Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Ревизорите утврдиле дека ЈП ПОЦ е со 86 милиони денари неуплатена комунална такса во буџетот на Општина Центар и има 20 милиони застарени побарувања, но и несоодветно евидентирање на опремата и на градежните објекти. Воедно, 25 % од вкупните побарувања биле постари од шест години и без преземени мерки за наплата или обезвреднување, а биле констатирани и неправилности во постапките за јавни набавки, како и слабости во благајничкото работење. ...
Судот го прифати предлогот на скопското Обвинителство и им определи 30-дневен притвор за сопружниците осомничени за убиството на лекарот Ацо Трповски, извршено на 21 март 2024 година, во скопската населба Автокоманда. Притворот е поради постоење на опасност од бегство и влијание врз сведоци. Од Обвинителството велат дека по пат на сознанија е дојдено до сомневање оти брачниот пар стои зад убиственото сценарио. Ова се потврдува и од фактот што ...
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвиненија против шест лица кои се товарат дека организирано фалсификувале исправи, злоупотребувале лични податоци и подигнувале брзи кредити на туѓо име, со што незаконски прибавиле повеќе од 3,1 милиони денари. Пред очите на финансиските институции, а зад туѓи идентитети, со години функционирала измамничка шема за подигање брзи кредити. Истовремено, до надлежниот суд е поднесен и предлог за ...
Светско, а наше, македонскo! Македонија и македонската публика остануваат важен дел од неговата музичка приказна. „Момент“ е песна создадена од лична емоција, додека инспирација е неговата сопруга, оној момент кога првпат ја запознал „Момент“ е новата песна со која се означува новиот почеток, новото поглавје на познатиот македонски поп-пејач од помладата генерација музичари, Бобан Боби Андонов. – Новата песна, освен на македонски јазик, има и ...
Ополномоштениот амбасадор на Индија за Македонија, Арун Кумар Саху, најавил донација на биста на Махатма Ганди за Град Скопје, која ќе биде поставена на јавен простор, како траен симбол на пријателството меѓу Македонија и Индија. Иницијативата произлегла на средбата на скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, со делегацијата од Амбасадата на Република Индија, предводена од амбасадорот Саху. Ѓорѓиевски објави дека е уверен дека оваа ...
На 27 јули (понеделник) со почеток во 18:00 часот, од дворот на црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, околу 40 коњаници, меѓу кои и пет девојки, ќе тргнат кон Крушево, продолжувајќи ја речиси петдецениската традиција посветена на чествувањето на Илинден и на македонските херои. Станува збор за свечено испраќање на учесниците на 48. традиционален Илинденски коњички марш, кој ќе се одржи во пресрет на одбележувањето на големиот државен ...
Реализацијата на проектот за санирање на патот кон Теферич во Општина Кисела Вода му е предадена на Министерството за транспорт. Ова денеска го обелодени заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. При работната посета на Општина Кисела Вода, тој информираше дека е сторено тоа бидејќи станува збор за сериозно свлечиште. – Проблематиката е далеку поголема од можностите и од капацитетите што ги имаат Општина ...
Ваквите инциденти се исклучително ретки, но, за жал, не се преседан. Последниот познат случај на делумно исфрлен патник низ скршен прозорец, односно технички прецизно кажано исфрлен од силата на разликата во притисокот, се случил во 2018 година, на лет на „Саутвест ерлајнс“ од Њујорк до Далас. На лет на „Алјаска ер“ во 2024 година, паднал цел панел од врата од „боинг 737-мaкс“, но, за среќа, соседните седишта биле празни. Хипоксијата е еден ...
Не е донесена одлуката на Уставниот суд за предметот поврзан со иницијативата на опозициските партии Левица и Демократи врзана за оценување на уставноста на делови од Изборниот законик поврзани со платеното политичко рекламирање. Конечната одлука се очекуваше да биде донесена на утринската седница на Судот закажана за 9 часот за кога беше закажано гласањето по предложената иницијатива откако на неодамнешната седница судиите не можеа да ...
– Мојата цел е едноставна и јасна: развој на доброволното пожарникарство преку развој на ДПД. Токму затоа поведовме заедничка иницијатива за изменување на Законот за здруженија на граѓани, со цел подобрување на статусот на ДПД. Воедно, ќе се обидеме да го подобриме статусот на ДПД и во Законот за пожарникарство – истакна директорот на Дирекцијата за заштита и спасување и командант на Силите за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, барајќи од ...
Во хотелот „Кала“, кој е дел од Негорски Бањи, свечено беше отворен првиот шампионат на Македонија за шаховски ветерани. Турнирот претставува официјално првенство на Македонија за ветерани С60 (шахисти родени 1966 година или порано) во стандарден шах и е регистрирано во Меѓународната шаховска федерација, ФИДЕ. На иницијатива од „ШКВ Скопје72“, првпат во Македонија, по седумдневни меѓусебни борби на 28-мина шахисти, ќе се добие шампионот на ...
Со воведување во работа на изведувачот, почна реализацијата на значаен инфраструктурен проект во Општина Пехчево, кој опфаќа реконструкција на улиците „Илинденска“, „Мирче Ацев“ и „Даме Груев“, како и нивните краци, со изградба на нова атмосферска канализација. – Проектот има цел да ги подобри патната инфраструктура и системот за одведување на атмосферските води, со што ќе се обезбедат поголема безбедност во сообраќајот, подобри услови за ...
Преспанското село Љубојно викендов ќе биде центар на македонската традиција, автентичните вкусови и на староградската песна. В сабота со почеток во 17:00 часот, ќе се одржи новото издание на традиционалниот продажен фестивал „Преспанска софра“. Манифестацијата, која е во организација на месната заедница на селото Љубојно, годинава има и посебен јубилеен карактер: се организира и по повод 50 години од изградбата на водоводот во селото. ...
Откако весникот ВЕЧЕР пишуваше за потребата од поголем ангажман на осудениците во земјава, Управата за извршување санкции склучи договор –затвореници од неколку казнено-поправни установи да го собираат ѓубрето од јавните патишта во близина на затворите каде што ја издржуваат казната. „Почна седумдневната работна акција која ќе трае до 22.07.2026 година во соработка со Управата на извршување на санкциите и ЈП Македонија – Пат согласно со ...
Шпанија е првиот финалист на Светското првенство откако ја победи Франција со 2:0 во полуфиналето во Далас. На натпревар на кој целосно доминираа, кај Шпанците убедливо најбледа партија покажа крилниот напаѓач на „триколорите“, Мајкл Олисе. Ѕвездата на Баерн Минхен, кој важи за еден од најдобрите фудбалери во Франција и на целото Светско првенство, не беше на нивото на кое играше на остатокот од турнирот. На шест натпревари, тој намести пет ...
Македонскиот кошаркарски шампион, екипата на МЗТ Скопје, ги дозна противниците во групната фаза на ФИБА Европа Купот по денешната ждрепка одржана во Минхен. Новиот формат на натпреварувањето предвидува осум групи со по шест екипи, а сезоната стартува на 6/7 октомври. Популарните „штркови“ ќе настапуваат во групата Е, каде што за ривали ги добија Петролина АЕК (Кипар), Вурцбург (Германија), Тарту (Естонија), Ираклис (Грција) и Џики Варшава ...
Аргентина со драматичен пресврт ја совлада Англија со 2:1 и се пласираше во финалето на Светското првенство, а по натпреварот, во центарот на вниманието се најде шишето на Џордан Пикфорд. Англискиот голман на шишето имал залепени детални белешки за евентуална пенал-серија, со инструкции како да реагира против секој аргентински изведувач. За Лионел Меси стоело „лажно лево – скокни десно“, за Енцо Фернандес „остани во средината“, за Хулијан ...
Уставниот судија Гоце Наумовски поднел оставка на судиската функција која е веќе доставена до македонското Собрание. Неофицијално се дознава дека оставката е поднесена од „лични причини“. Гоце Наумовски беше избран за уставен судија во февруари годинава , по предлог на Наумовски доаѓа на предлог на Комисијата за избори и именување. Тој дојде на местото на претходната уставна судијка Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која си поднесе оставка лани ...
Поранешниот градоначалник на Карпош Стевче Јакомовски е во добра здравствена состојба и е сместен во приемното одделение на затворот Скопје во Шутка, вели за весникот Вечер директорот на установата Бобан Утковски. „Прегледеан е од домскиот лекар, има историја на болести ќе биде соодветно третиран, разговарано е со него за лкеарската терапија, нешто ќе се обезбедува преку затворот, нешто од неговите. Осуденикот сеуште не е распределен во ...
Косовски државјанин е уапсен откако се обидел да избега од царинска контрола на граничниот премин Блаце, при што со возилото оттурнал и неколку метри влечел царински службеник. По полициска потера бил запрен на „Јадранска магистрала“ во Скопје, а кај него биле пронајдени марихуана и џебен нож. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, станува збор за Р. Е. (24), косовски државјанин. Инцидентот се случил на 15 јули околу 22 ...
Царинската управа спречи обид за шверцување 2.000 ампули од медицинскиот раствор „гадонанс“, кои косовски државјанин се обидел нелегално да ги внесе во земјава, криејќи ги во кабината на товарно возило. Според Царинската управа, акцијата ја реализирал мобилен тим од Одделението за оперативни работи на граничниот премин Деве Баир. Возачот, косовски државјанин вработен во косовска транспортна компанија, превезувал алуминиумски профили на ...
Шпанија ја победи Франција (2:0) во полуфиналето на Светското првенство. Стрелци на погодоците беа Микел Ојарзабал во 22. Минута, од пенал и Педро Поро во 58. минута. Шпанија во финалето, кое ќе се игра на 19 јули со почеток во 21:00 часот, за противник ќе го има подобриот од полуфиналната пресметка помеѓу селекциите на Аргентина и на Англија. Капитенот на Франција, Килијан Мбапе, беше немоќен од првата до последната минута на натпреварот. Во ...
Аргентина уште еднаш покажа зошто е најтешкиот тим за победување во светскиот фудбал. Во драматичното полуфинале против Англија, избраниците на Лионел Скалони повторно се извлекоа од тешка ситуација и со спектакуларен пресврт обезбедија место во финалето на Светското првенство, на кое во недела, во Њу Џерси, ќе се борат за титулата против Шпанија. Ова беше уште едно поглавје од неверојатната приказна на Аргентина на Мундијалот. Тимот на ...
Актуелниот европски шампион, репрезентацијата на Шпанија, е првиот финалист на Светското првенство откако ја победи Франција со 2:0 во полуфиналето во Далас. На натпревар на кој целосно доминираа, Шпанците славеа со головите на Микел Ојарзабал од пенал и на Педро Поро, со што го обезбедија своето второ финале во историјата на натпреварувањето. Предводникот на Франција, Дидие Дешамп, изјави по натпреварот дека Шпанија била подобар противник, ...
Актерот Сем Нил, познат по улогата во филмот „Паркот Јура“ и други дела, почина од пневмонија, објави денес неговиот агент Филип Гренц. Семејството на Нил претходно објави дека актерот починал во понеделник во Сиднеј, а неговиот агент изјави дека ќе се одржи приватна семејна комеморација за него на неговата фарма во Нов Зеланд, објави АП. Гренц рече дека Нил се борел со лимфом пред болеста и успешно бил подложен на третман, по што во април ...
Се стравува дека повеќе од 500 луѓе, претежно членови на муслиманското малцинство Рохинџа, се мртви откако два брода се превртеа во близина на брегот на Мјанмар, соопштија Меѓународната организација за миграција и агенцијата за бегалци на ОН. Според прелиминарните информации, двата брода испловиле од државата Ракхин во Мјанмар кон крајот на јуни со повеќе од 500 патници, вклучувајќи ги и жителите на бегалските кампови во Кокс Базар, ...
Украинските пратеници ќе гласаат за нова воена влада во среда, додека граѓаните протестираат против разрешувањето на реформистичкиот министер за одбрана Михајло Федоров во критична точка во застојот на Киев со Москва. Втората реконструкција на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски за една година ја налути јавноста откако тој го смени Федоров, 35-годишен експерт за технологија кој имаше за цел да ја трансформира војската на Киев во ...
Најмалку 11 лица загинаа, а 19 се повредени во пожар што избувна во дом за деца во Алжир, главниот град на истоимената земја. Службата за цивилна заштита соопшти дека пожарот избувнал околу 3:30 часот утрово во Мохамедија, предградие на Алжир, во дом за деца, објави Алжирската новинска служба (APS). Операцијата за гаснење на пожарот сè уште е во тек, соопшти таа. Меѓу повредените, десет лица се здобиле со изгореници од различен степен, двајца ...
Во магичниот амбиент на античката битолска Хераклеја, вечерва со почеток во 21 часот, стартува 20. јубилејно издание на Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест – музика и традиција“. Фестивалот веќе две децении успешно ги поврзува музичките традиции на Балканот со современите светски музички влијанија. Честа да го отвори јубилејното издание ќе ја има реномираниот грчки ансамбл „Десетте бузуки на Домна“, кој ќе приреди несекојдневно ...
Иако му се може, како што вели народот, „да глуми лудило“, Бојан е сосема приземен и не живее во облаци. Враќајќи се со сеќавањата на победата во „Ѕвездите на Гранд“, тој откри интересни моменти за читателите на весникот ВЕЧЕР и порталот vecer.pressГодинашниот победник на балканското мегашоу „Ѕвездите на Гранд“, Македонецот Бојан Илиевски, ја славеше својата заслужена победа, завчеравечер, на роденденската прослава на познатата продукција ...