Не може да се тврди, како што е тоа случај во објавата, дека антирелигиозната цивилизација, односно Западот, се борела против Русија. Русија сака да се наметне и да се претстави како главен светски бранител на традиционалното и религиското, а тоа можеше да се забележи и во говорот на Путин на два дена пред годишнината од руската агресија, кој уште еднаш нагласи дека ова е „војна за заштита на нашите деца од деградација и дегенерација“. Мит е ...

Ако главниот кабает за овој срам за владеењето на правото во Македонија е на власта предводена од СДСМ и ДУИ, опозицијата, вклучувајќи ја и најголемата партија во нивните редови, ВМРО-ДПМНЕ, нема да може никако себе си да се амнестира, затоа што со неактивност во Собранието ги дозволија измените во еден ден и со тоа станаа учесници и корисници на бенефициите од измените. Премијата може да биде од Талир 2, за кој треба да решава Апелација ...

Без никакви аргументирани тврдења, во објавата се манипулира со цитирана новинарска сторија од НБЦ њуз, при што се прави исмевање со тоа што на лекарите им било тешко да ги разликуваат актуелните симптоми на ковид 19 од други горно-респираторни заболувања, се манипулира дека позитивни на ковид биле и одредени храна и пијалоци, како и дека бројките на грип наеднаш исчезнале. Ништо од ова не е точно Објава на Фејсбук манипулира и изнесува низа ...

Имајќи предвид дека НАТО не е во војна со Русија и не испраќа војници на фронтот во Украина, како и дека Армијата на Република Северна Македонија учествува единствено во НАТО и ЕУ мисии и вежби, не може да се тврди дека МО вработува војници за желбите на Зеленски, односно за да ги испрати да се боорат во Украина, како што се тврди во објавата. Тоа е манипулација и лага која свесно ја туркаат поддржувачите на руската агресија Анализираме ...

Никој не ги принудува граѓаните на ЕУ да јадат инсекти за да не умрат, како што тоа се тврди во постот. Во својата анализа за лажните вести поврзани со инсектите за јадење, Едмо.еу идентификува три главни дезинформациски наративи меѓу кои и тој дека граѓаните на ЕУ ќе јадат инсекти дури и против нивна волја. Употребата на инсекти како алтернативен извор на протеини не е нова, а инсектите редовно се јадат во многу делови од светот. Наративите ...

Тоа што Путин испратил барање до НАТО да не се проширува кое било одбиено, односно таков драфт договор не бил потпишан од страна на НАТО, не ја префрла воената одговорност врз НАТО. Столтенберг, наспроти изнесеното во објавата, не признава дека НАТО можел да ја спречи војната со ставање крај на проширувањето, туку во видеото кажува дека тоа е неприфатливо Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува: Картите се отворени: ...

Преку манипулативна фотографија од епизодата на „360 Степени“, во која беше емитувано интервју со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во објава на Фејсбук лажно се тврди дека не било поставено државното знаме на Северна Македонија, додека во исто време стоеле партиското знаме на ДУИ и други знамиња Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук, во кој лажно се тврди дека во емисијата „360 Степени“ кога гостуваше лидерот на ДУИ Али Ахмети го нема ...

Во објавата која ја рецензираме се пропушта контекстот. Не постои вакцина против кардиоваскуларни болести за да може да биде администрирана на населението како што тоа беше случај со вакцината против ковид-19. Во текст на Гардијан од 8 април 2023 година пишува дека до крајот на деценијата можно е да има вакцина против срцеви заболувања Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува: На светско ниво имаат „починато“ официјално ...

Она кое што е наведено на самиот документ „Согласност за вакцинација“, е дека вакцинацијата против ковид-19 ќе ја намали можноста да се разболите од ковид-19. Исто така, пишува дека ,,како и сите лекови, ниту една вакцина не е целосно ефикасна”. Сите граѓани во земјава се вакцинираат доброволно и за тоа потпишуваат изјава. Затоа, тврдењето е манипулација преку дезинформација, т.е. невистина Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во ...

Кај сите ресори и институции се предвидени повисоки буџети за плати, придонеси и надоместоци, но од друга страна има кратења Милионски суми од капиталните расходи се скратени за да се обезбедат пари за повисоки плати. Кај сите ресори и институции се предвидени повисоки буџети за плати, придонеси и надоместоци, но од друга страна има кратења, пишува Порталб.мк. Финансиски поместувања во министерствата За Министерството за политички систем се ...

Градоначалничката Данела Арсовска во декември 2021 година на средба со граѓанските организации „Го сакам Водно“ и „О2“ вети дека Градот Скопје ќе иницира изработка на закон за да се подигне заштитата на Водно на повисоко ниво и со тоа да се спречи узурпацијата на земјиште и неконтролирана урбанизација на планината Не е изготвен специјален закон за заштита на Водно, а парк шумата и понатаму останува Заштитен предел во категорија V, врз основа ...

Зеди Енузи Кока навистина е назначен за нов директор на МЕПСО, но човекот со пиштол прикажан на фотографијата е неговиот брат Цуфи Кока кој на 20 јули 2022 доби четири месеци затвор. Причината за казната беше тоа што тој пукаше во воздух кај плоштадот „Скендербег“ за време на протестниот марш на противниците на францускиот предлог Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува напис со наслов: „Откако впери пиштол кон ...

Презентацијата за употреба на кондоми и средства за контрацепција кај младите не предизвикува рана сексуализација, велат сексолозите. Напротив кај младите е нужно сексуално образование за едукација и заштита. Сексот во нашето општество, за жал, е табу тема особено на релација дете-родител и ученик-наставник. Токму затоа е потребно сексуално образование, кое ќе придонесе за правилен развој на младите, а не банализација на сексуалниот чин ...

Изјавата на Бајден во видео исечокот е и погрешнo цитирана и погрешено интерпретирана. Целосниот контекст зад изјавата покажува дека Бајден не направил гаф, туку во говорот се повикува на претходните гафови од поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп Видео објавено на Фејсбук ги манипулира корисниците на социјалната мрежа да помислат дека претседателот на САД, Џо Бајден направил гаф. Ова не е вистина, се манипулира со преводот и ...

Видеото, кое предизвика големо внимание на Фејсбук, всушност, прикажува бизарен перформанс на уметницата Регина Хозе Галиндо со наслов „Пиедра“, изведен во Сао Паоло во Бразил во 2013 година за да го привлече вниманието на страдањата на жените од Латинска Америка. Дезинформација и невистина е сè што е напишано во објавата со видеото, дека станувало збор за Французи За бизарно видео, споделено на Фејсбук, се тврди дека е снимено во ...

Според описот на истражувачкиот портал Белингкет, Кјуанон е теорија на заговор која што лажно тврди дека екс-американскиот претседател Доналд Трамп долго работи на тоа да ги победи „сатанистите, педофилите, длабоката држава и кабалата“ (често употребувани зборови во наративите на промоторите). И покрај тоа што Трамп не е претседател и предвидувањата на Кјуанон не се остваруваат, конспирацијата продолжува да влече нови следбеници. Белингкет ...

Фаучи не признал оти вакцините против ковид предизвикуваат миокардитис, туку напротив вели дека ризикот од вакцината кај младите мажи да добијат миокардитис е многу помал отколку ризикот да добијат миокардитис од коронавирусот. ЦДЦ информира за ретки пријавени случаи на миокардитис, но без некои посериозни здравствени последици. Објавата очигледно има за цел да манипулира со изјавата на Фаучи и да наштети на процесот на вакцинација против ...

Наспроти изнесеното во оваа објава на Фејсбук, во ковид вакцините нема нешто што може да биде активирано од 5Г мрежата и да предизвика болести во телото на вакцинираните. Ваквиот наратив е подготвен со цел креирање паника кај вакцинираните и отпор кон примање на вакцините поради страв од идни пандемии Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се вели: Ужас!!! Синдромот на бришење на генот 1P36 и претстојната „Марбушка ...

Ова е уште една во низата лажни реклами на социјалните мрежи кои имаат за цел да ги мамат граѓаните, наведувајќи ги да купуваат лажен производ. На официјалната веб-страница на ТВ 24 не може да се најде интервју со Калиопи во кое таа зборува за капките У-капс кои се рекламираат во објавата. Фотографиите употребени во лажниот напис се од интервју кое Калиопи го дала за емисијата Неделен микс на ТВ 24 пред три месеци, но во него таа не зборува ...

Украина нема пониска стапка на инфлација од С. Македонија како што се тврди во објавата. Украина и С. Македонија во август 2023 година имале слична стапка на инфлација (8,3% С. Македонија и 8,6% – Украина), но, сепак, таа била пониска во Македонија. Украина од почетокот на војната, па досега, ниту еднаш немала пониска стапка на инфлација од С. Македонија Анализираме објава на мрежата Фејсбук која тврди дека Украина, иако е во војна, имала ...

Благодарение на имунизацијата многу заразни болести кои во минатото претставувале значаен јавно-здрaвствен проблем затоа што предизвикувале висок морбидитет, односно морталитет кај децата и возрасните, или предизвикувале компликации и инвалидитет, денес се елиминирани или ставени под контрола, сведени на поединечни случаи без смртен исход и трајни последици. Имајќи ги предвид сите истражувања и факти, никако не може да се изведе заклучок дека ...

Ако ние решиме да го отстраниме балансерот како инструмент за заштита на граѓаните во државата, задолжително мора да го замениме со нешто друго. Ние не можеме да воспоставиме инструмент, кој иако е злоупотребен, од различни институции ни е познато дека Македонец е регистриран како Албанец бидејќи балансерот на тоа работно место одредува албанска националност, вели во интервју за Порталб, министерот Азир Алиу Министерот за информатичко ...

Обавата промовира непријателски наратив и ги демонизира волонтерите на американскиот Мировниот корпус во земјава. Според официјалната страница на Мировниот корпус, 800 волонтери досега работеле во училиштата низ државата, во општините, во граѓанските организации и во државните институции за да помогнат во развојот на заедниците. Во објавата се тврди дека тие доаѓаат да промовираат трансхуманистички и родови вредности, што воопшто не одговара ...

Луѓето не се разболуваат ниту од антените за мобилна телефонија, ниту од графен оксид. Тие на никој начин не се поврзани со вакцините против ковид-19. Објавата што ја анализираме користи научно видео од 2015 година, осум години пред да се појави коронавиурусот, со цел да шири дезинформации за составот на вакцините Објава на Фејсбук споделува видео за кое тврди дека прикажува како графен оксидот наводно содржан во вакцините, реагира на 5Г ...

Новиот закон во Калифорнија не значи дека родителите ќе го изгубат старателството ако не прифатат транзиција на полот на нивното дете. Калифорнија е заговорник за споделено родителство и споделено старателство, а во одлучувањето за секое дете поединечно од страна на судовите ќе се земаат предвид бројни фактори Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се вели: 10.09.2023 Државното собрание на Калифорнија штотуку усвои ...

Се работи за лажна реклама во која е злоупотребена фотографија на епидемиологот Пановски, со која е споделена и измислена изјава. Тој на својот официјален профил повеќепати досега информираше дека ниту бил, ниту ќе биде дел од какви било реклами за лекови. Реакција има и од Лекарската комора, од каде што велат дека во Комората зачестено стасуваат поплаки од доктори, кои се жалат дека случајно откриваат оти нивното име и фотографија се користи ...

Фотографиите споделени во оваа објава на Фејсбук, всушност се исечоци од видео од настан кој се случил во 2014 година. Па тврдењето дека Пригожин е жив врз основа на овие фотографии е манипулативно Објава на социјалната мрежа Фејсбук тврди дека водачот на Вагнер, Евгениј Пригожин е сè уште жив, а како поткрепа на ова тврдење прикачени се неколку фотографии на кои се наоѓа Пригожин. Но, ова не е точно. PRIGOŽIN VOSKRESE KRAJ NA LAGITE NA ...

Русија не е во војна со НАТО, па оттука не може ниту да се констатира дека Русија го победила НАТО. НАТО ја осудува руската брутална и непровоцирана воена агресија кон Украина, која е независна и демократска држава и близок НАТО партнер. НАТО не испраќа директно оружје во Украина, туку тоа го прават земјите-членки индивидуално и тоа е наведено на официјалната веб-страница на Алијансата, а го има истакнато и генералниот секретар, Јенс ...

Објавата што ја анализираме содржи низа манипулации и невистини, прикажувајќи ги Русите како некои херои кои се бореле за парче земја, како тоа да е нивно, притоа не спомнувајќи ги катастрофалните штети и илјадниците цивилни жртви кои ги претрпе Мариупол поради руската агресија. Исто така, објавата не го спомнува ниту тешкиот живот на луѓето останати во овој град туку манипулира дека тече „мед и млеко“. Објавата неточно тврди и дека ...

Украина ја намали старосната граница за воен рок од 27 на 25 години, но не регрутира лица помлади од 18 години. Регрутирањето деца во вооружените сили е спротивно на законот во Украина. Што се однесува до жените во Украина, тие од 1 октомври 2022 година се запишани во воениот регистар, ама тоа не подразбира по автоматизам и дека ќе служат воен рок Рецензираме објава на Фејсбук која тврди дека Украинците ќе регрутираат повеќе жени и ќе ја ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
0.51
65%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.06
93%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
87%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
65%
1028
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
69%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.09
62%
1032
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / -1ᴼ
0.51
86%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
90%
1029
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Злато

130856.75

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07