Денес беше комплетирано 14. коло во Трета лига – Север, кое беше отворено вчера со мечот меѓу БВК Коњаре и Фортуна, а на кој беше подобар домаќинот, извештајот на Спортска Мрежа од тој меч е достапен овде. Лидерот Еуромилк ГЛ со победа го отвори пролетниот дел откако со 2:1 славеше над Студеничани и тоа преку пресврт. Гостинската екипа се покажа доста цврста и рано поведе преку Адис Зекири уште во 9. минута од средбата во Горно Лисиче. Во ...

Времето на Гвардиола во Манчестер Сити и неговата доминација со овој клуб, произведе некои од најдобрите играчи во Премиер-лигата досега. Сепак, англиските медиуми тврдат дека челниците на клубот донеле одлука што, благо речено, го шокирала Шпанецот. Поентата е дека челниците на Манчестер Сити донеле одлука да го пуштат најдоверливиот играч на Пеп Гвардиола да си оди на лето. Нема знаци за пресврт во оваа ситуација, тврдат англиските медиуми, ...

Во првиот од двата дуела денеска во Бундес лигата, екипите на Сент Паули и Ајнтрахт Франкхурт одиграа реми без голови. Во меч во кој ниту една од екипите не ги искористи своите шанси, Сент Паули беше тимот кому далеку повеќе му се потребни бодови, затоа што овој клуб далеку е од обезбеден опстанок сезонава. Засега со 23 поени и петнаесетто место, а зад него се екипите на Вердер со два поена помалку, Волфсбург со четири поени помалку и ...

Пеп Гвардиола не се штедеше и во неколку наврати беснееше на одлуки кои ги носеше Сем Барот во второто полувреме, па поради еден гласен протест, доби и јавна опомена во вид на жолт картон. Поради правилата кои се имплементираа на стартот на сезоната, менаџерите отслужуваат казна од еден меч за пет добиени жолти картони, а бидејќи на Гвардиола вчерашниот му беше шести жолт картон, сега за него следи суспензија од два меча. Пеп на ...

Марио Манџукиќ како голгетер остави неизбришлива трага во Торино, па токму поради тоа, навивачите на Јувентус знаеја како да му се оддолжат. Во најавата за мечот со Пиза во Серија А, Манџукиќ се појави на теренот и доби стоечки овации од сите на „Алијанц стадионот“, а спикерот на Јувентус го најави на импресивен начин: – Воинот кој никогаш не се предаваше, ѕверот кој беше спосебн да се брани и да дава незаборавни голови, – беа зборовите со ...

Пролетниот дел од општинската лига Гази Баба започна со дерби меѓу Марино и Илинден, а на крајот се радуваа домашните фудбалери на триумф од 1:0. Ова беше дуел од 11. коло, a Илинден го претрпе првиот пораз сезонава. Дербито беше решено во 84 минута кога Муамедин Хасани го матираше голманот на гостите за голема радост на фудбалерите на Марино. По ова коло, Марино е нов лидер на табелата со 27 бодови, Илинден остана на 26 бодови и сега е на ...

Екипите на ФК Интер Кукла Куклиш и ФК Спартмани одиграа интересен пријателски натпревар кој заврши без победник 2:2, во дуел меѓу двете водечки екипи во Општинската фудбалска лига – Струмица. Натпреварот се одигра во силно темпо и во одлична атмосфера, што беше и очекувано со оглед на тоа што на теренот се сретнаа две екипи кои го делат врвот на табелата со по 16 освоени бодови. Во редовите на Интер Кукла се истакна Хаџиев, кој постигна два ...

Ракометниот клуб Партизан не се шегува и од следната сезона подготвува неверојатен проект. Претходните најави се потврдија, и поранешниот македонски селектор и тренер на Вардар, Раул Гонзалез седнува на клупата на „црно-белите“. Шпанецот моментално е селектор на Србите, а од од јуни седнува и на клупата на Партизан. Веќе претходно клубот соопшти дека сегашниот тренер Ѓорѓе Чирковиќ ќе замине по крајот на тековната сезона, а денес за нов ...

Екипата на Динамо Загреб го продолжува походот во хрватското првенство и извојува нова голема победа во вечното дерби против Хајдук Сплит, славејќи со убедливи 1-3 (1-3) во натпреварот кој се играше во рамките на 25. коло. „Модрите“ го најавија триумфот уште во првото полувреме, кога мрежата ја тресеа Зајц, Видовиќ и Бакрар, а единствениот погодок за домашниот тим го постигна Рокас Пукшташ. Вторите 45 минути беа чиста рутина за гостите од ...

Два натпревара се одиграа попладнево од 22.коло во Првата македонска фудбалска лига. Бодовите ги освоија домашните екипи. Постигнати резултати: Башкими – Македонија ЃП 2:0 Тиквеш – Пелистер 1:0. Вчера, Струга го совлада Шкупи со 5:0. Двојките за другите натпревари од оваа рунда се: Силекс – Вардар (9 март) Шкендија – АП Брера (9 март) Работнички – Аресими (10 март). Водечките три екипи на табелата се Вардар со 52 бода, Шкендија има 51, Струга ...

Фудбалерите на Башкими со доминантна игра и голема пожртвуваност го затворија вториот циклус од Првата македонска фудбалска лига, совладувајќи ја екипата на Македонија Ѓ.П. со 2:0. Натпреварот започна со силно темпо на домашните. Уште во 7-мата минута, по асистенцијата на Аворнио, Рибеиро се закани со глава, но голманот Јанков беше на место. Само една минута подоцна, гостите се обидоа преку Стојчевски, но неговиот шут заврши над голот. ...

Тимот на Верона успеа да освои три гостински бодови откако победи кај Болоња со конечни 1:2, во првиот од двата попладневни дуели од Серија А. Иако домаќинот поведе со голот на Рове, сепак, во само четири минути гостите направија комплетен пресврт. Најпрво погоди Фресе, па по него и Боуви за 1:2, што беше и конечен резултат. Од друга страна пак, Фиорентина имаше императив на победа со оглед на загрозениот прволигашки статус, но сепак, одигра ...

Некогашниот прволигаш Борец денес забележа триумф од 1:3 над Влазними Јуниор, во меч од 15. коло на Трета лига – Југ со која победа велешани избија на врвот од табелата. До овој триумф Борец стигна преку пресврт откако Флорим Бесими во 21. минута го отвори резултатот за водство на домашниот тим, а до крајот екипата на Борец направи пресврт со погодоците на Марко Миловановиќ, Теодор Мирчевски и Илхан Имеров. Во вториот дел мрежи мируваа, па ...

Шкотските фудбалски великани, Глазгов Ренџерс и Селтик, се сретнаа вторпат во период од само седум дена, а овој пат се пресметаа во четвртфиналето на домашниот Куп, каде победата ја однесе Селтик, по подобро изведување пенали. Натпреварот во регуларниот дел заврши со непопуларните 0-0, а истиот резултат остана и по двете продолженија од по половина час. Во пенал-серијата, „полицајците“ не реализираа двапати, а трагичари беа Џејмс Таверние и ...

Фудбалерите на Лече им се вратија на победите во Серија А со триумфот од 2:1 над Кремонезе во 28 коло, во директен дуел за опстанок. По поразите од Интер и Комо, победите против Удинезе и Каљари во првата половина од февруари му дадоа надеж на тимот од јужна Италија за продолжување на борбата за опстанок. Денешниот дуел во беше идеална можност за освојување бодови бидејќи се сретнаа директните конкуренти. Првото полувреме помина во ...

Со неколку интересни натпревари започна пролетниот дел од сезоната во Третата лига – Исток, каде што не изостанаа и изненадувања. Најголемото се случи во Делчево, каде Брегалница го совлада амбициозниот Ударник од Пирава со минимални 1:0. Единствениот гол на натпреварот го постигна Максим Смилков во 24. минута, што се покажа како доволно за голема победа на домашниот тим. Со овој пораз Ударник, кој има амбиции за првото место и бараж за Втора ...

Карлос Алкарас игра во страшна форма и ја продолжи побендичката серија со успешен старт на Индијан Велс, турнир на кој ќе се обиде да стигне до третата титула на третиот турнир во 2026-та година. Светскиот рекет број еден на хартија имаше тежок ривал во воведната рунда против Григор Димитров, но реалноста покажа дека Бугаринот во овој момент не може да му парира на расположениот Карлитос. Шпанецот издоминира од почеток до крај и диктираше ...

Српскиот репрезентативец Немања Гудељ останува во екипата на Севиља и следната сезона, бидејќи шпанскиот клуб веќе започнал разговори за продолжување на соработката. Според медиумите, спортскиот директор на клубот веќе разговарал со искусниот фудбалер за можноста да остане во тимот. Раководството на клубот сака тој да биде дел од колективот и во иднина и да има важна улога во составот. Сепак, конечната одлука ќе зависи од повеќе фактори. ...

По смената на Љупчо Марковски Калц на клупата, Шкендија Арачиново стигна до сигурен триумф на гостувањето кај Горно Коњари од 0-4 во последниот натпревар од 19. коло во Втората фудбалска лига на Македонија. Стрелци за головите на тимот од Арачиново беа Ливарека, Десниќ, Нухијо и Ајрули. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без ...

Макс Ферстапен беше избран за возач на денот откако напредуваше од 20-то до 6-то место на трката за Големата награда на Австралија, но возбудувањата во Мелбурн не донесоа премногу позитивни впечатоци кај четирикратниот шампион, кој воопшто не е импресиониран од новира правила и регулативи во Формула 1. Новите погонски единици ги тераат возачите да не се фокусираат само на тркање, туку и да се занимаваат со менаџирање на својата батерија, а ...

Екипата на Башкими извојува нова победа во Првата македонска фудбалска лига, откако успеа да ја надигра Македонија ЃП со 2-0 (0-0) во натпреварот од 22. коло. Домашниот состав ги освои бодовите во второто полувреме, кога успеа да го скрши отпорот на противникот. Домаќинот одигра далеку подобро прво полувреме и постојано беше на половината на гостите од Скопје. Се обиде Башкими на повеќе начини да дојде до водство, имаше неколку шанси, но не ...

Во многу значаен дуел од 22. коло, Тиквеш првпат по четири години го совлада Пелистер и се искачи на шестото место на табелата. Дуелот на „Градскиот стадион“ во Кавадарци го одлучи голот на Мартин Стојанов во првиот дел (1-0). Битолчани со играта во второто полувреме заслужија реми, но не беа луцидни во завршницата и не реализираа неколку убави можности. Христов го потврди тимот кој во март влезе со победи, а кај Стојановски се врати Стефан ...

Познатиот хрватски пејач Тони Цетински е посветен на риболовот, што е негово големо хоби, покрај музиката, уште од дете, а колку сериозна стана оваа приказна покажува фактот што сега стана член на хрватската репрезентација. Имено, Цетински обезбеди место за хрватската репрезентација, која ќе се натпреварува на Светското првенство во риболов во областите со пастрмка. Ова е шестото Светско првенство во риболов во областите со пастрмка, кое ќе ...

Возбудувањата во најсилната кошаркарска лига во светот ќе започнат во 18 часот со пресметката меѓу Кливленд и Бостон, а вкупно четири меча ќе започнат пред полноќ. На осум од последните 10 дуели меѓу Кливленд и Бостон, на победата се радувале Селтикси. Кливленд со помош на домашната публика ќе се обиде да слави, но овде може да биде неизвесно до последниот момент. Уште неколку средби се „означени“ како израмнети барем според квотите кои ...

Тренерот на Барселона Ханс-Дитер Флик ја оцени победата над Атлетик како важна и извојувана на исклучително тежок терен. Каталонците славеа се 1:0 во 27-то коло од Ла Лига. – Секако, секогаш сум горд на играчите, навистина, но особено ја ценам оваа посебна атмосфера во тимот, како и тоа колку се обединети, атмосферата – сè е едноставно фантастично. Навистина го ценам она што го гледам. Денес не бев нервозен. Ги видов играчите по победата во ...

Актуелниот македонски кошаркарски шампион, МЗТ Скопје, ја прослави 60-годишнината од основањето на клубот, со пригодна церемонија за време на натпреварот против Пелистер во Суперлигата. „Металците“ остварија нова победа против ривалот од Битола (87-73), а на полувремето на паркетот се најдоа дел од најголемите легенди на клубот, меѓу кои беа кошаркарите Влатко Владичевски, Ѓорѓи Чековски, Гоце Талевски, Борис Нешовиќ, Борче Домлевски, Игор ...

Јужноамериканската крв повремено знае да ни донесе сцени кои не можат да се замислат на европско тло, но во такви услови, за жал често знаат да ни пристигнат и исклучително непријатни видеа. Последното такво нешто доаѓа од натпреварот меѓу Индепендиенте дел Валје и Мусхуц Руна во првата лига во Еквадор, средба која за жал не е одбележаната од конечниот резултат 3:1, туку од повредата на домашниот фудбалер. Жан Пјере Аројо морал итно да биде ...

Манчестер сити синоќа со 3:1 го победи Њукасл на гостински терен и се пласираше во четвртфиналето на ФА Купот. граѓаните играа во комбиниран состав, но успеаа да најдат добитна комбинација, иако губеа со 1:0 по неполни 20 минути од мечот. Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола беше задоволен од победата, а посебно ги пофали фудбалерите кои беа на теренот, потенцирајќи дека откако тој е тренер на тимот, а тоа се веќе осум години, Манчестер сити го ...

Барселона успеа да го скрши отпорот на Атлетик Билбао благодарение на генијалноста која ја режираше Ламин Јамал, но пред да дојде до тоа, имаше една сомнителна ситуација која беше решена со жолт картон. Пау Кубарси го собори Ињаки Вилијамс како последен играч во одбраната на Барселона, па иако цел „Сан Мамес“ бараше црвен картон, судијата реши ситуацијата да ја архивира со јавна опомена и жолт картон. Главниот арбитар Мунуера очигледно ...

Екипата на Фулам доживеа непријатно изненадување и загуби на домашен терен од Саутемптон со минимални 0-1 (0-0) во натпреварот од осминафиналето на ФА Купот. „Светците“ одиграа солиден меч на гостувањето во Лондон и заслужено дојдоа до триумфот, а творец на победата беше Рос Стјуарт, кој погоди од белата точка дури во 91. минута. Фулам имаше многу повеќе од играта, ја држеше топката кај себе и шестпати се обиде во рамки на голот, но не го ...

Вера

8 часа - МРТ
weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
10.29
44%
996
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
4.12
36%
994
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
14.4
84%
997
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
4.63
43%
999
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
4.75
43%
998
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
8.23
54%
999
weather icon

Атина

16ᴼ / 15ᴼ
3.6
62%
1003
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
5.66
41%
997
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
4.63
71%
995
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 16ᴼ
6.71
34%
1000
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
1.54
70%
999
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 10ᴼ
2.06
62%
1005
Currency

61.645

Currency

53.3817

Currency

71.3298

Currency

36.9402

Currency

38.5791

Currency

67.2936

Currency

7.72664

Currency

0.65586

Currency

0.33453

Currency

0.52486

Currency

1.20338

Currency

0.56778

Иридиум

256711.96

Цинк

0.00

Сребро

2192.86

Рутениум

56199.51

Бакар

11.09

Злато

142844.87

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.29

Платина

60507.71

Паладиум

43853.62

Родиум

347228.06

Калај

45.72