Кумановската полиција поднесе кривична пријава против осумнаесетгодишна девојка од липковското село Лојане и против две малолетнички кои се сомничат дека сториле кривично дело „насилство“, соопшти денеска МВР. Пријавените навредувале и физички нападнале девојче, снимале и ѝ се заканиле да не пријавува. - СВР Куманово поднесе кривична пријава против П.А. (18) од село Лојане, општина Липково, како и против две малолетнички на возраст од 14 и 15 ...

Светската фудбалска федерација ФИФА ги одреди судиите за полуфиналето меѓу Франција и Шпанија. Натпреварот ќе го суди Иван Бартон од Салвадор. Самото делегирање на Бартон на полуфиналето е изненадување за сите особено што доаѓа од КОНКАКАФ зоната, а се очекуваше да биде некој европски судија. Бартон на Мундијалот судеше три натпревари: Турција – Парагвај, Јапонија – Шведска и осминафиналето Швајцарија – Колумбија. Помошници ќе му бидат Давид ...

Франција денеска со традиционална воена парада ќе го одбележи националниот празник - Денот на падот на Бастилја. На парадата на авенијата „Шанзелизе“ предвидено е да учествуваат околу 6.700 војници, 98 авиони, 31 хеликоптер и 315 единици копнена воена техника. Дел од дефилето ќе бидат и припадници на земјите од Коалицијата на подготвените што ја поддржува Украина, како и 25 украински војници. Годинешната парада има за цел да ја демонстрира ...

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, по состанок во Париз на Коалицијата на подготвените, изјави дека проширувањето на Европска Унија кон Украина, Молдавија и Западен Балкан е најважна геополитичка инвестиција. - ЕУ е целосно обединета во својата стратегија за мир преку својата моќ - зајакнување на поддршката на Украина, зголемување на притисокот врз Русија и подготовка на патот кон праведен и траен мир, објави Кошта на ...

Лондон и Брисел денеска се согласија дека Велика Британија ќе учествува во заемот од 90 милијарди евра доделен од ЕУ на Украина, што ќе ѝ овозможи на британската воена индустрија да испорача повеќе оружје на Киев. - Овој договор ќе помогне да се гарантира дека Украина ќе ја добие поддршката што ѝ е потребна за да се одбрани од руската агресија, истовремено поддржувајќи ги британските одбранбени компании, заштитувајќи ги квалификуваните ...

Дел од Севастопол што се наоѓа на Кримскиот Полуостров, остана без електрична енергија во текот на ноќта по голем напад на украинските сили врз енергетската инфраструктура на градот, соопшти рускиот гувернер на Севастопол, Михаил Развожаев. „Како резултат на голем напад на непријателот врз нашата енергетска инфраструктура, дел од градот остана без снабдување со електрична енергија. На објектите е воведен посебен режим, експертите го ...

Американската армија рано изутринава соопшти дека завршила нов, петчасовен бран напади врз Иран, во третата последователна ноќ на воени операции. Американската Централна команда (CENTCOM) посочи дека во текот на петчасовната мисија биле погодени воени цели низ Иран, меѓу кои во Бушер, Чабахар, Џаск, Конерак, Абу Муса и Бандар Абас. Според соопштението, новите американски напади започнале рано утринава по европско време, што претставува нова ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 36 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната ...

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе ја одржи 74. седница на чиј дневен ред меѓу другото е Предлогот на завршна сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2025 година. На дневен ред на седницата се и Годишниот извештај за извршените ревизии и за работата на Државниот завод за ревизија за 2025 година, Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2025 година и Годишниот извештај за ...

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски денеска ќе информира за двегодишното работење на Фондот, презентирајќи ги најзначајните реформи, реализираните проекти, унапредувањата во здравствениот систем и резултатите постигнати во интерес на осигурените лица. Ќе бидат презентирани и клучните политики што придонесоа за поголема достапност на здравствените услуги и лековите, подобрување на правата на осигурениците, ...

Собранието попладнево со 69 гласа „за“, без ниту еден глас „против“ или „воздржан“, ја изгласа реконструкцијата на владиниот кабинет. Новите министри ја добија довербата од пратениците и во наредниот период ќе раководат со неколку клучни ресори во државата. Ова е распределбата на новите министри по ресори кои ја добија поддршката од 69 пратеници: Јетон Шасивари – нов министер за правда; Агон Ферати – нов министер за односи меѓу заедниците; ...

Актерот Сем Нил, најпознат по улогата на палеонтологот д-р Алан Грант во франшизата „Паркот Јура“ почина на 78-годишна возраст. Сем Нил уживаше успех во холивудските блокбастери и во признатите артхаус филмови. „Паркот Јура“ (Jurassic Park) беше неговиот најголем хит на бокс-офисот и го направи меѓународна ѕвезда. Неговите други холивудски улоги ги вклучуваат филмовите „Лов на црвениот октомври“ (The Hunt For Red October ) како втор човек по ...

Какви објекти може да се градат, а што треба да биде забрането на падините на Водно. Откако од „Шанса за Центар“ алармираат дека со актуелните плански решенија се предвидува обемна урбанизација на овој простор, дел од експертите укажуваат дека Водно од парк шума се претвора во опасност за градот. Професорот Зоран Шапуриќ, кој е и поранешен министер за животна средина вели дека претераната урбанизација на Водно, освен што влијае врз ...

Безбедноста на посетителите воопшто не била предмет на интерес, во „Пулс“ институциите и поединци потфрлиле, не се почитувале стандардите, регулативата, ниту процедурите. Ова се дел од заклучоците од градежното вештачење, а го посочи вештакот и професор на Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски. Професорот посочи дека објектот е составен од два дела-еден со одобрение за градба од 1999, а вториот е дивоградба легализирана во 2011 за ...

Од чувар во М-НАВ, станал помошник за обука. Сашо Славески, долгогодишен вработен како обезбедувач во Македонска навигација и брат на актуелниот гувернер Трајко Славески, бил унапреден, иако не ги исполнувал законските услови за тоа работно место. Порталот Фокус објави и документи според кои одлуката била донесена во февруари минатата година. Поради ова, против членовите на тогашниот Управен одбор е поднесена кривична пријава, со сомнение за ...

Од чувар во М-НАВ, станал помошник за обука. Сашо Славески, долгогодишен вработен како обезбедувач во Македонска навигација и брат на актуелниот гувернер Трајко Славески, бил унапреден, иако не ги исполнувал законските услови за тоа работно место. Порталот Фокус објави и документи според кои одлуката била донесена во февруари минатата година. Поради ова, против членовите на тогашниот Управен одбор е поднесена кривична пријава, со сомнение за ...

Не коментираме лични ставови или квалификации изнесени од лица опфатени со конкретни предмети. Јавното обвинителство реагира отркако бизнисменот и поранешенн сосптвеник на Еурстандард банка, Трифун Костовски, обвини дека е жртва на прогон. Од обвинителството на костовски пму порачуваат дека сега откако е завршена истражната постапка, пред судот ќе може да ги изнесе сите аргументи, приговори и докази... Јавно Обвинителство „Обвинителството ...

Со транспаренти во рацете и обвинувања за политички опструкции, советниците од ДУИ ја напуштија седницата на Советот на Општина Тетово, револтирани што расправата за промената на имињата на улиците не беше ставена како прва, туку како последна точка на дневниот ред. Иако претходно 22 советници гласаа иницијативата да биде прифатена и да се најде на дневниот ред, за ДУИ тоа не беше доволно. Тие побараа точката веднаш да се отвори, оценувајќи ...

Нов случај на врсничко насилство, овојпат во Куманово. Вознемирувачко видео од меѓуврсничко насилство повторно ја шокираше македонската јавност. На снимката, која се споделува на социјалните мрежи, се гледа како девојче е опколено од група врсници, а потоа изложено на физичко насилство – добива шлаканици, удари и клоци, додека присутните го снимаат настанот наместо да го спречат. Според информациите на 24, инцидентот, се случил пред околу ...

Со силни пораки за мир, надеж, солидарност и зачувување на идентитетот во време на глобални политички тензии, воени конфликти и длабоки поделби, синоќа во Охрид беше крената завесата на најголемата и најпрестижна културна манифестација во земјава – фестивалот „Охридско лето“. Прогласувајќи го фестивалот за отворен, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова истакна дека во ера на превирања, културата останува единствениот автентичен простор ...

Дизелот скокна за 5,5 денари, бензините за 1,5 денар нова тура поскапувања на горивата. Одлуката ја донесе Регулаторна комисија за енергетика. Најголем скок има кај дизелот, кој ќе биде поскап за 5,5 денари и ќе се продава по 88 денари за литар. Од полноќ, возачите ќе се соочат со следните максимални малопродажни цени на бензинските станици: ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 88,00 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС-95: 87,00 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС-98: ...

Триесетина лица загинаа, а десетина се во критична состојба откако пожар зафати бар во познат кварт во Бангкок. Над 60 лица се однесени во болница со изгореници. Пожарникарите затекнаа ужасна сцена, а посетителите бегаа низ влезната врата зафатена од пламен. Според сведоци, пожарот почнал во близина на сцената и брзо се проширил. Очевидец „Огнот беше многу, многу силен. Многу се обидуваа да излезат, надвор, но не успееја сите да излезат, ...

Пропадна уште еден обид на пратеничките групи за пеглање на разликите околу изборниот законик, а кој требаше да го иницира Лавица на ниво на опозициски партии но не го прифатија од Бихаќка. Во реакцијата на Левица и денеска наведуваат: Левица - СДСМ повторно потврди дека политичката ирелевантност не е само прашање на изборен резултат туку и на политички рефлекс . Наместо да објаснат дали се за една изборна единица, дали секој глас треба да ...

Народниот правобранител отвори постапка за случајот со Меланија Цветковска од Куманово откако таа преку Инстаграм побара помош за заштита од семејно насилство. По алармот дека семејството трпело насилство, а таткото бил одбиван за лекување во психијатриски установи, Народниот правобранител ќе го разгледува постапувањето на институциите во случајов. Вонреден инспекциски надзор во здравствените установи ќе прави и министерството за здравство од ...

Безбедноста на посетителите воопшто не била предмет на интерес, во „Пулс“ институциите и поединци потфрлиле, не се почитувале стандардите, регулативата, ниту процедурите. Ова се дел од заклучоците од градежното вештачење, а го посочи вештакот и професор на Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски. Професорот посочи дека објектот е составен од два дела-еден со одобрение за градба од 1999, а вториот е дивоградба легализирана во 2011 за ...

Ноќеска во Тафталиџе изгоре автомобил „пасат“ сопственост на Ѓ.Р., кој според неофицијални информации го користел судијата Ѓоко Ристов. МВР врши увид. Патнички автомобил „пасат“ со скопски регистарски ознаки ноќеска целосно изгоре во скопската населба Тафталиџе, при што пожарот оштети уште две возила и деловен објект. Според неофицијални информации, автомобилот бил поврзан со судијата Ѓоко Ристов. Фотографиите од местото на настанот ...

На половина од мандатот на премиерот Христијан Мицкоски денеска воСобранието промената на министрите во Владата...Според претседателот на Владата реконструкцијата се означува почеток на нова фаза по изминати две години, од работата на Владата, стабилизација на состојбите и реализација на крупни проекти. На седницата се очекува премиерот ќе ја образложи смената на министрите, која ја најавуваше подолго време. Согласно Деловникот за работа на ...

Семејна трагедија се случила синоќа во Скопје, каде што 31-годишен маж е осомничен дека со нож го усмртил својот татко откако претходно таткото, во алкхолизирана состојба ја нападнал својата сопруга, информира Mинистерството за внатрешни работи. „Е.Л., кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата 54-годишна сопруга, мајка на Б.Џ., по што Б.Џ. му нанел убодни рани на својот татко“, наведоа од МВР. Според објавата, трагедијата се ...

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се зголемува за 5,50 денари, а на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 зголемуваат за 1,50 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за 4,50 за литар, а Мазутот М-1 НС за 0,938 денари за килограм. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 88,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе се продава за 87,00, ЕУРОСУПЕР ...

Собранието, денеска, на 112. седница, на предлог на премиерот Христијан Мицкоски, во рамките на реконструкцијата на Владата ги разреши министрите: за правда - Игор Филков, за земјоделство, шумарство и водостопанство - Цветан Трипуновски, за односи меѓу заедниците - Игор Стоиљковиќ, за здравство - Азир Алиу, за туризам и култура - Зоран Љутков, за социјална политика, демографија и млади - Фатмир Лимани, за локална самоуправа - Златко Перински, ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
70%
1029
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
88%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.73
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1029
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
66%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
73%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Злато

130856.75