Фудбалерите на Башкими со доминантна игра и голема пожртвуваност го затворија вториот циклус од Првата македонска фудбалска лига, совладувајќи ја екипата на Македонија Ѓ.П. со 2:0. Натпреварот започна со силно темпо на домашните. Уште во 7-мата минута, по асистенцијата на Аворнио, Рибеиро се закани со глава, но голманот Јанков беше на место. Само една минута подоцна, гостите се обидоа преку Стојчевски, но неговиот шут заврши над голот. ...
Кавадаречкиот тим ја потврди добрата форма во вториот дел од сезоната, а битолчани продолжија да редат лоши резултати. Пелистер нема победа на пет натпревари по ред. Тиквеш беше подобар во првото полувреме, создаде повеќе шанси за погодок, имаше и статива, а поведе со гол на Стојанов во 38. минута од натпреварот. Во второто полувреме Пелистер беше офанзивен барајќи израмнување, а Тиквеш од контра напади се обидуваше предвреме да го реши ...

