Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Реал Мадрид е заинтересиран за двајца фудбалери за врска, Родри од Манчестер сити и Сандро Тонали од Њукасл, објави „talkSPORT“. Договорот на Тонали со „Свраките“ истекува во 2028 година, но тој е силно поврзуван со можен трансфер. Минатиот месец беше објавено дека 25-годишникот би бил среќен да се врати во својата родна Италија. Њукасл го проценува Тонали на 80-100 милиони фунти. Претходните извештаи за интерес за Италијанецот ги вклучуваа ...
Во очекување на утрешните дуели од последното 22. коло од вториот круг на домашниот фудбалски шампионат, познати се и главните арбитри кои ќе ја делат правдата. Дербито меѓу Силекс и Вардар во Кратово ќе го суди нашиот интернационален судија Игор Стојчевски од Скопје. Дуелот во Тетово меѓу екипите на Шкендија и Брера ќе му припадне на Фатмир Бафто. И двата дуели почнуваат во 14 часот. Во очекување на утрешните дуели од последното 22. коло ...
Ракометарите на Охрид се последните патници на Ф4 турнирот во најмасовното натпреварување во Македонија, Националниот куп. Во групата на која беа домаќини охриѓани вечерва во финалето славеа против МРК Куманово со 35-18. Домаќините тргнаа фуриозно уште од самиот старт на натпреварот и веќе на пауза имаа двојно повеќе постигнати погодоци од противникот 16-8. До крајот разликата само се зголемуваше за конечен триумф од 35-18. Очекувано пред ...
Женската фудбалска репрезентација на Иран предизвика силни реакции на Азискиот куп во Австралија. На првиот натпревар против Тајван пред 6 дена тие одбија да ја пеат националната химна. Многумина тоа го сфатија како знак на протест, а некои ги означија и како „предавнички на својата нација“. Во следните два натпревар против Мјанмар и против Филипините ситуацијата се смени. Фудбалерките ја пееја химната и ја поздравуваа. Ова ги зголеми ...
Легендарниот холандски фудбалер, Весли Снајдер, во 2019 година стави крај на активното играње фудбал, но сега на 41-годишна возраст се одлучи да ја прекине пензијата и да му се врати на фудбалот. Снајдер настапува за аматерскиот тим од четвртата лига во Холандија, ОСМ 75, а таму помошник тренер е неговиот постар брат Џефри, па веројатно и тоа е причината за повторното активирање на фудбалските терени. Холанѓанецот има 134 настапи за ...
Најголемите и најлути ривали се сретнаа во четвртфиналето на шкотскиот Куп, а на пресметка на која не изобилуваа премногу шанси и голови, на крајот се се сведе кон изведување на удари од 11 метри. Дербито на „Ајброкс“ не донесе победник по 90 минути игра, немаше голови и по 30 минути продолжение, па на крајот гледавме пенали. Во фудаблската лотарија, играчите на Селтик беа помирни и остварија голема победа на гостувањето кај омразениот ривал, ...
Селтик обезбеди пласман во полуфиналето од шкотскиот ФА куп, откако на пенали го елиминираше вечниот ривал, Глазгов Ренџерс. Она што е интересно за овој меч е фактот дека Селтик ниту еднаш не се закани кон противничкиот гол, а на крајот успеа да го победи големиот ривал. Македонскиот репрезентативец, не доби шанса за настап, па мечот го гледаше од клупата за резервни фудбалери. По натпреварот следуваше вистински хаос на теренот. Навивачите ...
Веќе неколку години се зборува за евентуално заминување на Диего Симеоне од позицијата шеф на стручниот штаб на Атлетико Мадрид, но ништо нема да произлезе од тоа, барем засега. Претседателот на црвено-белите од Мадрид, Енрике Серезо, ги негираше разните гласини за евентуалното заминување на Диего Чоло Симеоне од таборот на „јорганџиите“. „Диего Симеоне сигурно ќе продолжи со нас и следната сезона“, кратко изјави првиот човек на Атлетико. ...
Лидерот во Третата македонска фудбалска лига – Север, ФК Еуромилк ГЛ, успешно го започна пролетниот дел од сезоната. Во натпревар од 14. коло, одигран денеска, Еуромилк ГЛ на домашен терен ја совлада екипата на ФК Студеничани со резултат 2:1, по полувреме 1:1. Дуелот понуди интересна и борбена игра, а и двете екипи покажаа голема желба за позитивен резултат. Сепак, домашниот тим успеа подобро да се снајде во клучните моменти од натпреварот и ...
Македонскиот репрезентативен голман, Мартин Томовски продолжува со феноменалните партии во дресот на германскиот ракометен второлигаш Битигхајм. Битингхајм денеска забележа нова победа во Втората лига на Германија, овојпат на гостувањето кај Лудвигшафен со 24-31. Повторно најдобар поединец во таборот на лидерот на табелата беше македонскиот голман кој натпреварот го заврши со неверојатни 14 интервенции. Крадењето авторски текстови е казниво ...
Македонските натпреварувачи во џиу џица предводени од селекторот Александар Ацевски имаа успешен настап на меѓународниот турнир во Кочевје, Словенија. Нашите борци се закитија со вкупно 12 медали, од кои пет златни, два сребрени и пет бронзени. Злато освоија Катерина Ацевска, Данил Николиски, Антонио Трајковски, Матеј Нифотов и Леа Ѓоргеска, сребро имаат Христијан Јованов и Лина Ѓоргеска, а бронза Марко Панчевски, Марија Треневска, Филип ...
Откако го совладаа Реал Мадрид, фудбалерите на Хетафе прикажаа одлична игра и на натпреварот против Бетис, триумфирајќи со сигурни 2-0 (2-0) во рамки на 27. коло на Примера. Домашниот тим ја осигра победата во првото полувреме, кога стрелаа Кико Фемениа и Мартин Сатриано, не оставајќи му на тимот од Андалузија шанси за резултатски „кам-бек“. За Хетафе ова е десетти сезонски триумф, со кој се искачува на деветтото место на табелата, а Бетис ...
Един Џеко си ја заврши работата во петокот и постигна гол за победа на Шалке 04 над Арминија Билефелд, но како секој фудбалски фан во Европа, Босанецот овој викенд го мина следејќи ги останатите случувања на стариот континент. Во период кога има повеќе натпревари од различни првенства во исто време, фудаблските фанови често знаат да користат повеќе уреди за да ги проследат сите возбудувања, а такво нешто ова попладне правел и Џеко. Един ...
Првиот човек на белградска Црвена Звезда, Звездан Терзиќ даде доста самоуверена, но и ризична изјава на државната телевија, во која рече дека доколку тимот не ја освои титулата во тековниот шампионат на Србија, дека тој ќе поднесе оставка и ќе си замине од клубот. „Мислам дека сите во клубот се поистоветуваат со фактот дека само доколку сме најдобри може да бидеме тука. Во моментот кога не сме повеќе најдобри, работите се менуваат. Мислам ...
Фудбалерите на Порт Вејл приредија големо изненадување во осминафиналето на ФА Купот и го победија Сандерленд со миниални 1-0, обезбедувајќи пласман во следната фаза од натпреварувањето. Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во првото полувреме, кога домашниот тим искористи една од своите шанси и поведе преку Бен Вејн. Тој погодок на крајот се покажа како решавачки на мечот. Сандерленд во текот на натпреварот имаше поголем посед на ...
Лидерот Камјани со убедлива победа од 6:1 над Дрита го отвори пролетниот дел во Трета лига – Запад и сигурно оди кон баражот за Втора лига. Ова беше само една рутинска победа за тимот кој има амбиции следната сезона да игра во Втора лига. Хузри Џемаили постигна хет-трик за својот тим, Даут Даути беше двоен стрелец, а пак Ветон Бафтиари погоди во 48. минута. За гостинската екипа единствен стрелец во високиот пораз беше Брендим Рушити кој ...
Дуелите меѓу Хајдук и Динамо традиционално носан голема врева во Хрватска кога натпреварот е во тек, а денеска епицентарот беше во Сплит каде домаќините сепак доживеаја големо разочарување. Големиот ривал од Загреб направи гигантски чекор кон титулата во домашното првенство, бидејќи со денешната победа од 1:3 отиде на „плус десет“ на првенствената табела. Со оглед на квалитетот кој го поседуваат „модрите“, но и формата на Хајдук, мали се ...
Денес беше комплетирано 14. коло во Трета лига – Север, кое беше отворено вчера со мечот меѓу БВК Коњаре и Фортуна, а на кој беше подобар домаќинот, извештајот на Спортска Мрежа од тој меч е достапен овде. Лидерот Еуромилк ГЛ со победа го отвори пролетниот дел откако со 2:1 славеше над Студеничани и тоа преку пресврт. Гостинската екипа се покажа доста цврста и рано поведе преку Адис Зекири уште во 9. минута од средбата во Горно Лисиче. Во ...
Времето на Гвардиола во Манчестер Сити и неговата доминација со овој клуб, произведе некои од најдобрите играчи во Премиер-лигата досега. Сепак, англиските медиуми тврдат дека челниците на клубот донеле одлука што, благо речено, го шокирала Шпанецот. Поентата е дека челниците на Манчестер Сити донеле одлука да го пуштат најдоверливиот играч на Пеп Гвардиола да си оди на лето. Нема знаци за пресврт во оваа ситуација, тврдат англиските медиуми, ...
Во првиот од двата дуела денеска во Бундес лигата, екипите на Сент Паули и Ајнтрахт Франкхурт одиграа реми без голови. Во меч во кој ниту една од екипите не ги искористи своите шанси, Сент Паули беше тимот кому далеку повеќе му се потребни бодови, затоа што овој клуб далеку е од обезбеден опстанок сезонава. Засега со 23 поени и петнаесетто место, а зад него се екипите на Вердер со два поена помалку, Волфсбург со четири поени помалку и ...
Пеп Гвардиола не се штедеше и во неколку наврати беснееше на одлуки кои ги носеше Сем Барот во второто полувреме, па поради еден гласен протест, доби и јавна опомена во вид на жолт картон. Поради правилата кои се имплементираа на стартот на сезоната, менаџерите отслужуваат казна од еден меч за пет добиени жолти картони, а бидејќи на Гвардиола вчерашниот му беше шести жолт картон, сега за него следи суспензија од два меча. Пеп на ...
Марио Манџукиќ како голгетер остави неизбришлива трага во Торино, па токму поради тоа, навивачите на Јувентус знаеја како да му се оддолжат. Во најавата за мечот со Пиза во Серија А, Манџукиќ се појави на теренот и доби стоечки овации од сите на „Алијанц стадионот“, а спикерот на Јувентус го најави на импресивен начин: – Воинот кој никогаш не се предаваше, ѕверот кој беше спосебн да се брани и да дава незаборавни голови, – беа зборовите со ...
Пролетниот дел од општинската лига Гази Баба започна со дерби меѓу Марино и Илинден, а на крајот се радуваа домашните фудбалери на триумф од 1:0. Ова беше дуел од 11. коло, a Илинден го претрпе првиот пораз сезонава. Дербито беше решено во 84 минута кога Муамедин Хасани го матираше голманот на гостите за голема радост на фудбалерите на Марино. По ова коло, Марино е нов лидер на табелата со 27 бодови, Илинден остана на 26 бодови и сега е на ...
Екипите на ФК Интер Кукла Куклиш и ФК Спартмани одиграа интересен пријателски натпревар кој заврши без победник 2:2, во дуел меѓу двете водечки екипи во Општинската фудбалска лига – Струмица. Натпреварот се одигра во силно темпо и во одлична атмосфера, што беше и очекувано со оглед на тоа што на теренот се сретнаа две екипи кои го делат врвот на табелата со по 16 освоени бодови. Во редовите на Интер Кукла се истакна Хаџиев, кој постигна два ...
Ракометниот клуб Партизан не се шегува и од следната сезона подготвува неверојатен проект. Претходните најави се потврдија, и поранешниот македонски селектор и тренер на Вардар, Раул Гонзалез седнува на клупата на „црно-белите“. Шпанецот моментално е селектор на Србите, а од од јуни седнува и на клупата на Партизан. Веќе претходно клубот соопшти дека сегашниот тренер Ѓорѓе Чирковиќ ќе замине по крајот на тековната сезона, а денес за нов ...
Екипата на Динамо Загреб го продолжува походот во хрватското првенство и извојува нова голема победа во вечното дерби против Хајдук Сплит, славејќи со убедливи 1-3 (1-3) во натпреварот кој се играше во рамките на 25. коло. „Модрите“ го најавија триумфот уште во првото полувреме, кога мрежата ја тресеа Зајц, Видовиќ и Бакрар, а единствениот погодок за домашниот тим го постигна Рокас Пукшташ. Вторите 45 минути беа чиста рутина за гостите од ...
Два натпревара се одиграа попладнево од 22.коло во Првата македонска фудбалска лига. Бодовите ги освоија домашните екипи. Постигнати резултати: Башкими – Македонија ЃП 2:0 Тиквеш – Пелистер 1:0. Вчера, Струга го совлада Шкупи со 5:0. Двојките за другите натпревари од оваа рунда се: Силекс – Вардар (9 март) Шкендија – АП Брера (9 март) Работнички – Аресими (10 март). Водечките три екипи на табелата се Вардар со 52 бода, Шкендија има 51, Струга ...
Фудбалерите на Башкими со доминантна игра и голема пожртвуваност го затворија вториот циклус од Првата македонска фудбалска лига, совладувајќи ја екипата на Македонија Ѓ.П. со 2:0. Натпреварот започна со силно темпо на домашните. Уште во 7-мата минута, по асистенцијата на Аворнио, Рибеиро се закани со глава, но голманот Јанков беше на место. Само една минута подоцна, гостите се обидоа преку Стојчевски, но неговиот шут заврши над голот. ...
Тимот на Верона успеа да освои три гостински бодови откако победи кај Болоња со конечни 1:2, во првиот од двата попладневни дуели од Серија А. Иако домаќинот поведе со голот на Рове, сепак, во само четири минути гостите направија комплетен пресврт. Најпрво погоди Фресе, па по него и Боуви за 1:2, што беше и конечен резултат. Од друга страна пак, Фиорентина имаше императив на победа со оглед на загрозениот прволигашки статус, но сепак, одигра ...
Некогашниот прволигаш Борец денес забележа триумф од 1:3 над Влазними Јуниор, во меч од 15. коло на Трета лига – Југ со која победа велешани избија на врвот од табелата. До овој триумф Борец стигна преку пресврт откако Флорим Бесими во 21. минута го отвори резултатот за водство на домашниот тим, а до крајот екипата на Борец направи пресврт со погодоците на Марко Миловановиќ, Теодор Мирчевски и Илхан Имеров. Во вториот дел мрежи мируваа, па ...