови имиња на најпознатите варијанти на коронавирусот, при што отсега ќе се користат буквите од грчката азбука. Така сојот откриен во Велика Британија ќе биде Алфа, јужноафриканскиот Бета, бразилскиот Гама, а индискиот Делта. СЗО вели дека на овој начин сака да ги поедностави дискусиите, но и да ја тргне стигмата од некои имиња. Индиската влада неодамна го критикуваше именувањето на варијантата ...

Иако делува безизлезно, адекватно изградените навики можат да бидат „половина од работата“ во вашата намера да постигнете подобри деловни резултати бидејќи е научно докажано дека некои ритуали, храна или вежби директно влијаат на повисоко ниво на концентрација, енергија, динамика, расудување. Утринските навики понекогаш се дури и клучни, за да имате успешен и продуктивен ден, особено ако ве очекува важен состанок или многу обврски. Оние кои не ...

Претседателот на српскиот парламент Ивица Дачиќ изјави дека Србија никогаш нема да ги поддржи санкциите против Русија. „Би сакал уште еднаш да кажам дека Србија никогаш нема да ги поддржи санкциите против Руската Федерација, изречени од меѓународни организации или одредени земји“, рече Дачиќ за време на посетата Русија на покана на претседателот на Државната дума Вјачеслав Володин. Дачиќ и Володин оценија дека соработката меѓу Србија и Русија е ...

Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, ги информира граѓаните дека поради надградба на системот за лични документи, од 11.06.2021 година (петок) започнувајќи од 16 часот, заклучно со 15.06.2021 година (вторник-во текот на целиот работен ден до 20 часот) нема да биде во функција системот за прием и издавање на лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола) во Скопје. Од тие причини се известуваат граѓаните од ...

ОВЕН РАБОТА Може да се надевате на позитивен исход кога станува збор за деловната ситуација за која моментално се грижите. Иако сега не ви изгледа така, проблемите ќе бидат решени. ЉУБОВ Кога станува збор за љубовта, лесно можете да шармирате личност што ви се допаѓа. Периодот за врска со Лав е поволен. Вие двајца можете да бидете многу добра двојка. ЗДРАВЈЕ Болки во грлото што ве вознемируваат може да бидат помалку интензивни, но сепак посетете ...

Данската тајна служба и помогна на Американската агенција за национална безбедност (НСА) да ги шпионира европските лидери, откри заедничка истрага на европските медиуми, а претседателот на САД Џо Бајден, бил добро информиран за тоа, рече Едвард Сноуден. Меѓу шпионираните лица се и германската канцеларка Ангела Меркел и германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, откри истрага на медиумите, а пренесе РТ. Дека САД не ги шпионираа само своите ...

Кој и каде копа Биткоини во Македонија?!Според податоците на нашиот портал Pari.com.mk во последните две години во реонот на Скопје е забележана зголемена активност на копање на криптовалути. Најинтересни за македонските рудари за копање се Биткоин и Етереум како најзастапени кај потрошувачите и најатрактивни со цени на крипто берзите. Од ЕВН Македонија кои го детектираа проблемот со зголемена потрошувачка на енергија поради рударите велат дека ...

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница го почна случајниот избор на претседател, заменик, членови и заменици на општинските изборни комисии за локалните избори со мандат од пет години. Вкупно ќе бидат избрани 810 членови на ОИК и на Изборната комисија на Град Скопје. Секоја ОИК ќе брои по десет членови, а најмалку 30 отсто од нив треба да се жени. ДИК денеска усвои измени на Упатството и методологијата за избор на претседател, ...

Владата на Република Северна Македонија денеска ги прифати измените и дополнувањата на рестриктивните мерки согласно препораките на Комисијата за заразни болести, утврдени како предлози на 39-тата седница на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на КОВИД-19. Почнувајќи од денеска, 1 јуни, утврдени се следните измени и дополнувања: – Се укинува носењето заштитна маска ...

Разузнавачките служби на Данска ѝ помогнале на американската Агенција за национална безбедност (NSA) да ги следат и шпионираат европските политичари во 2013 година, објавија во неделата германскиот дневен весник Süddeutsche Zeitung, и јавните радиотелевизиски корпорации ARD и WDR. Според сознанијата со коишто располагаат германските медиуми, центарот за прислушување на европските политичари, вклучително и сојузниците на САД, во мандатот на ...

Кинескиот претседател денекса ја одобри одлуката според која едно семејство може да има три, наместо две деца како порано, пренесува Ројтерс. До почетокот на 2016 година, само едно дете беше дозволено во Кина, а таквата политика е во сила од 1970 година, со цел да се намали стапката на наталитет и да се контролира растот на населението. Од почетокот на 2016 година до денес, на брачните парови им беше дозволено да имаат две деца, а сега има уште ...

Граѓаните од денес ќе можат да се движат без маски на отворено, ќе се дозволи организирање свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси до максимум 100 лица, а ќе биде дозволено и присуство на публика на спортски натпревари што се одржуваат на отворено до 30 проценти од вкупниот капацитет на посетители. Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека иако епидемијата спласнува, граѓаните да останат внимателни. Ова се дел од ...

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 433.787 граѓани. На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 236.878 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.057 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.763 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани ...

Добрите економски и билатерални односи меѓу Србија и Македонија може дополнително да се унапредат со јакнење на динамиката и темпото на работа за изедначување на деловното опкружување и постигнување поголема вредност на регионот како една дестинација за инвестирање пред меѓународните пазари и институции, вели во интервју за „Вечерни новости„ претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија и ко-престедател на Коморскиот инвестициски ...

Во вечерашното издание на вестите на Сител телевизија гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој зборуваше за моменталната политичка ситуација во државата, секојдневните проблеми на граѓаните, како и лошите владини политики во однос на борбата со Ковид-19 вирусот. -Мицкоски потенцираше дека оваа Влада е синоним за криминал, рекет и корупција, поради тоа што секојдневно излегуваат нови скандали на виделина, а последен во низата ...

За почетокот на јуни била најавена и големата количина вакцини од „Синовак“, но сè уште нема потврден датум од Кина Во земјава се останатите помалку од 5 000 вакцини за прва доза. Сите други се за ревакцинација на граѓаните што веќе примија прва доза. Неделава се очекува да добивме донации од Бугарија и Грција. Како што информираше министерот за здравство Венко Филипче, најверојатно соседите ќе донираат од вакцините на „Астра Зенека“ кои ние ги ...

Не можат да ме поразат на фер избори. И сега вие ќе видите што ќе сторат. Дури и ќе ме обвинат за канибализам. Тие продолжуваат да измислуваат, изјави поранешниот премиер на Бугарија и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, за време на состанокот со младинската организација на партијата, откако министерот за внатрешни работи Бојко Рашков најави дека има информации од прислушувани разговори за апсење на Борисов . – Но, ако успеат, ќе ставите портрет од ...

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев во интервју за телевизијата „Клан“ посочи дека проектите од Интервентниот план за инвестиции 2021-2027 се реални вложувања, коишто живот значат за граѓаните, при тоа наведе дека забелешките од страна на опозицијата дека станува збор за празни ветувања се неосновани и тенденциозни. „Имаме писма, документи, сме дошле до одредена фаза, донесена е одлука на Влада за усвојување на сите тие ...

И на квартално и на годишно ниво – раст на долговите на државните институции , општини, јавни претпријатија, министерства, здравствени установи, училишта – на крајот од првиот квартал од годинава достигнаа скоро 312 000 000 евра, пишува “Порталб”. Новите податоци покажуваат дека дел од општините го зголемиле долгот а анализата покажува и дека растат долговите кон приватниот сектор, внатре во самиот јавен сектор и кон странство. Кој колку и кому ...

Како држава ќе продолжиме со инвестирањето и развојот на полигонот Криволак кој повеќе не е само наш воен капацитет, туку и капацитет на целата Алијанс, истакна претседателот Стево Пендаровски денеска на армискиот полигон Криволак, на Денот на високи гости на воената вежба „Одлучен удар 21“. –Во изминатите две недели имавте одлична можност да ја проверите интероперабилноста со неколку НАТО држави. Неспорно е дека покажавте капацитет и способност ...

Готвењето месо понекогаш може да биде незгодно, особено кога станува збор за телешко или говедско месо, што обично е малку „поостро“. Вкусот на месото зависи пред се од видот на месото, зачините што ќе ги додадете, маринадата, начинот на кој го подготвувате … Но, без оглед на месото што го подготвувате, постојат четири трикови кои ќе ви помогнат секогаш да бидат меки и сочни. Направете маринада Скоро секое месо ќе биде поубаво со маринадата, ...

Премиерот Зоран Заев во интервју за весникот „Коха“ му порача на претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, да го почитува законот и транспарентно да ги троши парите. На почетокот на месецот Владата донесе одлука за формирање Координативно тело за поддршка на фудбалската репрезентација на Европското првенство2020, одложено од минатата година, но ФФМ ја одби понудатата за соработка. Координативното тело требаше да има ...

Гувернерката Анита Ангеловска Бежоска во емисијата 24 Анализа рече дека за било кој гувернер нема потешка одлука од носење на одлука за затворање на банка/ „Таков беше и овој случај. Дозволата беше одземена откако беа исцрпени сите можности кои централната банка ги имаше и со години беа преземани мерки. Осум години беа преземени 70 мерки, а во последните две години, само 40 мерки се изречени кон банката за стабилизирање на банката преку ...

Продолжува трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити. Народната банка денеска објави дека во април е забележано намалување и оти просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 4,58 проценти. Кај вкупните депозити, забележан е минимален месечен раст. Просечната каматна стапка во април изнесува 0,90 проценти. Во соопштението што денеска го објави Централната банка се наведува дека кај новоодобрените кредити, ...

Според последните податоци во моментов се активни 1197 случаи на заболени од Ковид-19. Од почетокот на епидемијата досега во земјава од Ковид-19 се заразија 155269 лица, оздравеа 148664, а починаа 5408, што укажува на драстичен пад на бројките, како и добра основа за најавеното олабавување на мерките за заштита од Ковид-19, од страна на надлежните. Имено, откако во петокот Комисијата за заразни болести заседаваше, беше донесена одлука, врз ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.72
48%
1009
weather icon

Белград

11ᴼ / 11ᴼ
5.2
75%
1013
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
0.45
60%
1014
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
3.67
49%
1010
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
5.15
50%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
3.28
70%
1013
weather icon

Атина

24ᴼ / 20ᴼ
4.47
59%
1008
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
5.14
51%
1010
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
2.21
54%
1009
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 13ᴼ
0.45
56%
1012
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
2.24
38%
1015
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
6.2
44%
1011
Currency

61.53

Currency

54.6759

Currency

72.612

Currency

35.112

Currency

39.2593

Currency

65.5344

Currency

7.55213

Currency

0.65447

Currency

0.37501

Currency

0.52482

Currency

1.41065

Currency

0.64521

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.41

Кобалт

42.99

Никел

15460.00

Рутениум

19869.16

Калај

31.89

Сребро

1052.39

Злато

106959.53

Бакар

9.35

Паладиум

30929.02

Платина

31733.76

Родиум

172810.26

Цинк

2.62