
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Во неделата на 24 септември, германското Министерство за одбрана ја демантираше информацијата што ја пренесоа руските државни медиуми дека наводно е уништен германски тенк Леопард со екипаж од Бундесверот во воената зона во Украина. Покрај ова, општо е познато дека западните земји внимаваат да не испраќаат свој персонал во Украина заедно со военат помош поради што и се организираат долготрајни обуки на украинските војници пред да ја преземат ...
Елизабета Ѓоргиевска и Јованка Тренчевска се обратија на конференцијата „Родова еднаквост на работното место“ организирана по повод Меѓународниот ден за еднакви плати Фактите зборуваат дека и 75 години по усвојувањето на Декларацијата за човекови права, родовиот јаз во платите сè уште постои, вклучително и кај нас. Ова го истакна сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, која присуствуваше и се обрати на конференцијата „Родова еднаквост ...
Изминатиот месец се зголеми тензијата меѓу Запад и Москва и одделно меѓу западни земји и Русија, со честа употреба на неколку класични дезинформациски наративи од страна на Русија, како што се Западот војува со Русија до последниот Украинец, Западот е лошото момче, а Русија се брани од проширувањето на НАТО, Западот е декадентен, а Русија ги брани традиционалните вредности, па сè до директно обвинување дека САД и Велика Британија издале команда ...
фото: dole777 на Unsplash Како дел од пошироките напори за борба против руските дезинформации, ЕУ побара од Фејсбук и останатите платформи да вложат повеќе ресурси за проверка на факти во содржините во источна Европа, каде што руските дезинформациски кампањи се сметаат за закана Компаниите за социјални медиуми, вклучувајќи ги и Гугл и Фејсбук, беа повикани од ЕУ „веднаш“ да започнат со етикетирање на содржините и фотографиите генерирани од ...
Фото: Фондација Метаморфозис Новата анализа „Геополитичка перспектива на дезинформациските текови во Западен Балкан“ објавена од Фондацијата „Метаморфозис“ укажува на поврзаноста меѓу странските штетни влијанија и домашните актери кои користат дезинформациски наративи за дестабилизација на регионот и попречување на евроатлантската интеграција Дезинформациите и лажните вести не се само медиумски проблем, туку се и безбедносен. Тие ги ...
Руската амбасада во С.Македонија ја доведува во корелација ситуацијата меѓу Крим и Косово, а клучниот аргумент на рускиот претседател, Владимир Путин, за оправдување на ратификaцијата на договорот за прием на Крим во Русија е фактот што Западот ја призна косовската декларација за независност од 2008 година. Но, во 2014 година, тогашниот косовски премиер Хашим Тачи изјави дека Русија треба да престане да го користи случајот со независноста на ...
Ребалансот на Буџетот веќе е во Собрание. Оваа буџетска прераспределба се однесува на периодот до крајот на оваа економска година Помалку пари за водовод и канализација, за градежни зафати и за невладини организации со буџетскиот ребаланс. Во дел од институциите и министерствата има и кратење на сумите за договорни услуги и за патни и дневни трошоци, но кај дел има зголемување, пишува Порталб.мк. Буџетски поместувања тешки стотици милиони евра ...
Виралното видео со наводната грешка на билборд на среде Тајмс сквер во Њујорк, каде што пишувало „Слава на урината“ наместо „Слава на Украина“ е целосна лага и дезинформација, пуштена да му наштети на угледот и на Украина и на претседателот Володимир Зеленски и на земјата домаќин. За жал повеќе медиуми на македонски јазик без проверка ја објавија оваа дезинформација и на веб сајтовите и на социјалните мрежи Рецензираме објава на социјалната ...
Пратеникот од ГРОМ Љупчо Пренџов ем не го прочитал законот за амнестија, ем е уверен дека „е превара“, зашто ништо е им верувал на овие од власта. Паушално и без аргументи се изјаснува и за амнестијата и нејзините цели од 2018 година, за кредитите за реконструкција на затворите, итн. Сепак, има право дека власта можела да стори многу повеќе, зашто состојбата е многу лоша, а амнестијата нема да ја поправи на среден и долг рок Пишува Теофил ...
Градот Скопје и по повеќе од 26 месеци од почетокот на градежните работи на терен, нема абер да го заврши проширувањето на булеварот Борис Трајковски меѓу населбите Пинтија и Драчево. Првиот рок зададен од претходниот градоначалник Петре Шилегов и Град Скопје, дека изградбата на оваа сообраќајница ќе трае неполни две години, не успеа да ја доврши во зададениот рок неговата следбеничка Данела Арсовска односно ова ветување не е исполнето во ...
Бил Гејтс не продава вакцини, туку има донирано во севкупниот глобален фонд во обид да се возврати на пандемијата и сиромашните држави да добијат вакцини за да се намали смртноста. Веќе е познато дека Бил Гејтс е заговорник за вакцинација со оглед на тоа што така може да се подобри квалитетот на животот на луѓето, да се одговори на глобалните епидемии и да се продолжи животниот век на луѓето Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во ...
Не може да се тврди, како што е тоа случај во објавата, дека антирелигиозната цивилизација, односно Западот, се борела против Русија. Русија сака да се наметне и да се претстави како главен светски бранител на традиционалното и религиското, а тоа можеше да се забележи и во говорот на Путин на два дена пред годишнината од руската агресија, кој уште еднаш нагласи дека ова е „војна за заштита на нашите деца од деградација и дегенерација“. Мит е ...
Ако главниот кабает за овој срам за владеењето на правото во Македонија е на власта предводена од СДСМ и ДУИ, опозицијата, вклучувајќи ја и најголемата партија во нивните редови, ВМРО-ДПМНЕ, нема да може никако себе си да се амнестира, затоа што со неактивност во Собранието ги дозволија измените во еден ден и со тоа станаа учесници и корисници на бенефициите од измените. Премијата може да биде од Талир 2, за кој треба да решава Апелација ...
Без никакви аргументирани тврдења, во објавата се манипулира со цитирана новинарска сторија од НБЦ њуз, при што се прави исмевање со тоа што на лекарите им било тешко да ги разликуваат актуелните симптоми на ковид 19 од други горно-респираторни заболувања, се манипулира дека позитивни на ковид биле и одредени храна и пијалоци, како и дека бројките на грип наеднаш исчезнале. Ништо од ова не е точно Објава на Фејсбук манипулира и изнесува низа ...
Имајќи предвид дека НАТО не е во војна со Русија и не испраќа војници на фронтот во Украина, како и дека Армијата на Република Северна Македонија учествува единствено во НАТО и ЕУ мисии и вежби, не може да се тврди дека МО вработува војници за желбите на Зеленски, односно за да ги испрати да се боорат во Украина, како што се тврди во објавата. Тоа е манипулација и лага која свесно ја туркаат поддржувачите на руската агресија Анализираме објава ...
Никој не ги принудува граѓаните на ЕУ да јадат инсекти за да не умрат, како што тоа се тврди во постот. Во својата анализа за лажните вести поврзани со инсектите за јадење, Едмо.еу идентификува три главни дезинформациски наративи меѓу кои и тој дека граѓаните на ЕУ ќе јадат инсекти дури и против нивна волја. Употребата на инсекти како алтернативен извор на протеини не е нова, а инсектите редовно се јадат во многу делови од светот. Наративите за ...
Тоа што Путин испратил барање до НАТО да не се проширува кое било одбиено, односно таков драфт договор не бил потпишан од страна на НАТО, не ја префрла воената одговорност врз НАТО. Столтенберг, наспроти изнесеното во објавата, не признава дека НАТО можел да ја спречи војната со ставање крај на проширувањето, туку во видеото кажува дека тоа е неприфатливо Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува: Картите се отворени: ...
Преку манипулативна фотографија од епизодата на „360 Степени“, во која беше емитувано интервју со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во објава на Фејсбук лажно се тврди дека не било поставено државното знаме на Северна Македонија, додека во исто време стоеле партиското знаме на ДУИ и други знамиња Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук, во кој лажно се тврди дека во емисијата „360 Степени“ кога гостуваше лидерот на ДУИ Али Ахмети го нема ...
Во објавата која ја рецензираме се пропушта контекстот. Не постои вакцина против кардиоваскуларни болести за да може да биде администрирана на населението како што тоа беше случај со вакцината против ковид-19. Во текст на Гардијан од 8 април 2023 година пишува дека до крајот на деценијата можно е да има вакцина против срцеви заболувања Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува: На светско ниво имаат „починато“ официјално 7 ...
Она кое што е наведено на самиот документ „Согласност за вакцинација“, е дека вакцинацијата против ковид-19 ќе ја намали можноста да се разболите од ковид-19. Исто така, пишува дека ,,како и сите лекови, ниту една вакцина не е целосно ефикасна”. Сите граѓани во земјава се вакцинираат доброволно и за тоа потпишуваат изјава. Затоа, тврдењето е манипулација преку дезинформација, т.е. невистина Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во ...
Кај сите ресори и институции се предвидени повисоки буџети за плати, придонеси и надоместоци, но од друга страна има кратења Милионски суми од капиталните расходи се скратени за да се обезбедат пари за повисоки плати. Кај сите ресори и институции се предвидени повисоки буџети за плати, придонеси и надоместоци, но од друга страна има кратења, пишува Порталб.мк. Финансиски поместувања во министерствата За Министерството за политички систем се ...
Градоначалничката Данела Арсовска во декември 2021 година на средба со граѓанските организации „Го сакам Водно“ и „О2“ вети дека Градот Скопје ќе иницира изработка на закон за да се подигне заштитата на Водно на повисоко ниво и со тоа да се спречи узурпацијата на земјиште и неконтролирана урбанизација на планината Не е изготвен специјален закон за заштита на Водно, а парк шумата и понатаму останува Заштитен предел во категорија V, врз основа на ...
Зеди Енузи Кока навистина е назначен за нов директор на МЕПСО, но човекот со пиштол прикажан на фотографијата е неговиот брат Цуфи Кока кој на 20 јули 2022 доби четири месеци затвор. Причината за казната беше тоа што тој пукаше во воздух кај плоштадот „Скендербег“ за време на протестниот марш на противниците на францускиот предлог Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува напис со наслов: „Откако впери пиштол кон ...
Презентацијата за употреба на кондоми и средства за контрацепција кај младите не предизвикува рана сексуализација, велат сексолозите. Напротив кај младите е нужно сексуално образование за едукација и заштита. Сексот во нашето општество, за жал, е табу тема особено на релација дете-родител и ученик-наставник. Токму затоа е потребно сексуално образование, кое ќе придонесе за правилен развој на младите, а не банализација на сексуалниот чин ...
Изјавата на Бајден во видео исечокот е и погрешнo цитирана и погрешено интерпретирана. Целосниот контекст зад изјавата покажува дека Бајден не направил гаф, туку во говорот се повикува на претходните гафови од поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп Видео објавено на Фејсбук ги манипулира корисниците на социјалната мрежа да помислат дека претседателот на САД, Џо Бајден направил гаф. Ова не е вистина, се манипулира со преводот и контекстот ...
Видеото, кое предизвика големо внимание на Фејсбук, всушност, прикажува бизарен перформанс на уметницата Регина Хозе Галиндо со наслов „Пиедра“, изведен во Сао Паоло во Бразил во 2013 година за да го привлече вниманието на страдањата на жените од Латинска Америка. Дезинформација и невистина е сè што е напишано во објавата со видеото, дека станувало збор за Французи За бизарно видео, споделено на Фејсбук, се тврди дека е снимено во африканската ...
Според описот на истражувачкиот портал Белингкет, Кјуанон е теорија на заговор која што лажно тврди дека екс-американскиот претседател Доналд Трамп долго работи на тоа да ги победи „сатанистите, педофилите, длабоката држава и кабалата“ (често употребувани зборови во наративите на промоторите). И покрај тоа што Трамп не е претседател и предвидувањата на Кјуанон не се остваруваат, конспирацијата продолжува да влече нови следбеници. Белингкет уште ...
Фаучи не признал оти вакцините против ковид предизвикуваат миокардитис, туку напротив вели дека ризикот од вакцината кај младите мажи да добијат миокардитис е многу помал отколку ризикот да добијат миокардитис од коронавирусот. ЦДЦ информира за ретки пријавени случаи на миокардитис, но без некои посериозни здравствени последици. Објавата очигледно има за цел да манипулира со изјавата на Фаучи и да наштети на процесот на вакцинација против ковид ...
Наспроти изнесеното во оваа објава на Фејсбук, во ковид вакцините нема нешто што може да биде активирано од 5Г мрежата и да предизвика болести во телото на вакцинираните. Ваквиот наратив е подготвен со цел креирање паника кај вакцинираните и отпор кон примање на вакцините поради страв од идни пандемии Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се вели: Ужас!!! Синдромот на бришење на генот 1P36 и претстојната „Марбушка епидемија“ ...
Ова е уште една во низата лажни реклами на социјалните мрежи кои имаат за цел да ги мамат граѓаните, наведувајќи ги да купуваат лажен производ. На официјалната веб-страница на ТВ 24 не може да се најде интервју со Калиопи во кое таа зборува за капките У-капс кои се рекламираат во објавата. Фотографиите употребени во лажниот напис се од интервју кое Калиопи го дала за емисијата Неделен микс на ТВ 24 пред три месеци, но во него таа не зборува за ...