
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Наспроти изнесеното во постот што го рецензираме, Зеленски не изјавил дека избори во Украина нема да има додека не се имплементира некакво големо ресетирање во цел свет. Не е точно ни дека во изјава за Би Би Си тој признал оти неговиот петгодишен мандат, кој треба да заврши во 2024 година, ќе продолжи на неодредено, ниту пак, има кажано дека ,,мандатот ќе му трае додека не се исполни агендата на СЕФ и додека Украина не влезе во НАТО” ...
Не само што Фејсбук не вели дека „Хитлер бил добар човек, демократ кој се борел за права“, како што се тврди во постот, туку и ги санкционира таквите наративи и измислици. Во однос на тенденциозната констатација дека „не е случајно“ тоа што „Зеленски е пуштен на најјако“, Фејсбук нема никаква врска креирање или споделување содржини од страна на корисниците на социјалната мрежа, кои имаат слобода да споделуваат сè додека објавите не ги ...
Светската здравствена организација е насочена кон спасување на човековите животи преку промоција на подобри здравствени услуги, поголема покриеност со здравствени услуги за сите луѓе во светот преку стратегии и цели кои директорот на СЗО, Тедрос Аданом бара да се почитуваат и да се постигнуваат. Нема ништо сатанистичко во тоа да се насочуваат државите членки на СЗО да обезбедуваат подобра здравствена заштита за некоја нова пандемија да нема ...
Постот пренесува лажна изјава на Песков врз основа на која дезинформира дека ќе има некакво спојување на Русија и Белорусија. Нашата проверка покажа дека, ниту Песков дал изјава, дека со настапот на Путин на 26 јуни ќе биде одредена судбината на Русија, ниту пак, Путин во обраќањето објави некакво спојување со Белорусија. Тој во својот говор се осврна на бунтот на групата Вагнер, порачувајќи им на нејзините припадници дека се руски патриоти и ...
Извориште на ваквата дезинформација е лажно соопштение, наводно издадено од француското Министерство за внатрешни работи, според кое интернет услугите ќе бидат привремено суспендирани за да се превенира злоупотреба на социјалните мрежи и онлајн платформите. Министерството за внатрешни работи го демантираше ова соопштение. Социјалните мрежи се активни во Франција, а коментарот на Макрон не се однесува на забрана на социјалните мрежи, туку тој ...
Во овој пост се споделуваат две дезинформации истовремено. Првата е дека короната, односно коронавирусот е измислица. Втората е дека некој води војна со Русија. Но, коронавирусот не е никаква измислица, а Русија е таа којашто започна да води војна во независна и суверена земја Објава на Фејсбук тврди дека коронавирусот е измислица и дека тие што ја измислиле сега водат војна со Русија. Ова е неточно, ниту некој ја измислил короната, ниту пак, ...
Многу е голема перцепцијата дека членовите на Судскиот совет (или тој што го пишувал соопштението) мислат поинаку, ама не смее тоа да се каже и дека, всушност, во СС не се нималку задоволни со странска мисија што ќе го оценува, па ќе предлага решенија. Можеби затоа јавноста вчера беше известена со став во форма на соопштение во кое многу се спинува Пишува: Теофил Блажевски Судскиот совет(СС) на 06.07.2023 година излезе со став во врска со ...
Не постојат докази кои го поврзуваат појавувањето на аутизам кај децата и вакцините. Бројни студии се направени за споредба на процентот на деца со аутизам помеѓу тие кои се вакцинирани и невакцинираните деца, а резултатите покажуваат дека нема разлики во процентот. Едно истражување спроведено во САД покажува дека децата со аутизам и нивните браќа и сестри примиле помалку вакцини во споредба со остатокот од земјата или воопшто не биле ...
Ветување: Очекувам по тоа што го разговаравме до 10 јули, дури правиме и притисок и пред тоа да завршат градежните активности во овој дел, за потоа да почнеме со последната фаза поставување на еластични огради и одобрување на времениот режим. Тоа што е важно е дека до 10 јули ќе биде оспособена оваа трака и ќе се вози по овој дел од автопатската делница и сметам дека за ударниот, главен дел од туристичката сезона ќе биде оспособена оваа траса и ...
Случајот може да се разгледува од неколку аспекти, кривично-правен, политички, односно влијание на политиката врз правосудството, корупциски/антикорупциски, на залудно потрошени/украдени пари (33 – те градинки на СДСМ, иако и тоа е спин само по себе), но никако не може да се разгледува од аспект на случај кој во позадина го загрозувал македонскиот идентитет. Токму таква врска некако успеа да пронајде лидерот на ВМРО-ДПМНЕм Христијан Мицкоски, ...
Станува збор за фаза од развој на вакцината против маларија каде се користат комарците исклучиво за развој на вакцината. Самите истражувачи и научници вклучени во процесот негираат дека тоа ќе биде начинот на кој вакцината ќе биде користена од страна на широката популација. Напротив, кога ќе биде развиена, вакцината ќе биде ставена во игли Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели дека „генетски модифицирани комарци ...
Видеото навистина ја прикажува полицијата на Бремерхавен, но откако тоа стана вирално, полицијата испрати соопштение во коешто наведува дека описот на видеото за причината за операцијата не е точен. Полицијата не открива дополнителни детали за инцидентот, поради заштита на приватноста и правата на семејството и на детето. Според коментар на корисник на Твитер, напишан под изјавата од полицијата во Бремерхавен, детето не било отстрането од ...
Од медиумски објави поврзани со приватниот дел од животот на Ивановска, очигледно е дека човекот со кој е сликана на фотографијата прикажана во постот е нејзиниот сопруг, а не синот на претседателот на Собранието. Исто така, од Антикорупциската комисија излегоа со демант на тврдењата објавени на социјалните мрежи На социјалната мрежа Фејсбук се споделува фотографија од претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана ...
Објект на итната медицинска помош во Тетово; Фото: Порталб.мк/Фисник Џелили Од Развојната банка на РСМ за Мета.мк информираат дека во тек се активностите кои ги спроведува Министерството за финансии за основање на Фондот за енергетска ефикасност, како и дефинирањето за начинот на негово функционирање и финансирање Формирање на Фонд за енергетска ефикасност веќе неколку години наназад се ветува од страна на Владата, но активностите за неговото ...
Три настани беа извориште на информациите и дезинформациите од странски извори во земјава – уривањето на браната Каховка во Украина, бунтот на Пригожин и неговата платеничка група Вагнер и вистинската економска моќ на Русија и влијанието на западните санкции. Тука се проанализирани овие три настани, но и доминантни домашни теми кои предизвикаа дезинформациски наративи во медиумскиот простор на македонски јазик, како што беше протестот на МПЦ-ОА ...
Изградбата на овој експресен пат долг 33,5 километри започна пред седум години, во време на мандатот на претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Очекувањата на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски експресниот пат Градско – Прилеп да биде изграден најдоцна до средината на 2023 година, не се остварија. Експресниот пат не е завршен, а на овој патен правец сè уште се вози по регионалниот пат. Неодамна, поради обилните врнежи токму ...
Колку и да прозвучува неверојатно едно црковно лице пред верниците да говори невистини и да подбуцнува, сепак епископот Јаков Стобиски го прави токму тоа – употребува тешки квалификации, провоцира и ја подгрева атмосферата пред утрешниот протест. Иако епископот сака да претстави дека е загрижен оти невладините ќе го оковале нашето општество во тоталитаризам, простор за таква загриженост нема. Тоа едноставно не е можно, граѓанските организации ...
Наспроти арогантниот настап на Груби, кој отворено се сомнева во капацитетите на Антикорупциската корупција и со доза на потсмев вели дека „не ги бивало“, токму ДКСК е една од ретките институции за која има позитивно мислење во последниот Извештај на Европската комисија. Но, државните институции кои треба да овозможат да се постапи според наодите на ДКСК, се „јавнати“ од власта во која ДУИ, предводена од Али Ахмети, е речиси 20 години. Истиот ...
Проблемот со недостиг на паркинг места во Автокоманда е воочлив дури и во доцните попладневни часови; Фото: Мета.мк, 13.6.2023 година Мета.мк кон средина на јуни 2023 година направи обиколка на скопската населба Автокоманда, во која не успеавме да ја лоцираме како изградена ветената катна гаража за решавање на проблемот со паркирање за граѓаните Градоначалникот на скопската општина Гази Баба, Бобан Стефковски пред одржувањето на локалните избори ...
Пророштвата на Нострадамус се нејасно напишани, па невозможно е директно да се поврзат со конкретен настан. Творештвото на Нострадамус е изразено во катрени, односно строфи од по четири реда во вид на стихови и загатки, кои не се хронолошки наредени. Постојат многу толкувачи на Нострадамус, а повеќето од нив различно толкуваат дури и еден ист стих што се однесува на иднината, токму поради нејаснотијата на неговото пишување во кое користел ...
Самата вештачка интелигенција (ВИ) не шири дезинформации, вели автоматскиот генератор на текст Четџипити (ChatGPT). Според него, алгоритмите за вештачка интелигенција може да се развијат за да се автоматизира генерирањето и ширењето лажни информации, но луѓето се тие што ги дизајнираат и ги распоредуваат овие алгоритми за злонамерни цели, пишува МИА во својата сторија посветена на Четџипити, новинарството и дезинформациите Овој напреден модел ...
Првиот квартал од годинава започна со раст на БДП од 2,1 oтсто, но со пад на бруто инвестициите за повеќе од 22 отсто, пишува Порталб.мк. Народната банка регистрираше раст на странските директни инвестиции, но се поставува прашањето, во што се состои основата на тој раст, нови гринфилд инвестиции или реинвестирана добивка? Кога станува збор за странските директни инвестиции, забележан е прилив од Турција, Холандија, Косово, а одлив кон ...
Американскиот претседател Џо Бајден не изјавил дека ќе испрати воз за спасување на исчезнатата подморница, станува збор за сатира. Текст со ваква содржина пред неколку дена беше објавен на американскиот сатиричен веб-сајт The Babylon Bee Објава на социјалната мрежа Фејсбук тврди дека американскиот претседател Џо Бајден изјавил дека ќе испрати спасувачки воз по потрага по исчезнатата подморница. Изјавата не е вистинита, станува збор за ...
Патентот е регистриран од двајца пронаоѓачи, Гал Ерлих и Маер Фенстер, а не од „Фајзер“ и тоа може да се види на линкот кој постот го споделува. Портпаролот на „Фајзер“ во изјава за Ју-ес-еј тудеј потврдил дека компанијата нема регистрирано патент за далечинско следење контакти на вакцинирани лица Рецензираме пост на Фејсбук кој тврди дека компанијата Фајзер поднела патент за далечинско следење на контакти на вакцинирани лица. Ова не е точно. ...
Во постот невистинито се тврди дека Италија го прогласила јуни како „месец на семејната гордост“ и се споделува видео клип од долги години одржуван марш против абортусот во Рим, којшто не е спонзориран од владата. Ниту премиерката ниту другите претставници на владата не прогласиле „месец на семејната гордост“ во Италија, тоа за странски проверувачи на факти го потврдиле и претставници на ЛГБТ заедницата и противници на истата Рецензираме пост ...
Кога се проценува влијанието кое ја изместува Северна Македонија од прокламираниот процес на демократски развој насочен кон прифаќање на вредностите на Европската Унија (ЕУ) и пристапување кон ЕУ, не смее да се занемари како во македонските медиуми се претставува уделот на одделни држави членки на ЕУ и како медиумските и политичките интерпретации влијаат на перцепцијата на самата заедница како посебна структура меѓу граѓаните на Република ...
Пинтскрин од изработената проектна документација за идниот изглед на речното корито на Серава објавена од градоначалникот Дарко Костовски на 29 мај 2023 годинар Изработката на основниот проект е завршена, така што преостанува и практичното исполнување на изведбените работи на терен до крајот на мандатот во 2025 година. Поради ова, заклучуваме дека ова ветување на градоначалникот е во тек на реализација Предизборното ветување на градоначалникот ...
Постот има за цел да ја манипулира јавноста и да шири дезинформации. Точно е дека училиштето го има објавено Упатството на својата веб-страница, но тоа не го сторило самоволно и со цел да шири некаква индоктринација. Упатството е изработено од МОН уште во 2020 година и е наменето за сите вработени лица во основните училишта и тие се должни да го спроведат. Упатството не е објавено само на веб-страницата на ОУ „Љубен Лапе“, туку може да се најде ...
Ниту има докази за милиони смртни случаи, ниту пак, некаде има официјална вест за покренување некаква истрага против вакцините. Според СЗО, до крајот на ноември 2022 година во Јапонија биле администрирани над 349,2 милиони дози вакцини против ковид-19. Според една студија од ноември 2022 година, во периодот помеѓу 17 февруари 2021 година и 17 април 2022 година, во Јапонија се пријавени 1.690 смртни случаи потенцијално предизвикани од негативни ...
Тврдењето дека Џил Бајден, Првата дама на САД, повторно се заразила со коронавирусот, нема никаква поткрепа, за тоа не се понудени никакви докази. Доколку оваа информација беше вистинска, таа ќе беше објавена во светските мејнстрим медиуми, но тоа не е случај Објава на социјалната мрежа Фејсбук неточно тврди дека Џил Бајден, сопругата на американскиот претседател Џо Бајден, повторно е заразена со коронавирусот. 18.06.2023 Џил Бајден,4 пати ...