Со неколку интересни натпревари започна пролетниот дел од сезоната во Третата лига – Исток, каде што не изостанаа и изненадувања. Најголемото се случи во Делчево, каде Брегалница го совлада амбициозниот Ударник од Пирава со минимални 1:0. Единствениот гол на натпреварот го постигна Максим Смилков во 24. минута, што се покажа како доволно за голема победа на домашниот тим. Со овој пораз Ударник, кој има амбиции за првото место и бараж за Втора ...
Со три одиграни натпревари денеска беше заокружено редовното 12. коло во Третата македонска фудбалска лига – Исток. Пролетниот дел од сезоната се игра со намален број на екипи, откако две екипи се повлекоа од натпреварувањето пред почетокот на вториот дел од шампионатот, па програмата од колото беше скратена. Во Делчево, Брегалница Делчево оствари минимална, но значајна победа над Ударник со 1:0, во натпревар во кој домаќините успеаја да ја ...

