Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Во акцијата учествуваа градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, командирот на Полициската станица Карпош, Стефан Тасевски, началникот на Одделението за криминалистички работи Давор Дракуловски, инспектори за малолетничка деликвенција, униформирани полициски службеници и родители на малолетни деца. „Патролата имаше превентивен и советодавен карактер и се спроведуваше на повеќе локации во општината каде што во вечерните часови ...
Како што соопштија денеска од Нотарската комора, примопредавањето на функцијата се извршило на 3 јули во просториите на Комората. Досегашниот претседател, нотар Методија Ристоски, согласно истекот на мандатот, ѝ ја предал функцијата на Малева Стоев, посакувајќи ѝ успешна работа и продолжување на успешното функционирање на Комората. Новоизбраниот претседател беше избран на Изборното собрание што се одржа на 16 мај годинава во Скопје, на кое ...
Како што информираат од Управата, првопријавениот Ѓ. З., во својство на управител и сопственик на правното лице, како законски застапник и овластено лице за располагање со средствата и сметките на правниот субјект, во содејство со второпријавениот А. С., во периодот од 2022 година до 2024 година, дејствувајќи заеднички и со однапред утврдена намера, презеле дејствија насочени кон намерно доведување на правниот субјект во привидна финансиска ...
Одговарајќи на новинарско прашање во врска со протестот на судските поротници, кои од денеска не учествуваат на дел од рочиштата поради незадоволство од висината на надоместоците, Камбовски рече дека одржал повеќе средби со нивните претставници и дека Судскиот совет во целост ги поддржал нивните клучни барања. Тој потсети дека со неодамнешните измени на Законот за судови е решено едно од барањата на поротниците, старосната граница за вршење ...
Според обвинението на Основното јавно обвинителство Куманово, обвинетиот се товари за четири кривични дела убиство и два обида за убиство, квалификувани согласно член 123 од Кривичниот законик. Обвинителството наведува дека, имајќи предвид дека со умисла лишил од живот повеќе лица, за делата е предвидена казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор. Истрагата утврдила дека делата биле извршувани од ниски побуди. Во периодот од ...
На денешното рочиште, јавната обвинителка Спасенка Андонова прво продолжи со изведување докази на Обвинителството. Во судницата беа пуштени видео – снимки, за кои беше кажано дека се од внатрешноста на дискотеката „Пулс“, каде настапувала групата „ДНК“ на 16 март 2025 година. На видеата се гледаше пожар и лица кои најверојатно се упатуваат кон излезот на дискотеката. Еден од адвокатите реагираше дека на ниту едно видео не се гледал некој од, ...
Mетодата обезбедува подетална проценка на состојбата на коронарната микроциркулација, што овозможува попрецизна дијагностика и подобро планирање на третманот кај пациенти со срцеви заболувања, особено во случаи кога класичните дијагностички испитувања не ги откриваат причините за нивните симптоми, велат докторите. „Воведувањето на ‘корофлоу’ претставува значаен исчекор во модернизацијата на кардиолошката дијагностика во земјава и ја потврдува ...
Тој посочи дека има два начина за да се влијае на цената на лековите односно да се намали нивната цена – првиот начин е воведување на позитивната листа при што преговара со лекот што е воведен на позитивната листа да воведувањето на позитивната листа да биде пониска цена, бидејќи тоа е пристап до државни субвенции во енговата продажба, а вториот начин е воведување генеричка конкуренција што е препорачано од Светската здравствена организација. ...
ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 29.06.2026 до 03.07.2026 зема 187 примероци за физичко-хемиска и 187 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во Градот Скопје. ...
Општина Центар воведува нови дигитални решенија со цел побрзо, поефикасно и поедноставно користење на услугите за паркирање, без потреба од чекање на шалтери. Во фокусот на овие реформи е развојот на нови мобилни апликации преку кои граѓаните ќе имаат целосен увид и контрола врз услугите што ги користат. Апликациите ќе овозможат навремени известувања, поднесување барања, следење на статусот на услугите, како и поедноставена комуникација со ЈП ...
Разбојништво среде ноќ во трговски центар во Скопје. Неофицијално станува збор за „Веро Џамбо“. - На 10.07.2026 околу 03:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Центар, неколку лица насилно отвориле банкомат, информираа од МВР. Според податоците од полицијата, лицата одзеле пари и го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Разбојништво среде ноќ во трговски центар ...
Според докторските податоци собрани од повеќе од девет милиони возрасни лица од Јужна Кореја и САД, речиси секој човек кај кого се развива срцево заболување или кој има сериозен кардиоваскуларен проблем претходно почувствувал најмалку еден од четирите ризик знаци – покачен крвен притисок, зголемен холестерол, покачено ниво на шеќер во крвта и пушење. Кога овие фактори биле анализирани заедно, истражувачите утврдиле дека биле присутни кај 99 ...
Власта со ребалансот крати пари кај младите, за да ги пополни дупките во Буџетот од промашените економски политики. Парите од програмата за млади е скратена за 1 милион денари а за демографски политики се намалени за 70%. Каква „трета економија”, каква „финансиски стабилна држава” пари нема за младите. Додека секој трет човек сака да си замине од земјава, власта уште им намалува пари. Вака изгледа држава што ја води Мицкоски и неговата ...
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски информираше дека денеска ги потпишал решенијата за исплата на еднократна финансиска поддршка од 5.000 денари за 360 полуматуранти од нашата општина. „Оваа мерка ја воведуваме за првпат, како директна поддршка за учениците и нивните семејства во еден важен момент од нивното образование“, истакна Стојкоски. Тој посочи дека мерката има јасна цел - да покаже дека Општина Ѓорче Петров ...
Вчера (09.07.2026) во 22:20 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишија од слобода П.Ј.(38) и Д.Р.(28), двајцата од Скопје. Полицијата при извршен претрес во домот на П.Ј., на подрачјето на Кисела Вода, пронашла бела грутчеста материја, марихуана, дигитална вага и пари, кои се одземени. Таму бил затекнат и Д.Р. кој исто така е приведен. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена ...
Наспроти тезата за „настанокот на Македонците“ од 1944 година, еве што пишува за тоа Х.Р. Чемберлејн, дописник на Вашингтон Тајмс од Софија, во дописот од недела, 26. април, 1903 година на страница 3. „Вистина е дека оваа земја (се мисли на Бугарија з.н.) силно сочувствува со Македонското движење. Близу половина од населението (се мисли во Бугарија з.н.) се Македонци, по род или по потекло“, пишува дописникот на Вашингтон Тајмс од Софија во ...
Градоначалникот Бобан Стефковски објави добра вест за жителите на Гоце Делчев и Чукур Маало во Трубарево. – „Започна постапката за избор на економски оператор за довршување на изградбата на фекалната канализација во населените места Гоце Делчев и Чукур Маало – Трубарево. Со реализацијата на овој значаен проект, секој дом од овие две населени места ќе добие приклучок на фекална канализација, со што директно ќе се подобрат условите за живот на ...
Жена од Гостивар која е во тек на бракоразводна парница, го нападнала сопругот од кој се разведува. Од СВР Тетово информираат дека на 10 јули во 01:20 часот, во Полициската станица Гостивар, 41-годишен жител на Гостивар пријавил дека бил физички нападнат во дворот од семејната куќа од неговата 37-годишна сопруга. По пријавата, жената била лишена од слобода. Жена од Гостивар која е во тек на бракоразводна парница, го нападнала сопругот од ...
Откако Уставниот суд одлучи дека не било уставно и законски тоа што во 2007 година биле преименувани дел од улиците и централниот плоштад во Тетово и поради таквата одлука беа вратени старите имиња во градот, а во меѓувреме беше најавена дека е почната нова процедура со која ќе се вратат имињата, вицепремиерот и министер, Александар Николоски вели дека е убеден дека градоначалникот на Тетово, Биљал Касами ќе го најде најдоброто решение. -Тој ...
Општина Илинден ја асфалтираше улица „6“ во локалната економска зона „Стопански комплекс – Илинден“, проект кој е дел од континуираните активности за подобрување на патната инфраструктура и создавањето подобри услови за развој на локалните економски зони на територија на општината. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во асфалтирањето, и потенцираше дека станува збор за улица во должина од околу 450 метри и ...
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денеска во детската градинка „8 Март“ во населбата Расадник присуствуваше на промоцијата на новата едукативна детска боенка посветена на најубавите и најзначајните катчиња во општината. Станува збор за, како што појаснуваат од општината, креативен проект преку кој најмладите жители ќе можат да ги запознаат најважните градби и знаменитости во Кисела Вода. На страниците на ...
Непознат сторител вчера ги уништи детските реквизити и околните клупи за одмор на граѓаните на улицата „Ѓорѓи Сугаре“ во Кисела Вода. Фотографиите од вандализмот беа споделени во групата „Кисела Вода – пријави проблем“ заедно со прашањето – дали сега помирно ќе спиеш? Вака јавно да го прашам тој што детските реквизити ги истури со уље во паркчето каде што дечињата од најмали до најголеми се радуваат, дали сега помирно ќе спиеш,дали совеста ќе ...
Откако Уставниот суд ја укина одлуката на Советот на општина Тетово од 2007 година, за промена на имињата на улиците и плоштадите, во понеделник советниците оваа точка повторно ја стави на дневен ред. Во пресрет на седницата, ДУИ за утре организира протест пред Општина Тетово во знак на револт од промената на имињата на улиците. Доколку во понеделник советниците пак ги вратат досегашните имиња, одлуката може да води кон предвремени локални ...
-Навистина е големо задоволство кога ќе се видат завршени проекти, му честитам на градоначалникот, навистина прави одлична работа. Тетово доживува инфраструктурен бим и тоа е за секоја поддршка и за секое поздравување. Улицата „Штипска“ е дел од проектот кој што го работиме заедно со општината и со Светска банка, драго ми е дека истата е завршена, а она што со гордост сакам да го кажам дека општина Тетово, само преку програмите кои што одат ...
Христијан Мицкоски се фали дека Македонија имала најниска инфлација во регионот. Но граѓаните не живеат од статистички извештаи, туку од платите и од тоа што можат да си го купат во маркетите со тие плати, наведува СДСМ во соопштение. -Инфлацијата можеби е намалена, но потрошувачката кошница и понатаму тешко се стига. И во овој момент инфлацијата е далеку повисока од тоа што Мицкоски го ветуваше во владината програма и во буџетот за 2026 ...
Ги запираа на градските тротоари младите со кои водеа пријателски разговори за одговорно однесување на јавни места без прекршување на јавнен ред и мир или за заштита на поставената урбана опрема од уништување додека од повозрасните велешани собираа информации за тоа што им пречи и ги вознемирува во Велес со конкретни предлози за надминување. Ова,вчера вечер, беше цел на превентивната активност „Граѓанска патрола“ на членовите на Општинскиот ...
Охрид, 2. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Информацијата дека продолжува низата сообраќајни незгоди на патот кај Рача, потег кој останува црна точка на овој дел на градот е помеѓу најкоментираните на Facebook профилот на OhridPress. Тешка сообраќајна незгода се случи вчера на регионалниот пат Охрид-Св. Наум, во близина на населбата Рача. Според првичните, неофицијални информации, во незгодата има повредени лица, а учествувале две возила, при што е ...
Охрид, 10. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Како дел од поголемиот пакет летни промотивни активности, започна бесплатното летно Plazma TAXI. Ова е само продолжување на соработката на OhridPress и Супер радио со најголемите компании во државата и регионот. Основната идеја на Plazma TAXI е да им овозможиме на охриѓани и гостите бесплатно возење до саканата дестинација секој викенд во петок и сабота. Кога ќе го забележите нашето посебно брендирано возило ...
Цената на суровата нафта забележа благ раст во последното тргување, поддржана од позитивни технички сигнали кои укажуваат на можност за продолжување на закрепнувањето. Индикаторите за релативна сила покажуваат нагорно вкрстување, откако претходно достигнаа длабоко ниво на прекумерна продажба. Според анализата, ваквото движење може да укажува на формирање позитивна дивергенција и на подобрување на изгледите за натамошен раст. Дополнителна ...
Министерството за транспорт работи на железничко поврзување на Скопје со Албанија, дополнително со воведување на меѓуградски возови. -Заедно со Европската Унија во рамки на планот за раст интензивно работиме на документација за железничко поврзување на Скопје со Тетово и Гостивар во прва фаза. Во втора фаза и со Кичево и во трета фаза со Охрид, Струга и Република Албанија. Идејата е да се направат меѓуградски возови, нешто што многу ќе го ...