Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Музичките традиции на Медитеранот, кои со векови ги поврзуваат Европа, Африка и Блискиот Исток, утревечер ќе се сретнат на сцената на Филхармонијата на Северна Македонија. Марија Костраки и ансамблот „Mosaico Mediterraneo“ ќе настапат во сабота, 7 ноември, во 20 часот, со концертна програма што обединува класична музика, традиционални мелодии и современи грчки композиции. Поради зголемениот интерес на публиката, организаторите соопштија дека ...
„Владата го одби амандманот со кој се бараа над една милијарда денари дополнителна финансиска поддршка за земјоделците и исплата на заостанатите субвенции, потег кој опозицијата го оценува како доказ за целосно запоставување на секторот. Ова одбивање доаѓа во услови на драстично намалување на финансиската поддршка и натрупани долгови од десет милијарди денари кон земјоделците“, порачаа од опозицијата на крајот на месец септември. Официјалните ...
Хирурзите во иднина би можеле со помош на специјални очила со интегрирани камери да ги забележуваат канцерогените промени и лимфните јазли кои не можат да се видат со голо око, што би овозможило попрецизно отстранување на туморското ткиво и помалку инвазивни операции. На оваа технологија работат научници од САД и македонски хирурзи од Универзитетската клиника за торакална и васкуларна хирургија, а истражувањето опфаќа пациенти со карцином на ...
Со топол чај и новогодишни колачиња со цимет ќе биде пречекан секој посетител во Аџико Хоум Центар, каде празничната атмосфера веќе ја најавува најубавата сезона во годината. Покрај топлиот пречек, заменик-генералната директорка Весна Даневска-Димовска најавува и бројни попусти – до 70 проценти на одредени артикли, како и 20 проценти на целиот преостанат новогодишен асортиман. Од 5 до 8 ноември 2026 година, посетителите ги очекува првиот ...
На 05.11.2026, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе координирана полициска акција во која е сузбиена петчлена организирана криминална група од Куманово. Лишени од слобода се Д.П.(37), Л.К.(73), М.К.(27), Д.Ж.(43), сите од Куманово, а З.Р.(35) од Куманово е недостапен за органите на прогонот. ...
Денес во просториите на Општината се одржа официјална работна средба помеѓу градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, Роберт Кленкоски, претседател на Централниот совет на Македонците во Германија. Средбата, која помина во исклучително срдечна атмосфера, ја потврди и нивната претходна пријателска релација, што овозможи директен, отворен и високопродуктивен дијалог насочен кон градење на долгорочно стратешко партнерство. На ...
Следната година Попис на земјоделство, прв пат по 20 години од последниот што беше спроведен во 2007 та. Ќе се пребројуваат земјоделските семејства, фирми од секторот земјоделство. земјоделски задруги, претприемачи што се регистрирани со претежна дејност во областа на земјоделското производство, пишува Порталб. Дел од експертите велат дека оваа операција мора да биде спроведена транспарентно за да донесе веродостојни податоци. Дел од ...
Самостојното живеење не смее да биде еднакво на институционална невидливост, вели дипломираниот криминолог Дејана Спасовска, по последниот случај на убиства на повозрасни лица кои живееле во скопската општина Ѓорче Петров. Таа за „Локално“ изјави дека самостојното живеење не е само по себе фактор. -Би го поставила прашањето пошироко, не само во однос на лица кои живеат сами, туку и во однос на нивната социјална изолација и изложеност на ...
– Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска истакна дека ставот на оваа Влада во однос на уставните измени е јасен и непроменет и оти се надева дека дијалогот со Бугарија на крајот ќе вроди со плод. – Што се однесува до уставните измени, нашиот став како Влада е јасен и тој е непроменет. За жал, поради експозициите и антидржавната политика на претходната влада на СДСМ и Демократската унија за интеграција, ние сега имаме политички ...
Во 2027 та ќе се издава нова Еврообврзница. Парите ќе се трошат за враќање на стари долгови но и за тековни буџетски потреби. На истекот од оваа година во најава е втор ребаланс на Буџетот, пишува Порталб. Власта вели дека јавните финансии се стабилни, опозицискиот блок обвинува дека државата влегува во должничко сценарио. Што покажуваат податоците за буџетската ликвидност и задолженост? Владата бара извори за 1,3 милијарди евра, опозицискиот ...
Крводарителска акција по повод 8 ноември, Денот на ослободувањето на Штип, в недела организира локалниот огранок на Левица во Штип. Хуманитарниот настан ќе се спроведе во просториите на партиската канцеларија во периодот од 10:00 до 14:00 часот. Претставниците на огранокот велат дека целта е граѓаните масовно да се приклучат за да се испрати силна порака за солидарност и хуманост на овој голем празник. Ова е трета по ред ваква акција која ...
Заклучно со првото економско полугодие, вкупната кредитна изложеност на банките достигна 9 610 400 000 евра. Кредитирањето е во пораст но расте и салдото на нефункционалните кредити, пишува Порталб.мк. НБМ посегна по мерки со кои ги заостри условите за станбените и потрошувачките хипотекарни кредити. Зошто монетарната политика посегна по заострување и што ќе значи тоа за граѓаните? Што ќе значат новите мерки на НБМ за кредитирање на ...
Големи снопови праз се купуваат на штипскиот пазар. Граѓаните полека се подготвуваат за зимата, па и покрај тоа што цената им е висока, велат дека мора да се купи. Празот често го има на домашната трпеза, особено во зимските месеци, кога од него се подготвуваат зелници, пити, сарми, но и разни јадења со месо.Некои купуваат и по 20 стракчиња за зимата, бидејќи, како што велат, нема зима без праз. За да ја задржи свежината и да не овене, празот ...
Демократите ја презедоа контролата врз двата дома на американскиот Конгрес, откако Републиканската партија на претседателот Доналд Трамп ги загуби мнозинствата и во Претставничкиот дом и во Сенатот, пренесуваат американските медиуми. Овој исход претставува голем политички неуспех за Трамп, кој меѓуизборите ги претвори во референдум за сопствената политика. Со контролата врз двата дома на Конгресот, демократите ќе имаат значително поголемо ...
Голема гужва на штипскиот пазар на ден пред Задушница, граѓаните се докупуваат производи за раздавање за починатите и за празникот Митровден. Најбарани од овошјето беа мандарините, калинките и јаболката, а од зеленчукот марулата, карфиолот и морковот. Цените на почетокот на месецот за граѓаните се реални, имајки предвид дека се уште им се достапни домашни и свежи производи, иако зимата е на самиот праг. Продавачите од пазарот велат дека и ...
Несоодветната спортска опрема, недоволната едукација и финансиските ограничувања се дел од причините поради кои девојчињата и жените се соочуваат со дополнителни предизвици при занимавањето со спорт. Истражување спроведено во Австралија покажува дека дури 88 отсто од девојчињата носат спортски градници кои не им одговараат правилно, додека само околу една третина користат спортски градник за време на часовите по физичко образование или ...
Започнаа активности за расчистување и уредување на просторот во кругот на СВР Штип, со цел да се овозможи полесен, послободен и побезбеден пристап за граѓаните кои доаѓаат да ги остварат своите права и потреби. Во рамки на активностите, претходно одземените возила и предмети, кои по различни основи се наоѓале во кругот на објектот, се отстранети и дислоцирани на посебна локација во сопственост на Министерството за внатрешни работи. Со цел ...
„Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство“, објави пред еден месец премиерот Христијан Мицкоски по последната посета на Америка. Сепак, во меѓувреме дојде до пресврт во мнозинството во двата дома на американскиот Конгрес, а познати се блиските односи на македонската влада со администрацијата на Доналд Трамп. Оттаму се поставува дилемата што конкретно може да се промени во односите меѓу Македонија и САД по ...
Амбициозниот план за јавни инвестиции од над 744 милиони евра не „преживеа“ во оваа економска година. Капиталните расходи, моторот на економскиот раст, се намалуваат за 12,5%, пишува Порталб.мк. Со вториот по ред ребаланс на Буџетот, се предвидува кратење кај речиси сите ставки за капитални расходи. Намалување има кај капиталните дотации за општините, за градежни работи, инвестиции во машини и опрема. Патната и железничката инфраструктура, ...
Наместо да се остава храна по гробиштата, подобро е таа да се подари на сиромашните, порача протоереј-ставрофор Добрица Јанев во очи Митровденска задушница Тој вели дека храната таму не им користи ниту на покојните, ниту на живите, напротив создава неред. Подоцна се собираат кучиња, кои храната ја газат, јадат и ги поганат гробиштата. Наместо торби со јадења, тој повикува на молитва и хуманост. „Помалку по гробиштата, повеќе за сиромашните“- ...
Македонското Собрание го задржа второто место меѓу парламентите во регионот според најновото мерење на Регионалниот индекс на отвореност, со исполнетост на индикаторите од 76,49%. Сепак, анализата укажува на потреба од поголемо учество на јавноста во законодавниот процес и почесто користење на редовната постапка за носење закони. Резултатот е благо подобрување во однос на претходното мерење, кога Собранието оствари 76,04%. На првото место е ...
Вакцината против мали сипаници МРП е апсолутно безбедна и најефикасен начин за заштита на децата и населението од ова заразно заболување, изјави за „Локално“, проф. Александра Грозданова, претседателка на Комитетот за имунизација. Таа објаснува дека малите сипаници или морбили може да предизвикаат сериозни заболувања, особено кај малите деца и новороденчињата кои се невакцинирани и дека родителите не треба да се плашат да ги вакцинираат. ...
Државниот завод за ревизија изрази неповолно мислење за финансиските извештаи за 2024 година и за законитоста на работењето на пет друштва за игри на среќа во кои Државна лотарија има сопственички удел од 51 отсто. Ревизорите утврдиле неусогласености во уплатата на основачките влогови, долгорочни договори без примена на Законот за јавните набавки и недоволна документација за дел од трошоците. Ревизијата ги опфатила „Државна лотарија – 77 ...
Фото: Македонски весник “Илинден” Далеку од родната Македонија, во срцето на македонската заедница во северниот дел на Германија, со години се негуваат македонскиот јазик, песната, орото и народните обичаи. Еден од примерите за посветена работа во зачувувањето на македонската традиција е Македонскиот клуб “Илинден“- Латцен – Хановер, кој повеќе од четири децении е место за собирање, дружење, културно поврзување и пренесување на македонските ...
Бројот на професионални новинари во Германија до 2035 година би можел да се намали за 12 до 50 отсто, а приходите на традиционалните медиуми од рекламирање и продажба на содржини да опаднат и до 43 отсто. Ова се дел од проекциите на студија изработена по нарачка на германските јавни сервиси АРД, ЗДФ и „Дојчландрадио“, пренесува „Бизнис.рс“, повикувајќи се на германската новинска агенција ДПА. Студијата, подготвена од истражувачите Кристијан ...
Безбедносните служби затаиле во превенцијата во случајот со измамата со инвестициски фондови, смета професорот Владимир Пивоваров и поранешен шеф на воено разузнавање. Во меѓународна истрага на Европол и Евроџаст во која беа запленети 100 серври и уапсени седум лица се осомничени и кол-центри во Македонија. Истрагата се однсеува на мрежа која преку лажни платформи за тргување со криптовалути, девизи и акции измамила луѓе за над 4 милиони ...
Центарот за македонски јазик во Грција, организација што го чува и негува македонскиот јазик како автохтон јазик во Грција, беше распуштен од Апелациониот суд во Кожани на 13 август 2024 година. Организацијата веднаш поднесе жалби до Врховниот суд на Грција за поништување на одлуката за распуштање, а рочиштето беше закажано за 21 септември 2026 година. Наместо тоа, Врховниот суд ги одложи рочиштата за 20 септември 2027 година, со што го ...
Економските аналитичари очекуваат забавување на ценовниот притисок, но со проценка дека до 2029 та домашната економија ќе се соочи со инфлација не пониска од 3%, пишува Порталб.мк. И Владата со нови пооптимистички прогнози за годинава. За разлика од економистите, од Владата сметаат дека главните причини за ценовните притисоци доаѓаат само од надвор. Проценка на економистите, и во следните години инфлација над 3%, на светските берзи храната ...
Здужението на пензионери Битола,Новаци и Могила им соопштува на своите членови старосни,семејни и војни пензионери дека уписот за свински половинки ќе започне на 09.11.2026 год.секој работен ден(еден месец)од 08.30 до 12.30час.во просториите на ЗП Битола. • Цената на месото изнесува 210 ден/кг. • Плаќањето ќе биде на три рати. • Првата рата ќе се плаќа со запишувањето и изнесува 3.000,00ден.а другите две во наредните два месеци по подигање на ...
Република Македонија денес го празнува 23 Oктомври, Денот на македонската револуционерна борба. Празникот се празнува по повод основањето на Македонската револуционерна организација на 23 октомври 1893 година во Солун. Организацијата се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор. Основањето на МРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење што преку Илинден 1903 и Крушевската ...