Скулпторот Сашо Саздовски учествува на 14. скулпторски симпозиум во алабастер кој трае од 4 до 15 декември 2024 година во Албалате дел Арзибиспо во Шпанија. Саздовски замина во Шпанија по покана од кураторот Сантијаго Мартинез кој селектирал само петмина скулптори од Ирска, Чешка, двајца од Шпанија и Саздовски од Македонија. – На симпозиумот беше организирано предавање со геолог за тоа како е настанат алабастерот во природата, колку е стар, ...

Еден од најинспиративните ликовни уметници во Македонија, Синиша Кашавелски, ќе го претстави својот мистичен свет на самостојната изложба што ќе биде отворена во понеделник (16 декември) во 19.30 часот во Уметничката галерија во Куманово. Под наслов Intriguing Impressions: The Enigma Collection, тој ја кани публиката да влезе во светот на симболите, загатките и емоциите преку уникатна колекција на уметнички дела што ќе го разбудат вашето ...

Пишува: Габриел Гуалано де Годој, Претставник на УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци 10 декември беше Меѓународниот ден на човековите права, важна прилика да се потсетиме и да повториме дека човековите права се за сите, секаде и секогаш. Говорејќи за човековите права, не можеме, а да не помислиме на војните кои беснеат по светот и на новите и стари конфликти кои му се закануваат на човечкото постоење и на сè останато што на човека му е драго – ...

Авторот вели дека со ова свое искуство сака да го сврти вниманието кон македонските автори, особено на оние што не се афирмирани Кога за книгите нема место во книжарница, за нив ќе се најде место во продавница за алкохол. Искуство за промоцијата на својата дебитантска книга „Дневникот на еден морепловец“ го раскажува авторот Златко Симовски од Битола. Одбиен од локалната книжарница во родниот град со образложение дека веќе не продаваат дела ...

Книгите „Вода“ и „Слободен пад“ на авторката Весна Јанкулоска ќе бидат промовирани вечерва во 19 часот во „Концепт 37“ во Скопје. За делата ќе зборуваат психотерапевтот Дора Попова Узуновски и Билјана Велковска. „Вода“ е поезија во проза, додека „Слободен пад“ е книга со куси раскази. Собраните средства од продажбата на книгите ќе бидат донирани во хуманитарни цели. Книгичките се записи од секојдневието, од надворешните, но и од внатрешните ...

Предавање на тема „Објектот како парадигма: Објектологијата во кинематографијата и екслесиологијата“ вечерва во 18.30 часот во галеријата „Метаноја“ во Скопје, ќе одржи авторот Васил Михаил. Предавањето е инспирирано од книгата „Филмската објектологија“ на Михаил. За делото ќе зборуваат авторот и Коста Милков, основач на галеријата. Целта на ова предавање е да се прикаже како објектите во различни контексти можат да пренесат значајни емотивни ...

Пишува: проф. д-р Биљана Ангелова, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Умно.мк во соработка со Europe Housе ја почнува рубриката „Надреден знак“ во која секоја последна среда во месецот, интелектуалци од одредена област ќе пишуваат колумна на теми што нè засегаат Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, воден од визијата за создавање генерации кои со своето знаење ќе ја унапредат социо-економската состојба во ...

Големото археолошко откритие на архајската некропола од 6 век пред новата ера во струшкото село Корошишта поттикна многу страсти кај пошироката јавност. Поттикна возбуда за наука и истражувања, за соработка на многу нивоа, помеѓу ресори, институции, колеги, со жителите на Корошишта и на Волино. За жал, поттикна и многу ниски страсти. Архајскиот гроб исполнет со златни, сребрени и бронзени предмети, слични на гробовите со златни маски од ...

Заткулисна сторија за една научна книга од областа на аудиотехнологијата, прогласена за проект од национален интерес и прва од таков вид кај нас, која беше саботирана и потценувана, но и пиратувана и буквално газена, наместо да биде поздравена Пишува: Вангел Башевски-Барми, инженер на звукот, блогер, новинар, радиоводител, факт-чекер Пред извесно време ја објавив мојата научно-популарна книга за историјата на аудиотехниката и музичката ...

Основното училиште „Димката Ангелов – Габерот“ во Демир Капија освои Гран при на манифестацијата „Творење и креирање на дела од отпад од пакување“ што имаше завршница во Кинотека на Македонија. Награди добија четири уникатни дела комплетно создадени од отпадни материјали. Главниот поддржувач на оваа активност е компанијата за управување со отпад од пакување „Еуро-Екопак“, а голем дел од уметничките творби сега се изложени и може да се ...

Уметничката порака на Гинчанка е „херојската радост“ од самото постоење, дури и кога е обележана со егзистенцијална вознемиреност или необичност Пишува: Звонко Димоски Зузана Гинчанка (род. Сара Полина Гинцбург) била полско-еврејска поетеса и сатиричарка во периодот помеѓу двете светски војни. Родена е 1917 година во Киев, израсната со својата баба во Ровно, а убиена 1944 година во Краков. Нејзините родители (Симон и Сесилија), бегајќи од ...

Драмскиот театар од Скопје вечерва ќе гостува во Белградско драмско позориште со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“. Изведбата е во рамките на фестивалот РУТА, што ќе трае до 7 декември. Претставата е авторска адаптација на Сајмон Стивенс направена според мотивите од романот на Марк Хадон. Режисер е Зоја Бузалковска, професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Асистент на режија е Димче Николовски – Димсата, драматург е ...

„Традиционална изработка и свирење на гајда“ е шестото добро од Македонија впишано на Репрезентативната листа за нематеријално културно наследство на човештвото на УНЕСКО. Мултинационалната номинација е поднесена од Македонија и Турција и вчера беше усвоена на 19. седница на Меѓувладиниот комитет на УНЕСКО за заштита на нематеријалното културно наследство што се одржува во Асунсион, Парагвај. Македонската делегација на сесијата ја сочинуваше ...

Во Галеријата на Факултетот за ликовни уметности во Белград синоќа беше отворена изложбата Just now на ликовниот уметник проф. д-р Ангел Миов. Ова прво самостојно претставување на познатиот македонски ликовен уметник наиде на голем интерес кај белградската публика. Ангел Миов е професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје и раководител на Катедрата за сликарство и трансмедиумски практики, а заедно со деканот на Факултетот за ликовни ...

Камени артефакти, орудија и оружје, животински коски, горилишта открија археолозите на 14. истражувачка сезона на палеолитскиот локалитет Голема Пешт, кај селото Здуње, Општина Македонски Брод, во Поречкиот Регион. Археолозите работеле во нови квадрати од сонда 5 и откриле исклучително богат движен археолошки материјал. – Целта на овие ископувања се базираше на издвојување и откривање на граница помеѓу слоевите 2 и 3. Досега немаме точни ...

На Одделот за славистика при Филозофскиот факултет во Љубљана се промовираше двојазичната илустрирана антологија „Ново раѓање на зборот = Novo rojevanje besede“ со поезија од млади македонски автори родени од 1991 година. Изданието, неодамна го објави Македонско културно друштво Македонија од Љубљана со финансиска поддршка на Јавниот фонд за културни дејности на Република Словенија. Словенечкото издание претставува дел од истоимената ...

Долгометражниот филм „Дражен“ во режија на Данило Шербеџија од 12 декември ќе се прикажува во домашните кина. Светската премиера на филмот за светскиот кошаркарски великан, Дражен Петровиќ, се одржа во Шибеник, родниот град на Дражен, на роденденот на кошаркарот. Филмот, снимен во чест на 60-годишнината од раѓањето на Дражен Петровиќ, ја раскажува фасцинантната приказна за кошаркарот Моцарт кој со својата игра го освои целиот свет. Низ ...

Пишува: Тоше Огњанов Со познати рок рефрени, енергични гитарски звуци за новите генерации, но и исклучително „возење“ со визуелни ефекти и битови од електронската музика беше исполнета главната бина од последната вечер од 26. издание на музичкиот фестивал „Таксират“ што завчеравечер се одржа во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. На главната сцена први се појавија членовите од бендот „Елементал“ од Хрватска кои воспоставија близок ...

Пред вечерашната златна гала премиера на нашиот светски класик „Пред дождот“, денеска на средба со медиумите се обратија учесниците во филмот. Странските гости од екипата дојдоа од Лондон, Париз и Хрватска – актерот Раде Шербеџија, дизајнерот на продукција и оскаровец Дејвид Манс, директорот на фотографија Мануел Теран, монтажерот Николас Гастер – и дел од македонската екипа Петар Мирчевски, Силвија Стојановска, Сузана Киранџиска, Катерина ...

Три кинопремиери се закажани на репертоарот на „Синеплекс“ за 12 декември. Станува збор за: „Дражен“, „Крејвен ловецот“ и „Господарот на прстените: Војната на Рохирим“. „Дражен“ е инспиративна приказна за легендарниот кошаркар Дражен Петровиќ. Прославениот хрватски Моцарт на кошаркаата – Дражен Петровиќ, го истакнува неговиот личен живот и уникатен карактер нагласувајќи ја неговата длабока, сложена врска со кошарката – и неговата најголема ...

Пет бронзени медали освоија македонските ученици на 21. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки што се одржува во Букурешт, Романија. Медали за Македонија освоија: Никола Стојковски, од Математичко-информатичка гимназија (МИГ), Мила Порјазоска од гимназијата „Орце Николов“, Андреј Тасиќ и Јаков Геговски од „Јахја Кемал“ и Валентино Атанасоски од основното училиште „Кочо Рацин“, сите во Скопје. На олимпијадата успешно го претстави ...

Излезе јубилејниот двоброј на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“ кое оваа 2024 година одбележува значаен јубилеј – 70 години постоење. Првиот дел од јубилејниот двоброј под насловот: „70 песни – стремежплов низ 70 години „Стремеж“ носи реобјави на 70 песни избрани од различните броеви кои излегле во текот на седумдесетте години постоење. Некои од тие песни се книжевните првини на денес етаблирани македонски книжевници, ...

Музички спектакл најавува Националниот џез оркестар на новогодишен детски џез концерт што ќе се одржи в недела (15 декември) во 12 часот во македонската Филхармонија. Од најмладите за најмладите, на кој ќе бидат изведени светски најпознатите и најубавите новогодишни композиции. Диригент на концертот ќе биде маестро Џијан Емин. – Овој пат, ќе ги споиме искуството со младоста и талентот. Оркестарот продолжува со тенденцијата да ја доближи џез ...

Играчите кои ќе освојат најмалку 60 поени ќе се квалификуваат во извлекувањето за главната награда – ваучер за техничка опрема во вредност од 60.000 денари, како и серија дополнителни награди обезбедени. Извлекувањето ќе се одржи на 25 декември. Делегацијата на Европската Унија и Јуроп хаус, во партнерство со Обединетите Нации и Министерството за образование, и во соработка со гејминг здружението „Галактик oмнивор“ и Македонското здружение на ...

Играчите кои ќе освојат најмалку 60 поени ќе се квалификуваат во извлекувањето за главната награда – ваучер за техничка опрема во вредност од 60.000 денари, како и серија дополнителни награди обезбедени. Извлекувањето ќе се одржи на 25 декември. Делегацијата на Европската Унија и Јуроп хаус, во партнерство со Обединетите Нации и Министерството за образование, и во соработка со гејминг здружението „Галактик oмнивор“ и Македонското здружение на ...

Проекција на документарниот филм „Градина“ во режија на Бојан Тантуровски ќе се одржи вечерва во 21 часот во „Лабораториум“ во Скопје. Прикажувањето е во рамките на зимскиот „Македокс“, а по проекцијата ќе се одржи промоција на новата онлајн платформа Doc Around Europe. Влезот на проекциите е бесплатен. „Градина“ е приказна за последните герила-градинари во Скопје. По триесет и пет години градинарење на ненаселено јавно земјиште во близина на ...

„Да пишуваме за театар“ е насловот на интерактивното предавање што Ана Стојаноска ќе го одржи вечерва, во 19 часот, во Друштвото на писателите на Македонија. Стојаноска, професорка по македонска драма и театар на Факултетот за драмски уметности во Скопје вели: – Театарот е најубавата уметност и најспецифичната: живее само во мигот додека се игра претставата. Сите други уметности може да се пре-гледаат, пре-слушаат, пре-читаат уште еднаш … но, ...

Во Градскиот музеј Крива Паланка е отворена изложбата „Ре(откружено)“ на уметниците Марина Цветановска Мартиновска, Александар Симоновиќ, Мирослава Цветковиќ и Марија Мицова Гацова. „(Ре)откружено“ е третиот заеднички ликовен циклус на овие визуелни уметници, кои со своите размисли и идеи за поимот на „откруженото“ и „реоткруженото“, ги транспонираат во самостојни и групни ликовни композиции. Притоа, кругот е доминантната, носечка и ...

Инспиративни дневници и планери, картички со афирмации, беџови, мистериозни кутии, торбички, обележувачи се дел од новогодишната понуда на Imaginarum Journals. Ова е одлична можност на вашите блиски да им подарите нешто со поинаква вредност. Внимателно испланирани и дизајнирани од Катарина Пренда, една од нашите најпрогресивни млади графички дизајнери, производите на Imaginarum Journals не оставаат никого рамнодушен. Производите може и да ги ...

Вим Вендерс, еден од најголемите режисери на денешницата, актерката Жилиет Биниш, со сјај во очите и кренати, стиснати тупаници во знак на поддршка го проследија инспиративниот говор на Лабина Митевска на врачувањето на „Еуримаж“ наградата за меѓународни копродукции и Европската филмска академија што се одржа во Луцерн, Швајцарија. Целата сала ја награди со бурен аплауз. Во публиката беа и Изабела Роселини, Ралф Фајнс и многу други ѕвезди од ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
93%
1002
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
2.57
79%
1002
weather icon

Загреб

7ᴼ / 4ᴼ
2.06
90%
1003
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
2.06
82%
1001
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
0.31
98%
1002
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.38
97%
1002
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
3.58
79%
1004
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
3.6
77%
1004
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
1004
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
2.24
93%
1002
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
94%
1001
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 10ᴼ
2.57
90%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Кобалт

64.04

Алуминиум

3.03

Калај

46.91

Платина

67162.91

Родиум

336779.07

Рутениум

45750.51

Сребро

2460.50

Паладиум

546.56

Цинк

3.25

Бакар

11.69

Злато

159231.39

Иридиум

221848.72