Новоформираното Светско клупско првенство кое го организира ФИФА почнува ноќта помеѓу сабота и недела, ќе учествуваат 32 тима, а нема да има ниту еден македонски фудбалер. ФИФА објави дека на СКП ќе има играчи од 81 различна земја во светот, а, за жал, на списокот ја нема Македонија. Најбројни ќе бидат Бразилците, вкупно 141 Бразилец има во 32-та тима. Потоа следуваат 103-ца Аргентинци, 54-ица Шпанци, 49-мина Португалци, 41 Мексиканец, итн. ...
Ноќеска се одиграа уште три натпревари на Светското клупско првенство на ФИФА што се игра во САД. ПСЖ покажа моќ и со 4:0 го декласираше Атлетико Мадрид. 🇫🇷✨ PSG delivered in their first #FIFACWC match! — FIFA Club World Cup (@FIFACWC) June 16, 2025 Во А групата Палмеирас и Порто одиграа нерешено без голови, додека во групата Б Ботафого со 2:1 го совлада Сиетл. На СП денеска ќе се одигра уште еден натпревар. Од 21 часот во рамки на групата Д ...
Меѓународната федерација на фудбалски асоцијации (ФИФА) излезе со соопштение за почетокот на Светското клупско првенство во 2025 година во САД. – ФИФА сака да им се заблагодари на сите вклучени што го направија воведниот натпревар на ова историско Светско клупско првенство таков голем успех. Бевме сведоци на возбудлив воведен натпревар помеѓу Ал Ахли и Интер Мајами, одигран во неверојатна атмосфера на распродадениот стадион „Хард рок“ во Мајами. ...
Во едно од дерби дуелите од првото коло на Светското клупско првенство, кое се одржува во САД, Пари Сен Жермен го победи Атлетико Мадрид со 4:0 во натпреварот од Групата Б во Пасадена. Головите за европскиот и францускиот шампион ги постигнаа Фабијан Руиз (19), Витиња (45+1), Сени Мајулу (87) и Ли Канг-Ин (90+4-11м). Атлетико играше од 78. минута без исклучениот Клемент Ленгле, кому му беа покажани два жолти картона. Сиетл и Ботафого ќе играат ...
Пасадена, 15 јуни 2025 (МИА) - Новиот тренер на Интер, Кристијан Киву, го гледа Светското клупско првенство како можност да ја промени моменталната состојба во клубот, а исто така и да добие увид во тимот пред сезоната 2025/26. - Ова не е нова сезона, па затоа сме тука да го дадеме најдоброто од себе. Мислам дека треба да го почитуваме ова натпреварување бидејќи тоа е она што треба да го прави еден тим кога може да го претставува својот клуб на ...
Во првото коло од групата Ц на Светското клупско првенство, кое се одржува во САД, во Синсинати минхенски Баерн го декласираше Окленд Сити со 10:0. Германскиот шампион немаше премногу проблеми, но исто така не покажа милост кон слабата репрезентација на Нов Зеланд. Баварците постигнаа шест гола во првото полувреме, а потоа ја тргнаа ногата од гаста во второто полувреме. Џамал Мусијала постигна три гола, Мајкл Олисе постигна два гола со две ...
Без победник (0:0) заврши натпреварот меѓу Интер Мајами и Ал Ахли од Каиро со којшто ноќеска беше отворено Светското клупско првенство во фудбал. Навивачите на стадионот „Хард Рок“ во Мајами ноќеска не видоа гол. Фудбалерот на египетскиот тим, Трезеге, промаши пенал во 43-тата минута. Интер Мајами ќе го игра својот следен натпревар против Порто на 19 јуни, додека Ал Ахли ќе игра против Палмеирас истиот ден. За денес на распоредот се уште две ...
Интер Мајами и египетскиот Ал Ахли го отворија Светското клупско првенство на ФИФА во Мајами без голови, кое се одржува за првпат оваа година во нов формат со 32 клуба. Тимот на аргентинската ѕвезда Лионел Меси играше речиси на домашен терен, бидејќи првиот натпревар на Светското клупско првенство се одржа на стадионот „Хард Рок“, дом на НФЛ тимот Мајами Долфинс. Минатата година, истиот стадион беше домаќин и на финалето на јужноамериканската ...
Со натпреварот помеѓу американскиот Интер Мајами предводен од Лионел Меси и египетскиот Ал Ахли, вечерва два часа по полноќ, во САД почнува првото Светско клупско првенство во фудбал. ФИФА обезбеди награден фонд од 1 милијарда долари со цел да ги привлече најдобрите тимови на планетата да дојадат во Америка по напорната сезона. Само за учество европските екипи ќе инкасираат од 12,81 до 38,19 милиони по клуб. Нерешено во групата носи еден ...