
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



Видеоматеријалот што се споделува на Фејсбук не е направен сега – ноември 2023 година, во болницата во Газа, туку е снимен пред 10 години во болница во Каиро. Видеоматеријалот е погрешно означен поради што во објавата се пропушта контекстот Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува напис со видеоматеријал и пишува: (Видео) Прва снимка од болницата Ал Шифа во Газа. Во склоп на написот пишува дека „на социјалните мрежи ...
Демохристијанската идеологија интензивно ги пушта своите корени и во македонското пост-ковид општество, во време кога се создаде плодна почва за антиваксерски движења и сеење дезинформации за последиците од ковид вакцините. Во барабанот на дезинформациите се најдоа разни теории на заговор, но и предупредувања за „увоз на опасни западни вредности“ со цел уривање на нашите традиционални семејни вредности. Во таа смисла се туркаат приказните дека ...
Четири нови заеми со сила на закон се испратени во Собранието на усвојување. Владата бара да се изгласаат по скратена постапка, пишува Порталб.мк. Што содржат документите за овие нови заеми, за што ќе се трошат парите и колкави камати ќе се плаќаат? Заем од Француската агенција за развој АДФ во износ од 50 милиони евра Преку државната Развојна банка, Владата одлучи да земе заем во износ од 50.000.000 евра. Целта на овој заем, како што се ...
Левица, како и секоја друга партија во предизборието што е веќе одамна започнато, од многу причини вчера си дозволи да демонстрира насилство и кршење во Собранието, кое е недозволиво, добивајќи веројатно гласови плус. А, денеска, пак и нови револуционерни ставови, кои се спин. Но, штетата што ја направија е поголема од ползата (евентуални гласови плус), зашто голем дел од јавноста, всушност и не разбра за што протестираа, а темата е од ...
За настанот од 6 јануари 2021 година во американскиот Капитол кој доведе до немири и човечки жртви, во оваа објава на Фејсбук се прикажува видео кое алудира дека политичарите сакале да го преувеличат настанот, односно да го „напумпаат“. Но, постојат бројни снимки од кои се гледа магнитудата на насилството во Капитол, кршење на прозорци, тепачки со полицијата, за што двајца организатори се осудени на високи затворски казни од 10 и 18 години ...
Фатмире Исаки која е заменичка на министерот за надворешни работи Бујар Османи, не е дел од Демократската унија за интеграции. Таа никогаш не била дел од оваа партија. Исаки е од редовите на ДПА и се наоѓа на оваа функција од февруари 2020 година. Нејзината матична партија ДПА е еден од коалициските партнери на Владата уште од 2018 година, кога партијата влезе во Владата на тогашниот премиер Зоран Заев Објава на социјалната мрежа Фејсбук тврди ...
Според одговорите од Владата на РСМ, ваков регистар во моментов не постои. Од таму добивме единствено дополнителни информации за други теми кои се однесуваат на младите во државата Во Програмата за работа на Владата на Македонија од 2022 година, потпишана од тогашниот мандатор Димитар Ковачевски, во делот насловен како „Младите во фокусот“, е наведено ветување дека ќе се создаде и објави, „регистар на наши млади умови ширум светот“, кои треба ...
Не може да се каже дека сите медиуми биле ставени во корист на некаква си пропаганда на Нетанјаху, како што тврди објавата. Од видеата јасно се слушаат сирените за воздушен напад и се гледаат ракети (според пишувањата тоа се ракети од противвоздушната одбрана на Израел кои ги одбиле ракетите на Хамас). Обезбедувањето на германскиот канцелар, според безбедносните протоколи морало да го евакуира Шолц. Надвор од логиката на здравиот разум е сите ...
Оваа случка навистина се случила, меѓутоа не сега – ноември 2023 година и не како знак на солидарност со повеќе од 4 илјади брутално убиени деца, како што тврди објавата на Фејсбук, туку во 2019 година. Видеоматеријалот е објавен од страна на медиумот Middle East Eye, на 14 ноември 2019 година. Така што, настанот прикажан на видеото воопшто не е поврзан со актуелните демонстрации на Универзитетот Харвард Рецензираме објава на социјалната мрежа ...
„За разлика од повеќето медиуми кои внимаваат на проверката на факти во своите производи пред истите да се објават, „Вистиномер“ се занимава со проверка на веќе објавени информации, рече Владимир Петрески, главен уредник на „Вистиномер“ Дезинформациите се сериозен проблем прават голема штета. Тие придонесуваат за раздор во општеството. Потребно е институциите да се потранспарентни, а нивото на уредничка одговорност во медиумите да е повисоко. ...
Црна Гора, Македонија, Србија, БиХ ги претставија клучните проблеми во медиумската сфера и впечатокот е дека речиси сите се соочуваат со слични или идентични проблеми – таблоидното новинарство, недоволната регулација на онлајн медиумите и штетата што ја предизвикуваат дезинформациите беа посочени како клучни проблеми од речиси сите држави Говорот на омраза, таблоидното и клик бејт новинарство, личните податоци и етиката во новинарството се само ...
Соопштението на „Студентска револуција“ вчера, без да проверат дали изнесената информација во него е точна, го пренесоа повеќе медиуми, на што реагираше директорот на ДСД Скопје, Велевски Парното во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје е во функција, а дефектот што се појавил во парноводната мрежа бил саниран уште минатата недела. Информацијата дека студентите се оставени без греење до денес и дека нема да се поправи парното не е точна, ...
Три болести му се закануваат на европскиот континент, а тоа се пертусис, дифтерија и морбили. Дали ќе имаме случаи, зависи од степенот на вакцинација и од свесноста на родителите за неопходноста од вакцинација на нивните деца. Да не дозволиме да учиме повторно на потешкиот начин, вели д-р Мехмедовиќ Лажни вести и дезинформации има во секој сегмент од општеството, но дезинформациите кога е во прашање здравството можат да бидат опасни по живот. ...
Деновите на медиумската писменост се најзначајниот национален настан за мобилизирање на граѓаните, образовните установи, граѓанските организации, медиумите и државните институции и за подигнување на свеста за медиумската и информациската писменост Панел-дискусија насловена „Градење општествена отпорност кон штетните влијанија на дезинформациите“ организира Фондацијата Метаморфозис во рамки на конференцијата „Медиумска писменост во дигиталните ...
Според истражувањето на Јутјуб, оние кои ги виделе видеата биле во просек 5,4 проценти подобри во препознавањето на техниките на манипулација од групата која не ги видела видеата Гугл во текот на летото едуцираше голем дел од населението во Германија со видео кампања за борба против дезинформациите и обидите за манипулација на интернетот, пренесува германската агенција ДПА. Според одделот Jigsaw на Гугл, 21,9 милиони корисници на Јутјуб ги ...
Не можете да се потпрете само на вашите извори бидејќи тие извори ќе се обидат да покажат пристрасност и наратив или да ве излажат. Она што треба да го направите е да пронајдете и анализирате податоци од фотографии, видеа. Не гледам како традиционалното новинарство може да опстане понатаму, вели во интервју за Порталб.мк бразилската новинарка Кристина Тардагила Кристина Тардагила е една инспиративна и енергична новинарка од Бразил, која е ...
Изјавата на скопската градоначалничка Арсовска во која вели дека никогаш не се откажала од проектот „Бас рапид транзит“ (БРТ), е невистинита, а истовремено и недоследна во однос на нејзините првични ставови за ова прашање. Арсовска набрзо по доаѓањето на градоначалничката функција категорично кажа дека нема намера да го имплементира проектот за изградба на автобуско метро – БРТ системот, започнат од нејзиниот претходник Петре Шилегов, бидејќи не ...
Без никакви аргументи лидерот на опозицијата изнесе невистини во врска со активностите на власта за евакуација на македонски државјани од Израел, при што изнесе и оценка дека во Владата има разногласие околу израелско-палестинскиот конфликт Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изнесе тврдење во кое може да се детектира невистина: Раштиман оркестар, нема никаква стратегија, погледнете што се се случува, не можат граѓаните наши да си ...
Антивакциналните дезинформации ја поткопаа имунизацијата и направија огромна штета на јавното здравје. Загрижувачки се податоците околу вакцинацијата на децата, препорачаниот опфат од над 95 отсто не е постигнат за ниту една вакцина во земјата. Дезинформациските наративи продолжуваат да си поигруваат со здравјето на граѓаните, се измислува дека вакцините предизвикуваат „турбокарцином“, дури и кај луѓе кои воопшто не се вакцинирани. Вистиномер ...
Неколку експерти за дигитална форензика забележуваат дека фотографијата има недостатоци, односно траги кои јасно укажуваат на тоа дека е креирана со вештачка интелигенција. Притоа посочуваат на неправилности во рацете и нозете, како и на начинот на кој фигурите се вклопуваат во околината. Фотографијата стана исклучително вирална во светски рамки поради нејзината емотивна, потресна содржина која ја отсликува катастрофата и последиците од воените ...
Објавата изобилува со манипулативни антивакцинални наративи, со цел да се исплашат граѓаните да не се вакцинираат. Вакцините не се оружје против возрасните граѓани над 65 години и децата, туку најголема медицинска придобивка на современата медицина, а овие две категории граѓани се ранливи групи и затоа фокусот на Министерството за здравство е на нив. Вакцините се безбедни и во државата се ставаат истите кои се администрираат во Европа. Граѓаните ...
Министерството за животна средина и просторно планирање дури на почетокот од август годинава ја објави финалната нацрт-верзија на Предлог-законот за климатска акција, а тој допрва треба да ја мине собраниската процедура Сите рокови предвидени за донесувањето на Законот за климатска акција во Собранието на РСМ се пробиени. Иако владата во својата програма има ветено дека ова законско решение ќе биде усвоено во 2022 година, законодавниот дом до ...
Тврдењето дека некој нè прска со отрови од авиони е неточно и претставува една од најраспространетите теории на заговор, честопати дебанкирана од Вистиномер. Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информираа дека и покрај четири години успешно користење на мерката, оваа година воопшто немаше авионско засејување. Што значи дека не постои ни државен тендер за сребро јодид, како што тврди објавата. Исто така, нема никакви ...
Неправилно протолкуван документ и неколку видеоматеријали, од кои некои не ни прикажуваат графен оксид, се искористени за да се заплашат граѓаните дека со вакцинацијата против ковид-19, во телото ќе примат графен оксид и дека истиот реагира на 5Г мрежата. Но, ова не е вистина. Вакцината против ковид на Фајзер не содржи графен оксид, ниту пак, има корелација меѓу неа и 5Г мрежата. Вакцините против ковид се безбедни и ефикасни и самата компанија ...
Фондацијата Метаморфозис го поддржува протестот на новинарите што треба да се одржи утре, 17.11.2023 година, пред Граѓанскиот суд во Скопје поради судската одлука против главниот уредник на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), Сашка Цветковска и Здружението на граѓани ИРЛ во случајот со тужбата на Кочо Анѓушев и на компанијата Брако за клевета. Метаморфозис ја смета судската одлука за опасен преседан, особено во делот кога судот се ...
Министерот за правда Кренар Лога излезе со мислење во име на Министерството за правда дека Годишниот извештај на Јавното обвинителство на РСМ (ЈОРСМ) за работата во 2022 година има недостатоци, при што посебно го потенцираше долгото траење на предистражните и истражните постапки во Обвинителството, на што доби остро појаснувачко-кавгаџиско соопштение од ЈОРСМ Додека се подготвува овој текст, одржан е поширок „помирителен“ состанок во Правда, но ...
На фотографијата не се прикажани никакви киднапери на деца. Станува збор за стара фотографија која првпат се појавила во 2015 година во Романија, а лицата прикажани на неа се поврзуваат со џебни кражби. МВР демантира дека имало какви било обиди за киднапирање на деца. „Нема ниту едно одземено дете, ниту какви било киднапери“, соопштија оттаму Анализираме објава на Фејсбук во која се тврди дека пет лица киднапери, се движат околу Скопје и се ...
Човечкиот живот е евтин во случај на војна каде прва жртва е секогаш вистината, но е уште поевтин кога царуваат дезинформациите на помоќниот во војната. Па така, иако и Израелците и Палестинците се човечки битија, цената на нивните животи е различна. На една страна 40 израелски убиени деца, на другата 5.000. Проблемот за проверувачите на факти е што израелските тврдења (и дел од оние на Палестиниците) се многу тешко или никако проверливи, дури и ...
Децата во никој случај не примаат 40 вакцини годишно на ниту една возраст. Дополнително, децата воопшто не примаат 40 вакцини во текот на детството, односно од новороденчиња до навршување на 18 години. Сè на сè децата, почнувајќи од првите 24 часа по раѓањето кога ја примаат првата вакцина, па сè до 18 годишна возраст се вакцинираат 13 пати. Од овие 13 пати, речиси половина, односно 6 пати, станува збор за ревакцинирање, а не за нова вакцина ...
Десетти месец по ред Светската организација за храна на месечно и на годишно ниво регистрира пад на цените на храната, кој на годишно ниво е најголем кај млечните производи и маслото за јадење, пишува Порталб.мк. Дома октомвриската инфлација на годишно ниво изнесува 3,5 отсто и е една од најниските стапки во изминатиот период. Што очекуваат економистите, дали ценовниот притисок ќе „попушти”? Паралела: Цени на храната на светскиот и на ...