Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, предизвика остри реакции во европските престолнини со својата недвосмислена поддршка за војната што Доналд Трамп ја започна против Иран. Неговите изјави доаѓаат во момент кога Европа се соочува со енергетски шок предизвикан од конфликтот, што создава дополнителни тензии во рамките на трансатлантскиот сојуз, пишува „Фајненшл тајмс“. Изјавата на Руте дека европските сојузници на крајот ќе се обединат и ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на промоцијата на „Планот за професионален интегритет 2026–2028“ на Министерството за внатрешни работи, активност која се реализира во рамки на програмата на ДЦАФ за реформи во разузнавачкиот и безбедносниот сектор во Македонија 2021–2026. Настанот беше посветен на претставување на стратешките приоритети, институционалните обврски и конкретните мерки утврдени во новиот План, ...
Полицијата во Велес поднесе кривична пријава против Н.Џ. (34) од Велес поради злоупотреба на лични податоци и измама при добивање на кредит или друга погодност. Според информациите, на 30 септември 2025 година, во стан во Неготино, пријавениот фотографирал лична карта на едно лице и без негова согласност, во негово име аплицирал за кредит од финансиско друштво. Кредитот бил одобрен, по што осомничениот подигнал 149.000 денари. Текстот Со ...
Министерството за дигитална трансформација и Oracle потпишаа Меморандум за соработка за развој на дигиталните вештини, обука и преквалификација на граѓаните. Преку ова партнерство, граѓаните ќе имаат пристап до повеќе од 200 часа бесплатна дигитална содржина, прилагодена за сите нивоа на знаење, што ќе овозможи стекнување на нови вештини, надградување на постојните знаења и отворање нови можности за вработување, професионален развој и ...
Денеска (26 март) во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, во присуство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, вице-премиерот и министерот за транспорт и врски, Александар Николовски, началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски и вршителот на должност шеф на Мисијата на Амбасадата на САД, Никол Варнс, беа промовирани новопристигнатите 17 лесни оклопни возила од типот „STRYKER“, ...
Еден од најзначајните македонски музички брендови, Љубојна годинава прославува јубилејни 25 години постоење со голем концерт кој ќе се одржи на 29 март во македонската Филхармонија, а во пресрет на концертот, групата ја претставува својата нова песна – „Врати ми ја Тишината“, во дует со Бранислав Николов. „Врати ми ја тишината“ е инспирирана од музичката тема „Танго за тројца“ во соработка и дружба со Фолтин. Видеоклипот е документиран во ...
Од утре ќе има врнежи, ветер и заладување. Ваквото време ќе се задржи и за време на викендот. Локално ќе има пообилни врнежи и силен ветер, информира УХМР. Утре ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер (над 60 km/h) од јужен правец. Кон крајот на денот под влијание на циклонска активност, следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во петок наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 l/m2) , а ќе ...
Премиерот Христијан Мицкоски изрази задоволство што оклопните возила STRYKER се веќе во земјава и најави дека ќе пристигне и дополнителна количина, со што, како што рече, значително ќе се зајакне капацитетот на македонската Армија. Тој упати благодарност до војската, војниците, старешините, генералите, Министерството за одбрана, како и до Владата, но и до стратешките партнери – САД и нивната амбасада за поддршката и логистиката. „Ова за нас ...
Општина Центар објави јавен повик за реализација на проектот „Нож и виљушка на европска чинија“, настан што ја промовира македонската кујна, но и вкусовите од европското поднебје, со посебен акцент на локалните производители на храна. „Храната е дел од нашиот културен идентитет и начин да ја споделиме домашната традиција со другите. Со проектот „Нож и виљушка на европска чинија“ ги доближуваме македонската и европската кујна до граѓаните, а ...
Општина Карпош започнува со реализација на проект за психолошка поддршка на онколошки пациенти со цел да им обезбеди бесплатна, стручна и континуирана поддршка на пациентите, жени и мажи, преку организирање на групни терапевтски средби. Во период од 9 месеци, со почеток од април 2026 година, ќе се реализираат групни сесии во кои учесниците ќе добијат: безбеден простор за споделување, емоционална поддршка, техники за справување со стрес и ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека безбедносната состојба во Македонија е стабилна и под контрола, и покрај случувањата на Блискиот Исток. „Стабилна, без да има одредени осцилации. Апсолутно ја имаме под контрола состојбата. Предизвици има и ќе има, но тука сме да ја следиме и да реагираме ако има потреба од тоа“, рече Мицкоски, во одговор на новинарско прашање. Премиерот денеска присуствуваше на презентацијата на 17 нови лесни оклопни ...
Дуото ДУПЕР денес точно напладне ја објави својата нова песна и видео! По период во кој сè почесто се наметнуваат како едно од најактуелните имиња на домашната сцена, ДУПЕР точно во 12:00 часот ја објавија својата нова песна „На пола пат“, проследена со видео кое има филмски пристап. Новото издание доаѓа во момент кога нивниот претходен хит „Може може може“ сè уште активно се слуша и ротира, додека бендот континуирано најавува настапи и го ...
Речиси целата комуникација од Иран останува блокирана, а прекинот на интернетот влезе во својот 26-ти ден, објави NetBlocks. Организацијата што ја следи интернет конекцијата вели дека прекинот надминал 600 часа, оставајќи ги „цивилите отсечени од меѓународните мрежи“, што, предупредуваат тие, го нарушува нивното право на пристап до информации во време на војна. За потсетување, иранските државни медиуми вчера објавија дека полицијата уапсила ...
Данската премиерка Мете Фредериксен поднесе оставка откако нејзината тројна коалиција претрпе тежок пораз на парламентарните избори, соопшти кралската палата. По изборите се очекуваат сложени и долги преговори за формирање нова влада, при што останува неизвесно дали Фредериксен ќе остане на власт или ќе биде избран нов лидер. Нејзината Социјалдемократска партија освои 38 места во парламентот, значително помалку од 50 пред четири години. ...
Македонија и Мавровското езеро оваа година ќе бидат домаќини на Светско првенство во риболов на крап, едно од најзначајните натпреварувачки случувања во спортскиот риболов на глобално ниво, соопшти Македонската риболовна федерација. Како што наведуваат од Федерацијата, станува збор за историски момент за државата, бидејќи досега не oрганизирале спортски настан од вакво ниво и обем, со учество на екипи од околу 30 држави, како и присуство на ...
Демократската Унија за интеграција (ДУИ) објави дека од почетокот на 2026 година се потрошени речиси 25 милиони евра за увоз на струја. „ДУИ објавува конкретни факти, имајќи ги предвид изјавите на премиерот Христијан Мицковски во однос на работата на ЕСМ. Овие податоци целосно ги демантираат тврдењата и дезинформациите кои доаѓаат од раководството на ЕСМ и Министерството за енергетика. Само од почетокот на 2026 година, ЕСМ, со цел да ги ...
Во текот на изминатите два дена (23/24.03.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1177 издадени платни налози, од кои 217 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, извести МВР. „Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 25 лица, од кои две за возење под ...
Спротивно на Изборниот законик и Правилникот на Државната изборна комисија, Советот на општина Аеродром на вчерашната седница одлучи да ги намали за 50% надоместоците на членовите на избирачките одбори. Со оваа одлука 930 членови на избирачки одбори ќе добијат за 50% помали надоместоци од тоа што ги следува согласно Изборниот законик, велат од СДСМ Аеродром. „Висината на овие надоместоци е експлицитно утврдена во Правилник на ДИК и се движи ...
Актерката Софија Вергара не мора многу да направи за да го привлече вниманието на сите што ја сакаат, а и на оние кои не ја сакаат. View this post on Instagram A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara) Шармантната Колумбијка имаше дружба со обожаватели во Лос Анџелес, а поводот беше нејзиното учество во жирито на „Америка има талент“. View this post on Instagram A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara) Јасно е дека сите со ...
Дрон што летал од Русија удрил во оџак на електрана во североисточна Естонија, соопшти Естонската служба за внатрешна безбедност во среда наутро. Инцидентот се случил во електраната Овер, која се наоѓа во близина на руската граница, но нема повредени во нападот, објави Euronews. Естонската служба за внатрешна безбедност, позната по кратенката ISS, ги објави деталите во официјално соопштение. „Дронот удри во оџакот на електраната Овер. Никој ...
Периодот по породувањето, честопати наречен „четврт триместар“, носи бројни физички и емоционални промени што многу жени не ги очекуваат. Иако фокусот обично е на бебето, важно е да се разбере дека телото на мајката интензивно се опоравува во исто време. Повеќето од овие промени се нормални и привремени. Зошто се случуваат промени? По породувањето, се случуваат ненадејни хормонални промени. Нивоата на естроген и прогестерон се намалуваат, ...
Тиркизните јајца изгледаат како ретки полускапоцени камења, но всушност се прават директно во вашата кујна со минимален напор. Секоја година, домаќинките бараат идеален начин да ја направат празничната трпеза да заблеска поинаку од минатиот пат и да го направат боењето јајца магично. Заборавете на скапите гелови и агресивните хемикалии кои продираат во лушпата сè до белките. Боењето јајца природно се покажа како многу попаметна опција. ...
Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа и паштунскиот, Радио Машал, ќе бидат затворени на 31 март 2026 година. „Затворањето на овие два сервиса е загуба за публиката што ја опслужуваат. Но, сегашната буџетска состојба на Радио Слободна Европа нè принудува повторно да ги приоритизираме начините на кои ги распределуваме нашите ресурси. Оваа одлука е донесена со длабока благодарност за работата што ја имаат направено овие тимови и за ...
Момчето К.К. кое во мај 2023 година изврши масовно убиство во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград, денеска ќе биде изведено пред Специјалниот суд каде што ќе сведочи во повторената кривична постапка против своите родители за злосторството што го стори. Момчето К.К. прво ќе биде сослушано од судијата, а потоа ќе му бидат поставени прашања од обвинителите, адвокатите на одбраната, како и родителите на жртвите и нивните адвокати. ...
„СДСМ и претседателот Филипче ја предупредија Владата дека намалувањето на ДДВ од 18% на 10% нема да има ефект, дека без системски мерки – со намалување на акцизите и цените на храната – нема да има намалување на цените и дека граѓаните ќе плаќаат поскапо. Се потврди“, велат од СДСМ. „Само еден ден по прес-конференцијата на Мицкоски, каде што промовираше една половична мерка, има ново покачување на цената на дизелот, која сега изнесува 95,5 ...
По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против тројца соизвршители на кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во првите денови од март годинава, од кругот на фабриката „Железара“, обвинетите украле различни видови кабли вредни вкупно 196.500 денари, сопственост на правно лице од Кавадарци. При кражбата оштетиле и кабел кој бил дел од јавна ...
Професионалниот и приватниот живот на Лука Дончиќ беа во центарот на вниманието овој месец поради низа правни потези што следеа по официјалниот крај на неговата деветгодишна врска со Анамарија Голтес. Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, кој премина од Далас Маверикс во февруари 2025 година, ја ангажираше познатата холивудска адвокатка Лаура Васер да го оспори барањето за алиментација што Голтес го поднесе во округот Лос Анџелес. ...
Новиот шеф на НАСА, Џаред Исакман, ја менува насоката на американската вселенска агенција, а на настан во Вашингтон, тој презентираше амбициозна визија што вклучува нови планови за база на Месечината. Иако НАСА долго време планираше да воспостави населба на Месечината каде што астронаутите би можеле да живеат и работат долго време, ова е првпат агенцијата да открие специфичен временски рок и план за таков проект, пишува CNN. „База на ...
Младите генерации вработени сè повеќе отворено зборуваат за платите, фундаментално менувајќи ја корпоративната култура и односите на работното место. Според анкетата на Kickresume, спроведена меѓу 1.850 анонимни вработени ширум светот, само 31 процент од испитаниците велат дека за платите може отворено да се дискутира во нивната компанија, додека во 37 проценти од случаите, оваа тема сè уште се смета за табу. Генерацијата Z не крие колку ...
Иран ги информираше Советот за безбедност на Обединетите нации и Меѓународната поморска организација дека „ненепријателски бродови“ можат да минуваат низ Ормускиот теснец ако прво се координираат со иранските власти. Пораката доаѓа во време кога војната меѓу САД и Израел против Иран речиси го запре минувањето на околу една петтина од светската нафта и течен природен гас низ теснецот, предизвикувајќи значителни прекини во глобалните испораки, ...