„Мицкоски нуди два сценарија. Првото – да се најде купувач. Второто – банката да оди во стечај. Првото сценарио: да се најде купувач. Нема купувач. Стандардно од ВМРО и Мицкоски е некој друг да им биде виновен. Но, вистината е дека никој не сака да купи криминално портфолио на банка во сопственост на човек што до вчера држеше мала менувачница во Земун“, велат од СДСМ за случувањата со битолската Алта Банка. Според партијата, ниту една ...

Во Скопје почна голема акција за засадување 3.500 нови садници, а до крајот на сезоната се предвидува вкупно да бидат засадени 6.000 дрвја низ градот, објави на Фејсбук скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. -Секое ново дрво е влог во градот во кој живееме и во иднината на нашите деца. Повеќе сенка за летните денови, почист воздух и повеќе зелени места за прошетки, игра и дружење – напиша Ѓорѓиевски. Тој информира дека со акцијата ќе бидат ...

Кире Наумов економист Илијадници пати може да слушнеме дека не е страшно ако се задолжуваме, туку за што се задолжуваме. Во принцип, секој министер за финансии кога ќе одлучи колку повеќе ќе направи расходи од приходи во буџетот, носи и одлука од каде ќе го покрие тој минус односно дефицит. Можно е да покрие дел од депозитите на државата доколу постојат но, пред се’ тоа се прави со ново задолжување. Така доаѓаме до тоа дека е важно за што се ...

Катастрофалниот извештај на Европската комисија е директен одраз на резултатите од владеењето на Мицкоски и ВМРО-ОКГ, порача секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски, на денешната прес-конференција. Тој нагласи дека оценките од Брисел ги потврдуваат предупредувањата на СДСМ за распространетата корупција, политичките притисоци врз правосудството и медиумите и закочениот европски пат. „Катастрофата во која Мицкоски и ...

Делегација од македонското Собрание учествуваше на Интерпарламентарниот состанок на Комитетот за култура и образование (CULT) при Европскиот парламент, посветен на спроведувањето на Европскиот акт за слобода на медиумите (EMFA), кој се одржа на 4 и 5 ноември во Брисел, Белгија. Во состав на делегацијата, како што соопшти собраниската прес-служба, беа пратеничките Саранда Имери Стафаи, претседателка на Комисијата за култура и туризам, Каљтрина ...

Температури над просекот за ноември кои ќе се искачат над 20 степени, силен јужен ветер со удари од над 60/70 км/час, но и нови врнежи ни носи втората недела од ноември на Балканот, но и во Македонија. Во текот на втората недела од ноември, односно во периодот од 9 до 16 ноември Атлантикот ќе се активира и ќе ни носи значително потоплол но и повторно повлажен воздух. Повторно ќе има нови пообилни врнежи ширум Балканот, а нови локални врнежи ...

31-годишна жена од Куманово вчеравечер била пријавена како исчезната, соопшти МВР. Случајот го пријавил таткото на жената. „На 04.11.2026 во 20:00 часот во СВР Куманово, М. М. (54) од Куманово пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка М. Џ. (31). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово. ИЗДВОЕНИ “Уплати 10.000 денари, бара син ти во затвор” „Алта банка“ меѓу новиот сопственик ...

Жителите на Битола земаат директно учество во дефинирањето на приоритетите за општинскиот буџет наменет за 2027 година. На одржаната втора форумска сесија присутните презентираа сопствени иницијативи и планови за проекти што сметаат дека треба да добијат финансирање во претстојниот период. Меѓу главните барања беа посочени уредувањето на Старата чаршија, градежните инвестиции во комуналната мрежа, санацијата на сообраќајниците и чистењето на ...

Преседан во судската пракса: Строги законски мерки: Масовна појава на сообраќајни прекршоци: Повисокиот суд одлучуваше по пресуда на Основен суд Кавадарци, на која се жалеше кавадаречкото обвинителство, и донесе одлука според која осудениот триесет и пет годишен А.М од Кавадарци за кривичното дело што му се става на товар наместо да плати парична казна во висина од 2 илјади евра ќе издржува затворска казна во времетраење од шест месеци. ...

Македонија активно се вклучи во новиот План за раст за Западен Балкан и ги засили напорите за реализација на четирите столба на планот: постепена интеграција во единствениот пазар на Европската унија (ЕУ), регионална економска интеграција, суштински реформи и зголемена финансиска поддршка, се наведува во извештајот на Европската комисија (ЕК) за напредокот на земјава. Во документот се додава дека клучните реформи поврзани со ЕУ е неопходно да ...

Фото: Весник Македониум Се наоѓа во близина на селото Долна Горица, општина Пустец. Тоа е највидливото и најинтересното место каде што водата тече под земја од Преспанското Езеро до Охридското Езеро. Овој геоспоменик има научна, геолошка, геоморфолошка, културна и туристичка вредност. Понорот Завер се наоѓа на западниот брег на Преспанското Езеро, на пресекот на два тектонски раседи. Од 2002 година, е прогласена за споменик на природата од ...

Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС) ја пречека 21-вата генерацијановозапишани студенти, со што официјално започна новата академска 2026/2027година.Со настанот „Start Smart @UACS“ организран по повод започнувањето на академскатагодина, УАКС одбележува 21 година успешна работа посветена на академско извонредност и градење на генерации подготвени за современиот свет. Воедно, универзитетот продолжува да ги негува своите основни вредности ...

АМСМ преку „А.Д „Илинден“ – Струга известува дека од 28.10.2026 г. ќе се воведе времен режим на сообраќај на Автопатот А2 делница Кичево – Охрид, во делот Пресека – Песочан до клучка Арбиново, поради изведување градежни работи за санација на лев коловоз и ќе трае се до завршување на санацијата. Упатуваме апел за поголемо внимание во патниот сообраќај и почитување на поставената патна сигнализација. АМСМ преку „А.Д „Илинден“ – Струга ...

„Во однос на креирањето немир и хистерија на СДС и Филипче, за Алта банка, време е СДС на чело со Филипче да престане да создава вештачка криза, да престане да ја руши довербата на граѓаните во институциите и финансискиот систем“, велат од ВМРО-ДПМНЕ за обвинувањата од СДСМ за случајот со Алта Банка. ВМРО-ДПМНЕ ги обвинува СДСМ дека со притисокот кон НБРМ и хајката против Алта банка создаваат терен за евтино преземање на банката од страна на ...

Ученик активирал солзавец за време на настава во средното уметничко училиште. Инцидентот го пријавил загрижен родител, кој вели дека една недела по овој сериозен инцидент нема никаков одговор од институциите, и покрај тоа што сериозно биле загрозени здравјето и безбедноста на учениците, пренесува Сител ТВ. За време на часот по сликарство, ученик од четврта година, од смерот сликарски дизајн, активирал солзавец во ателјето каде што се ...

Платформата за родова еднаквост ги осуди јавните изјави на Петар Богојески, изнесени во телевизиска дебата на ТВ Алфа, со кои се релативизира и оправдува родово-базираното насилство, а воедно се повикува на контрола врз жените и се промовира идејата дека мажот треба да има надзор врз својата партнерка. Од Платформата посочуваат дека особено е загрижувачки што ова доаѓа од универзитетски професор и претседател на Македонски концепт, партија ...

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно отстрани две минофрлачки гранати од 75 mm од Прва светска војна што биле пронајдени на локација каде што се работи на изградба на автопатот Битола – Прилеп. Местото на минско експлозивните средства прво било обележано по што, тоа место, а и поблиската околина, ги проверува стручно лице за да провери дали има уште такви или други заостанати неексплодирани убојни средства. Од ДЗС информираат ...

Без електрична енергија денеска во периодот од 08:30 до 15:00 часот ќе останат корисниците во селата Вртекица, Рамни Габер, Пагаруша и Долно Маало од село Долно Количани во општина Студеничани, соопшти РЦУК – Скопје по информација добиена од ЕВН Македонија АД. Во периодот од 09:00 до 15:00 часот, пак ќе бидат без струја и корисниците на ул. Христо Татарчев бр 24 во општина Кисела Вода. Без електрична енергија денеска во периодот од 08:30 до ...

Над 900 учесници од повеќе од 12 земји, над 30 говорници и повеќе од 80 партнери се дел од годинешното издание под мотото „From Wait to Go: E-commerce at AI Speed!“ Утринава во Скопје започна деветтата Регионална конференција за е-трговија, која и годинава ги става во фокус најактуелните промени во дигиталната економија и нивното влијание врз бизнисите и потрошувачите. Во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ), ...

Општина Гевгелија започна со постапка за проектирање нов градски плоштад, кој според локалните власти, треба да биде современ, функционален и урбан простор со кој ќе се разубави изгледот на централното градско подрачје. На работна средба со претставници од општинскиот Сектор за урбанизам, претставници на проектантското биро и стручни лица од областа на архитектурата и урбанизмот, локалните власти ги разгледале предлозите за идниот изглед на ...

Во рамки на фестивалот АКТО, вечерва во 19:00 часот, во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет при УКИМ, ќе се одржи јавно предавање насловено „SEMPER IDEM… or it is not?“ на архитектот, сценограф и теоретичар Радивоје Динуловиќ од Нови Сад. Динуловиќ е професор на Универзитетот во Нови Сад, а претходно предавал и на УКИМ во Скопје. Тој е автор на повеќе од 100 проекти, над 50 есеи и монографијата „Архитектура на театарот во 20 век“. ...

Со свечени богослужби и академија, денеска и утре ќе бидат одбележани празникот посветен на светиот великомаченик Димитриј и 130-годишнината од изградбата на храмот „Свети великомаченик Димитриј“ во Скопје. Одбележувањето ќе се одржи со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Програмата започнува денеска во 17 часот, со празнична Вечерна богослужба и Акатист, со кои ќе чиноначалствува Митрополитот ...

Фото: Oпштина Преспа Ученици од Ресен, Пустец и Лемос ќе учествуваат на вторите училишни игри „За пријателите сè е заедничко“ е мотото под кое во четврток и петок ќе се одржат вторите училишни игри Преспа, во организација на општина Преспа, со учество на ученици од Ресен, од општина Лемос и од Пустец, кои заедно ќе поминат два дена запознавајќи се со природните и културните вредности на регионот преку игра и спорт. Од општина Преспа ...

„Нема покорумпиран претседател и систем во светот, мислам дека може да се споредува со египетските фараони, релативно споредено. Ова ниво на корупција и пљачка и тоа ова што го знаат. Каков Вучиќ? Вучиќ за него е…Не само во апсолутни цифри бидејќи ваму во прашање се стотици милијарди. Илон Маск е преплашен, ако е паметен. Бидејќи и он е помалку психопат, не сум сигурен колку разбира што го чека“, рече новинарот Сашо Ордановски за изборите во ...

Денеска свечено беше пуштена во употреба третата фаза од системот за наводнување „Страиште“ во Пирава, општина Валандово. Со реализацијата на оваа фаза се очекува дополнително да се подобрат условите за наводнување на земјоделските површини во регионот, што ќе придонесе за поефикасно земјоделско производство. Премиерот Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на настанот, нагласи дека со овој проект ќе им се овозможи на земјоделците кои ги ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска оцени дека образованието бележи значителен напредок, кој е препознаен и во Извештајот на Европската комисија за 2026 година. Таа истакна дека пред две и пол години приоритет било запирањето на, како што рече, слободниот пад на образованието, пренесе МИА. -Пред две и пол години реков дека треба да го запреме слободниот пад на образованието, затоа што тоа беше реална ситуација. Тоа го ...

Скопје, ноември 2026 – Прилепска Пиварница, преку брендовите Златен Даб и Златен Даб Амбер, и годинава се приклучува на глобалната кампања Movember, посветена на подигнување на свеста за машкото здравје. Во рамките на кампањата, компанијата ќе донира опрема и средства што се потребни за спроведување на прегледите во Одделот за урологија при ЈЗУ Општа болница Струмица и подготви едукативна брошура за важноста на превенцијата и навременото ...

Со свечена програма на платото на УКИМ, денеска Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје го одбележа почетокот на новата академска 2026/2027 година. Првиот академски час беше посветен на новата генерација студенти, со свечени обраќања, културно-уметнички настапи и симболично доделување индекси. Студентите имаа можност да се запознаат со академската заедница, да добијат информации за студиските програми, студентските организации и ...

Жителите на населбата Драчево денеска ќе останат без вода поради уличен дефект на водоводната мрежа. Photo by Swanky Fella on Unsplash Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека дефектот е на водоводна цевка со профил Ф150 милиметри на улицата „Драчевска“ бр. 68. Прекинот во водоснабдувањето започнал во 10:30 часот и ќе трае до санирање на дефектот. Екипите на надлежното претпријатие треба да работат на отстранување на ...

Фото: Архива на македонскиот весник “Илинден“ Првите снежни врнежи ја зафатија планинската област Гора, во округот Кукс, по падот на температурите во повисоките предели. На надморска височина над 1.000 метри, дождот премина во снег, кој покри неколку села во областа, меѓу кои Шиштеец и Запод. Според досегашните информации, снежната покривка достигнала до 5 сантиметри. Засега нема пријавено проблеми или прекини во одвивањето на секојдневните ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1027
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.03
65%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.54
86%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
85%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
0.0
71%
1023
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.275
64%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07