Земјава се приклучила на иницијативата на Србија и на земјите од регионот за изградба на брза пруга на Коридорот 10, во чија прва фаза е планирана изградба на брза пруга од Табановце до Скопје со крак до скопскиот аеродром, но конкретни рокови од Министерството за транспорт и врски не соопштуваат Владата во својата програма за работа за периодот до 2024 година вети дека ќе изработи проектна документација за изградба на нова пруга од Миладиновци ...

Видеото во врховниот командант на вооружените сили на Украина, генерал Валериј Залужни, наводно повикува на воен удар и зборува против украинскиот претседател Володомир Зеленски е висококвалитетно лажно видео, таканаречено „deepfake“, создадено со помош на вештачка интелигенција Објава на социјалната мрежа Фејсбук споделува видео според кое врховниот командант на вооружените сили на Украина, генерал Валериј Залужни, наводно повикува на воен ...

Објавата дезинформира дека воените дејствија од страна на Русија на територијата на Украина, врз која спроведе целосна неиспровоцирана воена инвазија на 24 февруари 2022 година, завршиле и наводно победник е Русија. Но, воената инвазија и одбраната на Украина уште траат и нема најави дека наскоро ќе сопрат. Дополнително, во објавата се дезинформира дека ЕУ и НАТО биле победени од страна на Русија, што, исто така, не е точно, со оглед на тоа што ...

Никој не нè труе и убива со прскање отрови, со вакцини, лекарства и ГМО храна. Тврдењата за такво нешто изнесени во објавата не се поткрепени со никакви факти и докази. Но, затоа има медицински факти и докази дека не постојат „кемтрејлс“ и дека вакцините спасуваат животи. Што се однесува до болестите набројани во објавата, ниедна од нив нема врска со наведените причини, односно, сида, аутизам и рак не се поврзани со вакцини, лекарства или ГМО, ...

Ниту масовните медиуми признаваат оти „Украина заврши“, ниту пак, новинарите се виновни што се изгубени илјадници животи во Украина, како што тврди објавата. Новинарите не ја поттикнаа воената инвазија во Украина, туку тоа го стори Русија, а Украина возврати поддржана во правото на самоодбрана од страна на западните партнери. Дополнително, самиот претседател на Украина, Володимир Зеленски тврди за Ројтерс, дека Украина уште може да има ...

Видеото кое стана доста вирално, а за кое се тврди дека го прикажува нападот врз конвојот на палестинскиот претседател Махмуд Абас, всушност е видео од престрелка меѓу палестинската полиција и дилери на дрога. Генералниот политички комесар и официјален портпарол на палестинскиот безбедносен естаблишмент, генерал-мајор Талал Двејкат, соопшти дека шест палестински безбедносни офицери се повредени, од кои еден потешко, додека трагале по едно лице ...

Првите, СДСМ, за да го намалат ефектот за лошите оценки во делот на владеење на правото и судството одат со наратив дека во 80 отсто од Извештајот имале напредок, сметајќи го за напредок секој пасус што зборува дека состојбата останала иста како лани. Вторите од ВМРО-ДПМНЕ, со наративот дека земјата добила историски најлош извештај, ги забораваат извештаите од 2014/2015 и 2016 година, кога за прв пат имаше назадување во некои области и заробена ...

Објавата што ја анализираме манипулира така што старо видео од масовни протести во Тел Авив против премиерот Нетанјаху, претставено како да прикажува нови протести во време кога е актуелна војната во Појасот Газа. Од нападот на Хамас на 7 октомври, во Израел се одржале неколку протести, но тие се далеку од масовни, бидејќи јавноста е незадоволна што премиерот не успаел да го спречи нападот и да им помогне на киднапираните лица. Во Тел Авив имало ...

Европската комисија препорачува С. Македонија да вложи дополнителни напори во затворање на просторот за странско мешање и манипулација со информации, вклучително и дезинформации, како и да преземе активности за градење општествена отпорност против ваквите и други форми на хибридни закани Пишува: Симона Атанасова Во годишниот Извештај на Европската комисија за Северна Македонија се наведени различни критики за напредокот на нашата земја во ...

Откако бунтовничката група Хути го таргетираше Израел со воздушни напади, на социјалната мрежа „Фејсбук“ се појави дезинформација, според која „Јемен му објавила војна на Израел“. Ама ова не е точно. Хутите не се интернационално признаена влада на Јемен, но под нивна контрола е главниот град на Јемен. Повеќе експерти за меѓународни односи и познавачи на политичката состојба во Јемен посочуваат дека е фактички погрешно да се тврди дека „Јемен му ...

Судскиот совет може да има легитимитет, како што вели Мадиќ, бидејќи е избран во Собранието, но тешко дека може да се зборува со сигурност околу интегритетот на телото после се што се случи, а уште помалку дека работите се придвижувале само затоа што членовите на Советот носеле одлуки сè почесто едногласно Заменик министерот за правда Викторија Аврамовска Мадиќ даде изјава околу функционирањето на Судскиот Совет која може да се оцени како ...

Вакцините против ковид-19 не содржат графен оксид како што сака да прикаже објавата. Листите со состојките на вакцините се јавно достапни и од нив може да се види дека нема графен оксид. Што се однесува до видеото споделено во објавата, за кое се тврди дека прикажува графен оксид кој се појавил по дожд во Франција, истото е старо две години и не е релевантно. Тоа се појавува само на две страници, лични блогови и за изнесеното во него нема ...

Конкурентноста е лек за многу проблеми во економијата, но и во политиката, лек кој може демократијата да ја направи пофункционална. Инсистирањето на доминација во пратеничкиот состав и доминација во власта, можеби носи механизам за побрзо носење одлуки, но исто така и опасност од автократија Пишува: Теофил Блажевски Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ѝ се обрати на јавноста со повик во кој може да се детектира спин: Спин: Нема ...

Османи не му забрани на Лавров да слета во С. Македонија, туку кажа дека неговото доаѓање ќе биде предизвик, бидејќи воздушниот простор на Македонија и на соседните земји е затворен за руски државни авиони. Османи рече дека, по правило, сите треба да бидат присутни и дека ќе се направат логистички напори за да му се овозможи на Лавров да дојде, но дека тоа ќе зависи од одлуките кои ќе се донесат Анализираме објава на Фејсбук која тврди дека ...

Со старо видео од подигнати шатори, покрај каналот во Брисел, објавата манипулира дека во ЕУ има премногу бездомници, владее сиромаштија и мизерија. Видеото е направено во јануари годинава, кога поради напливот на мигранти, кои чекаат азил во Белгија, беа поставени шатори на мостот во близина на замокот Петит (Владината агенција за азил Федасил). На 7 март годинава тие беа отстранети, а лицата беа евакуирани и згрижени. Впрочем, наспроти ...

Над 2.000 евра за квадратен метар за нов стан во централното градско подрачје во метрополата. Цените на становите и годинава растеа но со забавено темпо во однос на лани, пишува Порталб.мк. На пазарот со недвижности веќе се регистрира тренд на забавена побарувачка на станови. Зголемена понуда, забавена побарувачка на станови Контактирајте нè. Во централно подрачје на град Скопје се продава стан од 42 квадратни метри за 93.000 евра – ова е ...

Објавата прави манипулација, изнесувајќи погрешни информации со цел да се занемари руската агресија во Украина и украинските цивилни жртви. Уште пострашно е што се прави некаква споредба со загинати деца и што се прави обид за минимизирање на детските жртви во Украина, пишувајќи со потценување дека во Мариупол загинало само едно дете кое било сирак. Убивањето невини деца како во Украина, така и во Палестина е жалосно и трагично и тоа не може да ...

Наспроти изнесеното во објавата, редовната вакцинација на децата е безбедна, штити од болести и тешки компликации, а вакцините кои се администрираат во земјава се истите што се даваат и во европските држави. Вакцините се многу безбедни, а болестите против кои штитат, се многу опасни. Благодарение на вакцинацијата кај децата, тие се заштитени, а голем број болести се искоренети Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува ...

Објавата тврди дека вакцините „ќе ги докрајчат“ ранливите категории и алудира дека вакцините се штетни и опасни. Ова не е точно, вакцините не ги убиваат луѓето, туку ги спасуваат нивните животи. Наративот што се шири преку вакви објави на социјалните мрежи е опасен, затоа што може да ги натера оние што ќе ја видат оваа објава да се посомневаат во придобивките од имунизацијата Објава на социјалната мрежа Фејсбук тврди дека вакцините за грип и ...

Видео од 2017 година снимено во Париз, на кое се гледа дека францускиот претседател Макрон бил погоден со јајце, погрешно се претставува дека е наводно од Египет. Неодамна Макрон го посети Египет во контекст на проблемите во Газа, меѓутоа средбата со египетскиот претседател помина во процедурален ред без никакви инциденти, наспроти наведеното во објавата што ја рецензираме Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува ...

Алатката за отчетност беше промовирана во 2018 година, а нејзиниот „век на траење“ изнесуваше само три години, кога истата престана да се ажурира Владата сè уште нема објавено решение со кое институциите транспарентно, редовно и самостојно ќе внесуваат дигитални податоци за направените службени трошоци на министрите, нивните заменици и државните секретари. Иако од Владата во април годинава за Мета.мк изјавија дека Алатката за отчетност за ...

Фотографијата која е прикачена на Фејсбук објавата и на која се гледат повеќе посмртни останки, нема никаква врска со цивилните жртви во Газа, туку е стара 20 години и е снимена во Ирак. Фотографијата е на Марко ди Лауро, направена е на 27 мај 2003 година во Ал Мусајиб во Ирак. Иако е од огромна важност јавноста да биде точно и навремено информирана за она што се случува, особено за време на воени конфликти и кога станува збор за цивилни жртви, ...

Тврдењата во објавата дека десетици лекари во Канада умреле „ненадејно и неочекувано“ од ковид вакцините, односно дека биле убиени, е невистина. Оваа информација ја имаат дебанкирано неколку светски сервиси за проверка на фактите. Според нивните проверки за смртта на дел од лекарите, тие починале од сосема други причини кои немале никаква врска со вакцините Анализираме објава на Фејсбук во која се врти видео кое прикажува алармантна слика за ...

Автопатот Кичево-Охрид навистина се гради речиси една деценија и после безброј анекси и ветувања сѐ уште се возиме по гужвите по стариот пат. Само, неразбирливо е зошто дури сега премиерот реши да бара ревизија на проектот и раскинување на договорот со изведувачот, кинеската компанија „Синохидро“. Зарем сега, неколку месеци пред избори ги забележа „дупките на патот,“ заедно со оние во проектот, како и пропустите кај изведувачот? Ковачевски, но и ...

И теоретски е невозможно во над половина од општините во Северна Македонија, кои ѝ припаднаа на ВМРО-ДПМНЕ по последните избори, да не се случувало ништо. Може да се зборува и да се има аргументи дека некаде потфрлиле, како што пратеникот Каевски го набројува специфичниот пример со Град Скопје, но да се тврди дека сите општински власти на ВМРО-ДПМНЕ покажале нула резултати е невистина Пратеникот и портпарол од СДСМ, Дарко Каевски одржа ...

Украина е република со претседателско-парламентарен систем на владеење, што е дефинирано со Уставот од 1996 година. Непосредно пред Русија да ја нападне Украина во февруари 2022 година, Москва лажно ја обвинуваше Украина за геноцид на граѓаните што зборуваат руски јазик во регионот Донбас. Путин го користеше овој наратив за да ја оправда инвазијата врз Украина, но нема докази за да се поткрепат ваквите обвинувања. Меѓутоа, постојат кредибилни ...

Наспроти тврдењето во објавата, промената на сметањето на времето од зимско во летно не е поврзана со Светската здравствена организација, туку секоја земја во светот самата одлучува за тоа. Неточно е и тврдењето дека СЗО била протерана од Русија, СЗО сè уште работи со двете свои канцеларии во Русија. Исто така, Русија се префрли на постојано зимско сметање на времето уште во 2014 година, по неуспешниот експеримент во 2011 година да се постават ...

Што ќе стане со нашата кандидатура со замрзнати преговори? Заговорниците на тезата дека „не треба да брзаме“, кои истовремено велат дека „од тебе зависат промените“, на ова немаат одговор. Поточно, нивниот одговор, парафразирано, е дека прво ќе се потпрат на изградба на водовод и канализација за секој граѓанин во државата, на домашна борба со криминалот и корупцијата, како и имплементација на владеење на правото, а потоа, кога ќе сме направеле ...

Можеби оваа фотографија не се споделува намерно за да се манипулира со јавноста, но, сепак, таа заедно со описот прикажува нешто што не е вистина. Фотографијата сама по себе е автентична, ама во комбинација со напишаниот текст претставува манипулација, бидејќи таа не ја прикажува атмосферата на денот на ослободување на Скопје – 13 ноември 1944 година. Она што паѓа в очи и што потврдува дека фотографијата не можела да биде снимена во 1944 година ...

Украинските власти го отфрлија тврдењето дека нивната земја го вооружува Хамас. Агенцијата за воено разузнавање на Украина во понеделникот (09.10.2023) постираше на својата официјална Фејсбук страница обвинувања дека Русија лансира дезинформациска кампања околу овие тврдења. САД продолжуваат да ја поддржуваат Украина во нивната контраофанзива, но и во спроведувањето на сите воени дејствија, што може да се види и од овој сумарен аналитички ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
87%
1013
weather icon

Белград

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
90%
1013
weather icon

Загреб

11ᴼ / 10ᴼ
1.54
89%
1015
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
94%
1013
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
2.41
93%
1011
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 9ᴼ
0.51
95%
1015
weather icon

Атина

20ᴼ / 16ᴼ
1.34
54%
1012
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
88%
1013
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
82%
1013
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
6.26
91%
1010
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 10ᴼ
1.03
94%
1013
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 15ᴼ
0.51
53%
1012
Currency

61.535

Currency

54.285

Currency

72.3635

Currency

35.2035

Currency

39.4153

Currency

65.6886

Currency

7.52137

Currency

0.66604

Currency

0.37967

Currency

0.52626

Currency

1.4049

Currency

0.64114

Алуминиум

2.44

Кобалт

33.70

Никел

0.48

Рутениум

19869.16

Калај

31.00

Сребро

1068.02

Злато

109135.71

Бакар

9.60

Паладиум

31202.30

Платина

31386.49

Родиум

172810.26

Цинк

2.57

Иридиум

134266.78