Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Во последното деноноќие во гостиварската болница биле примени 22 жители со симптоми на затруеност изјави за весникот Вечер директорот на болницата Емри Бајрами. „ Пациентите се симптоми на повраќање и дијареа, некои со температура, истретирани во дневна болница со инфузија, засега нема хоспитализиран случај“, вели Бајрами Директорот на болницата каде последниве денови има наплив од затруени жители, над 1200, вели дека се екипирани и утре ќе ...
Нов, голем успех постигнаа млади македонски математичари кои учествуваат на тековната 67 Интернационална математичка олимпијада што се одржува на 10 до 21 јули во Шангај – Кина. Шестчлената екипа која ја претставуваше Македонија во голема конкуренција успеа да освои еден златен и три бронзени медали. Со највредниот медал се закити еден од најуспешните млади македонски математичари Дамјан Давков од Штип, а бронзените одличја ги добија Ивано ...
Работниците нема да добијат помали плати и покрај повисокиот придонес за пензиско осигурување. Станува збор за привремена прераспределба на придонесите, со која ќе се насочуваат повеќе средства кон ПИОМ, додека Агенцијата за вработување ќе добива помал дел од придонесите, без промена на вкупното издвојување од 28 проценти Со исплатата на платата за јули почнува да се применува привремената измена во начинот на распределба на придонесите за ...
Почетокот на јули донесе високи цени и речиси целосно исполнети капацитети, а средината на месецот донесе поинаков тренд: намалување на цените за летување. За дел од дестинациите, сопствениците на апартмани и туристичките агенции почнаа со понуди дадени во последен момент, со цел да ги пополнат слободните датуми. Најголем пад на цените во моментов се забележува во Грција, Хрватска и во Црна Гора, каде што туристите може да најдат сместување ...
Во Хрватска годинава работат 6.849 македонски државјани, покажуваат податоците за издадените дозволи за престој и работа на странци. Македонските работници се меѓу илјадниците странски државјани што добиваат можност во последниов период за вработување на хрватскиот пазар на трудот. Во првите пет месеци од 2026 година, хрватските власти издале вкупно 80.780 дозволи за престој и работа за граѓани од трети земји. Најголем број од нив се од Босна ...
Европската централна банка (ЕЦБ), веројатно, нема да ги промени каматните стапки следната недела, а зголемувањето се очекува во септември, според анкетата на „Блумберг“ меѓу економистите. Сите учесници во анкетата очекуваат ЕЦБ да ги задржи трошоците за позајмување непроменети на состанокот следниот четврток, при што повеќето предвидуваат зголемување од 25 базични поени на депозитната стапка на 2,5 проценти во септември. Централната банка ...
Најмалку едно лице загина, а 13 се повредени во најновиот руски напад врз Киев и околината. Украинските власти велат дека биле истрелани десетици балистички ракети, меѓу кои и хиперсонични „Циркон“. Русија изврши масовен ракетен напад врз Киев во текот на ноќта, при што според првичните информации биле употребени 31 балистичка ракета и осум хиперсонични ракети „Циркон“. Првите експлозии се слушнале околу 1:30 часот по локално време, а ...
Голем број корисници денеска пријавија проблеми при пристапот до социјалната мрежа „Фејсбук“, при што дел од нив не можеле да се најават на своите профили поради привремен технички дефект. При обид за најава, корисниците добиваат порака: „Профилот е привремено недостапен. Вашата сметка моментално не е достапна поради проблем со страницата. Очекуваме проблемот наскоро да биде решен. Обидете се повторно за неколку минути.“ Според платформата ...
Откако вчера министерот Сашо Клековски рече дека засега нема да се прогласи епидемија во Гостивар, микробиологот, д-р Никола Пановски, се огласи на Фејсбук со сосема спротивно мислење. Пановски смета дека треба да се прогласи епидемија во градот и упати сериозни критики до епидемиолошките служби и ги повика неговите колеги на професионална одговорност. „Во Гостивар има епидемија на гастроентеритис. 1.500 регистрирани со исти симптоми и ...
Унгарскиот претседател Тамаш Суљок се согласи да поднесе оставка по усвојувањето на уставниот амандман. Партијата Тиса, предводена од премиерот Петер Маѓар, иницираше законска промена во парламентот за да го отстрани Суљок, кого мнозинството го смета за лојалист на поранешниот премиер Виктор Орбан – кој беше поразен на априлските избори по 16 години на власт. Сулљок имаше пет дена да го потпише амандманот или ризикува да ја продолжи уставната ...
Конфликтот меѓу САД и Иран продолжува да носи жртви, а најновите загуби дополнително го зголемуваат притисокот врз Вашингтон. Американската Централна команда (CENTCOM) потврди дека двајца припадници на американските вооружени сили загинале во напад во Јордан, со што вкупниот број американски воени жртви во конфликтот достигна 16. Војната се шири надвор од директните фронтови Последниот инцидент покажува дека судирот меѓу двете сили не се води ...
Најмалку пет лица загинаа во земјотресот со јачина од 5,1 степен според Рихтеровата скала што го погоди регионот Хунин во централниот дел на Перу, јавуваат локалните медиуми. Епицентарот на потресот бил на длабочина од 22 километри. Американскиот геолошки институт (USGS) го оцени земјотресот како „значаен“ поради неговата умерена јачина и фактот што се случил во сеизмички многу активен регион, каде честите потреси се предизвикани од ...
Граѓаните апелираа до властите да преземат мерки против нереално високата цена на сладоледот. По жалбите, Министерството за трговија објави дека е преземена административна мерка против објектот во марината Јаликавак. Турското Министерство за трговија казни слаткарница во ексклузивното турско одморалиште Јаликавак во близина на Бодрум, откако на социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа топка сладолед што чини 400 лири (околу 7,5 ...
Непознати сторители пукале со огнено оружје кон објектот на фирма во Тетово соопштија од Министерството за внатрешни работи. Според информациите на МВР, на 17.07.2026 во 08:45 часот во СВР Тетово, А.С. (42) од Тетово пријавил дека во текот на ноќта од страна на непознати сторители со огнено оружје е пукано кон објектот на неговата фирма во Тетово. По пријавата, увидна екипа на СВР Тетово на местото на настанот пронашла 11 чаури, при што ...
За Бик, Вага и Скорпија, крајот на летото 2026 година повлекува јасна линија помеѓу бедата и благословот. Сè што ве мачело со години, од неплатени долгови до чувството дека вашиот живот минува во чекање, сега престанува. Небесата се отвораат и ви испраќаат подарок што радикално ќе ја промени вашата судбина. Ова е судбоносниот момент кога маките завршуваат и конечно можете да седнете и да плачете од чисто олеснување затоа што решението за ...
Американската војска соопшти дека двајца војници се убиени во петокот додека американските сили и нивните сојузници на Блискиот Исток се бранеле од балистички ракети и беспилотни летала од Иран. Се вели дека уште четири припадници на војската биле евакуирани од болница во Јордан, а подоцна пуштени од лекување. Ројтерс претходно објави дека Иран извршил нови напади врз американските сојузници во Персискиот Залив. Постројка за десалинизација во ...
Чадот од канадските пожари што го обвиткаа североисточниот дел на САД со магла претежно ќе се расчисти над американската држава Њу Џерси на време за финалето на Светското првенство во недела, благодарение на грмотевиците што ќе поминат низ областа, соопштија метеоролозите. Предупредувањата за квалитетот на воздухот остануваат на сила низ поголемиот дел од САД денес. На стадионот „МетЛајф“, каде што се одржува финалето, беа пријавени обилни ...
Невреме со обилни врнежи од дожд и ветрови погоди делови од Словенија, предизвикувајќи проблеми во Горењска и Корошка. Силна бура погоди делови од Словенија во саботата навечер. Словенечката агенција за животна средина (ARSO), која делува како национална метеоролошка служба на земјата, објави дека кратко пред 19 часот, силни системи на бури стигнале до североисточниот дел од земјата, веднаш до границата со Хрватска. Според нивните податоци, ...
Родителите на починатите во трагедијата во „Пулс“ денеска излегоа на 47. протестен „Марш за ангелите“ при што порачаа дека од судот не бараат пресуди под притисок, туку одлука заснована исклучиво на факти и докази, врз основа на закон и според совеста на судиите, подвлекувајќи дека овој процес е испит за правда и доверба во институциите. Маршот започна од Паркот на револуцијата до зградата на Општина Кочани каде се сместени и просториите на ...
Иран денес започна нови напади врз сојузниците на САД во Персискиот Залив, објави „Ројтерс“. Постројка за десалинизација беше погодена во Кувајт, а операциите на Меѓународниот аеродром беа прекинати поради повторени закани со ракети и беспилотни летала. Кувајтската нафтена корпорација подоцна објави дека еден од нејзините нафтени постројки е погоден во нови напади од страна на Иран. Објектот беше оштетен во нападот, а мал број луѓе беа ...
Единаесет лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи во саботата попладне во центарот на австрискиот град Велден ам Вертерзе, кога автомобил се заби во преполна тераса на локално кафуле, пренесе „Граундњуз“. Според австриските медиуми, единаесет лица се повредени. Меѓу повредените наводно има три деца. Според медиумските извештаи, две жртви претрпеле сериозни повреди, иако ниту едно не се чини дека е во животно-загрозувачка ...
Пред педесет години, земјоделците во италијанскиот регион Емилија-Ромања ги отвораа прозорците од шталата во летните ноќи за да го разладат добитокот. Денес, додека топлотните бранови ги зголемуваат температурите на рекордно ниво, тие прозорци остануваат постојано отворени за да ги заштитат кравите, а со тоа и нивното млеко – основа за векови производство на познатото сирење Пармезан Реџано. „Екстремната топлина влијае на квалитетот и ...
Африканската свинска треска продолжува да се шири низ Србија, поради што се воведени вонредни мерки во некои делови од земјата, а повеќе од 20.000 животни веќе се еутанизирани. Африканската свинска треска е потврдена на стотици фарми низ Србија, а надлежните служби секојдневно спроведуваат мерки за да се спречи понатамошното ширење на вирусот. Во неколку области е прогласена вонредна состојба, додека заразените животни се отстрануваат за да ...
Последниот Извештај на Европската комисија за владеење на правото нотира низа пофалби, констатирани се политики коишто испорачуваат, но има и критики. Коментирајќи го овој документ за време на посетата на Општина Дебрца, премиерот Христијан Мицкоски порача дека судството и обвинителството нема да добијат повеќе пари од буџетот, бидејќи со досегашната работа „не ги заслужиле“. Анализирајќи го документот, Мицкоски појасни дека ова не е извештај ...
Унгарскиот претседател Тамаш Шулок го потпиша 17-тиот амандман на Основниот закон на Унгарија, кој предвидува дека мандатот на сегашниот претседател завршува денот по стапувањето во сила на амандманот. Шулок изјави во видео објавено на социјалните мрежи дека, бидејќи претседателот не може да ги упати уставните амандмани до Уставниот суд за суштинска ревизија, тој нема уставни средства да го оспори сегашниот амандман, и покрај неговата ...
Врховниот лидер на Иран изјави дека кршењето на договорот уште еднаш ја докажува безвредноста и ирелевантноста на потписот на американскиот претседател. Истовремено со збогувањето со убиениот ирански функционер, повторените кршења на ветувањата од страна на „Големиот Сатана“ во врска со договорот потпишан од претседателите на Иран и САД уште еднаш им докажаа на сите колку е ништовен потписот на американскиот претседател. Тој додаде дека ...
Шпанија се подготвува за третиот топлотен бран во летото, кој ќе започне во вторник, со температури кои се очекува да надминат 40 степени Целзиусови во поголемиот дел од земјата, соопшти шпанската метеоролошка агенција AEMET. Топлинскиот бран ќе биде засилен од антициклон кој ќе го зароби сувиот воздух од Северна Африка над Шпанија неколку дена, зголемувајќи ги температурите на исклучително високи нивоа, соопшти AEMET. Се очекува топлотниот ...
„Македоника литера“ неодамна го објави романот „На чет со Чет џи пи ти“ од Марина Димитриева-Ѓорѓиевска. Најновата книга на Марина Димитриева – Ѓорѓиевска „На чет со Чет џи пи ти“ е роман кој зафаќа многу современ тематски аспект – вештачката интелигенција. Авторката ја повикува и ја користи вештачката интелигенција за градењето на приказната во романот. Всушност, во романот течат две паралелни приказни – таа на главниот наратор, женски лик, ...
Руските сили извршија двоен напад врз локомотива и патнички вагони во регионот Запорожје. Според првичните информации објавени од министерот за обнова, инфраструктура и транспорт, Микола Калашников, во нападот нема повредени. Калашников рече дека сите патници и персонал се безбедни благодарение на интервенцијата на контролната група и брзата реакција на железничките работници. Министерот нагласи дека Русија продолжува намерно да ја напаѓа ...
Во услови на интензивен конфликт со Иран, Соединетите Американски Држави (САД) издадоа официјално предупредување и им советуваа на своите граѓани сериозно да размислат за сите патувања на Блискиот Исток. Посебен апел беше упатен до граѓаните целосно да го избегнуваат северен Израел, Појасот Газа, како и граничната зона со Египет. Амбасадата на САД во Ерусалим нагласува дека ситуацијата во целиот регион е исклучително непредвидлива. „Поради ...