Нов сериозен безбедносен инцидент го потресе стратешки клучниот Ормуски Траес, откако неидентификуван проектил погоди комерцијален танкер за време на неговата редовна пловидба. Нападот денеска официјално го потврди Агенцијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (UKMTO). Според официјалното соопштение на британската агенција, нападнатиот брод претрпел материјални оштетувања на командниот мост. За среќа, сите членови на ...

Светот влегува во една нова фаза на електрификација, а побарувачката за електрична енергија вртоглаво ќе расте, кај нас за 26 проценти до 2040 година. Затоа сите актери во државата треба да преминат кон имплементација на важни инфраструктурни енергетски проекти кои ќе овозможат повеќе чиста енергија, бидејќи имаме капацитет, а и финансиите не се проблем. Ова се дел од заклучоците на Македонскиот енергетски форум кој неодамна се одржа во ...

Британските власти го продолжија предупредувањето за портокалова топлина до недела откако во саботата беше забележана највисоката јунска температура во земјата трет ден по ред, соопшти Метеоролошката служба. Предупредувањето, кое ги опфаќа Лондон, југоисточна Англија, Источна Англија и делови од Источен Мидлендс, останува на сила до 9 часот наутро по локално време во недела, бидејќи се очекува уште една топла и влажна ноќ, иако температурите ...

Денеска (27.06.2026) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за внатрешни работи на Република Албанија Бесфорт Љамалари во Пешкопеја, Албанија потпишаа Договор за воспоставување заеднички гранични премини и спроведување заеднички гранични контроли меѓу двете држави. Со овој договор се воспоставува современа и функционална рамка за поефикасно управување со заедничката граница, со цел олеснување на движењето на луѓе и стоки, ...

Бројот на случаи на ебола во Демократска Република Конго достигна 1.203, вклучувајќи 321 смртен случај, откако беше прогласена новата епидемија кон средината на мај, соопштија здравствените власти во најновиот извештај објавен во петокот вечерта. Според Министерството за здравство, досега се опоравиле 148 пациенти, додека 419 лица се во изолација или се на болничко лекување. Епидемијата, предизвикана од сојот Бундибугио, зафати 34 здравствени ...

На Универзитетската клиника за детски болести повторно заѕвони победничкото ѕвонче – симбол на успешно завршеното лекување. Овојпат, ѕвончето го означи крајот на една тешка животна битка за малата Ана. Од Министерството за здравство ја споделија радосната вест, истакнувајќи дека секое ѕвонење претставува победа на детската храброст, семејната љубов и посветеноста на здравствените работници. „На Ана ѝ посакуваме многу здравје, среќа, насмевки ...

Илјадници луѓе во Нов Зеланд останаа без електрична енергија во неделата, еден ден откако земјата беше погодена од поплави и лизгање на земјиштето. Пријавени се повеќе од 3.000 прекини на електричната енергија откако бурите ги погодија централните делови на земјата, вклучувајќи го и главниот град Велингтон, соопшти енергетската компанија „Пауерко“, објави Ројтерс. „По многу влажни и ветровити 24 часа, времето се влошува“, соопшти ...

Пејачката Дуа Липа сподели серија фотографии од медениот месец со својот сопруг, актерот Калум Тарнер. Само неколку дена по нивната венчавка, двојката полета на брегот Амалфи во Салерно. Извор близок до двојката откри за списанието People дека Липа и Тарнер сакале да посетат некои од најубавите италијански места, бидејќи Италија е една од нивните омилени дестинации. Фотографиите што Дуа ги објави на Инстаграм ги прикажуваат опуштените, ...

До 14:00 часот денеска се регистрирани вкупно 3 пожари на отворен простор, од кои 2 се активни, а 1 е изгаснат. Активни пожари има во: Општина Гази Баба, кај с. Трубарево, каде гори ниска вегетација и ниска шума. Општина Липково, кај с. Опаје, каде се зафатени ниска вегетација и жито. Изгаснат е пожарот во: Општина Велес, на ул. „Димко Најдов“, каде горела ниска вегетација. До 14:00 часот денеска се регистрирани вкупно 3 пожари на отворен ...

По повод двегодишниот мандат на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, опозицискиот СДСМ упати серија критики за работата на Министерството за внатрешни работи, додека од МВР презентираа отчет во кој наведуваат дека се постигнати значајни резултати во борбата против криминалот и во спроведувањето на реформите. Од СДСМ оценија дека во изминатите две години дошло до влошување на безбедносната состојба, зголемена партизација на ...

Возбудувањата на Светското првенство продолжуваат со шест натпревари кои ќе се одиграат вечерва и по полноќ. Од 23:00 часот ќе се сретнат Панама – Англија и Хрватска – Гана. По полноќ, од 01:30 часот, на програмата се дуелите Колумбија – Португалија и ДР Конго – Узбекистан. Љубителите на фудбалот ги очекуваат интересни пресметки во борбата за пласман во нокаут-фазата, а сите натпревари би можеле да имаат големо влијание врз конечниот распоред ...

Во потег кој привлече внимание кај македонската јавност, грчката општина Касандра на првиот крак од Халкидики објави официјално известување на три јазици – грчки, англиски и македонски. Со ова локалните власти директно им се обратија на бројните туристи од Македонија кои традиционално летуваат во овој дел на Грција. Известувањето се однесува на спроведувањето на новиот Закон 5092/2024, со кој грчките власти воведуваат построги правила за ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска презентираше отчет за двегодишната работа на Министерството, истакнувајќи дека институцијата од мала канцеларија со бројни наследени проблеми прераснала во функционално министерство кое обезбедува конкретни резултати за граѓаните. Според Андоновски, Министерството започнало со работа во субстандардни услови, со дезорганизиран систем, блокирани проекти и бројни судски постапки, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп претстави ограничено издание на нов американски пасош со негов портрет, издаден по повод 250-годишнината од Декларацијата за независност на САД. „Новиот пасош на Соединетите Американски Држави, кој порачува: „Добредојдовте, но однесувајте се пристојно!“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушал“. На објавената фотографија претседателот е прикажан со сериозен израз, потпрен на работната маса, ...

Близу 6.000 лица во Хрватска побарале лекување за зависност од дрога во текот на 2025 година, при што опиоидната зависност останува најчеста причина за терапија, иако се бележи пораст на случаи поврзани со други психоактивни супстанции, соопшти Хина. Според податоците на Хрватскиот завод за јавно здравје, вкупно 5.904 лица беа вклучени во програми за лекување минатата година. Околу 4.500 лица се лекуваа од зависност од опиоиди, додека 1.415 ...

На социјалните мрежи со огромна брзина се шири вирална теорија која наводно го открива идниот победник на Светското првенство во фудбал. Имено, тикток-креаторката Пејџ тврди дека го пронашла тајниот клуч за предвидување на новиот светски шампион, а одговорот, според неа, цело време лежел во официјалното лого на Мундијалот. Светското првенство, кое оваа година се одржува во Мексико, Канада и САД, веќе е во полн ек, а додека се ближи крајот на ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го презентираше отчетот за работата на Министерството за внатрешни работи во изминатите две години, истакнувајќи дека од самиот почеток на мандатот била поставена јасна определба – законот да важи подеднакво за сите и да се изгради поефикасно, попрофесионално и помодерно Министерство. Презентирајќи ги резултатите од работењето, министерот Тошковски нагласи дека Македонија денес го бележи ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, на панел-дискусијата посветена на органодарителството што се одржа во Гостивар, ги презентираше системските мерки и политики што се спроведуваат за унапредување на органодарителството во земјата. „Постојат теми кои не бараат само политика, туку и човечност, доверба и морална зрелост на општеството. Органодарителството е токму таква тема, која го отвора едно од најдлабоките прашања што нашето општество може ...

Војската на САД соопшти дека во петокот извршила напади врз цели во Иран како одговор на нападот на Техеран врз трговски бродови во Ормускиот Теснец. Овие нови случувања претставуваат закана за кревкиот прекин на огнот постигнат меѓу Вашингтон и Техеран пред неколку дена. „Силите на Централната команда на САД (CENTCOM) извршија напади врз Иран на 26 јуни како силен одговор на вчерашниот напад врз трговски брод кој минувал низ Ормутскиот ...

Меѓународна морска биолошка експедиција во меѓународните води крај брегот на Бразил откри дури 31 нов морски вид за само две недели, што според научниците може да претставува едно од најбрзите откривања на нови организми во толку краток временски период. Во истражувањето учествувале околу 20 научници од САД, Австралија, Бразил и Јапонија, кои работеле на истражувачкиот брод „Falkor (too)“, управуван од Институтот „Schmidt Ocean“, во соработка ...

„Поетски портрет“ на добитничката на „Златен венец“, холандската поетеса Анеке Брасинга, ќе се одржи денес традиционално во црквата „Света Софија“ во Охрид. Публиката ќе има можност одблиску да се запознае со творечкиот опус на лауреатката, чие поетско дело зазема значајно место во современата светска книжевност. Љубителите на пишаниот збор ќе имаат можност да присуствуваат и на традиционалното„Поетско кафе“ со добитничката на највисокото ...

Спасувачките тимовии и жителите на Венецуела во петокот се тркаа очајнички со времето во обидите да пронајдат преживеани, додека бројот на жртви од двата силни земјотреси се искачи над 900, а странската помош и спасувачки екипи почнаа да пристигнуваат во разурнатите области речиси два дена по потресите. Владата соопшти дека 172 лица остануваат затрупани, 920 загинале, а 3.360 се повредени откако земјотресите во средата вечерта уништија делови ...

Доцна синоќа, беше пронајдена исчезнатата 77 годишна Божа Каракушева, јавија членови на семејството. Каракушева, која боледува од деменција, исчезна вчера околу 08:30 часот, кога излегла од нејзиниот дом во Орешани. Последен пат била забележана во околината на Драчево, кај локалитетот Три Круши. Семејството изрази благодарност до ТВ21 и сите кои помогнаа во потрагата. Доцна синоќа, беше пронајдена исчезнатата 77 годишна Божа Каракушева, ...

Летото е тука, а со него и сезоната на дињите, омиленото освежително овошје на многу луѓе. Без разлика дали се јадат сами, во овошна салата или со прошуто, дињите се суштински дел од летното мени. Но, препораките за безбедност на храната предупредуваат за еден чекор што многу луѓе го прескокнуваат – дињата треба темелно да се измие пред сечење, иако не ја јадеме нејзината кора. Адвокатот за безбедност на храната, Бил Марлер, со години ...

♈ Овен Денот ви носи нова енергија и мотивација. Ќе успеете да завршите обврска што долго време ја одложувавте. Во љубовта, искрен разговор ќе ги расчисти недоразбирањата. ♉ Бик Фокусирајте се на финансиските прашања и избегнувајте непланирани трошоци. На работното место е можно да добиете признание за вашиот труд. Вечерта е идеална за одмор со семејството. ♊ Близнаци Вашата комуникативност ќе ви отвори нови можности. Можно е интересно ...

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне, претежно во планинските региони ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната ...

Бројот на жртви од земјотресите се искачи на 920, изјави Хорхе Родригез, претседател на Националното собрание на Венецуела. Околу 50.000 луѓе сè уште се водат како исчезнати. Според најновите бројки од венецуелските власти, бројот на повредени во катастрофата се искачи на 3.360. Претседателот на Националното собрание, Хорхе Родригез, изјави дека дополнителни 4.000 луѓе се раселени. Владата претходно потврди дека 920 лица загинале. Од друга ...

Македонија во последните години направи значителен исчекор во енергетската транзиција и денес е препознаена како една од најамбициозните земји во Западен Балкан во процесот на декарбонизација и развој на обновливите извори на енергија. Ова го истакна Олимпија Христова Заевска, експерт за зелени финансии, во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21. Таа нагласи дека амбициозните национални цели за намалување на емисиите на стакленички гасови и преминот ...

Повеќе од 580 лица загинаа, а речиси 3.000 се повредени во двата силни земјотреси што ја погодија Венецуела, а меѓу најпотресните приказни е онаа за мајка која го жртвувала сопствениот живот за да ја спаси својата едногодишна ќерка. Станува збор за Андреа, сопруга на венецуелскиот фудбалер Хектор Бело, која загинала кога зградата во која се наоѓала се урнала за време на земјотресот. Според локалните медиуми, во последните моменти таа ја ...

Сообраќајот на патниот правец Прилеп – Градско од 19:50 часот се одвива наизменично по една коловозна лента, информира ЈП „Македонија пат“. Сообраќајот на патниот правец Прилеп–Градско, кај селото Ореовец, од 17:55 часот беше во целосен прекин за сите видови возила, поради превртено товарно моторно возило и истурен песок на коловозот. Сообраќајот на патниот правец Прилеп – Градско од 19:50 часот се одвива наизменично по една коловозна лента, ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
4.12
24%
1017
weather icon

Белград

31ᴼ / 30ᴼ
5.14
29%
1022
weather icon

Загреб

32ᴼ / 30ᴼ
5.14
29%
1023
weather icon

Софија

33ᴼ / 33ᴼ
4.97
25%
1017
weather icon

Сараево

36ᴼ / 36ᴼ
3.94
28%
1017
weather icon

Љубљана

31ᴼ / 29ᴼ
3.6
33%
1022
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
7.15
30%
1013
weather icon

Тирана

38ᴼ / 38ᴼ
3.6
18%
1014
weather icon

Подгорица

36ᴼ / 36ᴼ
4.69
22%
1015
weather icon

Букурешт

34ᴼ / 33ᴼ
2.68
39%
1019
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 26ᴼ
2.06
29%
1023
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 31ᴼ
8.23
74%
1015
Currency

61.5217

Currency

53.3095

Currency

71.9016

Currency

37.6328

Currency

38.2957

Currency

65.7252

Currency

7.903

Currency

0.64661

Currency

0.3348

Currency

0.52421

Currency

1.11625

Currency

0.55894

Родиум

278907.73

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Паладиум

43596.41

Злато

141562.95

Иридиум

252383.36

Сребро

2099.49

Алуминиум

3.36

Платина

56263.81

Калај

55.56

Бакар

13.39

Рутениум

53852.50