Според истражувањата на Галуп и на ИРИ, доминантното мислење на граѓаните на С. Македонија не се совпаѓа со тврдењето во постот дека Русија е сакана „100 пати повеќе“ од Велика Британија и САД Во објава на социјалната мрежа Фејсбук е искажано следното за мислење: Народот овде си ја сака Русија 🇷🇺, 100 пати повеќе отколку Британија 🇬🇧 и Америка! 🇺🇸 На 25 aприл 2023 година, Gallup објави истражување во врска со имиџот на лидерството во ...

Проверката покажува дека од шесте споделени фотографии во постот, за коишто се тврди дека го претставуваат невремето што го зафати Балканот изминатите денови, само две се автентични и навистина го прикажуваат неодамнешното невреме. Останатите четири немаат никаква врска со Балканот, ниту, пак, се снимени во 2023 година. Во објавата, исто така, неточно се тврди дека невремето на Балканот е вештачки креирано преку ХААРП напади. Но, ХААРП ниту е, ...

Во својата програма градоначалничката Данела Арсовска вети најдобар луна парк на Балканот кој ќе биде отворен во првите две години од нејзиниот мандат. Со оглед на тоа што половина од нејзиниот мандат завршува во ноември, а сè уште не е започната изградбата на луна паркот, ова ветување го оценуваме како неисполнето. Ветување: Најдобар луна парк на Балканот и два нови забавни парка Спомените од скопскиот Луна парк не смее да останат само ...

Не е точно дека Украинци умираат и се раселени поради Зеленски. Русија ја нападна Украина, а Зеленски ја предводи нацијата во нејзината битка за одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет. Украина добива помош од ЕУ и НАТО земјите, но тоа не го прави Зеленски марионета. Не е точно дека НАТО сфатил дека не може да победи во војна против Русија – НАТО не е во војна со Русија и не сака да влезе во војна со Русија. Она што го прави НАТО е ...

НАТО не е во војна со Русија и не бараме конфронтација со Русија. Она што го прави НАТО е поддршка за Украина во нејзиното право на самоодбрана, како што е наведено и во Повелбата на ОН. Во текот на изминатите месеци, преземавме исклучиво одбранбени мерки за да го зголемиме присуството на НАТО трупи во источниот дел на Алијансата, пишува на страницата на НАТO, каде што се дебанкирани разни митови, кои се шират од извори на пропагандата на Кремљ, ...

Фотографијата не е направена во претседателскиот кабинет, туку пред четири години за време на кампањата за претседателските избори, кога Пендаровски беше кандидат за претседател. Службите немаат исти надлежности за претседателските кандидати, како за личноста којашто ја има функцијата претседател на државата. Следствено на тоа, тие немале надлежност да прават какви било проверки за лицата кои му приоѓале на Пендаровски за фотографирање, кога тој ...

фото: Мета.мк Во Програмата на Владата стои дека ќе се воведе платена работа за студентите во студентските домови. Сепак, до овој момент овој проект не е реализиран, поради што ветувањето го оценуваме како неисполнето Во Програмата за работата на Владата за периодот 2022 – 2024 година, на која како мандатар е потпишан актуелниот премиер Димитар Ковачевски, во делот „Младите во фокусот“, ветил, меѓудругото, дека ќе се воведе платена работа за ...

Во еден ден негативни реакции против ДКСК дојдоа од четири места од ЈО (жестока), од МВР, од ДИК (жестока), од Државно правобранителство, а ден претходно и од градоначалничката на Скопје. Повод – наодите и заклучоците на ДКСК за три предмети – (не)извршување на заплена на имот во случајот Труст (милионски суми во евра), сомнежи за кражба на лични податоци и сомнежи за корупција при набавка на „фингерпринтите“ за изборните процеси од страна на ...

Силното невреме кое ја погоди Словенија, не е резултат на ХААРП, туку е природна појава. Станува збор за суперклеточна бура со грмотевици која се карактеризира со присуство на мезоциклон: длабок, упорно ротирачки нагорен проток. Поради ова, овие бури понекогаш се нарекуваат ротирачки грмотевици. Научниците и метеоролозите велат дека ХААРП не може да го промени времето Пост на Фејсбук тврди дека силното невреме кое деновиве ја погоди Словенија ...

Тврдењето дека Франција принудува 14 африкански земји да плаќаат колонијални даноци, е неточно. Овие земји се членки на монетарната унија која ја користи валутата ЦФА франк. Учеството на 14-те земји во валутата и монетарната унија е доброволно, а во 2019 година беше отстранет и условот за чување на половина од девизните резерви на овие земји во Франција. ММФ во март 2022 година извести дека сметката на која се чувале овие резерви е затворена. Од ...

По објавување на детали од ревизорскиот извештај за Општина Тетово, Порталб.мк објави и наоди за работењето на други општини во земјава чие финансиско работење беше под лупа на ревизорите Општина Карпош: Судски тужби во вредност од речиси 30 милиони евра Неостварени приходи и нереализирани расходи како што било планирано – на приходната страна се собрале 78 отсто од планираното, на расходната се потрошиле 77 отсто во однос на планот. ...

На една година до крајот на мандатот на актуелниот пратенички состав, ветувањето на владејачката СДСМ дека ќе се укинат патните трошоци на пратениците и дека тие ќе бидат заменети со станови за секој пратеник, е неисполнето Во изборната програма „Можеме“ (стр 11), со која СДСМ излезе на предвремените избори во 2020 година, владејачката партија вети дека ќе ги укине патните трошоци за пратениците во Собранието. Една година до крајот на мандатот ...

Рускиот ракетен напад врз Краматорск бил намерен и извршен врз цивилни објекти. Факт е дека во нападот на пицеријата во Краматорск биле убиени 12 цивилни лица, а десетици биле повредени. Тоа што американски војник бил таму за да јаде, не го прави објектот „легитимна воена цел“, како што тврди Русија. Постот ја форсира руската пропаганда дека целта на нападот биле воени објекти, притоа го заобиколува фактот кој е нагласен во видеото кое го ...

Стив Кирш, кој говори во видеото од постот, самиот за Асошиејтед Прес кажал дека за неговото излагање пред сенатот во Пенсилванија немал најдено какви било медицински студии, туку само го кажал своето лично искуство дека меѓу Амишите не можел да најде лица кои страдаат од канцер, дијабетес, аутизам, автоимуни болести… Но, и самиот вели дека тоа не значи оти тие не постојат во оваа заедница. Голем број на студии и експерти потврдуваат дека добар ...

Тврдењето дека „САД во биолабораториите во Украина работеле на создавање на биолошко оружје засновано на ДНК на одредена етничка група, односно на Русите и Кинезите“, е сосема произволно и без никакви докази. Департментот за одбрана на САД уште на 10 март 2022 година објави дека Русија и Кина лажно обвинуваат за употреба на биолошко оружје, оттаму се децидни дека нема лаборатории за биолошко оружје на Департментот за одбрана ни во Украина, ни на ...

Во гимназиите, „Црнила“ е дел од наставната програма, а „Црно семе“ е дел од лектирниот список. Со измените на наставната програма по македонски јазик во стручното образование, направени уште во 2019 година, овие две дела не се дел од неа, но не се исклучени за обработка. Како што информира од Бирото за развој на образованието, „Црно семе“ е на лектирниот список кој е изедначен со оној во гимназиите, а „Црнила“ по избор на наставникот може да се ...

Не е вистина дека фармацевтите ги кријат причинителите на рак кај луѓето, а митовите за тоа кои производи се причинители на рак треба да се разбиваат со научни факти, а не со верувања. Наведените причинители на рак, посочени во текстот што се споделува во постот, се паушални и базирани на популарни митови, а не наука. Текстот не нуди ниту еден линк и во ниту еден момент не се повикува на научно истражување, туку креира паника и шири ...

Image by S. Hermann & F. Richter from Pixabay Кампањата за дезинформирање била наречена „Надежни најнови вести“, според името на проруска вебстраница Франција разоткрила обемна руска кампања чија што цел била да се подрие поддршката од Западот за Украина, извести француската државна агенција Viginum, чија намена е борба против странски дигитални вмешувања. „Ангажирањето на руските амбасади и културни центри, коишто активно учествувале во ...

Постот шири невистини дека се случил голем пожар во Националната библиотека во Франција. Видеото што се споделува како поткрепа на ваквото тврдење, е од пожарот во поштата на Манила којшто се случи во мај оваа година. Портпаролот на Канцеларијата за јавни информации во Манила, за АП потврдил дека видеото покажува како Централната пошта гори во мај. Елоди Винсент, портпарол на Националната библиотека на Франција, исто така потврдила дека ...

Самото видео, како што пишуваат странски проверувачи на факти, не е ново и е снимено пред руската инвазија врз Украина. Во моментот, зградата е изменета споредено со она што е прикажано на видеоматеријалот, а и семафорите во близина на самата улица се променети и сега се во жолта боја Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се споделува видеоматеријал од наводен билборд на Тајмс Сквер, на кој наводно пишува „No Zelensky no ...

Повлекувањето паралела меѓу Зеленски и Хитлер е класична манипулација во духот на руската пропаганда. Ова се прави сè со цел да се оправда руската агресија врз суверена Украина којашто трае повеќе од една година. Зеленски е Евреин, а неговиот дедо и тројцата негови браќа се бореле против нацистите. За потсетување, Украина го забрани промовирањето на нацизмот во 2015 година На објава на социјалната мрежа Фејсбук споделен е колаж од фотографии ...

Компанијата со седиште во Канада, која треба да ја реализира „најголемата инвестиција“ во државата од независноста – изградба на рудник, во реакцијата за изразен личен став на државен функционер (министерката за животна средина Каја Шукова), бара (апелира) од државните функционери да се воздржат од лични ставови, зашто тоа било прашање на однос меѓу влада и инвеститори за кој имало соодветни одлуки на суд!? Освен тоа, однапред го прогласија ...

Поранешниот премиер и бегалец од правдата, Никола Груевски се огласи на Фејсбук дека неговата влада никогаш не донела одлука за експлоатација на злато и бакар во Иловица, но со детална проверка на одлуките на Влада што се депонирани и издадени во Службен весник на РM од 2012 до 2022 година се утврдува дека Груевски спинува, зашто донел такви одлуки во 2012 и 2015 година Пишува: Теофил Блажевски Никола Груевски во својот пост објавен на ...

Долга листа забелешки испорачаа државните ревизори за Буџетот за 2021 година на Општина Тетово. Отсуство на транспарентност, неостварување на капитални расходи и даночни приходи се дел од забелешките, пишува Порталб.мк. Еве што нотираат ревизорите за финансиите на оваа општина, која е една од најзадолжените во државата И приходите и расходите во „минус” со реализација Буџетот на општина Тетово ниту се заснова на реалните состојби и можности ...

Oд 2014 година досега, општинската сметка во Тетово е блокирана. Ова е една од најзадолжените општини во државата, која има доспеани неплатени милионски обврски по различни основи. Ревизорите нотираа дека на крајот на август 2022 година, сметката била блокирана за вкупен долг од над шест милиони евра (6.365.000 евра). Освен за општинскиот буџет, новиот ревизорски извештај се осврнува на наплата на даноци, такси, менаџирање со јавните паркинзи, ...

Никаде не може да се најде информација дека филмот „Барби“ е забранет во Србија, а во овој филм воопшто не постои мапа на голема Албанија. Ниту, пак, има некаква мапа на која не е прикажана Северна Македонија, за, како што се сугерира во постот, филмот да биде забранет и во нашата држава. Сцената во која Барби стои пред наводна мапа „на голема Албанија“ не постои во филмот и таа е лажна, односно сцената со Барби пред светската мапа е изменета со ...

Паркот во Охрид, 2 јули 2023 година; Фото: Мета.мк Мета.мк на 2 јули беше на локацијата во Охрид, каде што е најавена изградбата на новиот парк од страна на градоначалникот Кирил Пецаков. На просторот од споменикот на холандскиот писател А.Ден Долард до каналот Студенчишта не забележавме дека е изграден нов, односно дека е проширен постојниот парк ветен од градоначалникот Охридскиот градоначалник Кирил Пецаков во предизборната кампања пред ...

Дури 97 проценти од климатските научници ширум светот се согласуваат дека климатските промени се реални и во дени од човековата активност. Во научниот свет тоа е консензус. ХААРП, е високо фреквентна активна истражувачка програма на поларната светлина, но теоретичарите на заговор велат дека ХААРП е дизајниран да произведува земјотреси и други природни катастрофи, како и промена на временските услови. Сепак, научниците и метеоролозите велат дека ...

Од сведоштва на цивилите коишто биле во Азовстал во текот на бомбардирањето во Мариупол, евидентно е дека тие таму дошле сами, на сопствена слободна волја и, пред сè, поради нужност, сметајќи го тоа место за најбезбедна опција во текот на руското бомбардирање. Така што, во постот што го рецензираме невистинито се тврди дека Азов ги држел цивилите како заложници Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели: Сите ...

Минатата година имало масовни протести на холандските земјоделци, но не и годинава. Факт чекери од Холандија за Вистиномер велат дека во 2023 година имало протести, но ниту еден не можел да се спореди со огромните протести и немири во 2022 година. Земјоделците во Холандија не протестираат поради тоа што владата сака да ги исели за да гради куќи за домување за мигранти, туку поради владините политики за намалување на азотното загадување. ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
67%
1011
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
3.09
92%
1010
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
76%
1011
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
77%
1011
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
1.01
77%
1012
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 9ᴼ
0.51
94%
1012
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
3.13
47%
1010
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
3.09
56%
1012
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
4.12
82%
1011
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 12ᴼ
5.81
77%
1013
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 11ᴼ
3.6
73%
1012
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 17ᴼ
3.6
52%
1012
Currency

61.525

Currency

54.1791

Currency

72.3411

Currency

34.9893

Currency

39.3371

Currency

66.0463

Currency

7.52996

Currency

0.67484

Currency

0.37844

Currency

0.52704

Currency

1.40608

Currency

0.64154

Алуминиум

2.43

Кобалт

0.53

Никел

0.48

Рутениум

19869.16

Калај

31.97

Сребро

1049.50

Злато

108919.31

Бакар

9.35

Паладиум

31523.81

Платина

31329.64

Родиум

172810.26

Цинк

2.58

Иридиум

134266.78