Џенифер Лопез беше фотографирана во Лос Анџелес со нејзината ќерка Ема, која неодамна наполни 18 години, како и со нејзиниот брат близнак, а ова беше женски ден, па мајката и ќерката уживаа во шопинг, ручек, а исто така и во фризерски салон. Модното издание на познатата Џеј Ло, која моментално ја завршува својата турнеја и постојано воодушевува со својот изглед и фигура во 50-тите години, на концертите, овој пат беше во фокусот, бидејќи ...

Ирански извори велат дека Техеран не побарал пауза во нападите врз неговите енергетски постројки и сè уште не дал конечен одговор на американскиот предлог насочен кон прекин на конфликтот, објави Анадолија. Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно изјави дека нападите врз енергетскиот сектор на Иран ќе бидат паузирани 10 дена, до 6 април, тврдејќи дека продолжувањето е на барање на Иран, објави Wall Street Journal. Сепак, изворите велат ...

Патиките не се само чевли – тие се мал магичен трик за секоја облека, затоа откријте како да ги комбинирате на најдобар можен начин. Кога сонцето ќе почне да се загрева, а јакните и тешките чевли полека се повлекуваат во втор план, патиките го преземаат тронот во вашиот гардеробер. Лесни, удобни и апсолутно разновидни, тие се апсолутен MVP на пролетните комбинации. View this post on Instagram A post shared by Léna Farouil (@lenafarl) Без ...

Освен што носи подолги денови и потопло сонце, пролетта 2026 година носи и прекрасна космичка надградба во љубовта, особено за одредени знаци, според астрологијата. Венера буди желби, Јупитер ја отвора вратата за посебни средби – и одеднаш вашето срце ќе чука побрзо од вообичаеното. За некои хороскопски знаци, ова пролетно будење ќе биде вистинска љубовна офанзива: интензивна, изненадувачка и полна со пеперутки во стомакот. Можеби сте еден ...

Владата на Виктор Орбан во Унгарија е обвинета за масовно заплашување на гласачи во филм објавен пред парламентарните избори на 12 април, а во време кога владејачката партија заостанува во анкетите на јавното мислење. Документарецот „Цената на гласот“, кој се прикажа во кино во Будимпешта и на YouTube вчера вечер, ги претставува резултатите од шестмесечна истрага спроведена од независни филмски работници и новинари, објави Би-Би-Си. Во ...

Владата на Република Хрватска, на денешната затворена седница, одлучи да даде одобрение за влез на американски нуклеарен воен брод во внатрешните води на Република Хрватска и негов престој во хрватско пристаниште, објави Индекс.хр. Детали за тоа за кој брод станува збор, како и датумот на пристигнување и времетраењето на престојот, сè уште не се објавени. Сепак, со оглед на тоа што Владата објави дека станува збор за брод на нуклеарен погон, ...

Повеќе од 300 интервенции на пожарникари, прекини на електрична енергија и сообраќајни незгоди беа регистрирани денес низ цела Словенија поради силниот ветер, известува агенцијата СТА. Илјадници домаќинства беа привремено без струја поради оштетени далноводи, неколку патишта беа затворени поради дрвја што паднаа на коловозот, а неколку автомобили, камиони и работни машини беа оштетени. Многу жители на северниот дел на Словенија добија ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на состанок на кабинетот во Вашингтон изјави дека американските сили речиси целосно ги уништиле воените капацитети на Иран, додавајќи дека дури и минимална закана во Ормутскиот теснец може да има сериозни последици. „Проблемот со Ормутскиот теснец е овој: ги уништивме воено. Немаат воздухопловни сили, немаат морнарица, им останаа многу малку ракети. Уништивме многу од нив. Тешки се за производство. Истото ...

Филипче бега од седницата наменета за пратенички прашања, а партијата си пушта соопштенија што кажал Мицкоски на седницата, вакви политички кукавици немало во досегашната историја на политиката, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ во кое обвинија дека премиерот, Христијан Мицкоскуи, му делел задачи на новиот јавен обвинител. „Од СДС никако да го вклучат или употребат мозокот. И така, секојдневно и постојано повторуваат глупости. ...

На денешната седница за пратенички прашања, пратеничката од СДСМ, Даниела Николова, во отсуство на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, упати прашање до заменик-министерот Мирослав Лабудовиќ, во однос на случајот со масовното труење на работници во РЕК Битола. Во прашањето, Николова побара детално да се испита причината и да се лоцира одговорноста. „Имаме информации, тоа веќе, нели, јавно се споделени ...

Во повторената кривична постапка против Владимир и Миљана Кецмановиќ, родителите на момчето кое го изврши масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, вчера пред Специјалниот суд во Белград се одржа петчасовно сослушување на малолетниот сторител. Зад затворени врати, момчето откри шокантни детали за мотивите за злосторството, но исто така направи неочекуван пресврт во однос на неговите претходни искази, пишува Telegraf.rs. ...

Александра Јанева ја претстави својата најнова песна „Како спиеш ти“, модерна поп-балада која веднаш по објавувањето предизвика лавина позитивни реакции. По долг период на брзи ритми, пејачката реши да изненади со модерна, поп балада. Авторскиот тим кој се потпишува зад овој проект се Лазар Цветкоски (музика и аранжман) и Луна Ристиќ (текст). Тие се и главните соработници на претстојниот студиски албум на Јанева – „Сестро“, кој се очекува со ...

Цените на нафтата скокнаа на меѓународните пазари кон 109 долари, сигнализирајќи ги сомнежите на инвеститорите дека размената на услови меѓу САД и Иран ќе го отвори патот за крај на војната. На лондонскиот пазар, барелот се тргуваше попладне по 108,85 долари, што е за 6,63 долари повисока цена во споредба со вчера. На американскиот пазар, таа порасна за 4,73 долари на 95,05 долари. Иран ги објави условите за завршување на војната Трамп: Иран ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на денешната собраниска седница, во одговор на пратеничко прашање даде пошироко објаснување за еДМС, систем кој подразбира целосно електронско управување со документи. „Овој систем е единствениот што гарантира дека преку електронската архива не може да имате загубени предмети, ниту, пак, предмети во фиока. Распределувањето на предметите се врши до последното лице во институцијата, а ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, објави дека пристигнал во Саудиска Арабија каде што ќе одржи „важни состаноци“ како дел од напорите за зајакнување на врските со земјите од Блискиот Исток во услови на американско-израелската војна со Иран. Киев им нуди на земјите во регионот кои беа погодени од иранските напади, експертиза за воздушна одбрана и технологија за беспилотни летала. Зеленски рече дека за возврат се надева на поддршка ...

Христијан Мицкоски денеска му делеше задачи на новиот јавен обвинител од собраниската говорница – што да прави, како да постапува, кого да гони, кои предмети да ги отвора. Исто како што преку телевизии елиминираше кандидати, велат од СДСМ. „Ова е тоа погребување на правдата и воспоставување тотална контрола на власта над обвинителството и судството. Ако Мицкоски сака борба со корупцијата и криминалот, требаше прво да се уапси себеси. Докази ...

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на становите и младите бегаат од државата, одговори вицепремиерот Александар Николоски на пратеникот од Левица, Амар Мецановиќ, на седницата посветена на пратенички прашања. Според Николоски, додека државата води политика на олеснување на инвестициите, ...

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 l/m²), а ќе има и услови за појава на ретки грмежи, информира УХМР. На некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, а на планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека многу европски земји се подготвени да дејствуваат заедно за да обезбедат слобода на пловидба низ Ормутскиот теснец, еден од клучните енергетски центри во светот. Руте нагласи дека европските земји се подготвени да се соберат и да разговараат какви конкретни чекори можат да преземат за да го одржат теснецот отворен и безбеден за меѓународен сообраќај. Неговата изјава доаѓа откако ...

Пред доделувањето на наградите „Порин“ за посебни заслуги, кои вечерва ќе ги прими на концертот во Сплит, прославениот македонски гитарист Влатко Стефановски одржа прес-конференција на која ги претстави своите два нови изданија – авторскиот албум Muscle Memory и проектот Guitar Things, во изданија на Croatia Records. Станува збор за исклучително продуктивен период за еден од најценетите гитаристи во регионот, кој публиката ја почести со две ...

Владата на Мицкоски денеска зборува за „историски договор“ за покачување плати од бедни 7% годишно? Нема 600 евра минимална плата, нема 20% покачување на платите, бедни 7%! Во исто време Мицкоски во Собрание зборува за покачување на платите во здравството и образованието кои се од времето на СДСМ, поради законски усогласувања, истакнуваат од СДСМ. Ова, како што додаваат, е „историско“ поигрување Мицкоски со работниците, докторите, ...

Директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов денеска имаше средба со Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд во земјава, предводена од шефот на Мисијата, Ник Гигинеишвили. На средбата стана збор за одржливоста на пензискиот систем, долгорочните проекции за пензии и предизвиците од демографските притисоци, политиките за подобрување на одржливоста на системот и политиките за усоглаување на пензиите. Мемов нагласи дека во Фондот, по ...

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека Русија мора да биде силна и обединета за да одговори на предизвиците на времето, поради настаните со кои се соочува светската заедница, како што се шоковите во трговијата и инвестициите. „Настаните со кои се соочува светската заедница во последните години покажуваат дека шоковите во трговијата, инвестициите и меѓународните односи воопшто се случуваат сè почесто. Тие стануваат нова ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка против 45-годишен охриѓанец, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 и Неизвршување на судска одлука од член 377 став 5 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 24 март во семејниот дом во Охрид, физички го нападнал и телесно го ...

На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, премиерот Христијан Мицкоски говореше за очекувањата од работата на новиот Јавен обвинител. „Очекувањата од новиот јавен обвинител се големи, во смисла дека имаме чувство, а до некаде и информации, дека голем дел од предметите и претставките кои дел од институциите како резултат на внатрешната ревизија, ги имаат доставено до канцеларијата на Јавниот Обвинител, стојат или во ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска во Собранието одговори на пратеничко прашање поставено од Сања Лукаревска, при што се осврна на актуелните мерки во земјоделскиот сектор, со посебен акцент на оризопроизводството. Во своето обраќање, министерот истакна дека протестите организирани од опозицијата се обид за политичка манипулација, нагласувајќи дека токму тие кои денес критикуваат, во минатото ...

На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата Христијан Мицкоски прашан за тоа колку ќе се зголеми платата на просветните работници со исплатата на мартовската плата во април истакна дека и вработените во образованието како и вработените во здравството ќе го добијат покачувањето коешто е дел од колективниот договор. „Да ќе го добијат зголеменото покачување коешто е дел од колективниот договор ...

Полициски службеник од Кичево се соочува со кривична пријава и дисциплинска постапка, откако, според наодите на внатрешната контрола, неовластено употребил физичка сила врз лице при интервенција. Одделот за внатрешна контрола при МВР поднел кривична пријава против М.А., полицаец во Полициската станица Кичево, поради сомнение за „малтретирање во вршење на службата“. Настанот се случил на 12 февруари годинава, на кружниот тек меѓу булеварот ...

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на собраниската седница за пратенички прашања за состојбите и плановите во енергетскиот сектор, потсети на моментите во енергетскиот сектор кога новата Влада ја презема извршната власт, оценувајќи ја како алармантна и катастрофална состојба. „Катаклизмична состојба во август, септември 2024 година, со акумулации на некои 7 до 8 проценти, јаглен на депонија во РЕК Битола од 20-30 тони доволни за еден ...

Министерството за социјална политика, демографија и млади, претставувано од министерот Фатмир Лимани, и Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство (САДУ), претставуван од претседателот Благоја Ралповски, заедно со Синдикалната организација на Министерството, претставувана од Андријана Гуговска, склучија Колективен договор за вработените во Министерството за социјална политика, демографија и млади. Колективниот договор кој ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
54%
1020
weather icon

Белград

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
34%
1019
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
40%
1020
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
3.6
76%
1021
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
4.31
85%
1022
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 14ᴼ
2.06
81%
1020
weather icon

Атина

12ᴼ / 11ᴼ
7.2
47%
1017
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
5.66
51%
1019
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.57
48%
1019
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
2.57
72%
1022
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 16ᴼ
5.14
46%
1019
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
9.77
61%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.514

Currency

71.4322

Currency

37.831

Currency

38.6395

Currency

67.1558

Currency

7.6911

Currency

0.70048

Currency

0.33434

Currency

0.52509

Currency

1.16272

Currency

0.55344

Калај

49.43

Родиум

323115.00

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.51

Цинк

0.00

Рутениум

51376.89

Кобалт

45.39

Бакар

11.99

Паладиум

48547.63

Сребро

2422.91

Злато

148242.19

Платина

63819.23