Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека во пракса Иран покажал подготвеност за мировни преговори со Соединетите Американски Држави и дека останува отворен за нивно продолжување. „Што се однесува до отвореноста на Иран за мировни преговори, Иран го потврди ова во пракса и, всушност, до последниот момент, пред почетокот на непријателствата, до моментот на првиот напад врз Иран, Техеран остана отворен за продолжување на преговорите“, ...
Деновиве во државата се случува тоа на што предупредивме и тоа уште пред неколку недели, а тоа е дека порастот на цените на енергенсите, на дериватите, на нафтата, на бензините ќе повлече поскапување на сите прво прехранбени продукти, понатаму на се друго во државата. Нафтата беше 71 денар сега е 95,5 денари и граѓаните веќе се жалат дека имаат проблем дека не може да наполнат ниту една кошничка, дека едноставно не може да се прехранат. ...
По објавувањето на фактите дека во Централниот регистар се реализирани 40 унапредувања без ниту еден Албанец, ова прашање повеќе не може да се третира како административен пропуст. Ова е сериозен чин што бара итна одговорност, велат од ДУИ. „Кога во една јавна институција целосно се исклучува една заедница, тоа укажува на еднострано одлучување и директно нарушување на принципот на правична застапеност. Поради тоа бараме: Итна оставка од ...
Во текот на вчерашниот ден, министерката за енергетика, минерални суровини и рударство имаше разговор со генералниот директор на ОКТА и дополнително имаме уште еден денар. Така што од денеска практично имаме 3 денари попуст на сите оние бензински станици коишто се комитенти на ОКТА, изјави премиерот, Христијан Мицкоски. Тој повтори дека ги имаме апсолутно најниските цени на горива во Европа во овој момент. На прашањето дали се размислува ...
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој престојува во дводневна работна посета на Република Турција, вчера во Анкара оствари билатерална средба со својот турски колега, министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој. На средбата, на која присуствуваа и националниот координатор за туризам Акан Махмут и амбасадорот Јован Манасиевски, двајцата министри ги потврдија традиционално добрите културни врски меѓу двете земји, како и ...
ДУИ бара итна промена на правилникот за утврдување на цените на горивата и воведување на пресметка на цените најмалку двапати неделно. „Додека на светските берзи цените на нафтените деривати бележат драстичен пад од околу 10%, во нашата држава граѓаните ќе продолжат да плаќаат повисоки цени цела недела. Причината е јасна – Регулаторната комисија за енергетика применува застарен модел, базиран на просек од претходната недела, наместо да ...
Како одговор на тековната нестабилност на меѓународните цени, ОКТА го продолжува попустот што им се нуди на големопродажните и малопродажните трговци до 6 април, годинава. Дополнително, попустот за дизел се зголемува од 2 на 3 денари по литар и истиот ќе стапи во сила од денес, 24-ти март 2026 година. Оваа доброволна иницијатива на ОКТА има за цел да им овозможи на трговците овој бенефит да го пренесат на крајните купувачи во земјава. ...
Силен земјотрес со магнитуда од 7,6 степени ја погоди денес областа во близина на Тонга во Тихиот Океан, поради што крајбрежните области беа евакуирани, но нема опасност од цунами. Геолошкиот завод на САД објави дека земјотресот се случил рано навечер по локално време, на длабочина од околу 240 километри. Земјотресите на помали длабочини обично се чувствуваат посилно на површината. Епицентарот на земјотресот бил во морето, околу 153 ...
Министерството за надворешни работи на Русија денес објави дека долгорочните последици од агресијата на НАТО врз Југославија во 1999 година сè уште се чувствуваат. „Воената операција на НАТО против суверена Југославија пред 27 години беше трагедија, чии долгорочни и повеќекратни последици се чувствуваат дури и денес“, објави Министерството за надворешни работи на Русија на Телеграм, во врска со годишнината од бомбардирањето. Како што е ...
Момент на невнимание во кујната го претвора вашето омилено тавче во вистинска ноќна мора. Црните и тврдоглави наслаги на дното честопати изгледаат како нерешлив проблем. Повеќето луѓе веднаш купуваат агресивни хемикалии или остри жици. Ова е голема грешка бидејќи трајно го оштетувате металот. Решението лежи во обичните работи што веќе ги имате во вашата остава. Оцетот и алуминиумската фолија ја вршат работата подобро од кој било купен ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, се обидува да постигне договор со Иран за прекин на непријателствата на Блискиот Исток, но успехот на разговорите е малку веројатен, изјавија денес израелски претставници. Функционерите, кои зборуваа под услов да останат анонимни, изјавија дека е малку веројатно Иран да се согласи со барањата на САД, вклучително и ограничувањата на неговите нуклеарни и балистички програми, со ...
Иранските дипломати се потсмеваа на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој рече дека САД и Иран би можеле заеднички да го контролираат Ормускиот теснец. Иранската амбасада во Саудиска Арабија одговори со илустрација на детски волан-играчка прикачен на совозачкото седиште на автомобил, алудирајќи на очигледната илузија на Трамп за контрола врз овој стратешки важен воден пат. The Strait of Hormuz will be controlled by me and ...
Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија две обемни диви депонии лоцирани на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица) и во Старата скопска чаршија. „Локацијата на булеварот Никола Карев, на пресекот со улицата Максут Садик, веднаш до детското игралиште, претставува „црна точка“ каде што континуирано се одлага отпад на јавни и сообраќајни површини. ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на своите последни активности на оваа локација ...
Игор Џамбазов, актер, музичар и шоумен, преку социјалните мрежи информираше за интернет криминал. „Не, не сум ослабен 20 килограми. Не, немам од тие таблети, чаеви, масти, што и да се. И не, не познавам никаква докторка Елизабета, а уште помалку со неа сум договарал било што околу користење на мојот лик, дело, а во овој случај и тело, за некаква реклама. Ова видео, и уште многу други глупости на оваа тема веќе десет дена се појавуваат на ...
Војните, за разлика од нелегалните царини, не можат да се започнат и запрат за да се задоволат претседателските каприци или да се потпрат пазарите во слободен пад. Значи, клучното прашање откако Доналд Трамп се повлече од заканите за напад на иранските електрани не е дали имал уште еден TACO (Trump always chickens out) момент – „Трамп секогаш се повлекува“. Вистинското прашање е дали Трамп може да се извлече од сопствената војна со Иран, дури ...
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денес, по повод 27 годишнината од интервенцијата на НАТО во СР Југославија, оцени дека земјата била изложена на огромна сила, но дека таа не е скршена. „Во 1999 година, врз Србија паднаа бомби, беа срушени мостови, училишта, болници и домови. Загинаа невини луѓе, деца, жени и стари лица. Тоа беше агресија без одлука на Советот за безбедност на Обединетите нации, против мала земја која ја ...
Променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските региони ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 13 степени. Времето во ...
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат: · од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од улицата 12, како и корисниците од улицата 8 во Долно Соње, општина Сопиште; · од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улицата Алжирска, општина Карпош. Текстот Делови од Сопиште и Карпош денеска без струја е превземен од МАКФАКС. Од ЕВН Македонија АД ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Ана Михајлов, вчера оствари средба со извршната потпретседателка на Европската комисија за социјални права и вештини, квалитетни работни места и подготвеност, Роксана Минзату. На средбата стана збор за унапредување на соработката во областа на образованието, вештините и младинските ...
Само еден ден по прес-конференцијата на Христијан Мицкоски, имаме ново покачување на цената на дизелот за 3,5 денари и сега чини 95,5 денари за литар. Ова е трето покачување, при што вкупното зголемување достигна 24,5 денари по литар. Ете толку од „мерката“ на Мицкоски, велат од СДСМ. „Секако, Мицкоски го покажува своето вистинско лице – нема капацитет ниту за државничка ниту за економска политика, прав дилетант. Намалувањето на ДДВ од 18% ...
Оскарите одамна завршија, но некои детали за настанот сè уште циркулираат на интернет. Имено, актерот Леонардо Дикаприо сега е главна тема на TikTok поради неговиот физички изглед. За овогодинешното престижно доделување на филмски награди, тој одлучи да го промени имиџот на холивудскиот заводник и, судејќи според коментарите, малку да го подобри. Многумина забележаа дека изгледа многу помлад, и дека одлучил да негува „мачо изглед“ и да ...
Голема експлозија во рафинерија за нафта крај брегот на Тексас ги принуди жителите во областа да останат во своите домови, соопштија официјални лица. Никој не е повреден во експлозијата во рафинеријата Валеро во Порт Артур, околу 145 километри источно од Хјустон, изјави градоначалничката Шарлот М. Мозес. Таа ги повика жителите на западната страна од градот да останат дома и потврди дека пожарникарите се на местото на настанот. JUST IN: ...
Пејачката Дуа Липа стана глобален амбасадор на брендот Nespresso. Во оваа пригода, таа гордо позираше за промотивната кампања на брендот и привлече внимание со својата облека. Таа носеше син кожен сет од американскиот дизајнер Вили Чаварија, а целиот стил го комплетираше со преголеми нараквици во бохо стил. Набргу потоа, следеше прослава во Њујорк по повод оваа соработка, а во текот на вечерта таа смени дури три комбинации. Таа ги објави ...
Само 13 земји во светот дишат воздух кој се смета за безбеден, а квалитетот на воздухот се влошува на глобално ниво, главно поради климатските промени предизвикани од човекот. Ова е според новиот Извештај за квалитет на воздухот во светот за 2025 година, објавен од швајцарската компанија за следење на загадувањето IQAir по анализа на податоци од 9.446 градови во 143 земји и територии, објавува Euronews. Извештајот покажа дека квалитетот на ...
Принцезата од Велс блесна на раскошен банкет во замокот Виндзор во добро позната комбинација. Таа го носеше омилениот смарагден фустан на сите и легендарната тиара на покојната принцеза Дијана. Британското кралско семејство неодамна организираше банкет во замокот Виндзор во чест на нигерискиот претседател Бола Ахмед Тинубу. Вниманието на сите собрани повторно го привлече најубавата принцеза на светот, која ја носи и титулата најдобро ...
Кралицата Камила (78) е во центарот на вниманието на медиумите поради нејзините бројни скандали што го погодија британското кралско семејство, кои продолжуваат до ден-денес, а за некои, таа дури и не е омилена личност со оглед на нејзината турбулентна историја со Чарлс. Сепак, овој пат, Камила е во центарот на вниманието поради својот изглед, и иако е веќе во осумдесеттите години, таа се грижи за себе и се грижи секогаш да изгледа негувано и ...
Данска денес излегува на неизвесни парламентарни избори на кои социјалдемократската премиерка Мете Фредериксен се бори за трет мандат, со што завршува кампањата што се фокусираше на национални прашања и покрај неодамнешните тензии со САД околу Гренланд. 48-годишната Фредериксен има репутација на искусен премиер, но популарноста на нејзината партија е во опаѓање. Социјалдемократите водат во анкетите на јавното мислење, но велат дека ќе ...
Бројот на жртви во падот на колумбискиот воен авион се искачи на 66, според најновите податоци од властите, откако леталото се урна кратко по полетувањето на југот од земјата вчера. Бројот на жртви е многу пати поголем од претходно објавениот. „Транспортниот авион превезувал 128 лица, вклучувајќи 11 припадници на воздухопловните сили, 115 војници и двајца припадници на националната полиција“, изјави воениот шеф Уго Алехандро Лопез. Тој ...
Полната Месечина во Вага на 1 април носи силен фокус на односите, рамнотежата и вистината што повеќе не може да се игнорира. Кога Месечината е во овој знак, таа ја нагласува потребата за хармонија, но и за искрено соочување со она што повеќе не функционира во односите. Ова е период кога многумина ги сфаќаат сопствените потреби, граници и компромиси што се или повеќе не се подготвени да ги прифатат. Вагата е знак на партнерство и рамнотежа. ...
Израелскиот министер за финансии, Безалел Смотрич, изјави дека Израел треба да излезе од сегашниот конфликт со „нова граница“ кон Либан. Ова е најдиректната изјава досега од висок израелски функционер за заземањето на либанска територија во конфликт за кој Израел вели дека е насочен против милитантите на Хезболах поддржани од Иран, објави Ројтерс. Либан беше вовлечен во војната на Блискиот Исток на 2 март, откако Хезболах испука ракети кон ...