Вака изгледа снимена од дрон новата парковска површина во Лозово, административниот центар на истата општина. Паркот се простира на површина со вкупно 14.000 метри квадратни, наменет е за рекреација и спорт на граѓаните на локалната заедница. Новата јавна зелена површина специфична е по својот изглед затоа што од воздух прикажува глетка на македонското знаме. Просторот, кој според својот изглед е единствен во државата, е поделен на две зони ...

Фудбалска Академија „Работник Галактикос“ од Лозово учествуваше со женска фудбалска екипа, која брои голем број на девојчиња, на „Охридски женски куп 2026“. Екипата продолжува да ниже резултати со освојување на третото место и бронзениот медал на овој куп. „Меѓу одличните млади фудбалерки играше и Михаела Наумова, која беше избрана меѓу најдобрите фудбалерки на турнирот “, соопштија од „Работник Галактикос“ . Исто така, две млади фудбалерки, ...

Годинава трката која што ќе се одржи во недела, на празникот 11 Октомври, е посветена на ветеранот Санде Стојановски атлетичар и најстар маратонец во Лозово. Маратонот е составен од четири трки, на 100, 200 и 400 метри кои се ревијални како и трката на 15 км, за професионални атлетичари и рекреативци кои што ќе се натпреваруваат во машка и во женска конкуренција. -Вкупниот награден фонд кои што го обезбедува Општина Лозово изнесува 52 илјади ...

Голем пожар избувнал вчера, на 19 јуни, во 13:27 часот на трансформатор во фотоволтаична централа лоцирана во месноста „Овче Поле“. Како што објавија од Противпожарната единица Свети Николе било интервенирано со две противпожарни возила. Пожарот бил локализиран по неколкучасовна интервенција, но и покрај брзата реакција на противпожарната единица, предизвикана е голема материјална штета. Причините за пожарот сè уште не се утврдени. Се очекува ...

Седумдесет и седум деветтоодделенци на првиот уписен рок се запишале во Средното општинско училиште „Кочо Рацин“ од Свети Николе, од кои 60 ќе започнат со наставата во прва година во учебната 2025/2026 година. Останатите 17 ученици кои не се запишани ќе имаат нова шанса да конкурираат во вториот и третиот уписен рок, кога ќе бидат намалени критериумите за прием. Според конкурсот објавен од Министерството за образование и наука, училиштето има ...

Со воведувањето на целосната забрана за движење во сите шуми и на целото шумско земјиште, се забранува движење и престој во шумските излетнички места меѓу кои спаѓа и популарното излетничко место „Бареш“ за светиниколчани. „Бареш“ се наоѓа во ѓуришкиот дел од општина Свети Николе во кој жителите вообичаено се разладуваат во сенките на боровата шума и се дружат со приготвување скара. Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение ...

Светиниколските пожарникари вчера гаснеле три пожари на територијата на општината. Првиот пожар избил во 09:00 часот во кругот на Акционерското друштво „БИМ“ каде се запалиле трска и ниска вегетација. Таму пожарникарите интервенирале со 2 против пожарни возила и со 1 теренско возило. Три часа подоцна се случила втората интервенција над запалена трева во близина на објекти кај „Агровита“ со едно против пожарно возило. Пожарникарите во 15:45 ...

Екипите на Противпожарната единица од Свети Николе вчера интервенираа на четири различни локации поради повеќе пријавени пожари, притоа ангажирајќи значителен број возила и ресурси. Првиот пожар е пријавен во 14:28 часот во месноста „Преодски ливади“, каде интервенирале две противпожарни возила и едно теренско возило. Станувало збор за запалена сува трева. Набргу потоа, во 15:00 часот, бил пријавен нов пожар во месноста „Крушки“, каде се ...

Општината на својата веб страница објави два јавни повици. Со првиот овозможено е доставување предлози и податоци за настани, манифестации, јубилеи и истакнати личности кои имаат значење за културниот, традиционалниот, верскиот и општествениот живот во Општина Свети Николе. Вториот повик има за цел собирање фотографии или документи кои ја отсликуваат историјата, културата, природните убавини и традиционалните вредности на општината. ...

Во Велес од вкупно пријавените 96 заболени од грип, во периодот од 12 до 18 јануари, најголем број или 64 граѓани припаѓаат во најголемата старосна група од 15 до 64 години. Потоа следат заболените 16 граѓани на возраст од 65 и повеќе години, па 14 се деца до четиригодишна возраст и 2 на возраст од пет до 14 години, соопшти ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес. Овие податоци на јавната здравствена организација покажуваат дека заразното ...

Делегација на Територијалната протв пожарна единица Свети Николе од 28 јануари до 2 февруари остварила работни средби и посети на неколку доброволни противпожарни друштва во областа Јужен Тирол, Италија и градот Мерано, каде што се запознала со нивниот систем на работа и начинот на функционирање. Пожарникарите ја посетиле и фабриката „Розенбауер Груп“ водечки производител на противпожарна опрема и возила. „Во текот на посетата беше преземена ...

Амбасадата на Јапонија, претставувана од Амбасадорката на Јапонија во Република Северна Македонија, Н.Е. Сецуко Кавахара, го потпиша договорот за грант, со Дејан Владев, градоначалник на општина Свети Николе кои има за цел подобрување на основните човекови потреби преку „Грант програмата за мали проекти за човекова безбедност (GGP)“. Проектот за обезбедување на теренско противпожарно возило за општина Свети Николе во вредност е од 32,430 евра ...

Амфитеатарот на Институтот „БиоСенс“ во Нови Сад, од денеска, го носи името на д-р Васко Саздовски, трагично починатиот научник од овој институт, кој го загуби животот при падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад. Покрај неговите извонредни професионални достигнувања, д-р Саздовски беше познат по својата љубезност, великодушност и посветеност кон своите студенти и колеги. „Со именувањето на амфитеатарот по д-р Васко ...

Родителите на 387 деца што престојуваат во Детска градинка „Рахилка Гонева“ во Свети Николе од 1 април ќе плаќаат 2000 наместо досегашните 1.490денари. Покачувањето за 510 денари е поради рентабилност и подобрување на условите за престој на децата, објасни директорката Билјана Владева Миланова. Според директорката цената се покачува за прв пат по 22 години и покрај повеќекратното досегашно зголемување на трошците за храна и одржување на ...

Фирмата претрпела штета во висина од 44.222 евра кога финансиски средства биле уплатени за набавка на репроматеријали но, пристигнале на банкарска сметка на фирмата во Италија. Трансакцијата била пресретната а средствата стигнале на непозната сметка во Португалија. Измамата според Секторот за внатрешни работи (СВР – Штип) била пријавена на 27 март, годинава, во 22:25 часот во Полициската станица Свети Николе. Таму 24-годишната сопственичка на ...

Дронот од марка „ DJI Mavic Air 2“ на Територијалната против пожарна единица (ТППЕ) Свети Николе им го подарија Драган Ѓуровски и Магдалена Ѓошевска, кои што живеат и работат во градот Франкфурт во Германија. -Оваа донација претставува значајна поддршка за нашата работа, бидејќи дронот ќе ни овозможи подобра контрола, побрзо детектирање и поефикасна координација при интервенции на пожари на отворен простор,“ соопштија од ТППЕ Свети Николе. ...

Според информациите на Центар за управување со кризи, денешното невреме, проследено со силен ветер беше причина за интервенции на Јавно комунално претпријатие „Дервен“ за отстранување паднато дрво кај Ликовниот салон Велес додека Јавно претпријатие „Македонија пат“ интервенирало три пати на автопатот Скопје – Градско поради паднати дрвја како и еднаш на локалниот пат Велес – Градско поради одрон и паднато дрво. Во Општина Кавадарци, ТППЕ ...

На прагот на сезоната на пожари, доброволните противпожарни друштва во Македонија повторно се соочуваат со истиот проблем: недоволна вклученост во системот и слаба материјално-техничка опременост. Сè што прават е резултат на личната пожртвуваност, ентузијазмот и хуманоста на нивните членови. Кога огнот ќе бувне во Неготинско, Столе Милошевски и неговите колеги од Доброволното противпожарно друштво Неготино немаат луксуз да чекаат. Излегуваат ...

Градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев со апел до граѓаните за рационално користење на водата за пиење. Водата од ХС Злетовица е екстремно заматена по невремето во источна Македонија. Таа не се преработува туку се дренира. Резерви има, но и покрај рационалното користење ќе има рестрикции чија должина ќе зависи од свеста на граѓаните. Градоначалникот Владев го објави и известувањето на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ до ...

Грантови од 1.000 до 5.000 долари за климатски проекти можат да добијат млади на возраст од 15 до 24 години кои живеат и имаат идеи во Свети Николе. Општината го отвори повикот за „Фонд за климатска акција на младите“, дел од глобалната програма Bloomberg Philanthropies Youth Climate Action Fund, Целта е младите директно да се вклучат во создавање решенија за климатските предизвици со кои што секојдневно се соочуваат во својата заедница – од ...

Како активност на Еразмус + проект во велешкото општинско основно училиште „Васил Главинов“ како домаќин заедно со учениците од партнер училишта од Полска, Шпанија и Турција одржаа работилница со тема „Математика и родова еднаквост низ призма на бројките“. Работилницата беше посветена на истражување на родовата еднаквост преку математички податоци, проценти, статистики и нумерички споредби. На работилницата, учесниците разгледуваа како ...

Преку стручниот и научно аргументиран пристап, на д-р Стојанче Костов, истражувач на народните ора при Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје, вчеравечер, присутни велешани на настан во ЛБ„Гоце Делчев“ имаа можност поблиску да се запознаат со истражувачката дејност, значењето и придонесот на велешанецот Ганчо Пајтонџиев во проучувањето и документирањето на македонското традиционално оро. Предавањето отвори повеќе суштински прашања ...

Алатката ја подготви Фондацијата Импакт Нет како нов модул, интегриран во мобилната апликација Green Map. На алатката и претходеше анкета во која резултатите се дека 42,9% од институциите што одговориле на прашалникот немаат пристапен тоалет за лица со попреченост, 57% немаат лифт за пристап до услугите на повисоките катови, а кај 43% не постои ниту буџет за подобрување на пристапноста. Ова се дел од резултатите од мапирањето што го ...

Во велешкото село Раштани, вчера, фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Бузалково“ од Бузалково и ФК „Тополка“ од Превалец завршил со физички напад. Инцидентот се случил околу 15 часот, на крајот на натпреварот, откако двајца навивачи влегле на теренот и натепале тројца фудбалери од гостинската екипа, соопшти Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес. „На 01.11.2026 во 15:00 часот во СВР Велес е пријавено дека на фудбалско игралиште во село Раштани, ...

Невработени лица во Велес,Чашка и Градско кој што досега работеле и имаат работни искуства но немаат дипломи за профилите Инсталатер за греење и климатизација, Автомеханичар, Инсталатер за цевкини водови, Машински механичар, Слаткар, Готвач, Бариста, Администратор на веб страница, Автоелектричар и Електричар, сега ќе можат да ги верификуваат своите знаења и да се стекнат со Сертификат за полесно да најдат работа. Овие невработени лица можат ...

Два уреди за воспоставување на комуникација со деца кои имаат проблем со говор и деца со аутизам, создадени од инжинерскиот тим на велешката компанија „ИДЕА ХОЛДИНГ“, прв пат беа презентирани во саботата на 31 октомври во Скопје. Инжинерот Никола Тодоровски е креатор на дидактичкиот уред „GLOO didactic“ додека „SLP CUP“ е производ на инжинерскиот тим на „ИДЕА ХОЛДИНГ“. На презентацијата во саботата д-р Мулјаим Качка ги истакна охрабрувачките ...

На шест месечна возраст е новороденчето од Велес кое е потврден случај со морбили или мали сипаници од страна на Институт за јавно здравје. Тоа според вакциналниот календар ги примало останатите но според возраста не можело да ја прими МРП вакцината потврди д-р Марина Тодоровска, педијатар и раководител на Службата за превентива заштита на предшколски деца при ЈЗУ Здравствен дом Велес. – Детето е носено на контроли во Службата во Велес и ги ...

Во Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес, вчера, тројца велешани пријавиле дека биле измамени за различни суми на пари од П.М. од Битола, со која биле во роднинска врска. „Имено, 73-годишна велешанка пријави дека била измамена за сума од 1000 евра, на тој начин што П.М. побарала од неа да ѝ ги позајми парите, со изговор дека ѝ се потребни за операција на нејзината внука. Исто така, 84-годишен велешанец пријави дека бил измамен за сума од ...

Зголемен е бројот на случаи на семејно насилство на територијата на општините Велес, Чашка и Градско.Во дневните полициски билтени нема ден во кој што не се објавени физички или психички малтретирања на мажи врз жени, на деца врз родители или на други видови на насилства. Сепак најчести жртви на семејсно насилство се жените велат од Организација на жени на Општина Велес која има отворено Сервис за психо-социјална поддршка на жени – жртви на ...

Настанот се случил вчера во Велес, по претходна расправија, кога четириесет годишната жена го нападнала три години постариот сопруг. Тој ја пријавил во полиција. „На 04.11.2026 во 12:40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишија од слобода Е.Н.(40) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека по кратка расправија физички го нападнала нејзиниот 43-годишен сопруг и му се заканувала. Известени биле јавен обвинител и Центар ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
76%
1029
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
1.1
76%
1026
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
72%
1026
weather icon

Софија

3ᴼ / 2ᴼ
4.12
74%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.42
90%
1029
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 3ᴼ
0.51
87%
1025
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
3.13
70%
1029
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
2.57
81%
1026
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
93%
1027
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
0.0
77%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
74%
1028
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 5ᴼ
2.57
95%
1031
Currency

61.618

Currency

54.966

Currency

73.824

Currency

38.079

Currency

39.231

Currency

67.259

Currency

8.2484

Currency

0.67204

Currency

0.34745

Currency

0.52348

Currency

1.0971

Currency

0.58413

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Сребро

1666.05

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Иридиум

321507.47