Викендов второлигашот Билјанини Извори одигра пријателски меч против прволигашот Речица, кој го доби со резултат од 3:1. Охридскиот тим кој е поранешен шампион на Македонија, кој играше и квалификации за Лига на шампиони одигра одличен меч, со дисциплина и залагање во текот на целиот натпревар. Двоен стрелец за охридскиот тим беше Сара Секулоска, а еден гол беше дело на Ивана Николоска. Екипата на Билјанини Извори ќе цели кон баражот за можен ...

Ракометна Македонија викендов се сели во Охрид, каде домашниот ГРК Охрид го пречекува тимот на Алкалоид во натпревар кој директно може да го одреди патникот во Европската лига. Влогот е огромен, а атмосферата веќе се загрева благодарение на пораките од таборот на охриѓани. „Финале“ пред домашната публика Еден од клучните играчи на Охрид, искусниот Вуко Борозан, не крие дека овој дуел за него и неговите соиграчи има тежина на финале. ...