Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Откако бунтовничката група Хути го таргетираше Израел со воздушни напади, на социјалната мрежа „Фејсбук“ се појави дезинформација, според која „Јемен му објавила војна на Израел“. Ама ова не е точно. Хутите не се интернационално признаена влада на Јемен, но под нивна контрола е главниот град на Јемен. Повеќе експерти за меѓународни односи и познавачи на политичката состојба во Јемен посочуваат дека е фактички погрешно да се тврди дека „Јемен ...
Судскиот совет може да има легитимитет, како што вели Мадиќ, бидејќи е избран во Собранието, но тешко дека може да се зборува со сигурност околу интегритетот на телото после се што се случи, а уште помалку дека работите се придвижувале само затоа што членовите на Советот носеле одлуки сè почесто едногласно Заменик министерот за правда Викторија Аврамовска Мадиќ даде изјава околу функционирањето на Судскиот Совет која може да се оцени како ...
Вакцините против ковид-19 не содржат графен оксид како што сака да прикаже објавата. Листите со состојките на вакцините се јавно достапни и од нив може да се види дека нема графен оксид. Што се однесува до видеото споделено во објавата, за кое се тврди дека прикажува графен оксид кој се појавил по дожд во Франција, истото е старо две години и не е релевантно. Тоа се појавува само на две страници, лични блогови и за изнесеното во него нема ...
Конкурентноста е лек за многу проблеми во економијата, но и во политиката, лек кој може демократијата да ја направи пофункционална. Инсистирањето на доминација во пратеничкиот состав и доминација во власта, можеби носи механизам за побрзо носење одлуки, но исто така и опасност од автократија Пишува: Теофил Блажевски Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ѝ се обрати на јавноста со повик во кој може да се детектира спин: Спин: Нема ...
Османи не му забрани на Лавров да слета во С. Македонија, туку кажа дека неговото доаѓање ќе биде предизвик, бидејќи воздушниот простор на Македонија и на соседните земји е затворен за руски државни авиони. Османи рече дека, по правило, сите треба да бидат присутни и дека ќе се направат логистички напори за да му се овозможи на Лавров да дојде, но дека тоа ќе зависи од одлуките кои ќе се донесат Анализираме објава на Фејсбук која тврди дека ...
Со старо видео од подигнати шатори, покрај каналот во Брисел, објавата манипулира дека во ЕУ има премногу бездомници, владее сиромаштија и мизерија. Видеото е направено во јануари годинава, кога поради напливот на мигранти, кои чекаат азил во Белгија, беа поставени шатори на мостот во близина на замокот Петит (Владината агенција за азил Федасил). На 7 март годинава тие беа отстранети, а лицата беа евакуирани и згрижени. Впрочем, наспроти ...
Над 2.000 евра за квадратен метар за нов стан во централното градско подрачје во метрополата. Цените на становите и годинава растеа но со забавено темпо во однос на лани, пишува Порталб.мк. На пазарот со недвижности веќе се регистрира тренд на забавена побарувачка на станови. Зголемена понуда, забавена побарувачка на станови Контактирајте нè. Во централно подрачје на град Скопје се продава стан од 42 квадратни метри за 93.000 евра – ова е ...
Објавата прави манипулација, изнесувајќи погрешни информации со цел да се занемари руската агресија во Украина и украинските цивилни жртви. Уште пострашно е што се прави некаква споредба со загинати деца и што се прави обид за минимизирање на детските жртви во Украина, пишувајќи со потценување дека во Мариупол загинало само едно дете кое било сирак. Убивањето невини деца како во Украина, така и во Палестина е жалосно и трагично и тоа не може ...
Наспроти изнесеното во објавата, редовната вакцинација на децата е безбедна, штити од болести и тешки компликации, а вакцините кои се администрираат во земјава се истите што се даваат и во европските држави. Вакцините се многу безбедни, а болестите против кои штитат, се многу опасни. Благодарение на вакцинацијата кај децата, тие се заштитени, а голем број болести се искоренети Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се ...
Објавата тврди дека вакцините „ќе ги докрајчат“ ранливите категории и алудира дека вакцините се штетни и опасни. Ова не е точно, вакцините не ги убиваат луѓето, туку ги спасуваат нивните животи. Наративот што се шири преку вакви објави на социјалните мрежи е опасен, затоа што може да ги натера оние што ќе ја видат оваа објава да се посомневаат во придобивките од имунизацијата Објава на социјалната мрежа Фејсбук тврди дека вакцините за грип ...
Видео од 2017 година снимено во Париз, на кое се гледа дека францускиот претседател Макрон бил погоден со јајце, погрешно се претставува дека е наводно од Египет. Неодамна Макрон го посети Египет во контекст на проблемите во Газа, меѓутоа средбата со египетскиот претседател помина во процедурален ред без никакви инциденти, наспроти наведеното во објавата што ја рецензираме Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се ...
Алатката за отчетност беше промовирана во 2018 година, а нејзиниот „век на траење“ изнесуваше само три години, кога истата престана да се ажурира Владата сè уште нема објавено решение со кое институциите транспарентно, редовно и самостојно ќе внесуваат дигитални податоци за направените службени трошоци на министрите, нивните заменици и државните секретари. Иако од Владата во април годинава за Мета.мк изјавија дека Алатката за отчетност за ...
Фотографијата која е прикачена на Фејсбук објавата и на која се гледат повеќе посмртни останки, нема никаква врска со цивилните жртви во Газа, туку е стара 20 години и е снимена во Ирак. Фотографијата е на Марко ди Лауро, направена е на 27 мај 2003 година во Ал Мусајиб во Ирак. Иако е од огромна важност јавноста да биде точно и навремено информирана за она што се случува, особено за време на воени конфликти и кога станува збор за цивилни ...
Тврдењата во објавата дека десетици лекари во Канада умреле „ненадејно и неочекувано“ од ковид вакцините, односно дека биле убиени, е невистина. Оваа информација ја имаат дебанкирано неколку светски сервиси за проверка на фактите. Според нивните проверки за смртта на дел од лекарите, тие починале од сосема други причини кои немале никаква врска со вакцините Анализираме објава на Фејсбук во која се врти видео кое прикажува алармантна слика ...
Автопатот Кичево-Охрид навистина се гради речиси една деценија и после безброј анекси и ветувања сѐ уште се возиме по гужвите по стариот пат. Само, неразбирливо е зошто дури сега премиерот реши да бара ревизија на проектот и раскинување на договорот со изведувачот, кинеската компанија „Синохидро“. Зарем сега, неколку месеци пред избори ги забележа „дупките на патот,“ заедно со оние во проектот, како и пропустите кај изведувачот? Ковачевски, ...
И теоретски е невозможно во над половина од општините во Северна Македонија, кои ѝ припаднаа на ВМРО-ДПМНЕ по последните избори, да не се случувало ништо. Може да се зборува и да се има аргументи дека некаде потфрлиле, како што пратеникот Каевски го набројува специфичниот пример со Град Скопје, но да се тврди дека сите општински власти на ВМРО-ДПМНЕ покажале нула резултати е невистина Пратеникот и портпарол од СДСМ, Дарко Каевски одржа ...
Украина е република со претседателско-парламентарен систем на владеење, што е дефинирано со Уставот од 1996 година. Непосредно пред Русија да ја нападне Украина во февруари 2022 година, Москва лажно ја обвинуваше Украина за геноцид на граѓаните што зборуваат руски јазик во регионот Донбас. Путин го користеше овој наратив за да ја оправда инвазијата врз Украина, но нема докази за да се поткрепат ваквите обвинувања. Меѓутоа, постојат кредибилни ...
Наспроти тврдењето во објавата, промената на сметањето на времето од зимско во летно не е поврзана со Светската здравствена организација, туку секоја земја во светот самата одлучува за тоа. Неточно е и тврдењето дека СЗО била протерана од Русија, СЗО сè уште работи со двете свои канцеларии во Русија. Исто така, Русија се префрли на постојано зимско сметање на времето уште во 2014 година, по неуспешниот експеримент во 2011 година да се ...
Што ќе стане со нашата кандидатура со замрзнати преговори? Заговорниците на тезата дека „не треба да брзаме“, кои истовремено велат дека „од тебе зависат промените“, на ова немаат одговор. Поточно, нивниот одговор, парафразирано, е дека прво ќе се потпрат на изградба на водовод и канализација за секој граѓанин во државата, на домашна борба со криминалот и корупцијата, како и имплементација на владеење на правото, а потоа, кога ќе сме ...
Можеби оваа фотографија не се споделува намерно за да се манипулира со јавноста, но, сепак, таа заедно со описот прикажува нешто што не е вистина. Фотографијата сама по себе е автентична, ама во комбинација со напишаниот текст претставува манипулација, бидејќи таа не ја прикажува атмосферата на денот на ослободување на Скопје – 13 ноември 1944 година. Она што паѓа в очи и што потврдува дека фотографијата не можела да биде снимена во 1944 ...
Украинските власти го отфрлија тврдењето дека нивната земја го вооружува Хамас. Агенцијата за воено разузнавање на Украина во понеделникот (09.10.2023) постираше на својата официјална Фејсбук страница обвинувања дека Русија лансира дезинформациска кампања околу овие тврдења. САД продолжуваат да ја поддржуваат Украина во нивната контраофанзива, но и во спроведувањето на сите воени дејствија, што може да се види и од овој сумарен аналитички ...
Откако во февруари 2022 година почна засилената проруска пропаганда преку десетина наративи, врз кои се пласираа специфични дезинформации околу агресијата во Украина, како и по периодичните дезинформации што можат да се прочитаат за случувањата во Косово, за првпат се регистрираат дезинформациски наративи и за војната во Израел, делумно кај медиумите, но уште повеќе на социјалните мрежи Во анализата на дезинформациските наративи или на ...
По вторпат годинава вкупните депозити се со негативен тренд. На крајот на третиот квартал регистриран е пад од 0,2 отсто. Граѓаните и корпоративниот сектор во банките чуваат 8,2 милијарди евра. Со затегнување на монетарната политика е регистриран раст на каматите за штедење откако се зголемија каматите за кредитите, пишува Порталб.мк. Каква е состојбата со штедењето во земјава во пресрет на 31 октомври – Светскиот ден на штедењето? На ...
До крајот на 2023 година ќе биде поставена мерна станица пред АД Цементарница во Усје согласно програмата на градоначалникот, информираат од Општина Кисела Вода Градоначалникот на скопската општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски во ноември 2021 година вети дека мерни станици што ќе го определуваат квалитетот на воздухот ќе се постават околу сите големи загадувачи во општината. Речиси две години подоцна, единствено е функционална мерната ...
Украина не го забранила православието, а уште помалку станала „сатанистичка и води отворена војна против Бога,“ како што тврди оваа објава. Исто така, Зеленски не му подарил на Папата Франциск икона без ликот на Исус, туку станува збор за слика која не алудира на ништо сатанистичко, таа има симболика и е посветена на детските жртви од страшната војна во Украина што ја започна Русија Објава на Фејсбук тврди дека Украина го забранила ...
Фондацијата Метаморфозис беше дел од петтиот модул со низа предавања за справувањето со дезинформации, проверката на факти и говорот на омраза Со одржување на петтиот модул насловен „Градење општествена отпорност кон штетните влијанија на дезинформациите“ викендов во Охрид беше заокружена Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование. Фондацијата Метаморфозис беше дел од петтиот модул со низа ...
Пресметките барем помеѓу главните мафијашки групи во Скопје датираат уште од крајот на деведесетите години, така што тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека траат седум години, т.е. од 2017 година, е спин. Тоа не го ослободува од обврска сегашното раководство на безбедносните структури да расчисти со мафијата колку што може поефикасно Пишува: Теофил Блажевски Тврдење на ВМРО-ДПМНЕ во кое има спин беше издадено од нивниот партиски штаб во форма на ...
Од она што може да се види низ архивите на медиумите и на синдикатите, како и на МОН, сосема е јасно дека имало зголемување на платите во основното и средното образование во изминатите неколку години. Но, кога подетално ќе се навлезе во материјата станува јасно дека тоа зголемување е резултат на малку желба од Владата (СДСМ+ДУИ), а многу повеќе на штрајкови и други притисоци на синдикатите во образованието, пред сè на СОНК Пишува: Теофил ...
Фотографијата споделена во оваа објава на Фејсбук, а на која се прикажани починати деца, нема никаква врска со Израел. Оваа фотографија циркулира на интернет најмалку од август 2013 година и таа е поврзана со граѓанската војна во Сирија. Според тогашните медиумски написи, децата починале како резултат на труење со отровен гас. Споделената фотографија може да се најде во архивата на АФП Анализираме објава на Фејсбук која споделува стара ...
Објавата неточно тврди дека војната во Украина ја почнал колективниот Запад, поврзувајќи го ова со „големиот ресет“ во кој улога имале и Евреите. Факт е дека војната во Украина ја започна Русија и дека западните земји само ѝ помагаат на Украина во борбата за нејзиниот територијален интегритет и суверенитет. Што се однесува до „големиот ресет“, тој претставува иницијатива на Светскиот економски форум поради потребата глобалните стејкхолдери да ...