
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Не е точно дека на видеото се гледа министерот за финансии на Нигер како плаче, затоа што наводно му се заканува стрелање доколку не објасни каде завршиле парите на народот. Видеото е од 2021 година, на него е претставен поранешниот министер за правда Мароу Амадоу и истото нема никаква врска со министерот за финансии или пучот што се случи во Нигер Рецензираме oбјава на социјалната мрежа Фејсбук во којашто се споделува видеоматеријал од човек ...
Во објавата неточно се тврди дека временските неприлики се неприродни, вештачки креирани од некого. Вистината е дека климатските промени се реални и водени од човековата активност, за што постои консензус во научната јавност. Фотографијата којашто е прикачена на објавата прикажува огромно парче лед, кое според контекстот на објавата треба да претставува парче град. Но, оваа фотографија е стара повеќе од 11 години, а прикажаното парче мраз е ...
Фото: Порталб.мк, Суад Бајрами Новите законски решенија стапија на сила, а извршителите добиле насоки индивидуално да ги почнат пресметките и анализата за запирање на наплата на затезна камата во предмети каде таа го достигнала износот на основниот долг Извршителите ги започнаа пресметките за наплата на затезна камата според новите усвоени законски решенија – се стопира наплатата каде износот на каматата го одстигнал главниот долг. Но, во ...
Промената на календарот на Украинската православна црква нема врска со нацизмот, ниту, пак, може да се влече паралела со нацистичката окупација на Украина во 1941 година, бидејќи во конкретниот случај Украина е нападната од Русија. Украинската православна црква е признаена и независна, а смената на црковниот календар е со цел да се дистанцира украинската од руската православна црква. Исто така, ваквата промена не е мандаторна, туку опционална – ...
Во С. Македонија на 5 август 2023 година, кога е објавен постот имаше невреме, ама на ниеден начин непредизвикано од ХААРП. Станува збор за еден од најпопуларните истражувачки проекти во кој се вклучени различни партнери, индустријата, американското министерство за одбрана и бројни универзитети во Соединетите Американски Држави. Наспроти изнесеното во постот, на страницата на Универзитетот Алјаска е објаснето дека радиобрановите во ...
Наспроти тврдењето во објавата, според интервладиниот панел за климатски промени, тело во рамките на Обединетите нации кое е формирано за да се занимава со науката поврзана со промените на климата, модерниот човек никогаш порано не видел вакви промени на глобалната клима, а некои од тие промени се неповратни и за враќање во првобитната состојба треба да се работи наредните стотици до илјадници години. Глобалниот просек на атмосферски јаглерод ...
Фото: Марјан Лазаревски, преземена со дозвола (30.07.2023) Иако на овој проект се работи и за истиот се сменија двајца градоначалници кои излегоа со различни проценки, оценуваме дека реконструкцијата и изградбата на потегот од булеварот Јане Сандански до булеварот Трета македонска бригада во скопската општина Аеродром не е исполнета во предвидените рокови Пред повеќе од две години, на 21 јули 2021 година, поранешниот градоначалник на Скопје, ...
Министерката за труд и социјална политика јавно кажа дека лично не се согласува со толкаво големо зголемување на платите. Исто така, Тренчевска не изјавила дека зголемувањето на пензиите од 6 отсто им е доволно на пензионерите. Таа објави дека од септември пензиите ќе бидат зголемени за 6 отсто и дека ова е второ покачување оваа година, откако претходно во март пензиите беа покачени за 8.4 отсто. Но, никаде не спомнува дека покачувањето на ...
Протоколот којшто МНР го објави нема никаква врска со ограничувања на слободата на Македонците, ниту менување на нивната култура или историја. Постот е насочен да шири дезинформации за измените на Уставот и да се отежни процесот на Република С. Македонија кон приклучување на Европската Унија Во објава на социјална мрежа Фејсбук, се тврди следното во врска со Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија, одржан ...
Проверувачите на факти на Ројтерс пишуваат дека до 2 август, а според нашите проверки и на трети август, кога е пишувана оваа рецензија, не постојат официјални потврдени информации од властите на Нигер, ниту од оние кои го спроведоа пучот врз претседателот на Нигер, за наводно прекинување на извозот на ураниум и злато во Франција Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели: Не знам како ова може да заврши поинаку освен ...
Фото: ЗОО Скопје И покрај ветувањата, скопската Зоолошка градина засега нема добиено нов аквариум, а воедно и го изгуби кандидатскиот статус за членство во ЕАЗА Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во својата програма а во однос на работата на Зоолошката градина, вети дека „нехуманите живеалишта ќе заминат во историјата“, но и дека ќе воведе нови содржини, како што е изградбата на аквариум. Сепак, и покрај ветувањата, скопската ...
Постот произволно тврди дека пандемијата на ковид била лажна, дека вакцините биле смртоносни и дека климатските промени се лажни, односно се прават со помош на системот ХААРП. Пандемијата и коронавирусот беа реални и однесоа многу човечки животи, менувајќи го начинот на живот на луѓето. Нема докази дека вакцините предизвикуваат смрт. Тврдењето дека климатските промени не постојат, дека се вештачки и дека за тоа е виновен ХААРП се дезинформација ...
Во постот погрешно се тврди дека видеото кое се споделува прикажува украински војници кои се предаваат на руските сили. Видеоматеријалот е од размена на заробеници меѓу групата Вагнер и украинските вооружени сили во мај годинава во Украина. Размената тогаш беше потврдена од страна на двете држави На вирална објава на социјалната мрежа Фејсбук споделено е видео за кое се тврди дека прикажува стотици украински војници како ѝ се предаваат на ...
Стратегијата на ЕУ „Од фарма до виљушка“ има цел да се намали употребата на штетни пестициди. До 2030 година, 25 проценти од вкупното обработливо земјиште треба да биде искористено за органско земјоделство, употребата на хемикалии и пестициди треба да се намали за 50 проценти, а продажбата на антимикробни средства во ЕУ за фармските животни и земјоделството треба да се намали за 50 проценти. Овие цели, наспроти изнесеното во постот, не ...
Причината за глобалното затоплување е човечки фактор, најмногу поради придонесот на емисии на CO2 во атмосферата. Наводното испуштање „од авиони на милиони тони тешки метали“ нема никаква врска со ефектот на стаклена градина Во објава на социјалната мрежа Фејсбук, заедно со фотографија од агрегаторот Time.mk со наслови поврзани за актуелниот топлотен бран, се тврди следното: Нит’ се климатски промени, нит’ се емисии на CO2 во атмосферата ...
Во јули низ медиумите на македонски јазик можеа да се прочитаат повеќе типови руски наративи поврзани со состојбите во Украина, а доминираа оние поврзани со самитот на НАТО во Вилнус, со касетната муниција одобрена од САД за Украина, со судбината на Пригожин, при што се обнови и наративот дека Полска сака да окупира делови од Украина, но станаа актуелни и нападите со дронови на Москва Историскиот самит на НАТО во Вилнус, кој беше оценет како ...
Во постот се прави обид информацијата за постоење на редок несакан ефект на миокардитис и перикардитис после примањето на ковид вакцината на „Фајзер“, да се претстави како некаква добро чувана тајна, па уште и се прикажува како нешто што фармацевтскиот гигант го знаел, а не го споделил со јавноста. Но, тоа не е вистина. Се работи за јавно позната информација, којашто е достапна уште пред да биде изработен документот споделен во постот кој го ...
Силното торнадо ја погоди Северна Каролина, а не Калифорнија, како што невистинито се тврди во оваа објава. Во невремето не е комплетно уништена фабрика на „Фајзер“, туку е сериозно оштетен магацин за специфични лекови кои се даваат на пациенти по пат на инфузии или инјекции. Исто така, овој објект не е на никаков начин поврзан со вакцините против ковид-19, туку со производство на други материјали круцијални во здравствената пракса во ...
Жените во Северна Македонија заработуваат помалку и се наоѓаат во повисок ризик од сиромаштија во споредба со мажите. Пониските приходи, пократкиот работен век и високата неактивност на пазарот на труд придонесуваат за поголем ризик од сиромаштија, поголема економска несигурност и влошени финансиски изгледи за жените во секоја фаза од нивниот живот, пишува во новообјавеното истражување Национален индекс на родова еднаквост што го објави ...
Градскиот парк во Велес; Фото: Мета.мк „Во тек е изготвување на проектна програма за распишување на тендерска постапка за проектирање на проектот “Реконструкција на Градски парк со поставување на тартан патека во должина од 800м” со средства од Општина Велес. Преку УНДП се обезбедени средства за изработка на проектна документација за Велосипедски парк околу Велес“, информираат во кабинетот на градоначалникот Марко Колев Во периодот на ...
Дел од медиумите на македонски јазик во првиот дел од јуни јавија дека Русија за првпат по 2014 година се вратила во топ десет економии во светот. Во вестите што се нижеа на порталите ретко имаше извор. Но, по проверка на податоците Вистиномер може да заклучи дека македонската јавност, преку преземена вест од српски медиуми, за оваа новина е известена еден месец подоцна од оригиналната објава на РИА Новости На 10, 11 и 12.06.2023 во ...
Видеоматеријалот споделен во постот не потекнува од актуелните временски непогоди во Србија. Ова видео постои на интернет со години, првпат е објавено пред седум години – на 24 мај 2016 година, на Јутјуб каналот на приватен корисник со наслов „Торнадо Србија 2016 Пијавица“ Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели: Околина на Белград вечерва! Во рамките на објавата се споделува видеоматеријал на кој се гледа ...
Читателите треба да бидат многу внимателни при изборот на онлајн медиуми од кои се информираaт. Во онлајн медиумите во голема мера се дистрибуираат медиумски производи со сензационална и дезинформативна содржина, кои имаат за цел да привлечат што повеќе кликови, а не да го информираат јавноста. Типичен пример за овие случаи е содржината што ја рецензираме, а се однесува на лекување на дијабетисот, пишува Portalb.mk. Интернет читателите често се ...
Со оглед на информациите добиени од страна на Комисијата за хартии од вредност, како регулатор на пазарите со хартии од вредност во земјава, а особено со оглед на фактот што лицата кои ја промовираат инвестицијата не се лиценцирани брокери/инвестициски советници, како и со оглед на фактот што во промоцијата на понудата не се појавува овластено правно лице (брокерска куќа, овластена банка или друштво за управување со инвестициски фондови), како ...
Никогаш досега пропагандната машинерија на Кремљ не била концентрирана на ширење толку многу дезинформации за една личност, како што тоа сега се прави кога станува збор за Володимир Зеленски. Секојдневните и постојани напливи на невистини за украинскиот претседател покажуваат дека тој претставува трн во окото на режимот во Москва и главна пречка за неуспехот на „тродневната инвазија“, чие времетраење го помина 500-иот ден и чиј крај не е на ...
Тврдењата за хибриден центар насочен кон ДУИ, како и на скриена албанофобија на секое споменување на некаков скандал поврзан со ДУИ, се извртување на вистината или спин, бидејќи не е понуден ниту еден аргумент во насока на кредибилноста на таквите тврдења, иако Османи го тврди токму спротивното. Од анализата пред вас може да се види јасна линија на еволуција на една во друга форма на спин – секоја критика која беше појаснувана досега со ...
Владата во својата Програма за работа за периодот 2022-2024 година вети активности за декриминализација, легализација и искористување на медицинските, социјалните и економските придобивки од канабисот. Сепак, за време на мандатот не презеде никакви чекори за остварување на ова ветување. Дури ни Работната група, која беше формирана во 2021 година, не продолжи со работа Ветување: Владата во следниот период ќе работи на следниве прашања: – ...
Веста за 18 истраги на ОЛАФ во С.Македонија за пет години секако дека е има своја тежина и е предупредувачка, без оглед што недостасуваат многу елементи како што се институциите и типот на препораките што се дадени откако истрагата завршила. Но кога ќе се употреби во теза дека тоа покажува дека СДСМ и ДУИ се расадник на криминалот, тогаш тоа е спин, зашто се извртува вистината преку манипулирање на значењето на бројот на отворени (или затворени) ...
Јавниот долг годинава и догодина ќе биде во пораст. Наспроти досегашните проценки, новите покажуваат дека годинава и јавниот и државниот долг ќе бидат во пораст, а овој тренд ќе се одржи и во 2024 година. Следниве години државата треба да исплати стотици милиони евра само по основ на доспевање на еврообврзници, пишува Порталб.мк. Освен од странство, ќе се бараат заеми и на домашен пазар – преку граѓански, зелени и проектни обврзници Лимитот за ...
Нема абер од новиот закон за плати, за кој премиерот уште пред четири месеци кажа дека се подготвува и дека единствено во него гледа конзистентно решение за праведно димензионирање на функционерските плати. Во меѓувреме, функционерите од април почнаа да добиваат значително повисоки плати, откако Уставниот суд укина две законски одредби. Па, иако Ковачевски уверуваше дека „тоа не значи дека автоматски ќе се зголемат платите на сите именувани лица ...