Најниска температура изутринава во 7 часот е измерена во Попова Шапка, - 4 степени, каде има и снежна покривка од 31 сантиметар. Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Крушево, 55 литри на метар квадратен, по што следуваат со 52 Охрид, 48 Претор, 39 Маврови Анови, 35 Пожаране, 34 Крива Паланка, 32 Битола, 31 Тетово, 24 Прилеп, Тополчани, 23 Попова Шапка, 19 Берово, 16 Штип, Виница, Струмица, 15 Велес, 14 Скопје-Зајчев Рид, 13 Ѓуриште, ...

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка ја победи Романката Сорана Кирстеа со 6:3 и 6:3 во натпреварот од третото коло на турнирот во Бризбејн. Мечот траеше 1 час и 20 минути. Дваесет и седумгодишната Белорусинка сервираше два аса, направи една двојна грешка и реализираше четири од 13 брејк топки. Нејзината противничка сервираше два аса, направи една двојна грешка и реализираше една од двете брејк топки. Следна противничка на Сабаленка ќе биде ...

Тренерот на Манчестер сити, Жозеп Гвардиола, ги искажа впечатоците за играта на неговиот тим на синоќешниот натпревар со Брајтон во 21-то коло од англиската Премиер лига. „Граѓаните“ на домашен терен одиграа 1:1, ова е трето реми по ред за Сити во домашниот шампионат. - Многу сум задоволен од тоа како игравме. Сити пропушти многу шанси. Постигнувањето голови е од суштинско значење, но ние не го направивме тоа. Не постигнавме втор гол. Тоа е ...

Гувернерот на државата Минесота ја стави Националната гарда во состојба на готовност поради страв од немири откако агент на федералната агенција за имиграција- ICE вчера застрела и уби жена (37) која се обидела да избега со автомобил за време на улична проверка. Градоначалник на Минеаполис им порача на луѓето од ICE: „Изгубете се од овој град, не ве сакаме тука“. Ситуацијата во Минеаполис, најголемиот град во американската држава Минесота, се ...

САД синоќа запленија два танкера за нафта под санкции, поврзани со Венецуела - едниот во Северниот Атлантик, а другиот во Карипското Море, објавија американски претставници, пренесоа американските медиуми. Европската команда на САД објави дека танкерот „Бела 1“ е запленет поради „кршење на американските санкции“, во време кога се наоѓал во водите меѓу Шкотска и Исланд, каде што се обидел да ја избегне американската блокада на санкционираните ...

Барселона го победи Атлетик Билбао со 5:0 во првото полуфинале на шпанскиот Суперкуп. Натпреварот се одржа синоќа во Џеда, Саудиска Арабија. Рафиња постигна два гола (38. и 52. минута), додека Феран Торес (22.), Фермин Лопез (30.) и Руни Барги (34.) по еднаш се запишаа во листата на стрелци. Во второто полуфинале ќе играат Реал Мадрид и Атлетико Мадрид. Натпреварот ќе се вечер од 20 часот исто така во Џеда. Барселона го победи Атлетик Билбао ...

Голот на Флоријан Вирц и Ливерпул за 1:1 на дуелот со Фулам и натаму привлекува внимание. Ова откако Фулам поднесе жалба за признавањето на голот, кој беше потврден и со ВАР технологијата. Екипата од Лондон смета дека претходно имало офсајд позиција. Фулам упати и официјален приговор до телото задолжено за судење во Англија барајќи објаснување. Овој случај повторно отвори дебата за примената на ВАР технологијата во Премиер лигата. Помошниот ...

Агент на американската Служба за имиграција и царина (ICE) застрела и уби жена во нејзиниот автомобил во Минеаполис, по што избувнаа протести на населението поради убиството. Властите тврдат дека пукањето било во самоодбрана, но градоначалникот на градот го нарече „неодговорно“ и непотребно и побара Службата за имиграција да си оди од градот. Инцидентот се случил за време на сообраќајна контрола во станбена област јужно од центарот на градот, ...

Венецуелскиот министер за внатрешни работи Диосдадо Кабело доцна синоќа изјави дека околу 100 лица се убиени, а сличен број се повредени во американскиот напад во Каракас за време на викендот, чија цел беше апсењето на авторитарниот лидер Николас Мадуро, јави ДПА. Кабело ја опиша операцијата како „страшен напад“ и рече дека бројот на жртви може да се зголеми. Тој додаде дека некои од убиените се цивили, вклучувајќи жени кои спиеле во своите ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера изјави дека буџетот за одбрана на САД „треба да биде 1,5 трилиони долари во 2027 година, а не еден трилион долари“, што е зголемување од 50 проценти „По долги и тешки преговори со сенатори, претставници, членови на кабинетот и други политички претставници, утврдив дека за доброто на нашата земја, особено во ова многу турбулентно и опасно време, нашиот воен буџет за 2027 година треба да биде 1,5 ...

Во овој мултиполарен свет, проширена Европска Унија значи посилна, побезбедна и помирна Европа и дома и во странство, па затоа следното проширување кон Украина, кон Молдавија и кон Западниот Балкан е клучно за зајакнување на нашата Унија како геополитички играч, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта на свеченоста во Никозија па повод стартот на кипарското претседавање со Советот на ЕУ во првите шест месеци од 2026 година. - ...

Поради врнежи од снег утрово во 05.15 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – ГП „Ќафасан“. АМСМ соопшти дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Куманово, Страцин, Крушево, Железнец, како и на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на ...

Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер денеска врнежите од дожд ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места. На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 0 до 10 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд, особено ...

Силното невреме што ја погоди Македонија предизвика серија одрони, излевања на реки и поплави, особено во западниот и полошкиот регион. Реката Вардар се излеа во атарот на селото Балин Дол, а сообраќајот кај Гостивар и Тетово е отежнат или во прекин поради одрони на патните правци кон Стража и Бањиче. Во Кичево, поради обилните дождови, се врши евакуација на граѓани од нивните стамбени објекти на улицата „Прилепска“. На терен се екипи на ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека по добиена пријава на бројот за итни повици 112, поради врнежи од дожд повторно има свлечиште на патот кон Бањиче, тетовско. - Се апелира до граѓаните да не патуваат на оваа делница додека не се стабилизира состојбата. Општинските екипи се на терен и ја следат ситуацијата, наведуваат од ЦУК. Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека по добиена пријава на бројот за итни повици ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Од 17:00 часот сообраќајот на ГП Евзони (Богородица) е во прекин за секаков тип на возила, информираат од АМСМ. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со ...

Властите во Софија сакаат редефинирање на македонскиот идентитет а не само внесување на бугарите во уставот. Вака премиерот Мицкоски одговори на реакцијата која стигна од официјална Софија во врска со акцискиот план за малцинствата откако бугарското МНР во својот допис македонскиот јазик го квалификуваше како достапен јазик кој се говори во Македонија . Мицковски денеска одговарајќи на новинарско прашање на оваа тема повторно повика на ...

Додека градовите блескаат во празнични светла, а мирисот на богатите трпези се шири низ домовите, за илјадници наши сограѓани Божиќ не е ден за славење, туку уште еден тежок ден за преживување. Само во Охрид околу 600 семејства живеат на раб на егзистенција.За дел од нив богата трпеза за празниците е само желба. На прва линија за помош се службите на Црвениот крст кои се трудат да внесат барем малку радост кај ранливите семејства. Во овие ...

Денеска православните христијани го празнуваат Христовото раѓање. Свештените лица велат, практиката Божиќ да се прославува заедно со Богојавление се задржала до IV век заради древниот христијански поглед кон човекот, кој не му придавал толку значење на телесното раѓање, колку што на духовното раѓање. Свештените лица велат дека чествувањето на овој празник се состои во тоа целото семејство да присуствува на светата литургија, да се причести и ...

Времето вечерва и во текот на ноќта ќе биде претежно облачно, со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни односно над 25 l/m². На планините врнежите ќе бидат од снег, а пообилни врнежи од снег ќе има во западните делови од земјата. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Максималните температури денеска се движеа од два степени на Попова Шапка, пет во Маврови Анови, шест во Крушево и Лазарополе, седум во Пожаране, осум во Претор, Ѓуриште, ...

Божик е ден на нашето повторно раѓање. Не е тоа само празник на Христовото раѓање, туку е празник и на наше ново раѓање, истакна митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски во своето Божикно послание. Честитајќи го големиот христијански празник, митрополитот г. Петар потсети дека денес Бог станува човек, и тоа не како мит, не како човечка фантазија, туку како реалност што го крева целиот космос од падот. ...

Времето денеска е претежно облачно, а наместа и магловито со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни односно над 25 l/m², особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец што ќе достигнува над 60 km/h. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ...

Се потврдуваат тезите дека барањето Бугарите да бидат во Уставот не е единственото барање што тие го имаат, туку комплетно редефинирање на македонскиот идентитет, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски по божикната литургија во Соборниот храм во Скопје одговарајќи на новинарско прашање. - Мене тоа не ме чуди, не знам дали тоа некого го чуди во државава. Само ги потврдуваат оние тези кои што ги имавме од првиот момент дека не е Бугари во ...

Кога денеска постојано слушаме Христос се роди, навистина се роди, тоа не е само обична изјава, туку тоа е едно длабоко потсетување за себе, за најблиските, за државата, за христијаните дека оваа изјава има длабока тежина и големо значење. Значи дека треба да се потсетиме на она што го означува, а означува подготвеност и способност и желба човечкото во себе да го разбудиме, а човечкото е секогаш врзано за светлина, за добрина, за надеж или ...

ретседателот на СДСМ, Венко Филипче упати честитка по повод големиот христијански празник Божик, посакувајќи им на верниците мирни и весели празници. -Го честитам најрадосниот празник во христијанството со традиционалната честитка Мир Божји и Христос се роди! Посакувам мирни и весели празници на сите верници кои овој празник денеска го празнуваат. Ова е традиционален повод да се собере семејството, најблиските, да се покаже почит и грижа. ...

Европските земји се подготвуваат да одговорат на сите форми на закани од страна на САД, изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, алудирајќи на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за Гренланд. Француското Министерство за надворешни работи веќе работи на план за реакција кој ќе им овозможи на Франција и нејзините партнери да делуваат „убедливо и со влијание“, и тоа заеднички, а не поединечно. Министерот ...

Поранешниот играч на Реал Мадрид, сега член на Ал Наср, Кристијано Роналдо активно „работи“ на засилувања за својот клуб од европски екипи. Тој во своите планови го има Антонио Рудигер. Договорот на играчот од одбраната на „кралскиот клуб“ му истекува на лето и со тоа тој ќе стане слободен играч. Рудигер сè уште нема потпишано нов договор. Тоа воедно значи дека тој ќе може да преговара за нов трансфер во последните шест месеци од актуелниот ...

Најмалку пет нафтени танкери кои се наоѓале во близина на брегот на Венецуела ги промениле своите знамиња и се регистрирале под руско знаме, објави „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на поморски и безбедносни извори. Според весникот, овој потег е одговор на засилените активности на американската морнарица, која спроведува поморска блокада на Венецуела и започна акција за „лов на бродови од таканаречената флота во сенка“, кои превезуваат нафта ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информираат денеска од ЈП Македонија пат. Од претпријатието посочуваат дека врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, кои во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонија пат апелира на внимателно управување со возилата, ...

Снежно невреме предизвика сериозни прекини во железничкиот сообраќај во Хрватска, при што патници во воз на линијата Загреб – Сплит останаа блокирани на железничката станица во Книн повеќе од 12 часа. Возот, кој тргнал од Загреб вчера во 13:49 часот, бил запрен во Книн околу 21:00 часот. Патниците се жалат на недостиг од храна, пијалаци и прецизни информации од страна на надлежните, додека надвор температурите се под нулата. Според изјави на ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
1000
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
4.12
74%
998
weather icon

Загреб

6ᴼ / 3ᴼ
0.51
93%
997
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
0.0
100%
1001
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.49
99%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
97%
997
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
0.45
89%
1001
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
87%
1001
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
100%
1001
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 7ᴼ
3.6
93%
1001
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
93%
997
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
82%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Злато

157055.75

Родиум

336779.07

Алуминиум

3.07

Цинк

3.33

Иридиум

221848.72

Кобалт

64.04

Калај

48.47

Рутениум

45750.51

Сребро

2457.28

Паладиум

53434.54

Бакар

11.66

Платина

83354.78