Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Предлогот да се востановат две нови државни награди – „Блаже Конески“ и „Ремзи Несими“ не ја доби потребната поддршка на денешната седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. Предлогот беше поднесен од страна на опозицијата, но немаше доволно гласови за да помине во понатамошно читање. Со предлогот се бараше востановување на двете награди поради значењето на двајцата културни дејци. Наградата „Блаже ...
Вистинска драма се одвива во Кривичниот суд Куманово во моментов, каде што требаше да почне судењето против обвинетиот за серија убиства на повозрасни жени во Кумановско, Трајко Бојковски. Но, има голем проблем судењето да почне, затоа што обвинетиот има фиксиран поглед кон таванот, воопшто не погледнува кон судијата и не одговара ниту на прашањата на судијата дали се вика Трајко Бојковски. Во меѓувреме дел од семејствата на оштетените жени, ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против лице (23) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 27.06.2026 пријавениот на две лица од Виница им упатувал закани, барајќи да му исплатат пари, по претходно случена сообраќајна незгода помеѓу пријавениот и едно од лицата. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе ...
Се одложи денешното рочиште за Харис Качапор обвинет дека на пешачки премин смртно го прегази поранешниот директор на ОХИС Јорго Ќука. Качапор не беше присутен на рочиштето бидејќи утринава доставил медицинска документација дека не е во добра здравствена состојба. Се гони за тешки дела во сообраќајот за кое предвидена е казна од најмалку 4 до 20 години затвор. Сообраќајката се случи на 3-ти ноември на булеварот Гоце Делчев. Качапор возел со ...
Добивај вести на Viber Со поглед во плафон - вака почна судењето на осомничениот сериски убиец на 4 жени во кумановско, Трајко Бојковски. Според известувачот на Радио Бум, Бојковски не сака да комуницира со судот, се држи за глава и испушта чудни звуци. Од вештак е побарано да утврди дали Бојковски е способен да му се суди и расправата да продолжи. Осомничениот слуша кога ќе му кажат да стане и да седне и побара вода. Добивај вести на Viber ...
Во рекордно време се заврши карго обиколницата во Скопје со што товарните возови веќе нема да минуваат низ центарот на градот. Тоа значи две работи – прво еколошки е одлично, второ ќе значи кратење на времето, а на тој начин ќе ја направи Македонија уште поатрактивна за карго сообраќај, изјави вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, при денешната работна посета во Гевгелија. Пругата од Илинден до Драчево, како што ...
Work and Travel програмата е исклучително популарна кај голем дел од студентите кои ја користат за сезонска летна работа во Германија или Америка. Иако, поголем дел од студентите кои аплицираат одбираат да работат во Германија, сепак во последните години се зголемува интересот и за работа во Америка. Многу агенции во Македонија служат како посредници и им помагаат на студентите при барање на ангажман. Но, каде е подобро да се стекне работно ...
На амандманската расправа на Комисијата за финансирање и буџет, пратеникот на Левица, Реџеп Исмаил – Хактан, го образложи амандманот со кој се бара враќање на дел од скратените средства за изградба и реконструкција на објекти и инфраструктура во АРМ. Исмаил укажа на апсурдната ситуација во која ДПМНЕ и СДСМ се натпреваруваат кој обезбедил повеќе пари за оружје и НАТО-интеграција, додека во истиот тој Ребаланс се кратат токму средствата за ...
Деновиве голем дел од граѓаните коишто се корисници на социјални права реагираа дека исплатата на средствата за месец јуни сѐ уште не е извршена. Граѓаните искажуваат револт и незадоволство што не им се исплатени парите, иако изминала повеќе од една седмица од тековниот месец. Gostivarpress.mk утрово упати прашање до Министерството за социјала „Кога ќе бидат исплатени средствата од правата од социјална и детска заштита за јуни“, на коешто ...
Во Велес повторно ќе наплатува паркирањето во центарот, најави градоначалникот Марко Колев. Наплатата ќе почне од септември, откако претходно Советот ќе донесе одлука. Во Велес платен паркинг имаше само пет месеци. Во 2021, по доаѓањето на новиот состав на Советот, беше донесена одлука да се стопира плаќање на паркингот во центарот на градот. Тогаш беше кажано дека оваа одлука е привремена и оти плаќањето е ставено во мирување додека не се ...
Општина Илинден продолжува со реализација на мерките за поддршка на граѓаните преку унапредување на енергетската ефикасност и заштитата на животната средина. Во рамки на Програмата за финансиска поддршка на жителите, успешно беше реализиран Јавниот повик за доделување субвенции за набавка на инвертер клима уреди или соларни панели. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, денес ги додели првите решенија, од вкупно 60 ...
Во македонското Собрание се доставени измени на Законот за студентски стандард, со кои се заоструваат условите за користење на сместувањето во државните студентски домови преку изрекување на воспитни мерки до забрана за престој, како и определување на 30-годишна возраст, како горна граница, до кога ќе може да се добие сместување во дом. Со законските измени, на студентите кои не се придржуваат на утврдениот куќен ред може да им се изрече ...
Македонското здравство добива значителна финансиска поддршка од над 573 милиони денари, односно зголемување на буџетот за 7,6%. Во ребалансот на државната каса, здравствената заштита за граѓаните е мерлив и опиплив приоритет. Од претходните 7,566 милиони денари, сега се предвидени над 8,139 милиони денари, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Моника Трајанова и додаде дека ова претставува едно од најголемите и најзначајните промени во новото ...
Албански државјан е лишен од слобода на Граничниот премин „Деве Баир“, откако при претрес на товарно возило биле пронајдени 24 пакувања со марихуана. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 8 јули околу 20 часот, при гранична контрола на излез од државата, полициски службеници извршиле претрес на товарно возило „волво“ со албански регистарски ознаки, управувано од Ч.А. (40) од Република Албанија. При контролата, во кабината на ...
Синоќа во 22.30 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, лишен од слобода е И.М.(32) од Охрид. Тој, управувајќи патнички автомобил „Ренџ Ровер“ со чешки национални ознаки, не го сопрел возилото по даден знак од полициската патрола туку избегал и по дополнително преземени активности, бил застанат. Притоа, полициските службеници во возилото го забележале С.П.(44) од Охрид кој веднаш проголтал опаковка со наркотична материја по што, му се ...
За време на енергетска криза, кога цените на светско ниво рушат рекорди, во Македонија состојбата е контролирана и стабилна. Наспроти сите прогнози на опозицијата и нејзините сателити, според Државниот завод за статистика инфлацијата се намали и на годишно ниво и во јуни изнесува 3,4%, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Споредено со месец мај, инфлацијата забележува намалување од 0,5 проценти, додека, пак, индексот на цените на ...
Работиме на нешто на кое никој во Царинската управа не се охрабрил да го работи или пак немал интерес да работи на таков случај. Ние како дел од државниот апарат предводен од премиерот Христијан Мицкоски имаме одврзани раце да работиме на сè. Кога ќе го завршиме целиот предмет ќе дојдеме до милионски суми избегнати давачки кои ќе ги наплатиме. А се надевам во соработка со ОЈО ГОКК дека ќе стигнеме не само до извршителите туку и до ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оцени дека одлуките донесени на Самитот на НАТО во Анкара ќе ја зајакнат Алијансата и ќе придонесат за унапредување на колективната безбедност. Во објава по самитот, Муцунски порача дека НАТО испорачува резултати и дека сојузниците ја потврдиле определбата за поголеми инвестиции во одбраната, понатамошно јакнење на одбранбените капацитети, поправедна распределба на ...
Врската помеѓу стресот и автоимуните болести е предмет на бројни студии со години. Еве што покажува науката досега. Автоимуните заболувања се јавуваат кога имунолошкиот систем погрешно ги идентификува здравите клетки, ткива или органи како туѓи тела, а потоа ги напаѓа. Најчестите автоимуни состојби се псоријаза, целијачна болест, ревматоиден артритис и мултиплекс склероза , за да наброиме само неколку. Иако автоимуните заболувања најчесто ...
На 08.07.2026 во 20:00 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода Ч.А.(40) од Р.Албанија. МВР информира дека при гранична контрола и претрес на товарно возило „волво“ со албански национални ознаки, кое тој го управувал, во кабината на влекачот, биле пронајдени и одземени 24 пакувања со марихуана. Известен бил јавен обвинител, а Ч.А. е задржан во полициска станица за понатамошна ...
Граѓани од скопски Центар алармираат дека сервисната улица меѓу комплексот „Капитол“ на улицата „9 Мај“ и новиот станбен комплекс што се гради на улицата „Христо Смирненски“ бр. 27 е значително стеснета, поради што се поставува прашањето дали во случај на итност низ неа ќе можат да поминат противпожарни возила или возила на Итната медицинска помош. Според нив, улицата во минатото била поширока, но денес просторот е намален поради оградата на ...
За активните мерки за вработување во 2024 година се исплатени 1.442.207 илјади денари (23,4 милиони евра), но при распределбата не е обезбеден принципот на рамномерен регионален развој, покажува ревизијата на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за работењето на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија (АВРСМ). Повеќе од половина од средствата кај одделни мерки се концентрирани во мал број центри за вработување, односно 62,05 ...
Заедничките гранични контроли One Stop денес веќе функционираат на граничните премини со Србија и Косово, а со потпишувањето на договорот со Република Албанија го заокружуваме процесот на воспоставување на овој современ систем со сите наши соседи кои не се дел од Шенген зоната. Со имплементацијата на One Stop системот, граѓаните добиваат едно застанување, една гранична контрола и значително пократко време на чекање, а државите добиваат ...
Седумнаесет производители на месо и производи од месо не декларирале точен состав на содржината на вода, масти и протеини. Ова го откриле анализите на одговорните во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Првично, за Мета директорот Оливер Миланов, за Мета тврдеше дека анализите покажале дека со месото и месните продукти „сè е во ред. Kaко што се наведува во одговорот од Агенцијата за Мета, биле земени 46 примероци од производи и ...
Пак плукајте по Македонија, пак плукајте по знамето, химната, Македонците, пак да си носите знамиња на Албанија, им порача младиот адвокат Умејр Мехмети на Албанците кои живеат во Македонија, откако утрово на тројца функционери од Вреди им беше забранет влез во Албанија. Вчера на двајца пратеници од Македонија по етничка припадност Албанци им беше забрането влез во Албанија. Полека сите ке дојдат на моето: Дека Албанија е спремна дури на сите ...
Бугарскиот историчар и академик, Спас Ташев гледа со загриженост на поддршката на унгарскиот премиер Петер Маѓар за европскиот пат на Македонија. Тој во разговор за бугарските медиуми вели дека разговарал со бугарски европратеници кои му кажале дека го информирале Маѓар за бугарската позиција и суштината на проблемите со Македонија. -Бидејќи тој продолжува да ги повторува истите тези, очигледно е прашање на свесно политичко однесување. Сепак, ...
Очигледно е дека емоциите играат централна улога. Како што се ближеше крајот на самитот, канцеларот Фридрих Мерц зборуваше за „чувство на наклонетост и заедничка одговорност“ за време на работната сесија на шефовите на држави и влади на НАТО. Американскиот претседател Доналд Трамп нешто подоцна додаде дека имало „енормна љубов во оваа просторија. Многу паметни луѓе. И имаат многу добрина во своите срца. Ништо лошо. Само добро“. Генералниот ...
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денеска изврши увид во градежните активности за реконструкција и имплементација на мерки за енергетска ефикасност во подрачното основно училиште „Рајко Жинзифов“ во населбата Пинтија. На увидот присуствуваа и директорката на Проектната единица Нада Брајковска и други претставници од Министерството за финансии, преку кое се реализира ова финансиско партнерство со Светска ...
Од 17 до 21 август во Скопје ќе се одржи летен камп по англиски јазик за деца на возраст од 7 до 13 години. Преку интерактивна настава, децата природно ќе го вежбаат англискиот јазик, градејќи комуникациски вештини без притисок. Децата учат како да ги искажат своите мисли и ставови на англиски и се охрабруваат да зборуваат сигурно и ефикасно, без страв од грешка. Една поразлична недела во која вашето дете преку игра, забава, проекти и драмски ...
Прскањето на куколот во житото оди успешно, вели директорот на Царинската управа на РМ, Бобан Николовски, запрашан како оди справувањето со „кривинашите“, т.е. „белењето на црните овци во царина“ – има ли успех или се непоправливи, како што на шега го праша новинарот Љупчо Цветановски во интервјуто за Тв Алфа. За нивна жал, во овие две години голем дел царински работници веќе не се дел од оваа институција поради она што го правеле, потврди ...