
Првите бели Јужноафриканци на кои им беше доделен статус на бегалец во рамките на програмата на американскиот претседател Доналд Трамп се качија на авион на меѓународниот аеродром во Јоханесбург во неделата.
Патниците со колички полни со багаж чекаа на пасошка контрола пред да се упатат кон излезот и да се качат на чартер лет, објави Reuters.
„Еден од условите за дозволата беше да се провери дали против некој од нив се води кривична постапка“, изјави портпаролот на Министерството за транспорт на Јужна Африка, Колен Мсиби, додавајќи дека на 49 патници им е дадено право да поминат.
Додаде дека треба да слетаат на аеродромот Далес во близина на Вашингтон, а потоа да се упатат кон сојузната држава Тексас.
Понудата на Трамп до белите Јужноафриканци, особено до Африканерите, белата етничка група со најдолга историја во Јужна Африка, предизвика поделби во двете земји. Иако Африканерите од почетокот не се профилирале како посебна етничка група, по британското освојување на колонијата Кејп на самиот југ на Африка кон крајот на XVIII век, до израз дошле и јазичните и културолошки, но и политичките разлики меѓу Африканерите и Англоафриканците, што довело до судири. Африканерите дотогаш веќе развиле посебен креолски јазик наречен африкаанс.
Денес многумина од невладините организации терминот Африканер го сметаат за „политички некоректен“, бидејќи тоа наводно е потсетник на надминатото мрачно колонизаторско и расистичко минато на Јужна Африка.
Во Јужна Африка, потегот се совпадна со зголемените расни тензии околу земјиштето и бизнисот, кои се проткајуваат во домашната политика уште од крајот на владеењето на малцинството од белците.
И покрај суспендирањето на приемот на бегалци во земјата, Трамп се залагаше за преселување на Африканерите, потомци на раните холандски доселеници, велејќи дека тие се „жртви на неправедна расна дискриминација“. Ова беше дочекано со мешавина од загриженост и потсмев од страна на јужноафриканските власти, тврдејќи дека администрацијата на Трамп се меша во домашни политички проблеми што не ги разбира.
Трамп во февруари потпиша извршна наредба за намалување на американската финансиска помош за ЈАР, наведувајќи го неодобрувањето на нејзината политика за земјиштето и тужбата за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата против сојузникот на Вашингтон, Израел. Американската странска помош за ЈАР изнесуваше 323,4 милиони долари во 2024 година, според податоците на американската влада.
Јужноафриканското Министерство за надворешни работи тогаш рече дека извршната наредба „нема фактичка точност и не ја препознава длабоката и болна историја на јужноафриканскиот колонијализам и апартхејдот“.
Трамп тогаш изјави дека „Јужна Африка конфискува земја“ и дека „одредени класи луѓе“ се третираат „многу лошо“.
Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса, кој во јануари потпиша закон за да ѝ се олесни на државата да експроприра земјиште во јавен интерес, ја брани политиката. Тој рече дека владата не конфискувала ниту едно земјиште и дека а