Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец. Долж Повардарието ветерот ќе достигне брзина од 50 км/ч. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 34 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а ...
Откако млада девојка од Куманово јавно ја сподели својата семејна драма и побара помош за себе, својата мајка, баба и братот со церебрална парализа, надлежните институции презедоа конкретни чекори за решавање на случајот. Во видео-обраќање кое предизвика силни реакции во јавноста, таа раскажа дека со години живее во страв поради агресивното однесување на нејзиниот татко. Според нејзините тврдења, тој има проблеми со алкохол и дијагностицирани ...
Пратеничката Славјанка Петровска јавно понуди помош за Меланија од Куманово, која деновиве преку социјалните мрежи побара заштита за себе, својата мајка, баба и братот со церебрална парализа, тврдејќи дека со години се жртви на семејно насилство и закани. Во објава на Фејсбук, Петровска порача дека таа и нејзиниот тим стојат на располагање и најави конкретна поддршка за семејството. „Ќе помогнеме да се обезбеди привремено безбедно сместување ...
Пишува: Мирослав Трлин дипломиран економист во пензија „Дијаспората не се враќа со изборен закон, туку со држава во која повторно ќе поверува.“ Секое отворање на прашањето за гласањето на македонската дијаспора повторно ја разгорува политичката дебата. Едните предлагаат електронско гласање, другите гласање по пошта, трети предупредуваат на можни злоупотреби и безбедносни ризици. Секој изнесува свои аргументи, а јавноста повторно се дели околу ...
На 11.07.2026 околу 07:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир С.Д.(55) од Скопје додека го управувал неговото возило настанал пожар во движење. Истиот успеал да излезе, а од пожарот се здобил со изгореници во пределот на телото. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје, а тој бил пренесен во Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски” за укажување на лекарска помош. Излезено е на местото на ...
Украинската премиерка Јулија Свириденко денес поднесе оставка, а претседателот на земјата Володимир Зеленски најави дополнителни промени во украинската влада. Во изјава преку социјалните мрежи, Свириденко изјави дека е „горда што имала чест да ја води владата во еден од најтешките периоди во модерната украинска историја“. Таа, исто така, рече дека разговарала за следните чекори со Зеленски, но не даде дополнителни детали. „Останувам ...
Американската војска денес соопшти дека Ормутскиот теснец е „отворен“ и дека бродарството „функционира“ и покрај претходното иранско соопштение дека го затвора стратешки важниот воден пат по обновените непријателства со САД. „Ормутскиот теснец е отворен за сите бродови кои сакаат легално да го транзитираат овој меѓународен воден пат“, напиша Централната команда на САД (Centcom) на платформата X. „Иран не го контролира теснецот. Навигацијата ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 22 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив 13 од кои по четири во Скопје, и Битола, две во Виница, по едно лице во Куманово, Кавадарци и Тетово управувале возило без положен возачки испит, а еден од нив и управувал возило под дејство на алкохол. Потоа под дејство на алкохол возеле по две лица во Скопје и Крива Паланка и по ...
Соопштение за јавност на ВЛЕН: Вториот протест на ДУИ за имињата на улиците и плоштадите во Тетово не беше протест на граѓаните, туку манифестација на стравот на партијата на која ѝ истекува политичкото време. ДУИ повеќе од две децении ја држеше локалната и централната власт. Денес, наместо да се извинува за прекршените ветувања и проблемите што ги остави зад себе, излегува на улиците обидувајќи се да се претстави како жртва. Граѓаните не ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на „Галичка свадба”, којашто и годинава се одржа под нејзино покровителство. Во духот на вековната традиција, пречекана со домашна нафора и сол од најмладите галичани, претседателката проследи дел од свадбарските обичаи што со векови се пренесуваат низ мијачкиот крај, како еден од најавтентичните изрази на македонското културно наследство. По венчавањето во храмот „Св. Петар и Павле”, ...
На 11.07.2026 околу 18:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во стан на подрачјето на општина Аеродром бил пронајден починат Ѓ.П.(40) од Скопје. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот е предадено во судска медицина за обдукција На 11.07.2026 околу ...
Соопштение за јавност на Левица: Изборниот законик е еден од најважните закони во секоја демократија и токму затоа е несериозно владејачкото мнозинство да се повлекува од процесот и сопствената одговорност да ја префрли врз опозицијата. ДПМНЕ ја пушти змијата во процесот – постави црвени линии околу гласањето на дијаспората, го оптовари целиот процес со тема што не беше предмет за формирање на Работната група, а потоа се повлече на страна, ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Не можете да кажете дека СДСМ шири невистини, кога граѓаните сами гледаат. Не треба никој да ги убедува. За ова нема лаги – само вистина. Oрганизираната криминална група ВМРО повторно се обидува со суви бројки и пропаганда да го убеди народот дека живее подобро. Тврдат дека имаме најниска инфлација во регионот и дека СДСМ шири паника. Но народот не живее од статистички извештаи. Народот живее од тоа што го гледа ...
Пожар избувна вчеравечер во познатиот угостителски локал „Baking Bread“ на улицата „Димитрие Чуповски“, кај Рекорд во центарот на Скопје. Огнот зафатил дел од локалот, кој се наоѓа во приземјето на станбена зграда, но благодарение на брзата интервенција на Противпожарната бригада бил навреме локализиран и изгаснат, со што било спречено негово проширување. По инцидентот, сопственикот на локалот, Мише Цвејевски, се огласи на социјалните мрежи, ...
Шеснаесетгодишен малолетник од скопско Сарај е лишен од слобода откако, според информациите на полицијата, со остар предмет тешко повредил 14-годишен малолетник по претходна расправија. Од СВР Скопје информираат дека на 11 јули 2026 година било пријавено дека околу 15:00 часот, пред угостителски објект во село Сарај, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу двајца малолетници. По кратко време, пред продажен објект, повторно ...
Тројца жители на Скопје се лишени од слобода откако, според сомнежите на полицијата, извршиле кражба во продажен објект во Велес. Благодарение на брзата реакција на полициските службеници, украдените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. Од СВР Велес информираат дека на 11 јули 2026 година, околу 12:30 часот, биле приведени С.С. (32), М.Х. (22) и Б.Ј. (19), сите од Скопје. Настанот бил пријавен од 39-годишна вработена во ...
Романски државјанин беше успешно пронајден во раните утрински часови по ноќна спасувачка акција во кањонот Матка, откако преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 пријавил дека се изгубил во близина на пештерата Врело, на подрачјето на Општина Сарај. По приемот на пријавата, Центарот за управување со кризи веднаш ги активирал сите надлежни институции. За случајот биле известени Министерството за внатрешни работи, Дирекцијата за ...
Соопштение на СДСМ Христијан Мицкоски и неговата влада се подготвуваат за предвремени парламентарни избори Иако коалициониот партнер Фатмир Лимани најави 18 април 2027 година како можен термин, поради драматичниот пад на рејтингот и целосниот економски колапс, Мицкоски ќе се обиде да ги распише многу порано – најверојатно до крајот на оваа или на почетокот на следната година. Причината е јасна и не може да се прикрие: во буџетот нема пари, ...
Во последните години сведоци сме дека секоја јавна расправа за рударството, а особено за проектот „Иловица – Штука“, сè почесто се претвора во натпревар кој погласно ќе зборува, наместо кој ќе понуди повеќе факти. Веруваме дека е време оваа дебата да се врати таму каде што припаѓа – кај науката, експертите и институциите. Кога се носат одлуки што ќе имаат влијание врз животната средина, здравјето на луѓето, економијата и иднината на државата, ...
Тројца планинари беа успешно спасени од непристапен дел на планината Бистрица, откако еден од нив почувствувал сериозни здравствени тегоби за време на планинарењето. Благодарение на брзата координација на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и заедничката акција на повеќе институции, сите лица безбедно беа евакуирани и пренесени на лекарски преглед. Пријавата за помош била примена преку Единствениот повикувачки број 112 во 18:46 часот, кога ...
Вистинска драма се одвивала на летот на авиокомпанијата „Рајанер“ од Солун, кога за време на летот дошло до пукање на прозорец, а 61-годишен државјанин на Србија, кој седел покрај него, за малку ќе бил извлечен надвор од леталото. Неговата сопруга, која била до него, ги опиша застрашувачките моменти во кои таа, една сопатничка и уште еден патник со сите сили се обидувале да го задржат додека половина од неговото тело било надвор од авионот. ...
Вечерва избувна пожар во познат угостителски локал на улицата „Димитрие Чуповски“, кој се наоѓа во приземјето на станбена зграда во строгиот центар на Скопје, спроти Министерството за правда. Благодарение на брзата и навремена интервенција на противпожарните екипи, огнот за кратко време бил локализиран и целосно изгаснат, со што е спречено негово проширување кон останатиот дел од објектот и соседните простории. На местото на настанот веднаш ...
Британскиот глумец Ентони Хопкинс, вели дека ја остварил својата „прва желба“ да потпише договор за снимање како композитор. Ѕвездата на оскаровскиот „Кога јагнињата ќе стивнат“, денес 88-годишен, потпишал договор со „Дека класик“ (Decca Classics) и следниот месец ќе го издаде својот прв албум преку оваа издавачка куќа, насловен како „Животот е сон (Life Is A Dream)“ – збирка дела на коишто работел скоро 60 години. Од неа првиот објавен сингл ...
Екстремната горештина која во изминатите неколку недели двапати ја погоди Велика Британија донесе температури повисоки од 40 степени Целзиусови во училниците на некои училишта, пренесуваат денеска британските медиуми. Учениците и вработените страдаат од топлотен удар, мачнини и главоболки, а наставниците сведочат дека очајнички се обидуваат да ги заштитат децата, пренесува „Гардијан“. Некои наставници ги покривале помладите ученици што лежеле ...
Јапонската експериментална ракета за повеќекратна употреба денеска полета и безбедно слета за време на својот прв пробен лет. Јапонија бара начин да ги намали трошоците за лансирање и да ја зголеми сопствената конкурентност на глобалниот вселенски пазар, со кој доминира американската компанија „СпејсИкс“. Ракетата „РВ-Икс“ (RV-X) полета, лебдеше и се движеше хоризонтално пред да слета за време на својот лет кој траеше помалку од една минута ...
Наместо чипс и индустриски обработени грицки што обично нудат само празни калории и чувство на надуеност, ви претставуваме алтернатива, грицки што ќе ја задоволат вашата желба за грицкање без вина. Сите знаеме како оди. Седнувате да гледате филм навечер, а раката автоматски ви оди кон кеса со чипс или мрсни пуканки. Додека филмот завршува, кесата е веќе празна, а вие се чувствувате виновни бидејќи знаете што сте му направиле на вашето тело. ...
Албанија и ако стане членка на Европската Унија нема да го користи правото на вето против Северна Македонија во процесот на европска интеграција, изјавил албанскиот премиер Еди Рама пред учесниците на кампот „RinCamp 2026“ во туристичкото место Јал, на кој има и млади од Македонија. Одговарајќи на прашањето на студент од Скопје, дали Албанија ќе стави вето на европскиот пат на Македонија, тој нагласил дека отсекогаш бил против употребата на ...
Линда Носкова е нова шампионка на Вимблдон. Попладнево во чешкото финале го забележа најголемиот успех во кариерата совладувајќи ја сонародничката Каролина Мухова со 2-1 (6:2, 5:7, 6:3) во сетови. Ова за 21-годишната Носкова е прва Гренд слем титула, додека Мухова и во вториот обид не успеа да освои Гренд слем трофеј. Носкова го заврши најдобриот турнир во својата кариера на фантастичен начин и ја освои третата ВТА титула во кариерата. ...
Иранскиот министер за надворешни работи пристигна во Оман за да разговара за аранжманите за безбеден премин на бродовите низ Ормуската Теснина, јавуваат иранските државни медиуми, додека Вашингтон бара јавно ветување за слободен и безбеден транзит. Полуофицијалната иранска новинска агенција Тасним јави дека министерот за надворешни работи Абас Арагчи пристигнал во Оман. Оваа земја помага во посредувањето за ставање крај на војната која ја ...
Cеверна Кореја ги осуди САД и сојузниците за зајакнување на воените блокови, за интензивирање на вооружувањето и го повика Западот да го ограничи нуклеарното оружје. Осудата на Пјонгјанг уследи по Самитот на НАТО во Анкара, на кој претседателот на Јужна Кореја, Ли Џае-мјунг истакна дека се надева дека Сеул ќе ја прошири соработката со сојузниците на НАТО во истражувањата и развојот на технологијата, како и во производството на оружје. За ...