Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Во соработка со ФЛУ – Скопје, а по повод одржувањето на самостојна изложба изложба на Ибрахим Махама во Музејот на современата уметност – Скопје, со голем интерес и внимание беа проследени предавањето и уметничкиот говор [artist talk] на уметникот Ибрахим Махама (Гана). Вклучувајќи се во активна дискусија, студентите од сите студиски години на Факултетот за ликовни уметности и пошироката публика имаа можност да проследат темелно и ангажирано ...
Во организација на Центарот за културна деконтаминација Битола, во партнерство со Француската Алијанса Битола и Францускиот институт во Скопје, од 14-19 Октомври во Битола е присутен театарскиот уметник Matthieu POULET од Франција. Гостинот од Франција кој е истакнат театарски уметник ќе одржи серија на работилници со професори по француски јазик од регионот на кои ќе им пренесе знаење и вештини како да користат театарски и визуелни алатки ...
Утре (16.10.2025) започнува 44. Скопски џез фестивал кој ќе трае до 19 октомври. Организаторите најавуваат исклучително богата и квалитетна програма. Сите концерти ќе се одржуваат во Националната опера и балет, а придружната програма, проекциите на документарните филмови во Кино Фросина, МКЦ. Билетите се во продажба онлајн на mktickets.mk а пред самите концерти и на билетарницата на НОБ. На Програма плус денеска (15 октомври) во МКЦ Кино ...
Со концерт на Филхармонија посветен на 100 години од раѓањето на композиторите Кирил Македонски и Властимир Николовски, завршуваат годинашните Денови на македонската музика. Концерот, под дригентство на маестро Борјан Цанев, со солистички настап на сопранистката Мила Јаневска ќе се одржи на 16 октомври во големата сала на филхармонијата, со почеток во 20 часот. На програмата се Кирил Македонски: Симфонија бр. 4 (1960), Властимир Николовски: ...
По успешниот зимски и пролетен книжевен кружок, месецов во Илика започнува есенски книжевен кружок што ќе трае до крајот на годината. Поканети се сите заинтересирани, уживатели во читањето, како и оние што сакаат да си постават читачки предизвик, да им се приклучат! Фокусот е ставен на млади македонски автори и ќе бидат опфатени три прозни книги. Првата средба ќе се одржи на 30. октомври каде ќе се разговара за „Каде леташ, Јулија?“ (2025, ...
Утре (16.10.2025) започнува 44. Скопски џез фестивал кој ќе трае до 19 октомври. Организаторите најавуваат исклучително богата и квалитетна програма. Сите концерти ќе се одржуваат во Националната опера и балет, а придружната програма, проекциите на документарните филмови во Кино Фросина, МКЦ. Билетите се во продажба онлајн на mktickets.mk а пред самите концерти и на билетарницата на НОБ. На Програма плус денеска (15 октомври) во МКЦ Кино ...
Во рамките на програмата Jazz cinema, на Скопскиот џез фестивал, вечерва во 20 часот во киното „Фросина“ во Скопје ќе биде прикажан музичкиот документарец We Want the Funk! на режисерот и продуцент Стенли Нелсон. Филмот е од 2025 година, корежисер и продуцент е Никол Лондон. Станува збор за синкопирана одисеја полна со ѕвезди и фанк патешествие коe ги прати и препознава и африканските и госпел корените, од Џејмс Браун до ...
Еден од најдобрите полски пијанисти, Анджеј Јагоѓински во четврток, на 16 октомври, во Националната опера и балет ќе го отвори годинашниот 44. Скопски џез фестивал (СЏФ). Јагоѓински првпат доаѓа во Скопје и во оваа прилика ќе настапи во формација трио, а ќе ги свири Бах и Шопен. Втората вечер, во петок, на 17 октомври, се американскиот гитарист Марк Рибо и еден од најпрогресивните артисти на реномираната импровизаторска сцена на Чикаго, ...
Премиера на оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус Помладиот, едно од најпопуларните и највесели дела на сите времиња, ќе биде изведена на 25 октомври во 20 часот во Националната опера и балет. Диригент е Бисера Чадловска, режијата е на Љупка Јакимовска, сценографијата на Марија Ветероска, костимографијата на Марија Пупучевска, кореограф е Саша Евтимова, хор-мајстор е Јасмина Ѓоргеска, а концерт мајстор е Верица Ламбевска. Во солистичката екипа ...
Скопје, 14 октомври 2025 (МИА) - Објавена е книгата „Историја на естетиката: од Питагора до Хјум“ од македонскиот филозоф, естетичар, есеист, поет и книжевен критичар проф. д-р Иван Џепароски. Делото е објавено во рамки на едицијата „Филозофски дисциплини“ на издавачката куќа „Аз-Буки“ од Скопје. Како што соопшти издавачот, ова монографско издание е изворно дело од областа на естетиката и е резултат на авторовото големо теориско и емпириско ...
Струмица, 14 октомври 2025 (МИА) - Најзначајниот претставник на класичната комедија, Жан-Батист Поклен, познат под псевдонимот Молиер, на сцената на НТ „Антон Панов“, во неговата седумдесет и шестгодишна историја, ќе биде поставен по осми пат, соопштија од театарот. Овие денови се одвиваат пробите на претставата „Мизантроп“ по истоимената комедија на Молиер, во режија на гостинот од Бугарија, Дамјан Тенев. -Каква ќе биде новата, осма по ред, ...
Од печат излезе романот „Фобос“, дебитантско дело на Соња Станковска, во издание на издавачката куќа „Или-Или“ од Скопје. Романот е објавен во едицијата ПРОаЗА како 240 книга а во оваа едиција досега се објавени и многу други дебитантски книги на сега веќе етаблирани македонски автори. За романот, писателката Фросина Пармаковска вели: – „Фобос“ е уникатен пример на колажиран, нелинеарен и мошне комплексен хибриден текст кој умешно ги ...
Вечерва во 19 часот, во Галерија Флу ке биде отворена изложбата под наслов „Приказни за замислен дом“. Оваа идеа доаѓа после повеќемесечна соработка помеѓу група студенти и наставен кадар од Факултетот за ликовна уметност при УКИМ и Колеџот за кинеска и ASEAN уметност при Универзитетот во Ченгду (Кина). На изложбата учествуваат 18 студенти од Скопје и Ченгду, со потекло од различни студиски подрачја како сликарство, графика, визуелни ...
На 22 октомври, во 20 часот, на малата сцена во Македонскиот народен театар ќе биде одиграна јубилејна 50-тата изведба на монодрамата „Торонто експрес“, работена според мотивите на збирката есеи „Тибам Штркот“ од Зоран Спасов-Ѕоф и во режија на Јордан Симонов. Во претставата игра Александар Микиќ. „Торонто експрес“ е агенција за помош при емиграција во Канада, чија цел е да се убедат сите Македонци, колективно да се иселат во ветената земја. ...
На 16 октомври 2025 година (четврток), со почеток во 20:00 часот, во објектот Чифте амам на Националната галерија на Република Северна Македонија ќе биде отворена самостојната изложба на уметницата Верица Ковачевска со наслов „Кога водата ќе секне (When Water Runs Dry)”, во кураторство на д-р Ана Франговска, кустос советник во Националната галерија. Изложбата претставува ретроспективно-продуцирана целина по повод 20 години творештво на ...
Елена Ристеска со многу емоции и трогателни зборови се присети на дружењето со нејзиниот пријател Панчо и ја опиша болката по неговата смрт. Македонската пејачка потенцираше дека го сакала како роден брат и дека не може да се помири со помислата дека веќе го нема на овој свет. Ах бре Пане, ме скрши на милион парчиња! Не стигнав да ти кажам колку те сакам, а си замина!!! Останаа недоречени многу работи! Не знаев дека волку ќе боли како за ...
Во издание на „Или-Или“ од печат излезе новата поетска книга „Чувари на малите нешта“ од Ана Пејчинова. Напишана во класичен и во слободен стих, поезијата на Пејчинова е посветена на невидливото: на природата и сенките, на патниците и пределите, на миговите и соништата, на молчеливите нешта кои се светилишта на суштина. Во спој на лирика и метафизика, хумор и духовност, љубов и смртност, збирката отвора премин меѓу светови: сонот и јавето, ...
Претставата „Аматери“ во режија и авторство на Синиша Евтимов е најновата премиера на Театар Комедија што ќе биде изведена утревечер во 20 часот на матичната сцена. Првата реприза е на 16 октомври. „Аматери“ е сатирична и експлозивна театарска претстава што ги меша историјата, поп-културата и современиот апсурд во еден хаотичен, магично-забавен свет. Од Солунските атентати, преку партизани во „Фортнајт“ универзумот, до пародични реклами за ...
Книгата раскази „Последниот разговор меѓу Дафинка и Дафинка“ на авторката Мимоза Ристова ќе биде промовирана вечерва во 19 часот во барот Mr Jack во Скопје. За книгата ќе зборува проф. д-р Маја Бојаџиевска, модератор ќе биде Билјана Георгиевска, а извадоци ќе чита актерката Тина Трпкоска. Книгата на проф. д-р Мимоза Ристова е во издание на „Просветно дело“. Ристова е авторка на неколку романи и драми. Нејзин последен роман е „Варшавската ...
Наградата „Жива“ за 2025 година за најдобар словенски локалитет им беше доделена на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и на Музеј – Охрид. Наградата ја прими директорот м-р Горан Патчев во придружба на колегата Сашо Блажески. Форумот на словенски култури (FSK) помеѓу 8 и 11 октомври 2025 година, го прослави 11. издание на наградата „Жива“ со меѓународна конференција и објавување на победниците во Требиње, Босна и Херцеговина. ...
Смртта на Владимир Блажев – Панчо наврати многумина на најубавите спомени со него и на неговите изјави и пораки за животот. Една од Instagram објавите на популарниот музичар одново се споделува, затоа што на силен начин го доловува неговиот светоглед. Во продолжение е лекцијата која секој треба да ја прочита: На овој свет сите сме дошле сами и ќе си отидеме сами. Си дошол гол. Ќе си отидеш гол. Си дошол слаб. Ќе си отидеш слаб. Твоето прво ...
Излезе новата поетска книга „Чувари на малите нешта“ од Ана Пејчинова. Напишана во класичен и во слободен стих, поезијата на Пејчинова е посветена на невидливото: на природата и сенките, на патниците и пределите, на миговите и соништата, на молчеливите нешта кои се светилишта на суштина. Во спој на лирика и метафизика, хумор и духовност, љубов и смртност, збирката отвора премин меѓу светови: сонот и јавето, живиот и неживиот свет, митот и ...
Кочани, 14 октомври 2025 (МИА) - Во просториите на библиотеката „Искра“ денеска во 12 часот во во Кочани ќе се реализира сатирична работилница со Миле Ѓорѓиоски, еден од најафирмираните сатиричари во земјава. Учесници ќе бидат ученици, членови на кочанската библиотека. Станува збор за проект на Здружението „Надеж-Норе“ од Македонска Каменица, што е дел од содржините на Меѓународниот фестивал „Јаков од Камена Река“ на кој ЈОУБ „Искра“ се ...
Новиот филм на Теона Стругар Митевска, „Мајка“, по светската премиера на 28 август 2025 година, во Венеција, ќе го започне својот киноживот во земјава од 16 октомври (четврток). За македонската публика, „Мајка“ беше премиерно прикажан на 46. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, што се одржа од 20 до 26 септември во Битола. Публиката во Скопје ќе има можност да го погледне долгоочекуваното остварување кое ...
„Дулсија сонант“ (Dulcia Sonant) е нововостановен фестивал во нашата земја и е прв што им е посветен на истражувањето и оживувањето на музиката од византиската, средновековната и од раноренесансната традиција. Фестивалот, кој е во организација на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, се реализира со поддршка од Министерството за култура и туризам. – Во рамките на првото издание на фестивалот, во два последователни концерта ќе оживее ...
Во организација на Македонското Географско друштво денеска се одржа селекциониот натпревар за Олимпијадата IESO 2022, која оваа година се планира да се одржи во Кина. Најмногу поени освои охриѓанецот Борче Исакоски. Ова се резултатите: Борче Исакоски 88 поени Сара Маневска 85 поени Давид Димовски 78 поени Марко Георгио Делисо 76 поени Вероника Гујовска 73 поени Мартина Јовановска 72 поени Марија Велковска 62 поени Давор Петрески 58 поени ...
Потребни се силни и одржливи партнерства со европските организации за унапредување на македонското културно наследство. Ова го кажа раководителката на канцеларијата за програмата „Креативна Европа“ за Македонија, на денешниот настан , на кој што присуствуваа претставници од институциите од културата, од невладиниот сектор и странски експерти. Според Билјана Прентоска, партнерствата ќе овозможат изготвување на поуспешни проекти, особено откако ...
Со официјалниот плакат и програмата на 11. издание на „Битола Шекспир Фестивалот“, Народен театар – Битола го најави овогодинешното издание кое ќе започне на 14 ноември и ќе трае до 21 ноември 2025 година. На 14 ноември, 81. роденден на НУ Народен театар Битола ќе се прослави со свечено отворање на „Битола Шекспир Фестивалот“ и премиера на едно од најизведуваните дела на Шекспир „Макбет“ во режија на Сабо К. Иштван од Унгарија. На 15 ноември ...
Како што дознава музичкиот портал Музика24.мк, познатиот фолк-пејач Миле Кузмановски на 24-ти декември ќе одржи свечен концерт во Македонската опера и балет (МОБ), со кој ќе ја одбележи својата импресивна 35-годишна музичка кариера. Пејачот, познат по многубројните хитови и својот препознатлив стил, ќе биде придружуван од камерен оркестар, што на концертот ќе му даде посебен уметнички печат и емоција. „Времето летна, еве дојдовме до 35 години ...
Серај Шахинер е турска писателка родена 1984 година во Бурса, а пораснала во населбата Аксарај во Истанбул. Во 2007 година дипломирала на Катедрата за новинарство при Факултетот за комуникации на Истанбулскиот универзитет. Почнала да пишува на млада возраст, со поддршка од своето семејство. Во средно училиште издавала списанија каде што ги објавувала своите раскази. Од првата година на факултет работела како новинарка во студентско списание. ...