Вечерва – четврток во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево ќе биде промовирана Монографија за село Раштани под наслов: „Раштани низ вековите“ од авторот Зоран. Б Стојаноски.Ова е неговa втора книга, после романот „Прочка“. Во книгата „Раштани низ вековите“ читателите ќе ги видат за прв пат презентираните архивски документи за село Раштани од 14 век до денеска. Доселени, отселени семејства и родови стебла. Животот во селото низ ...

Денес во 18 часот во Музејот на совремна уметност (МСУ) Скопје ќе се отвори изложба на Ибрахим Махама, уметник од Гана. Станува збор за дело на Махама кое ја обвиткува фасадата на Музејот со текстилна површина, составена од над 1.000 јутени вреќи. „Јутените врежи се секојдневно користени за транспорт на стоки и производи, првенствено во економиите на глобалниот југ, носејќи ги на себе историските траги од процесите на трудот, размената, ...

На саемот на книга во Франкфурт, кој годинава се одржува од 15 до 19 октомври, писателката Билјана Црвенковска ќе се претстави на два настана, односно на две читачки промоции со германското издание на нејзиниот прв роман за возрасни, „Девет приказни за госпоѓица Сит“ (Die Neun Monde Der Miss Sith). Романот, кој е во издание на реномираниот германски издавач „Мителдојчер Ферлаг“ (Mitteldeutscher Verlag), прогласен за издавач на годината во ...

Кога се раѓа Македонец, не се раѓа само човек – се раѓа завет, се раѓа пламен што не може да згасне. Токму тој пламен го носи осмата песна од проектот МАКЕДОНИУМ – „Кога се раѓа Македонец“. Во изведба на Ѓоко Јовиќ и Јована Богданоска, ова дело е химна на достоинството и потсетник дека духот на Македонизмот е бесмртен. Како автор на песната и видеото се потпишува продуцентот Темелко Андреев, чија визија го обликува МАКЕДОНИУМ како споменик за ...

Филмот „Мајка“ на македонската режисерка Теона Стругар Митевска е во пошироката листа од која ќе се бираат номинации за европските филмски награди. Академијата соопшти дека 67 долгометражни филмови се во потесен избор за можна номинација за Европските филмски награди, за кои гласаа членовите на Европската филмска академија. Во тој избор се 44 долгометражни филмови, 15 документарни филмови и 8 анимирани долгометражни филмови, од кои 27 филмови ...

ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп го најави првиот фестивал за рана музика во Македонија – „Dulcia Sonant“, посветен на истражување и оживување на музиката од византиската, средновековната и раноренесансната традиција. Фестивалот се реализира со поддршка на Министерството за култура и туризам. Во два последователни концерти ќе оживее звукот на едно одамна замолчено време – преку ретки инструменти, древни напеви и извонредни интерпретации. На 16 ...

На 25 октомври 2025 година со почеток во 20.00 часот, на големата сцена на Националната опера и балет ќе се одржи премиерата на едно од најпопуларните и највесели дела на сите времиња – оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II. Втората изведба на оперетата е закажана за 28 октомври, 20.00 ч. Диригент е Бисера Чадловска, режијата е на Љупка Јакимовска, сценографијата на Марија Ветероска, костимографијата на Марија Пупучевска, кореограф е Саша ...

Ин мемориам Илинденка Петрушева 14 ОКТОМВРИ (ВТОРНИК) 20:00 ч. БАБИЧКИТЕ НА РЕВОЛУЦИЈАТА (The Grandmothers of Revolution) Документарен филм, Словенија / Куба 2006, 96 мин., колор, ДЦП Режија: Петра Селишкар (Petra Seliškar) Сценарио: Петра Селишкар (Petra Seliškar) Филмот претставува интимна приказна за еден пар и нивните семејства кои имале слична судбина во периодот на Втората светска војна. Тоа ги натера Петра и Бранд да го направат овој ...

Маргарет и Хелен Шлегел се интелигентни и идеалистички млади жени кои живеат со нивниот хипохондричен помлад брат Тиби во Едвардиjaнскиот Лондон. Од смртта на нивните родители и покрај најдобрите намери на нивната досадна тетка Џули, сестрите водат независен и малку необичен живот. По средбата со богатото и конзервативно семејство Вилкокс. За време на одморот, Маргарет се зближува со постарата и потрадиционална Рут Вилкокс. Рут неочекувано ...

Го нарекуваат разбојник „Влези – излези“ затоа што педантниот крадец Том Картер (Лиам Нисон) украл 9 милиони долари од малите градски банки и успеал да го задржи во тајност својот идентитет. Но, кога ќе се заљуби во веселата дрдорка Ени (Кејт Волш), озлогласениот крадец,решава да ги врати сите украдени пари и самиот да се пријавува во полиција за да може конечно да води чесен живот. Но, работите не одат според планот бидејќи двајца агенти од ...

На 14 ти октомври 2025 г./ вторник/ во кино Мис Стон од 19.30 ч. ќе се прикажува македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ кој моментно е на врвот во филмската уметност во земјава. Режисер на филмот е Георги М. Унковски. (возраст 12 +, 100 м. траење) Улогите ги толкуваат Ариф Јакупи, Агуш Агушев, Аксел Mехме, Дора Акан Златанова. „Диџеј Ахмет“ е прв дологметражен филм на режисерот Георги М. Унковски, во кој се говори за Ахмет, 15-годишно момче од едно ...

Охрид, 14. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – И овој петок во трговскиот центар Ohrid Mall нова културна содржина во рамки на проектот на Општина Охрид, Културата расте со децата „За сите деца“. Ќе се одржи детскиот музички концерт „Хероите на градот“. – Станете дел од едно ново волшебно музичко-драмско доживување за деца. Концерт исполнет со интерактивност, едукација и радост! На сцената ќе доминира класичната музика, внимателно адаптирана за ...

Илирјана Салиу деновиве престојува во Бангкок, Тајланд, каде ја претставува нашата земја на Miss Grand International. Нашата претставничка се појави во црвен костим од Натапант Лаксанавонг украсен со мониста и циркони кои блескаа додека таа се движеше на сцената. Илирјана сподели видео од овој момент и напиша: „Ова е остварување на сон“. View this post on Instagram A post shared by ilirjana (@ilirjanasaliu) Претходно, натпреварувачките се ...

На 18 октомври од 20 часот, во Народниот театар во Штип ќе се одржи меморијален концерт посветен на музичарот Филип Стевановски, кој загина во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март, објави „Макбрас асоцијација“ и Скопскиот брас фестивал. Концертот се одржува во чест на неговиот роденден. Ќе настапат квартетот тромбони „Макбрас“ и истоимениот ансамбл составен од 12 тромбонисти, меѓу кои и легендарниот тромбонист Кирил Рибарски, во ...

Во организација на Францускиот институт во Скопје од денеска на Широк сокак во центарот на Битола ќе биде поставена дигиталната изложба „Фауна", која ќе биде отворена еден месец. Како што информираат од Францускиот институт Скопје, изложбата претставува иновативен пристап кон урбаната уметност која комбинира збогатена реалност и еколошка свест. Настанот се организира во соработка со НВО Центар за деконтаминација од Битола и Француската ...

Во најраните години децата го градат својот поглед кон светот – тогаш, без да знаат, ги учат и предрасудите. Тие не се вродени, туку се стекнуваат преку семејството, училиштето, друштвото.. Децата ги имитираат возрасните, ги повторуваат нивните зборови и ставови, дури и кога не ги разбираат. Психолозите велат дека децата од 2–4 години забележуваат разлики (како боја на кожа или јазик), но не ги вреднуваат. Дури подоцна, по шестата и седмата ...

Изложбата ја реализира Музејот на современата уметност Скопје со финансиска поддршка и паритетен придонес од Министерството за култура и туризам, како и од Фондацијата Рајтман (Reitman Foundation), Лондон; Евролинк осигурување; Завар; Раде Кончар; Градежен Факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј; Македонска алпинистичка федерација и Викиекспедиции, сите од Скопје. „Текстилната површина, составена од над 1.000 јутени вреќи кои ја обвиткуваат ...

Струмица, 13 октомври 2025 (МИА) - Од денес до 18 октомври во Градската галерија во Струмица посетителите ќе можат да ја погледнат изложбата „Средновековни тврдини во југоисточниот регион на Република Македонија“, авторство на д-р Душко Цветанов. Како што соопштија од НУ „Завод и Музеј Струмица“, во рамките на изложбата се претставени научни истражувања, визуелни прикази и фотографии кои ја откриваат историската, културната и архитектонската ...

Скопје, 13 октомври 2025 (МИА) - Фестивалот за алтернативна фотографија „Зрно“ денеска во Темишвар, Романија, ќе учествува на „Аналогманија“ – меѓународен фестивал посветен на аналогна фотографија, филм и музика. Настанот е дел од пошироките активности на „Зрно“ за промовирање и ширење на аналогната култура во Европа. На фестивалот „Аналогманија“, „Зрно“ ќе претстави: „Исчезнување во пејзажот“ – авторска изложба на Сара Сасани (Иран), „Гора – ...

Скопје, 13 октомври 2025 (МИА) - Шест детски и младински претстави, од кои пет гостински, ќе бидат изведени во официјалната (натпреварувачка) програма на 4. Интернационален фестивал на детски театри „Игор Маџиров", кој ќе се одржува од 15 до 18 октомври 2025 во организација на Театарот за деца и младинци со Совет на фестивалот. Нив ги избрала селекторката Драгана Милошевски-Попов од над 40 пристигнати апликации. На прес-конференција на ТДМ ...

Јанко Илковски е роден на 14 октомври 1962 година во Скопје, каде завршил основно и средно образование, по што се запишува на студии на Белградскиот Универзитет. По враќањето од Белград и по промена на повеќе работни места, меѓу кои е и преведувач во МРТВ и на фестивалот „Браќа Манаки“, Илковски влегува во медиумските води во 2001 година, најпрво како водител на ноќна програма на А1 телевизија, каде подоцна работи во рамките на спортската ...

По силната животна приказна во која откри дека ја победила тешката болест, Сузана Турунџиева повторно се огласи со емотивна порака што длабоко ги допре нејзините следбеници. Познатата водителка и пејачка објави нова мисла за внатрешната болка и лекувањето на душата, со фотографија направена на плажа — каде, како што често вели, најлесно се слуша тишината и гласот на себеси. „Многу често сме опседнати со надворешниот изглед, заборавајќи дека ...

Споделете со пријателите! И Boehringer Ingelheim Pharma, технолошки партнер на AUTOMA+ 2025, ќе организира работилница за дигитални модели со цел надминување на процесни и инфраструктурни предизвици, ќе сподели студии на случај за трансфер и оптимизација на процеси, ќе изгради холистички модели на постројки и ќе го подобри нивното интегрирање во работните текови. Агенцијата на Европската Унија за Вселенска Програма, иновациски партнер на ...

Денеска, 14 октомври, со почеток во 10:00 часот во Порта Македонија, и утре, 15 октомври, со почеток во 9:30 часот во Европската куќа, ќе се одржи дводневниот транснационален настан посветен на унапредувањето на културното наследство преку европска соработка: Мрежи, мобилност и можности за финансирање од ЕУ. Тематскиот фокус на настанот е културното наследство како основа врз која се темелат политиките на Европската Унија и можностите за ...

Во алеата на писателите, во паркoт Бундек во Загреб, на 11 Октомври, Денот на македонското востание, со посебни чувства и гордост е откриена спомен-биста на големиот Блаже Конески – темелникот на современиот македонски литературен јазик, творец и симбол на македонскиот духовен и културен идентитет. Бистата, изработена од хрватскиот академски скулптор Адриан Марок. ја открија Иринка Ангелова Попржан, претседателка на Советот на македонското ...

Легендарната песна „Дан љубезни“ од југословенскиот бенд „Пепел ин кри“ е овековечена со нова верзија на песната и видео запис, најавувајќи го регионалниот хит „Бело се пере на деветдесет“ со актерката Аница Добра во една од главните улоги. Оваа нова носталгична филмска верзија на песната, поставена во ритам на валцер, е снимена по повод големата годишнина – 50 години од објавувањето на песната. Бендот „Пепел ин кри“, во тоа време ...

Годинешниот Џез фестивал во Куманово кој почнува утре, ќе биде посветен на уметничкиот директор кој загина во трагедијата во Кочани, Филип Стевановски, соопштија денеска организаторите од Институт за наука, уметност, култура и спорт Куманово-ИНУКС. Фестивалот ќе се одржи на 14 и 15 октомври годинава со почеток во 20 часот во Занаетчискиот дом во Куманово, под мотото „Музика за Филип – поддршка за Кочани“, со две хуманитарни џез вечери ...

Естетиката на нашето дело доби невообичаен печат и поради оркестрацијата, преку која на сликовит начин користејќи различни специјални ефекти и техники на свирење ги оживеавме ветерниците, витештвото на Дон Кихот, љубовта, страдањето, страста, како и триумфот на доброто над злото. Не само што уживавме во процесот на создавање, туку и нѝ беше еден вид на терапија, зацелување и мотивација да ги надминеме предизвиците во нашиот личен живот ...

Женската група „Фрајле“ од Нови Сад ќе одржи два концерта во Скопје, на 18 октомври и на 16 ноември во Филхармонијата, и двата од 21 часот. „Фрајле“ одржаа весел концерт на 15 март во истата сала и ја разиграа публиката со нивните хитови и со песни од Тоше, „Леб и сол“ и народни песни од Македонија и Војводина. Највпечатлива беше изведбата на нивната верзија на „Јовано, Јованке“, која ја пеат насекаде низ регионот, а беше своевидно шоу од ...

Во рамки на Лондонскиот филмски фестивал 2025, во преполната сала на киното Принц Чарлс беше прикажан македонскиот филм „Диџеј Ахмет“, најновото остварување на светски признатиот режисер Георги М. Унковски, информираат од македонската амбасада во Британија. На проекцијата присуствуваше и амбасадорката Катерина Ставреска, која имаше можност да оствари кус, но инспиративен разговор со режисерот Унковски. Филмот „Диџеј Ахмет“ претставува ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
69%
1027
weather icon

Белград

4ᴼ / 1ᴼ
3.6
76%
1024
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
3.09
83%
1021
weather icon

Софија

5ᴼ / 0ᴼ
1.03
76%
1026
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.1
98%
1025
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.89
91%
1023
weather icon

Атина

13ᴼ / 12ᴼ
2.06
48%
1026
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
0.0
71%
1027
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
0.51
81%
1028
weather icon

Букурешт

-1ᴼ / -2ᴼ
1.34
78%
1025
weather icon

Будимпешта

-4ᴼ / -5ᴼ
2.24
92%
1024
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
3.09
70%
1025
Currency

61.545

Currency

52.851

Currency

70.942

Currency

35.3615

Currency

38.0477

Currency

65.9491

Currency

7.57395

Currency

0.67113

Currency

0.33186

Currency

0.52432

Currency

1.22539

Currency

0.58607

Калај

48.03

Бакар

12.21

Сребро

2898.88

Алуминиум

3.19

Паладиум

59060.92

Иридиум

188571.41

Цинк

3.26

Родиум

319899.93

Кобалт

62.83

Рутениум

45750.51

Злато

148997.81

Платина

76298.07