Скелињата беа поставени пред дваесет години како дел од конзервациските работи, но нивното присуство криеше дел од деталите и го менуваше естетскиот впечаток на Светата карпа на Акрополот. Со нивното отстранување, иако привремено, посетителите сега можат да го видат ова културно наследство на УНЕСКО во неговата целосна убавина. Новите, модерни и подискретни скелиња ќе се вратат за да продолжат одржувањето и реставрацијата на уникатниот ...

Концертот ќе се одржи во четврток, со почеток во 21 часот, а билетите се достапни преку продажната мрежа на drugastrana.mk. Дуото е познато по својата смела уметничка изразност, која ја спојува музиката со визуелната уметност, рапот и елементите на комедија. Нивните текстови често обработуваат табу и контроверзни теми, оставајќи силен впечаток врз новата генерација. Donplaya, мултидисциплинарен уметник, стои зад албумот makeDON, ЕП-то ...

Од денеска до 30 октомври 2025 година, Република Северна Македонија ќе биде домаќин на 25-то издание на Неделата на италијанскиот јазик во светот. Во годината на Првата меѓународна светска конференција на Италофонијата и во континуитет со петтата Генерална конференција за италијанскиот јазик во светот, ова издание е посветено на темата „Италофонија: Јазик преку границите“. Целта на Неделата на италијанскиот јазик која е во организација на ...

„Квадратен метар“ не е само наслов на изложбата — тоа е концептуална рамка што отвора простор за експеримент и личен израз. Оваа изложба претставува веќе традиционално годишно собирање на членовите на Фото клуб ЕЛЕМА, кои се претставуваат пред јавноста без тематски ограничувања, без зададени форми и без очекувања да се вклопат во стандардните фотографски клишеа. Секој автор добива симболичен простор од еден квадратен метар — доволно за да се ...

Фестивалот на камерна музика „Златна лира“ ќе се одржи од 15 до 30 октомври, соопштува Сојузот на музичките уметници на Македонија – СМУМ. Осумнаесеттото издание на фестивалот на камерна музика „Златна лира“, со својата богата традиција и препознатлив уметнички печат, останува посветен на промоцијата на врвните достигнувања во домашното камерно исполнителство. Во рамките на годинашното издание, публиката ќе има можност да присуствува на седум ...

Документарецот „Меланија“ доаѓа во кината во јануари 2026 година, а раскажува за враќањето на првата дама на Соединетите Американски Држави (САД) Меланија Трамп во Белата куќа. Документарецот е продуциран од Amazon MGM Studios, во сопственост на Џеф Безос, и ќе им понуди на гледачите „невидени детали од 20-те дена пред претседателската инаугурација во 2025 година – низ очите на самата прва дама“. Amazon MGM Studios сподели фотографија од ...

Германска државјанка го вратила врвот на столбот што го украла од локалитетот Олимпија пред повеќе од 50 години во Грција, објави денес грчкото Министерство за култура, пренесе „Бета“. Врвот на столбот од варовник, висок 24 сантиметри и широк 33,5 сантиметри, бил украден од Леонидаион, пансион од 4 век п.н.е., и е третиот предмет вратен во Грција во последниве години од германскиот универзитет во Минстер, кој вчера го врати најновиот ...

Ви претставуваме извадок од расказот „Рецептот на Шопер за долговечност“ на Мимоза Ристова, што е поместен во книгат раскази „Последниот разговор меѓу Дафинка и Дафинка“. Книгата, во издание на „Просветно дело“, ќе биде промовирана на 14 октомври (вторник) во 19 часот во Mr Jack во Скопје. По не знам каква случајност, тогашната министерка за образование токму мене ме номинираше за да ја претставувам Македонија заедно со неколку помлади колеги ...

Пет погребувања од крајот на железното време и доцноархајскиот период на локалитетот Милци, кај Гевгелија беа истражени во рамките на меѓународниот проект што заврши завчера. Археолошките истражувања беа спроведени во рамките на поширока научна програма насочена кон продлабочување на знаењата за погребните практики, материјалната култура и општествените структури на заедниците од железното време и архајскиот период во долината на Вардар. ...

Коста Ќука една деценија ја дели колегијалноста со вработените во Градската библиотека во Битола. Вели дека е среќен, бидејќи му се дала можноста да биде дел од општествениот систем и да се чувствува корисно. „Животот не е само четирите работни саати“, вели мајката на овој 49-годишник и дополнува: „не сакаме шарени балони и новогодишни пакетчиња, потребно е темелно вклучување во системот на лицата со попречености“. Само родителската грижа на ...

Хуморот и музиката од едно од најкултните македонски телевизиски шоуа – „К-15“ – конечно добија свое винил издание. Васко Тодоров, Бранко Огњановски и Љупчо Бубо Каров, попознати како „Дуо Трио“, објавија плоча со своите најголеми хитови кои публиката ги памети од златните години на шоуто. На изданието се најдоа легендарни песни како: „Билјана сајла немаше“, „Статива“, „Ева“, „Шуруп“, „Пауза“, „Целофан“, „Шалтер“, „За Бадев“, „Многу љубам да ...

Развој на културата и препознатливиот дух на градот во приоритетите на Коалицијата „Искуство за успех“. Враќањето на Скопскиот фестивал е само дел од предлозите во изборната кампања. Коалицијата предлага збогатување на настани каде уметниците ќе можат да ги презентираат своите дела, сцени за реномирани и нови музички автори. Трајановски со предлог и за организирање на годишен концерт на ансамбли за инструментална музика. Марина ...

Васко Тодоров, Бранко Огњановски и Љупчо Бубо- Каров познати како „Дуо трио“ издадоа плоча со најголемите хитови на триото кои беа испеани во познатото шоу „К-15“. „Билјана сајла немаше“, „Статива“, „Ева,“ „Шуруп“, „Пауза“, „Целофан“, „Шалтер“, „За Бадев“, „Многу љубам да веслам“, „Маде ин“ и „Градинарот“ се песните на плочата. „Ова е прв винил со две предни страни, велат од „К-15“. За оние кои нарачуваат онлајн преку Дурис.мк има можност ...

Шест пејачи со години чекале на својата шанса, а вечерва ќе ги остварат своите соништа во шоуто „Никогаш не е доцна“. Настапите што ги подготвија ќе ве остават без зборови, а фактот дека ова шоу го вади само најдоброто од луѓето го потврдува фактот на еден натпреварувач. – Ова беше мојата животна желба. И’ по 40 години брак, ова е подарок од Вас и драгиот Бог – рекол натпреварувачот. Оваа недела, ветераните ќе бидат оценети од Ивана ...

Хрватската музичка ѕвезда, Северина, со својот настап во Велес, даде огромен придонес за втората вечер од Велешкта Питијада да биде голем успех и долго време да остане врежана во сеќавањето на сите оние коишто го проседија нејзиниот концерт во градот н гемиџиите. А, просторот пред бината, како и улиците и штандовите во околината беа претесни и целосно исполнети од луѓе кои дојдоа да уживаат, не само во музиката, туку и да пробаа велешка пита ...

Во К.С.П. „Јадро“ на 15 октомври од 20 часот ќе биде отворена изложба и ќе има презентација на проектот „Човек во размер – (ре)откривање на јавен простор“ на Максим Наумовски и Иван Ивановски. „Урбаниот развој на Скопје мора да произлегува од сопствениот дух и топографија, наместо од брзо и некритичко прифаќање на униформни урбанистички решенија што ја бришат локалната меморија и човечката мера. Градот треба да се развива преку процес на ...

Во среда, 22-ри октомври, од 20:00 часот, во Македонска Филхармонија ќе се одржи светската премиера на претставата „Животот е краток и нејасен“, во режија на најдобриот полски режисер Гжегож Кемпински, работена според истоимениот текст на Марјан Анѓеловски. Во 2069 година, серија мистериозни убиства го потресуваат градот. Пред оваа загатка стои началникот Гроздан, кој е симбол на некомпетентноста, корупцијата и урнатиот систем на загубени ...

Претставата „Франкенштајн” на Театарот за деца и младинци – Скопје, во режија на Кокан Младеновиќ, ја освои наградата на публиката на 65. издание на Интернационалниот театарски фестивал МЕСС во Сараево, Босна и Херцеговина. Со ова признание, „Франкенштајн” го потврдува својот успех и надвор од границите на земјата, освојувајќи ја наклонетоста на публиката со својата искрена, визуелно моќна и емоционално продорна интерпретација на ...

Во Охрид вo август се одржа 58. Меѓународна летна школа за македонски јазик, литература и култура. Годинашен добитник на наградата „Воздејства“, во знак на признание за исклучителни, долготрајни и повеќедецениски достигнувања и придонес во научно-истражувачката и културната афирмација на македонистиката е проф. д-р Маќеј Кавка од Република Полска. Наградата „Воздејства“ е инспирирана од согледбата на Блаже Конески, за кого мисијата на Свети ...

Скопје, 11 октомври 2025 (МИА) - Наградата „Ладислав Баришиќ“ на Здружението на ликовни критичари AICA Македонија ѝ е доделена на д-р Иванка Апостолова Баскар за истражувачкиот проект „Вознемирен критичар - Вознемирувачка критика – Немирна ликовност“. Одлуката била донесено едногласно од комисија, во состав Елена Велјановска, Горанчо Ѓорѓиевски и Зоран Петровски, која констатирала дека по десет години од востановувањето на оваа награда, ...

Вечерва во галелеријата “Ранко Струмениковски“ во Битола по повод 11. Октомври, Денот на народното востание, свечено беше отворена ликовна изложба на нашиот сограѓанин, посмртно, на Илија Кочовски, а ова е јубилејна изложба на слики и графики по повод чествувањето на неговиот 80-годишнината од неговото раѓање.Голем број на гости, љубители на ликовната уметност, а посебно на творештвото на Кочовски, беа присутни на изложбата, а галеристот д-р ...

Во романот не се дава одговор на главното прашање поврзано со животот на Солев – Кој го уби Кочо Рацин? Сепак, од книгата може да се изведе одговорот на ова прашање со еден збор – партијата. Сите ние продолжуваме да го убиваме Солев не откривајќи ги сите непознаници од неговата биографија, заборавајќи на него и на неговата величина, вели Пановски. „…Во наративната визура на Пановски ‘хибрисот’ е изместен (трансфериран) од (очекуваното) ...

Слаткаристика и Тони Зен ја продолжија хип-хоп револуцијата која ја започна пред 18 години, со нивниот најдобар концерт досега, вчера (11 октомври) во Арената „Борис Трајковски“. Започнаа како маалски рапери од Ново Лисиче, а стасаа до ѕвезди во хип-хоп музиката. Концертот во полната сала докажа дека ги сакаат и тинејџерите, и они кои биле млади кои почнувале. И денес, тие со најголема љубов ја пеат песната „Моето маало“, посветена на Ново ...

„Бог на колежот“ во режија на Весна Петрушевска, во продукција на Македонскиот народен театар ја освои наградата за најдобра претставана 28. Меѓународен театарски фестивал „Денови на комедија“ во Куманово 2025. Актерот Ѓорѓи Јолевски од истата претстава ја доби наградата за најдобар актер, додека Рада Каирјакова од претставата „Постојаната сопруга“ на Сатиричен театар „Алеко Константинов“ Софија – е најдобра актерка. Жирито е во состав: ...

Скопје, 11 октомври 2025 (МИА) - Горазд Китановки - Кени, Валерија Дамчевска, Матеј Петров, Стефанија Граовац, Даница Лепојевиќ, Виктор Спасески, Горан Анчевски, Живко Грозданоски и Јован Лешов се деветмината финалисти, кои ќе настапат вечер на главното финале на 15. издание на Националниот „Поетски слем Македонија“, што се одржува во Прилеп од 9 до 12 октомври. Како што информираат организаторите, финалниот натпревар ќе се одржи во Центарот ...

Книги од македонски автори кои мора да ги прочитате до крајот на 2025 Потрага по сериски убиец во Италија; млад брачен пар кој се соочува со морничави ситуации на медениот месец; приказна за жена која се враќа во родното место и се соочува со себе и своите „демони“ - македонските автори стануваат вистински мајстори на трилерот, а овие книги мора да ги прочитате. Во време кога деновите стануваат постудени и пократки, нема ништо поубаво од ...

Подгответе се за уште една епизода полна со предизвици, возбудливи прашања и награди што ќе посакате да ги освоите! Ќе им помогнат ли Викса и Дејан на новите натпреварувачи Слободан од Скопје, Драгољуб од Тетово и Иле и Емилија од Битола да стигнат до седмото скалило? Во оваа најнова епизода повторно ќе слушнете интересни податоци за Државна лотарија кои можеби не сте ги знаеле досега. Квиз „Седмо небо“ на Државна лотарија – таму каде што ...

Делото на Махама, кое ја обвиткува фасадата на Музејот на современата уметност, претставува прва негова самостојна изложба во земјава. Текстилната површина, составена од над 1.000 јутени вреќи кои ја обвиткуваат зградата, се секојдневно користени за транспорт на стоки и производи, првенствено во економиите на глобалниот југ, носејќи ги на себе историските траги од процесите на трудот, размената, реферирајќи на теми како глобализацијата и ...

На американскиот „Комик кон“ во Њујорк објавен е првиот официјален кус трејлер за серијата „Витез на седумте кралства“ (A Knight of the Seven Kingdoms), ново претпродолжение на култната ТВ-серија „Игра на тронови“, од продфукцијата на „Ејч-би-о“ (HBO). Серијата се заснова на популарните романи на Џорџ Р. Р. Мартин – „Приказни за Данк и Ег“ (Tales of Dunk and Egg). Заплетот се одвива 100 години пред настаните од „Игра на тронови“ и следи едно ...

Претставата е копродукциски проект работен според текстот „God of Carnage“ од Јасмина Реза, во адаптација и режија на Весна Петрушевска. Во претставата играат Ѓорѓи Јолевски, Дарја Ризова, Благој Веселинов, Наталија Теодосиева, како и децата од актерската школа на Петрушевска. „Иако минималистички по форма, „Бог на колежот“ плени со силна актерска игра, духовит дијалог и прецизна режиска визија, кои на публиката ѝ понудија искуство што и ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
60%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
3.09
70%
1023
weather icon

Загреб

7ᴼ / 7ᴼ
3.09
76%
1021
weather icon

Софија

7ᴼ / 1ᴼ
2.06
75%
1025
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
0.53
99%
1025
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 6ᴼ
0.89
88%
1023
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.12
46%
1025
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
0.0
62%
1026
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
71%
1027
weather icon

Букурешт

1ᴼ / -1ᴼ
1.03
70%
1025
weather icon

Будимпешта

-3ᴼ / -4ᴼ
2.57
92%
1023
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
61%
1025
Currency

61.545

Currency

52.851

Currency

70.942

Currency

35.373

Currency

38.0477

Currency

65.9491

Currency

7.57395

Currency

0.67113

Currency

0.33186

Currency

0.52432

Currency

1.22539

Currency

0.58618

Платина

76298.07

Паладиум

59060.92

Калај

48.03

Бакар

12.21

Злато

148997.81

Родиум

319899.93

Рутениум

45750.51

Кобалт

62.83

Иридиум

188571.41

Алуминиум

3.19

Цинк

3.26

Сребро

2898.88