Вчерашниот ден беше најтежок во оваа сезона на пожари од аспект на загрозеност на населени места, бидејќи имавме два алармантни пожари, изјави Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Во видеоизјава Ангелов соопшти дека во текот на вчерашниот ден имало над 40 пожари на отворен простор, а од нив активни во овој момент се шест кои не загрозуваат населени места, ниту има опасност да влезат во квалитетна шума. Како ...

Аеродромите во Скопје и Охрид бележат историски раст на авиосообраќајот, со повеќе од два милиони патници во првите шест месеци од годинава и зголемување од 32 проценти во однос на истиот период лани, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Според него, резултатите се должат на новата политика за привлекување и субвенционирање директни авиолинии, со што во изминатите година и пол се воведени 28 нови ...

Американските држави Кентаки, Илиноис, Индијана, Ајова, Тенеси и Охајо се соочуваат со најголемо дневно количество на врнежи од дожд што е некогаш забележано во тие области, што предизвика поплави на стотици локации. Повеќе од 36 милиони луѓе се под предупредувања за поплави, соопштија локалните власти. Гувернерот на Индијана, Мајк Браун, прогласи вонредна состојба бидејќи 250.000 луѓе во неговата држава и Илиноис останаа без електрична ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и наместа услови за краткотрајно невреме со силен ветер и појава на град. Утринската температура ќе се движи од 11 до 20 степени, а дневната од 28 до 34 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ...

Согласно со информациите од дипломатско-конзуларното претставништво во Солун, до овој момент од надлежните грчки институции не е добиена официјална информација за бројот на евакуирани македонски државјани од подрачјата зафатени со пожарите во Грција, информираа од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија за МИА. -Македонски државјани телефонски се обратиле до претставништвото за информации, при што им биле пренесени ...

Министерството за внатрешни работи информира дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, во врска со ширењето на лажните информации на социјалните мрежи за наводно загадување на водата за пиење во Скопје, до сега повика 13 лица на информативен разговор. -Со лицата е извршен службен разговор, при што сите се изјасниле дека информациите ги објавиле или споделиле откако претходно виделе слична објава на социјалните ...

Шведскиот парламент гласаше за намалување на возраста за кривична одговорност од 15 на 14 години, додека десничарската влада се подготвува за општи избори, ветувајќи дека ќе го намали криминалот. Владата сакаше да ја намали возраста на која децата би можеле да бидат испратени во затвор на 13 години, но мораше да го повлече предлогот во јуни откако не успеа да обезбеди мнозинство во парламентот. Вкупно 281 пратеник гласаа за 14 години, ...

Украина, преку посредник, ѝ испрати на Русија понуда во која се сугерира дека двете земји треба да престанат со нападите врз цивилни цели во Црното Море, изјавија денеска за западни медиуми извори запознат со ситуацијата. Понудата за запирање на нападите ја пренел Киев до Москва преку трета страна и според изворите Украина сè уште чека одговор. И Русија и Украина, кои се главни извозници на светскиот земјоделски пазар, се обвинуваа меѓусебно ...

Со чамци и бродови на крајбрежната и противпожарната служба, со приватни и рибарски чамци, но и со траект што сообраќа од Солун до островите од групата Споради, вкупно 446 лица, туристи, жители и оние кои попладнево беа во приморското место Сивири на првиот крак на Халкидики, по морски пат успешно беа евакуирани поради големиот пожар, јави дописничката на МИА од Атина. Пожарот сè уште не е ставен под контрола, меѓутоа вечерва ситуацијата е ...

Две лица се тешко повредени, а девет полесно кога патнички воз излета од шините во Источен Сасекс, Англија, соопшти локалната служба за итни случаи. Во моментот на несреќата, во возот имало околу 150 лица, се додава во соопштението. Британската полиција објави дека сите патници се евакуирани од возот. Две лица се тешко повредени, а девет полесно кога патнички воз излета од шините во Источен Сасекс, Англија, соопшти локалната служба за итни ...

25 години од потпишувањето на рамковниот договор – две прослави, фалби и обвинувања. Што доби, а што изгуби Македонија по Охридскиот договор со кој се стави крај на конфликтот од 2001ата. ДУИ под водство на Али Ахмети со панел дискусија и видео спот за како што велат постигнувањата на Албанците кои актуелната Влада ги урива и поништува со помош токму со Албанците од Вреди. Коалицискиот партнер на ВМРО ДПМНЕ, пак на сопствена прослава кај ...

Туристите, жителите и оние кои се наоѓаат во приморското место Сивири на првиот крак на Халкидики, неофицијално, над 250 лица, попладнево со чамци и бродови на крајбрежната и противпожарната служба и со приватни чамци се евакуираат по морски пат поради големиот пожар што сè уште не е ставен под контрола, а се гасне од копно и воздух и се испраќаат дополнителни противпожарни сили од повеќе делови на Грција. Пожарот избувна околу 14 часот по ...

Нов топлотен бран го зафати европскиот континент, при што максимални температури над 30 степени Целзиусови се очекува денеска да почувствуваат речиси три од пет жители на Европа (без Турција), односно околу 340 милиони луѓе. Истовремено, области во Европа во кои живеат вкупно повеќе од 135 милиони луѓе – главно во Франција, Италија, Шпанија и Велика Британија – денеска се очекува во одредени периоди од денот да бидат погодени од температури ...

Романската нуклеарна централа „Чернавода“ утрово започна постапка за контролирано исклучување на вториот реактор поради континуираниот и значителен пад на нивото на водата во реката Дунав. Како што е соопштено од компанијата „Нуклеарелектрика“, се очекува централата околу 11 часот по локално време да престане да испорачува електрична енергија во националниот електроенергетски систем. „Одлуката за контролирано исклучување на втората единица е ...

Бројот на загинати цивили во Украина во текот на јули достигна највисоко ниво од мај 2022 година досега, покажува денеска објавениот извештај на Обединетите нации. Најмалку 437 цивили биле убиени, а 2.610 биле ранети минатиот месец, што претставува зголемување од 30 отсто во однос на јуни и дури 70 отсто во споредба со јули минатата година, предупреди Набљудувачката мисија на ОН за човекови права во Украина. „Бројот на загинатите достигна ...

Ерупцијата на вулканот Етна и сериозните нарушувања во воздушниот сообраќај предизвикаа загуби од околу 24 милиони евра за туристичкиот сектор на Сицилија, покажуваат проценките на трговското здружение „Асоезерченти“ (Assoesercenti). Аеродромот „Катанија-Фонтанароса“ останува затворен до 2 часот во петок поради наталожениот вулкански пепел. Од петокот до вторникот, вклучувајќи го и 12 август, беа откажани околу 700 летови, додека повеќе од ...

Утре истекува ултиматумот што битолските и пелагониските сточари ѝ го дадоа на Владата, со што и официјално започнува одбројувањето до најавената радикализација на нивниот револт. Откако со месеци алармираат за колапсот на млекарството, ниските откупни цени и доцнењето на државната помош, сточарите се децидни – доколку нема конкретно решение и спас за нивната егзистенција, машините и тракторите наскоро излегуваат на протест. Државата во ...

Ја исполни ли по четврт век Охридскиот рамковен договор мисијата? 25 години по потпишувањето во Охрид , обвинувања, фалби, злоупотреби и барање за негово надградување и проширување од политичките актери во државата . Оние пак кои директно беа дел од тие мачни преговори за ТВ 24 сведочат дека по 25 години останале низа прашања кои треба да се додефинираат. Аналитичарот но и поранешен министер, функционер и пратеник во првиот парламентарен ...

Синодот на МПЦ-ОА му одговори на српскиот претседател Александар Вучиќ по изјавата „Српската црква е една и иста“, споменувајќи го и Скопје. Од МПЦ-ОА потсетуваат дека таа ја остварува својата духовна и пастирска мисија кон сите православни христијани на својата канонска територија, без оглед на нивната национална, политичка, културна или етничка припадност. „Длабоко свесна за својата историска улога и за одговорноста во духовниот живот на ...

Ќе добијат ли конечно гостиварци чиста вода за пиење? По речиси еден месец од изрекувањето на забраната за користење на водата за пиење во Гостивар, сè уште се очекуваат резултатите од последните анализи. Според неофицијални информации до кои дојде Телевизија 24, токму од нив ќе зависи дали забраната ќе биде укината уште утре. Очекувањата се информацијата да биде соопштена на прес-конференција во Гостивар. Сепак, според истите неофицијални ...

Вонредна дезинсекција денеска и утре ќе спроведуваат надлежните институции откако вчера беше прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини. Од Центарот за јавно здравје велат дека службите се на терен и се преземаат мерки во местата каде што се потврдени случаи со вирусот. Д-р Љуљзиме Бајрами – Епидемиолог – Центар за јавно здравје Скопје: „Се прави ларвицидна превентивна дезинсекција која се спроведува во местата каде ...

Најмалку седум лица се повикани на информативен разговор за ширење паника, по дезинформациите дека скопската вода е загадена. Дел од нив не сакале да кажат од каде им се информациите. Официјално Секторот за компјутерски криминал при МВР презема соодветни мерки и активности, се утврдуваат профилите на лицата и истите се повикуваат на информативен разговор. Градоначалникот на Скопје Орце Ѓоргиевски вчера на вонредна прес конференција ги отфрли ...

Осум обвинети. Над половина милијарда денари штета. Поранешен директор во бегство и поранешен вицепремиер во домашен притвор. Случајот „Државна лотарија“ денеска стигна до обвинение. Обвинителството тврди дека Перпарим Бајрами, Артан Груби и уште шест лица, со низа одлуки во 2023 и 2024 година, ги пречекориле своите овластувања и на Државната лотарија и нанеле штета од 8,2 милиони евра. Според обвинението, Лотарија веќе немала право ...

Реагираат од ДУИ. Од партијата велат дека станува збор за политичко обвинение откако по две години истрага, не бил обезбеден ниту еден доказ. Бараат транспарентна постапка и меѓународен надзор над случајот. „Ја почитуваме независноста на институциите на правдата, но истовремено бараме еднаква и неселективна правда. Колективните одлуки не можат да се претворат во инструмент за селективна одговорност и политички прогон на поединци“, велат од ...

Истрагата за инспекторите на Управата за Јавни приходи, осомничени за Пулс и понатаму трае. Двајцата даночни инспектори, Драган Паунов и Дуле Димитриев, се осомничени за земање поткуп и давање информации на синот на газдата на т.н. кабаре „Пулс“, за ненајавени контроли. Тие откако лани во ноември првично беа уапсени во акција на кочанското обвинителство и МВР, поврзана со кочанската дискотека, подоцна Кочанскиот суд определи мерка куќен ...

Со гаранција од 508 илјади евра укинат му е притворот на поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија Илчо Ѓорѓиевски. Одредени му се мерки на претпазливост односно одземена му е патната исправа и ќе мора да се јавува во суд. Одлуките се донесени по позитивно мислење дадено од Обвинителството, велат од Кривичниот суд. Ѓорѓиевски беше уапсен во јуни годинава под сомнение за финансиски малверзации. Со гаранција од 508 илјади ...

Со свечена седница на Владата денеска беше одбележана 25 годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Беким Сали, прв заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, и Александар Николоски, заменик-претседател на Владата и министер за транспорт во своите обраќања потенцираа дека овој историски договор остави силна трага во развојот на државата. - Четврт век е доволно долг период за да се извлечат одредени поуки, ...

На тераса од трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје утрово било пронајдено телото на оперативниот директор на телевизијата Алсат, Лирим Хајредини. Во МВР било пријавено дека пред зграда на булеварот „Крсте Мисирков“ во Скопје има лице со повреди. „Денеска околу 09:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека пред зграда на бул. „Крсте Мисирков“ во Скопје има лице со повреди. Полициски службеници од ПС Бит Пазар излегле на местото на настанот и ...

Единствениот македонски претставник на Европското првенство во пливање во Париз, Никола Ѓуретановиќ денес го имаше својот прв настап. Македонецот во квалификациите на 200 метри слободно постави нов државен рекорд со време – 1:52.59 минута и за 15 стотинки го собори 30 години стариот рекорд на Александар Маленко од Копенхаген. Воедно, Ѓуретановиќ за 27 стотинки пливаше побрзо од своето најдобро време постигнато во јуни годинава. Македонскиот ...

Шумски пожар во вашиот регион. Ако се наоѓате во Сивири, во регионалната единица Халкидики, упатете се кон Мола Калива, е пораката од бројот за итни случаи 112 што кусо по 15 часот по локално време беше испратена до жителите и оние кои се во околината на Сивири на првиот крак на Халкидики, поради пожарот што избувна денеска, јави дописничката на МИА од Атина. Во пожарот интервенираат 122 пожарникари со три пешадиски тима и 41 возило, меѓу кои ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
63%
1028
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
84%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
87%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
86%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
65%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
61%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Цинк

3.76