Во очекување на утрешните дуели од последното 22. коло од вториот круг на домашниот фудбалски шампионат, познати се и главните арбитри кои ќе ја делат правдата. Дербито меѓу Силекс и Вардар во Кратово ќе го суди нашиот интернационален судија Игор Стојчевски од Скопје. Дуелот во Тетово меѓу екипите на Шкендија и Брера ќе му припадне на Фатмир Бафто. И двата дуели почнуваат во 14 часот. Во очекување на утрешните дуели од последното 22. коло ...

Со два натпревари в понеделник продолжува 22. коло во Првата македонска фудбалска лига. Сите очи ќе бидат вперени кон Кратово, каде Силекс ќе го пречека лидерот и есенски шампион Вардар. На центарот на Градскиот стадион во Кратово ќе застане Игор Стојчевски, а нему ќе му помагаат Дарко Видиновиќ и Филип Ицковски. Во Тетово, пак, Фатмир Бафто ја доби довербата да ја дели правдата на натпреварот меѓу Шкендија и Брера. Негови помошници се Мишо ...