Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Поглед на Скопје од Водно, широи простории, големи тераси и џакузи. Ова го откриваат фотографиите закачени на сајтот на Агенцијата за одземен имот, на огласи преку кои всушност се продаваат три станови за кои обвинителството тврдеше дека се скриен имот на екс премиерот Никола Груевски. Државата ги конфискуваше после правосилната пресуда за случајот Плацеви на Водно, а два од три апартмани веќе беа на продажба но безуспешно. Цената на ...
Голема меѓународна полициска акција резултираше со лишување од слобода на двајца клучни припадници на озлогласената организирана криминална група „Беланоца“. Опасните бегалци, по кои Интерпол веќе имаше издадено меѓународни потерници, се криеле на албанското крајбрежје, каде се обидувале да купат спас и целосно да и збегнат на правдата за серија тешки кривични дела извршени на нашата територија. Заканата од оваа транснационална криминална ...
Деновиве повторно се актуелизираат обвинувањата за несовесно и коруптивно работење на одговорните структури во ЗАМП, за што како медиум предупредуваме веќе подолг период. Целта е да се поттикне поголема свесност и реакција кај авторите, бидејќи токму нивните интереси се најзасегнати, а нивните авторски дела, според изнесените тврдења, се материјално оштетени и девалвирани преку начин на работа за кој се тврди дека има криминална позадина. ...
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска оствари средба со Султан Раев генерален секретар на Меѓународната организација за турска култура ТУРКСОЈ (TURKSOY) На средбата, министерот Љутков упати благодарност за укажаното гостопримство за време на неговата посета на Анкара пред неколку месеци и изрази задоволство што генералниот секретар Раев, сега има можност да ја посети нашата земја, да се запознае со нашиот главен град, како и ...
Тимот Safe Trace, три 17-годишни ученички, Бисера Дрндар, Ана Костуранова Денковски и Мија Костуранова Денковски, го освои првото место и наградата од 500 евра на хакатонот SheSafe Online што се одржа во Скопје. Нивното решение „Дигитален Чувар“ е платформа поддржана со вештачка интелигенција што им помага на корисниците да ги разберат и заштитат своите дигитални идентитети, анализирајќи јавно споделени информации и покажувајќи преку ...
61-годишна жена пријавила во полиција дека ѝ биле одземени пари и часовник од сеф во банка, кој таа го имала закупено. Според полицијата, вчера во 14:20 часот во СВР Скопје 61-годишната жена пријавила дека од сеф во банка, кој таа го закупила, биле одземени пари и часовник. МВР соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Текстот Од сефот во банка и украле пари и часовник: ограбена скопјанка е превземен од МАКФАКС. ...
На две недели пред почетокот на првенството, кога новиот прволигаш ФК Брегалница 2008 од Штип го игра првиот натпревар со скопски Вардар, конечно, како што потврдија од општината Штип, пристигнале претставници на потенцијалниот инвеститор. Како што е познато на штипската спортска јавност, се работи за германскиот инвеститор Франк Соломон, кој покажал интерес да купи 51 отсто од акциите на АД Брегалница 2008. Акциите се’ уште не се купени на ...
Тимот „Сејф трејс“, составен од три 17-годишни средношколки, го освои првото место на хакатонот „Ши сејф онлајн“ во Скопје, со иновативно решение базирано на вештачката интелигенција. Нивната платформа „Дигитален чувар“ ги анализира јавно достапните информации и предупредува колку лесно може дигиталните траги да откријат чувствителни лични податоци. На хакатонот учествуваа седум тима, кои во рок од 36 часа развиваа технолошки решенија за ...
Се асфалтираат три краци кои се дел од улицата „Даме Груев“ во месноста викана „Мал Париз“ во вкупна должина од 410 метри. Асфалтирањето на коловозот на овие три краци изнесува 5.196.720 денари. Претходно се работеше мешовита ( фекална и атмосферска ) канализација со приклучоци во вредност од 4.325.218 денари. Исто така и водоводна мрежа со приклучоци со вредност од 1.885.289 денари. Вкупната сума на оваа реконструкција на трите краци чини ...
Денес се одржа седница на локалниот Совет за превенција, со кој претседава градоначалникот на Битола, Тони Коњановски. Беа отворени повеќе теми на кои претставници на институции ги истакнаа состојбите и во делот на превенцијата и во делот на санкционирањето, а беа од СВР Битола, Центарот за социјални работи, од ЈП „Комуналец“ за прифатилиштето „Хачико“, како и од противпожарната единица на Битола. Беше информирано за тоа каква е ситуацијата ...
Добивај вести на Viber Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот судија за деца поднесе барање да се поведе подготвителна постапка против две 14-годишни девојчиња за насилство, за случајот од 30 јуни, кога во парк во Општина Аеродром беше физички нападнато 12-годишно девојче, додека присутни малолетници го снимаа настанот со мобилни телефони. За еден 15-годишник се бара подготвителна постапка за помагање при извршување на тоа ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против И.В. (21) од Пехчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем”. Пријавениот поттикнал малолетник да одземе банкарска картичка од неговиот дедо и без негова согласност и дозвола од банкомат во седум наврати подигале парични средства, при што на оштетениот му нанеле вкупна ...
Забрана за приближување, целосно одвојување на насилниците и забрана за каков било меѓусебен контакт или комуникација со жртвата се итните мерки на претпазливост кои Обвинителството побара од судот експресно да ги одреди за четирите малолетни лица инволвирани во бруталниот напад во Аеродром. Инцидентот се случи на крајот на минатиот месец на игралиште зад трговски центар во Скопје кога група тинејџери извршија грубо врсничко насилство, ...
Полициски службеници од СВР Велес синоќа го уапсиле У.Ф.(35) од Велес, кој се сомничи дека од двор на 54-годишен велешанец одзел разни предмети, информира МВР во билтенот. При преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека тој издржувал казна затвор во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, а во моментот користел викенд отсуство. У.Ф. бил спроведен во установата, известен бил јавен обвинител и против него ќе биде поднесена ...
Седумдесет и едногодишен скопјанец пријавил во полиција дека бил физички нападнат од својот син, кој ја нападнал и неговата ќерка, а притоа оштетил и дел од покуќнината во семејниот дом во скопската населба Центар. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на денеска по полноќ, во 01:40 часот, а нападот се случил претходниот ден, околу 19:00 часот. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно ...
Министерството за здравство чека одговор од УКИМ за идејата за отворање тригодишни студии за парамедици, со кои ќе се реши проблемот со недостиг на лекари и екипи во Итната медицинска помош. Министерот за здравство, Азир Алиу за „Локално“ изјави дека од страна на Министерството се завршени сите процедури за воведување на овие студии и дека документацијата уште пред еден до два месеци е веќе пратена до универзитетите. Според него со отворање ...
Млад доктор по општа медицина од Клиниката за онкологија тужи свој поискусен колега специјалист по онкологија од истата клиника за вулгарни навреди и пцовки што тој наводно му ги упатил пред пациенти и вработени во амбулантата за малигни тумори на коските. Како отштетно побарување за навреда, тој бара 200 илјади денари. Има две верзии на тоа што всушност се случило, а која е вистинита, ќе пресече судот. Според верзијата на младиот лекар, ...
На 09.07.2026 во 16:10 часот во село Воиславци, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишија од слобода Н.С.(31) од село Воиславци и Е.Т.(18) од Струмица. При претрес во домот на Н.С., извршен со судска наредба, во кој била затекната и Е.Т., била пронајдена марихуана. При претрес во домот е пронајден и мобилен телефон кој потекнува од кривично дело кражба За случајот е запознаен јавен обвинител, a по документирање на ...
Полицијата во Драч, Албанија во меѓународна операција со кодно име „Бес“, уапси две лица барани од властите на Македонија и со меѓународна потерница на Интерпол за низа тешки кривични дела. Операцијата е спроведена во соработка со Дирекцијата на локалната полиција во Драч, Службата за дипломатска безбедност (ДСБ) на амбасадите на САД во Тирана и во Скопјe, како и македонски колеги. Уапсени се М. Џ., 26, роден во Скопјe, и С.Н., 34, роден во ...
Министерот за здравство Алиу на брифинг со новинарите, три дена пред новиот состав на владиниот кабинет да се најде пред народните избраници. На негово место за нов кормилар на здравствениот систем во државава е предложен Сашо Клековски, актуелниот директор на Фондот за здравство. Што посочи Алиу како негово најголемо остварување за време на функцијата, што му порачува и остава на неговиот наследник, известува Андријана Ѓурческа. Министерот ...
Мароко беше елиминирано од Светското првенство, но поразот предизвика тензична атмосфера на улиците во Лондон. На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледаат групи навивачи, полициско присуство и хаотични сцени по натпреварот. Тензична ноќ во Лондон По завршувањето на натпреварот, дел од мароканските навивачи излегоа на улиците, а ситуацијата на повеќе локации излезе од рамките на спортска еуфорија. Според видеата што се шират на ...
Сребреница претставува траен и темен печат врз совеста на целото човештво – нагласи претседателот на Собранието, Африм Гаши, на денешното одбележување на Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница во законодавниот дом. Тој потсети дека 11 јули 1995 година е злогласен датум кога беа убиени речиси 8.000 бошњачки муслимани, чија единствена вина била нивната етничка и верска припадност. – Тоа утро згаснаа илјадници животи и ...
Во време кога Европа сè погласно зборува за критични минерали, стратешки суровини, енергетска независност и индустриска конкурентност, Македонија не може да си дозволи рударството да го третира само како контроверзна тема. Напротив, прашањето за минералните суровини станува дел од новата европска економска реалност во која државите што располагаат со ресурси треба да одлучат дали ќе ги управуваат одговорно или ќе останат настрана од процесите ...
Син ѝ се заканувал на мајка си во филијала на банка во Неготино и нападнал полициски службеници, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. – Вчера во 13 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР – Неготино го лишија од слобода И.П., 35-годишник од село во неготинско. Според пријавеното, тој во филијала на банка во Неготино ѝ се заканувал на неговата 66-годишна мајка. Исто така, тој физички нападнал полициски ...
Не е случајно што ДПМНЕ ја прогласи дијаспората за своја единствена црвена линија кога и нивните дебело платени анкети (платени од јавни пари) кои ги користи како доказ за сопствената непобедливост бележат пад на нивната поддршка. Наместо да се соочи со незадоволството што расте дома, Мицкоски политичкиот спас очигледно почна да го бара надвор од државата, велат од Левица. „Впрочем, тоа што денес го покажуваат дури и нивните анкети не е ...
Министерството за внатрешни работи, преку Секторот за компјутерски криминал во содејство со Секторот за меѓународна полициска соработка учествуваше во меѓународната операција „FIRSTLIGHT 2026“ за сузбивање на онлајн измами и перење пари координирана од Интерпол, која се реализираше во периодот од 15.01.-30.04.2026. Во операцијата учествуваа надлежни институции од 97 држави и територии, со заедничка цел откривање и сузбивање на измами со модус ...
СВР Битола информира дека од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Битола е пријавено дека на место викано „Тумбе кафе“, во поранешната касарна во Битола, биле пронајдени и безбедно подигнати над 1.400 парчиња бомби и гранати од Првата светска војна. Според информациите од полицијата, пронајденото експлозивно количество е детално специфицирано по видови. „Станува збор за 540 парчиња минофрлачки гранати, 371 рачни ...
Разбојништво среде ноќ во трговски центар во Скопје. Неофицијално станува збор за „Веро Џамбо“. -На 10.07.2026 околу 03:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Центар, неколку лица насилно отвориле банкомат, информираа од МВР. Од нашата мрежа BMW забележа пад на продажбата од 4,9 проценти во вториот… 18 минути biznisinfo.mk Вињалес „прегорел“, најверојатно ќе замине од МотоГП по спорот со… 35 минути ...
Релевантноста на предизборните анкети повторно е тема во јавноста, но вреди да се потсетиме на нивните прогнози за претходните локални избори, особено за изборот на градоначалник во Град Скопје. Имено, според анкетите што тогаш ги спроведуваа истите агенции кои и денес изработуваат истражувања за потребите на ВМРО-ДПМНЕ, кандидатката на СДСМ, Каја Шукова, беше комотно позиционирана на второто место, зад вмровскиот кандидат Орце Ѓорѓиевски, а ...
На 09.07.2026 во 15:02 часот во СВР Тетово е пријавено дека на кружниот тек на бул „Илинденска“ со бул „Благоја Тоска“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ,,мерцедес“ со тетовски регистерски ознаки, управувано од И.Р.(68) од Тетово и велосипед управуван од Б.С. (39) од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.С., констатирани во Клиничката болница Тетово. Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово. ...