Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Демократскиот сојуз, по повод најновиот Извештај на Европската Унија за состојбите во судството, оценува дека реформите во правосудниот систем мора да продолжат со засилено темпо, бидејќи независно, ефикасно и одговорно судство е клучен предуслов за владеење на правото и за напредокот на државата во процесот на европската интеграција. Демократскиот сојуз се залага за ограничување на мандатот на судиите и нивен реизбор на секои седум години. ...
Извештајот на Европската комисија за владеењето на правото покажува дека во земјава нема реформи, корупцијата останува широко распространета, а судството и обвинителството се изложени на политички притисоци, изјави денеска Александар Наумоски, член на Извршниот одбор на СДСМ. „Најновиот извештај на Европската комисија за владеењето на правото ја разоткрива суровата вистина за Македонија под власта на ВМРО-ОКГ: нема реформи, корупцијата е ...
Силен земјотрес го погоди југозападниот дел на Перу доцна синоќа, при што загина најмалку едно лице, а неколку други се повредени, јавува германската новинска агенција „ДПА“. Перуанскиот геофизички институт (IGP) соопшти дека земјотресот бил со магнитуда од 5,1 степени според Рихтеровата скала, додека Американскиот геолошки институт (USGS) ја процени јачината на 5,5 степени. Gempa berkekuatan M5.5 mengguncang wilayah Junín, Peru, pada 18 ...
Социјалната мрежа Фејсбук повторно има технички проблеми. Голем број корисници ширум светот во моментов не можат да пристапат до десктоп-верзијата на платформата, а дел од нив имаат проблеми и со мобилната апликација. При обид да се најават на својот профил, на корисниците им се појавува пораката: „Профилот е привремено недостапен. Вашиот профил моментално не е достапен поради проблем со страницата. Очекуваме проблемот наскоро да биде решен. ...
Неспособноста и аматеризмот на коалицијата на СДС, ДУИ и Арбен Таравари во Гостивар, кои го доведоа градот во колапс, излегоа на површина. Според информациите постои основано сомнение дека здравјето на граѓаните е директно загрозено, затоа што општинските власти поставиле пумпи во отпадни води за да се зголеми притисокот во водоводната мрежа, велат од ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение. „Во изминатите денови над 1000 гостиварски граѓани, ...
Опозициските партии СДСМ и Левица упатија критики поради новиот билборд поставен на влезот во главниот град, обвинувајќи дека визуелното решение е несоодветно и содржи низа грешки. Во партиско соопштение, СДСМ оцени дека наместо разубавување на градот, скопјани добиле симбол на аматеризам и срам. Од партијата тврдат дека на билбордот коњот Букефал е прикажан со пет нозе, а останатите елементи, според нив, не соодветствуваат на изгледот и ...
Пораките од експертите се јасни – епидемија на гастроентеритис во Гостивар постои, без оглед дали официјално ќе биде прогласена или не, велат од СДСМ преку соопштение. Оттука сметаат дека со прогласување на епидемија се овозможува побрза и поефикасна координација на институциите и спроведување мерки за спречување на понатамошното ширење на заразата. „Во Гостивар заболени се илјадници граѓани, а состојбата бара сериозна и одговорна реакција ...
Џенифер Гарнер ретко зборува за односот со поранешниот сопруг Бен Афлек, но во ново интервју откри дека тој е „неверојатен татко“ и одличен партнер во заедничкото родителство. Актерката изјави дека додека децата биле мали целосно му се посветила на мајчинството и ретко прифаќала ангажмани што би ја оддалечиле од нив. Сега, кога нивните деца се тинејџери, Гарнер вели дека има повеќе слобода бидејќи Афлек презел поголема улога во грижата за ...
Сончево и многу топло време со мала до умерена облачност се очекува утре низ земјава, а дневната температура ќе достигне до 39 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Попладне на повеќе места ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи, а ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се движи од 14 до 22 степени, а максималната од 33 до 39 степени. Во Скопје ќе биде сончево и ...
Микробиологот Никола Пановски реагира на известувањето дека во Гостивар засега нема да биде прогласена епидемија, сѐ додека не се утврди причината за големиот број заболени со стомачни тегоби. „Во Гостивар има епидемија на гастроентеритис. 1.500 се регистрирани со исти симптоми и најмалку уште 5.000 кои не се јавиле на лекар. Во еден град заболеле 30% од населението од иста болест и нема услови за прогласување на епидемија!!! Епа браво. ...
Иран соопшти дека рамковниот договор со Соединетите Американски Држави повеќе не важи, објави иранската агенција Фарс. Заменик-министербот за надворешни работи Казем Гарибабади изјави дека Техеран го суспендирал договорот бидејќи Вашингтон со своите воени дејства ги прекршил обврските од Меморандумот за разбирање потпишан во Исламабад. „Повеќе не се сметаме за обврзани да ги почитуваме договорените обврски“, рече Гарибабади. Иранскиот ...
Дури 97 црноноси овци угинале откако гром удрил во стадо на швајцарските Алпи, додека околу 80 животни преживеале. Инцидентот се случил во текот на ноќта на планинско пасиште на планината Егерхорн, на надморска височина од 2.503 метри, по силните грмежи што зафатиле голем дел од Швајцарија. Одгледувачот изјавил дека овците биле собрани во ограден простор како заштита од волци, мерка која последниве години станала неопходна поради ...
Претседателот на Воениот комитет на НАТО, Џузепе Каво Драгоне, предупреди дека Русија би претрпела многу поголема штета отколку што би добила доколку се обиде да ги нападне Полска или балтичките земји, објави „Индекс“, повикувајќи се на интервју за „Киев индипендент“. „Денес Русија би загубила многу повеќе отколку што би добила со каква било акција против Полска или Балтикот. Подготвени сме“, изјави Каво Драгоне. Тој оцени дека можноста за ...
Во Гостивар засега нема да биде прогласена епидемија, сѐ додека не се утврди причината за големиот број заболени со стомачни тегоби, изјави министерот за здравство Сашо Клековски по посетата на Општата болница во градот. Тој рече дека повеќе институции спроведуваат епидемиолошки анкети и лабораториски анализи за да се утврди дали причинителот е поврзан со бактерии, вируси, паразити, тешки метали или друг извор. Од вчера се земаат и ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека сите надлежни институции се на терен и дека се испитуваат мостри од водата во Гостивар, додавајќи дека во случајот е вклучено и Јавното обвинителство. „Сите институции се на терен. Се испитуваат мостри од водата, имаме процес кој го води и Обвинителството. Многу скоро ќе се излезе со информација што се случило и кој е тој што дал наредба тоа да се случи и, се разбира, ќе има одговорност. Нема така да ...
Институтот за јавно здравје соопшти дека зел примероци од водата на посочени локации во Гостивар, откако Јавното обвинителство побарало да бидат извршени микробиолошки и физичко-хемиски анализи. Екипата на ИЈЗ веднаш излегла на терен, а анализата на земените примероци започнала во раните утрински часови во четврток, веднаш по нејзиното враќање. Постапувањето следува по известувањето од Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар за нагло ...
Тоше Проески отсекогаш бил најголемиот музички идол на младиот пејач Васил Ангелов. Токму затоа, последната епизода од неговиот авторски проект „Under 2 Minutes“ ја посветува на легендарниот македонски пејач, претставувајќи ја песната „Јас не сум виновен“ во сосема ново, современо музичко издание. Станува збор за несекојдневен концепт во кој Васил Ангелов, преку внимателно вклопување на оригиналните вокали на Тоше Проески, создава симболичен ...
ВМРО-ДПМНЕ ги обвини СДСМ, Левица и ДУИ дека водат политика на блокади поради Изборниот законик. Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција изјави дека претставници на овие партии со месеци учествувале на работни средби, предлагале измени и корекции, а нивните барања биле прифатени. „Кога дојде време да стават потпис и да покажат одговорност, избегаа од сопствениот договор“, рече Манасиевски. Според него, проблемот ...
ВМРО-ДПМНЕ побара институциите да го истражат случајот со загадувањето на водата во Гостивар, по кој повеќе од илјада граѓани побараа медицинска помош со симптоми на труење, а надлежните привремено забранија користење на водата за пиење. Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар, Мартин Андоновски, на прес-конференција изјави дека партијата изразува загриженост и осуда за, како што рече, скандалот во Гостивар. Тој обвини ...
На 66-годишна возраст почина Нури Бајрами, поранешен заменик-претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата, долгогодишен новинар и правник по професија. Веста за неговата смрт ја соопшти неговиот син преку објава на социјалните мрежи. „Со длабока тага ве известувам дека синоќа, по полноќ, почина мојот татко Нури Бајрами. Го молиме Семоќниот Бог да му се смилува и да го прими меѓу жителите на Џенетот (Рајот)“, напиша тој. ...
Управата за јавни приходи најостро го осудува физичкиот напад и попречувањето на службените лица при извршување на нивните законски овластувања за време на даночна контрола на локалитетот Куклица. „Ниту еден службеник не смее да биде изложен на насилство, закани или притисоци додека ја извршува својата законска должност. Нападот врз даночен контролор не е само напад врз вработените во Управата за јавни приходи, туку и напад врз владеењето на ...
Привршува реконструкцијата на Охридскиот аеродром и очекувам до крај на летото да го завршиме. Ќе добиеме еден нов аеродром, една нова, административна зграда, но и најважно нова терминална зграда, повеќе место за слетување и за полетување што ќе го зголеми капацитетот за нови авиолинии и за патници на аеродормот, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Алксандар Николоски, при денешната работна посета во Дебрца. “ ...
Сите понекогаш влегуваат во расправија, но според астролозите, два хороскопски знаци особено се издвојуваат по тоа што тешко премолчуваат кога нешто не им се допаѓа. Овен Овните се директни, импулсивни и секогаш го кажуваат тоа што го мислат. Ако нешто им пречи, ќе реагираат веднаш и ќе го бранат својот став, без разлика колку ќе трае расправата. Сепак, иако брзо се налутуваат, исто така брзо се смируваат и ретко долго паметат навреди. ...
Повеќе од 100 куќи се уништени во големиот пожар што вчера избувна во јужна Норвешка, а стотици жители беа евакуирани, соопштија норвешките власти. Пожарот избувнал вчера околу 15:30 часот во населбата Крокстаделва во Драмен, град на околу 34 километри југозападно од Осло. Огнот најпрво зафатил низа куќи, а потоа се проширил кон околното подрачје и блиската шума. A house caught fire in Krokstadelva, Norway pic.twitter.com/dq3bbWZ8Tz — ...
Во рамките на работната посета на Вашингтон, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер Ландау. Во разговорот соговорниците ја потврдија заедничката определба за натамошно зајакнување на стратешкото партнерство и билатералната соработка, во интерес на граѓаните на двете земји. Фокусот на средбата беше ставен на унапредувањето ...
Американската актерка Ања Тејлор-Џој привлече внимание со своето модно издание за време на промоцијата на новата серија „Lucky“ во Њујорк. Ѕвездата на „Дамин гамбит“ се појави во виолетов градник во стил на топ, преку кој носеше зелен кардиган, комбиниран со портокалово здолниште со шарен дезен и жолти чевли со високи потпетици. Anya Taylor-Joy pic.twitter.com/1zFEbBlHbh — ً (@gorgarchive) July 17, 2026 Нејзиниот стајлинг предизвика бројни ...
Шеесет и тригодишен маж во средата со автомобил удрил во влезната капија на имотот на Бијонсе и Џеј-Зи во Ист Хемптон. Според полицијата, возачот изгледал дезориентирано, не застанал пред затворената капија и со поголема брзина продолжил по патoт. Тој бил уапсен, а потоа пренесен во болница. Против него е поднесена пријава за неовластен влез на приватен имот и предизвикување материјална штета. Од полицијата соопштија дека 63-годишникот нема ...
Поморскиот сообраќај низ Ормутскиот Теснец речиси целосно е запрен по обновената размена на напади меѓу САД и Иран, објави компанијата за поморски податоци „Кплер“, пренесе агенцијата „ДПА“. Според „Кплер“, во четвртокот низ теснецот поминале само осум бродови, што е најмал број во последните три недели. Ден претходно биле регистрирани 15 пловила, додека пред две недели низ Ормускиот Теснец минале 48 бродови. Пред почетокот на конфликтот ...
СДСМ соопшти дека најновиот Извештај на Европската комисија за владеењето на правото ги потврдува, како што наведува партијата, нивните предупредувања за системски притисок врз судството и обвинителството од страна на власта. „Европската комисија го потврди она што го зборува СДСМ со месеци – Христијан Мицкоски и ВМРО вршат системски притисок врз судството и обвинителството, а корупцијата е неказнива“, наведуваат од СДСМ. Според партијата, ...
Нетфликс го презеде ВИ стартапот „InterPositive“, основан од холивудскиот актер Бен Афлек, во зделка вредна 587 милиони долари, покажуваат документите доставени до американската Комисија за хартии од вредност (SEC). Компанијата, која Афлек ја основа во 2022 година во Лос Анџелес, развива алатки со вештачка интелигенција наменети за постпродукција на филмови. Системот не создава филмови од почеток, туку им помага на режисерите и продукциските ...