Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Во Косово е поведена петиција за промена на името на државата во Дарданија, пишуваат српските медиуми повикувајќи се на објава на страницата „кос_дата“, на „Икс“. Во објавата на таа страница пишува дека Дарданија било античкото име на регионот и затоа иницијаторите сметаат дека треба да се врати како официјално име на Косово. Тие се повикуваат на историски податок дека имало илириско кралство со тоа име на тоа место. Ова не е првпат да се ...
Бројот на случаи на вирусот Западен Нил во Грција е во пораст во последните недели. Според најновите бројки од грчките здравствени власти, оваа година се регистрирани 157 случаи, додека 13 лица починале. Само во изминатата недела се регистрирани 47 нови случаи и четири дополнителни смртни случаи. За споредба, до крајот на јули имало 42 случаи, додека до 12 август имало 110, што покажува колку брзо се зголемува бројот на инфекции. Најголем ...
Стотици странски државјани вчера беа запрени на граничниот премин Табановце откако системот „Безбеден град“ претходно регистрираше дека тие направиле сообраќаен прекршок во Македонија. Новиот систем предизвикува огромни гужви на границата. Системот работи така што регистрира прекршок, а потоа им дава известување на возачите дека го надминале ограничувањето на брзината и дека треба да платат казна пред да ја напуштат земјата. Наплатата на ...
Целата територија на Македонија, утре ќе биде во портокалова алертна фаза поради горештините. Утре и во сабота ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени. Во недела и следните неколку денови во поладневните часови ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. ...
Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција и надлежната обвинителка Верица Бежитски ја затворија предистрагата за случајот со набавката на 17 модуларни болници за време на Ковид кризата и уште други три јавни набавки, за набавка на посебни контејнери и медицинска опрема. Како што објасни обвинителката јавните набавки биле спроведени согласно процедурите, не бил оштетен државниот буџет, бидејќи најголем дел од средствата ...
Арина Сабаленка доживеа ново големо разочарување и предвреме го заврши настапот на турнирот во Синсинати, откако во осминафиналето загуби од 35. тенисерка на ВТА-листата, Сара Бејлек. Чешката тенисерка славеше со 7:6, 6:4 и го оствари најголемиот триумф во својата кариера, додека за Сабаленка овој пораз е уште еден доказ дека се наоѓа во сериозна резултатска криза. Белорусинката имаше големи предности во двата сета, но не успеа да ги ...
Македонија, во својата прва сезона на меѓународната завршница на „Плазма –Спортските игри за млади“, која се одржува во Сплит, освои седум медали – три сребрени и четири бронзени. Нашата земја, оваа година, првпат се приклучи кон големото семејство на „Плазма – Спортските игри за млади“, заедно со Хрватска, Србија, Словенија и Босна и Херцеговина. Оваа година, СИМ одбележува голем јубилеј – 30 години од своето постоење, а деновиве, Сплит е во ...
Екипата на Панатинаикос доби сериозен удар пред почетокот на новата сезона, откако најдобриот играч на тимот, Кендрик Нан, мораше да биде опериран на коленото. Американскиот бек се повреди на приватен тренинг во САД, каде што заработил повреда на менискусот. Нан во средата, 19 август, бил подложен на оперативен зафат, кој според информациите поминал рутински и без никакви компликации. Сепак, повредата доаѓа во незгоден момент за атинскиот ...
Русите повлекуваат милијарди од банките поради страв дека Кремљ би можел да ги искористи нивните пари за финансирање на војната во Украина, пишува „The Washington Post“. Руските банки во последните недели забележаа рекордни количини на паричен тек, тренд што се совпаѓа со интензивирањето на нападите со беспилотни летала во Украина. Според податоците од Руската централна банка, објавени од „The Post“, само во првите две недели од август, ...
По девет успешни изданија во различни градови низ земјава, „Реплек“ на 23 август во Охрид, со почеток во 19.00 часот, ќе го организира јубилејното десетто издание на РЕсет, платформа посветена на поттикнување здрави животни навики, физичка активност и грижа за добросостојбата. Во зеленилото на Голф клубот Охрид ќе се одржи тренинг на зајдисонце, на кој на афирмираната фитнес инструкторка Елена Бубало ќе ѝ се придружи Емилија Колоска, едно од ...
Во „Чифте амам“, вечерва (20 август) во 20 часот, ќе се отвори јубилејната изложба под наслов „Деведесет години од раѓањето на Јован Петров“, посветена на творештвото на македонскиот уметник и конзерватор. На свеченото отворање ќе биде промовирано и печатеното јубилејно-монографско издание за уметникот. Јован Петров (с. Бегниште, Тиквешко, 1936 – Скопје, 2011) е македонски сликар, конзерватор и реставратор, автор кој со своето разновидно ...
Руски противпожарен авион „Иљушин 76“ влезе во Србија во средата вечерта, преку Црното Море и Бугарија, и покрај санкциите на Европската Унија за прелетите на руски авиони. Според бугарските власти, на рускиот авион му било дозволено да помине низ бугарскиот воздушен простор по барање од Србија и дипломатска нота од Белград. Бугарската новинска агенција „Новините“ објави дека авионот, кој е под надлежност на руското Министерство за вонредни ...
Наплатата на сообраќајните казни на граница со Србија помина со експлозивни реакции од возачите кои транзитираат низ земјава. Првиот ден од функционирање на системот за наплата помина со слика од долги колони од возила и неколкучасовно чекање на пеколниот асфалт. Од АМСМ за весникот Вечер велат дека изутринава немало застој, но гужвите се очекува да се создадат во попладневните часови. Според снимките од безбедносните камери на граничниот ...
Полициски службеници од ОВР Берово го лишиле од слобода 62-годишниот Љ.М. од село Русиново, откако со патничко возило „форд“ удрил во паркирано возило, а потоа и во ограда од двор на куќа. Инцидентот се случил вчера околу 17:40 часот во Берово. При преземањето на полициските мерки било утврдено дека возачот управувал под дејство на алкохол. Со алкотест кај Љ.М. биле измерени 2,62 промили алкохол во крвта. Полицијата извршила увид на местото ...
Вицешампионот на Италија, тимот на Наполи, се уште со големо внимание ја следи ситуацијата околу бразилскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Габриел Жезус. Искусниот напаѓач сигурно ќе ја промени средината до крајот на летниот преоден рок, а од неговата продажба „топчиите“ очекуваат заработка не помала од 20 мил. евра. ИЗДВОЕНИ „Безбеден град“ стартува со наплата на казни на странски возила, првиот ден направи ...
Австралискиот тенисер Ник Кирјос се најде во голем проблем откако беше позитивен на кокаин и доби привремена суспензија. Меѓународната агенција за интегритет на тенисот (ITIA) потврди дека примерокот што Кирјос го дал на 22 јуни за време на турнирот во Мајорка содржел бензоилекгонин, метаболит на кокаинот. Поранешниот 13. тенисер во светот е суспендиран од 4 август, а мерката значи дека во моментов не смее да игра, да тренира или да ...
Американскиот претседател Доналд Трамп најави нова „екстремно остра кампања на економски притисок“ врз Иран. Во исто време, тој ги предупреди сите земји и актери кои би му дале финансиска или друга поддршка на Техеран дека како резултат на тоа би можеле да бидат погодени со „огромни економски последици“. Трамп рече дека на Иран му била понудена одлична можност да постигне договор за време на неговиот мандат, но дека Техеран не ја искористил ...
Високите температури и рекордно ниските нивоа на водата во Централна и Југоисточна Европа го оптоваруваат производството на електрична енергија и ја зголемуваат побарувачката, но безбедноста на снабдувањето е стабилна, иако се очекува ситуацијата да продолжи со недели, објави европскиот комесар за енергетика и домување, Ден Јергенсен, на X. Затоа, Европската комисија одржа вонреден состанок во среда за безбедноста на снабдувањето со ...
Војводата и војвотката од Сасекс планираат да се вратат во Велика Британија, дознава Би-Би-Си. Како што првично објави Дејли Телеграф, принцот Хари и Меган Маркл имаат намера да се преселат од САД во приватна, нерезиденцијална кралска резиденција надвор од Лондон подоцна овој месец. Нивните деца, принцот Арчи (7) и принцезата Лилибет (5) се запишани во британско училиште и треба да започнат со настава во септември. Кралот Чарлс беше ...
Новиот тренер на Реал (М), Жозе Мурињо, одлучи да воведе строги правила на однесување меѓу играчите, а многумина ќе бидат шокирани поради нив. Нема повеќе да има самоволие во соблекувалната, но и надвор од неа, секое кршење на правилата ќе биде строго казнувано. Со тоа, играчите на „кралскиот клуб“ повеќе нема да можат да јадат што сакаат. Ангажиран е нутриционист кој ќе се грижи за секој оброк на дневна основа и нема да има исклучоци. ...
Русија започна голем напад со балистички ракети и беспилотни летала врз Киев кратко по полноќ, при што загинаа најмалку 12 лица, а најмалку 34 беа повредени, соопштија украинските власти. Според Државната служба за вонредни состојби на Украина, станбени згради и магацини беа погодени во „масовен напад“ кој траел повеќе од осум часа. Спасувачите работат на извлекување на луѓето заробени под урнатините на срушените згради. Нападите врз Киев ...
Камерата што регистрирала најмногу прекршувања на брзината се наоѓа на автопатот А-7 во близина на градот Валенсија во Шпанија, а во 2025 година регистрирала 90.766 казни за пребрзо возење. Тоа значи дека ги казнува возачите на секои шест минути, што на шпанската држава и донесе 18,9 милиони евра, објавува „Ел Индепендиенте“. Автопатот А-7 е еден од најважните патишта по должината на брегот на Шпанија, каде што обично можете да возите со 120 ...
Екипи на скопската Противпожарна бригада заминуваат кон Мариово, каде што ќе им се приклучат на пожарникарите и останатите екипи кои се борат со големиот пожар што повторно се разгоре во овој регион. Во овие тешки мигови, кога огнената стихија се заканува на Мариово и на цели населени места, нашите херои повторно се таму каде што се најпотребни. Конвој на Противпожарната бригада на Град Скопје тргнува кон Мариово, во помош при гаснењето на ...
Според прогнозата на метеоролошкиот портал Severe Weather Europe, во следните два дена се очекува да се развие серија силни бури и суперклеточни системи над голем дел од Европа, од Шпанија и Балтичките земји до Италија и Хрватска. Ваквите бури носат ризик од многу обилни врнежи од дожд, голем град и деструктивни налети на ветер, а локално не е исклучена појава на торнада. Се очекува опасни временски услови да избувнат во западниот, ...
Родри одигра фантастично на Мудијалот во САД, Мексико и Канда, каде што стана светски шампион со Шпанија, а на крајот заслужено беше прогласен за најдобар играч на турнирот. Веднаш по Светското првенство се појави информација дека Родри сака да го напушти Манчестер Сити и дека сака да игра за Реал (М), со кого наскоро беа воспоставени контакти и се чинеше дека сè ќе биде решено многу брзо. „Кралскиот клуб“ и Манчестер Сити преговараа за ...
Високо рангиран руски воен генерал процени дека Израел ризикува да престане да постои како држава. Тој тврди дека Тел Авив намерно го ескалира конфликтот на Блискиот Исток за да ги вовлече САД и целиот НАТО сојуз во него, пренесува државната новинска агенција ТАСС. Генерал-потполковник Апти Алаудинов, заменик-началник на Главната воено-политичка дирекција на руската армија и командант на специјалните сили Ахмат, изјави за ТАСС дека ...
Биби Седика од Авганистан (17) веќе 21 месец трпи мачење во брутален затвор, осудена затоа што храбро одбила да се омажи за 70-годишен талибански командант поради долгот на нејзиниот татко. Седумнаесетгодишната Биби Седика ги поминала последните 21 месец во брутален затвор контролиран од талибанците затоа што одбила да се омажи за 70-годишниот Мавлави Ходаиназар, влијателен командант во авганистанската покраина Бадгис. Оваа информација ...
Претседателството на Украина го отфрли како нереален предлогот на поранешниот министер за одбрана Михајло Федоров за одржување избори во Украина додека трае војната. Украинскиот претседател Володимир Зеленски сè уште не одговорил на коментарите на Федоров, чие разрешување во јули предизвика национални протести. Сепак,извор од претседателскиот кабинет за Би-Би-Си изјави дека е „прилично бизарно да се планираат избори меѓу ракети и беспилотни ...
Европските мориња се прегреваат, а виновни се климатските промени, предупредуваат истражувачите, додавајќи дека морските топлотни бранови им се закануваат на екосистемите и крајбрежните заедници. Атлантското и Средоземното Море се значително потопли од вообичаеното, при што некои делови од морето околу Европа оваа недела достигнуваат температури до шест степени Целзиусови над просекот. Зад се стои климата која забрзано се менува, велат ...
Русија почна да увезува гориво, потврди во среда рускиот вицепремиер Александар Новак, а пренесе руската државна новинска агенција ТАСС. Новак не даде детали за количините на увезено гориво или за неговото потекло. Тој исто така рече дека владата очекува неколку рафинерии да продолжат со работа во блиска иднина по закажаното одржување, што треба да помогне во подобрувањето на снабдувањето со гориво. Русија традиционално е нето извозник на ...